Промени тема
Контакт

Трагедија на Малта: Карпа се урна врз турист кој поминувал со џет-ски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryjiio8en5bmfk55cnLNY
screenshot x

Телото на 26-годишниот кинески државјанин, кој загина при уривање на познатата карпеста формација „Kissing Elephants“ на островот Комино на Малта, е извлечено од морското дно по речиси 24-часовна спасувачка акција.

— реклама —

Несреќата се случила во сабота навечер, кога младиот Кинез и неговата 27-годишна сонародничка со џет-ски се наоѓале под природниот карпест лак во моментот кога тој се урнал. Жената се здобила со тешки повреди и била пренесена во болница на островот Гозо.

— реклама —

Во близина се наоѓал и 32-годишен американски турист, кој непосредно пред уривањето скокнал во морето од карпата. Тој бил спасен од брод што се нашол во близина и поминал без повреди.

— реклама —

Во спасувачката операција учествувале нуркачи од Цивилната заштита и вооружените сили на Малта. Според надлежните служби, големите карпи што се урнале најпрво морале да бидат отстранети со кран поставен на баржа, по што нуркачите успеале да го извлечат телото.

Властите ја продолжуваат истрагата за околностите под кои се случила несреќата, а во утврдувањето на деталите се користат и снимки од безбедносни камери од блиската пловечка платформа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Дизел за 1,21 евро: Малта ги држи цените ниски, но буџетот плаќа висока цена

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library4ptrgih15khra9r22CE

(Видео) Силна детонација во фабрика за огномет на Малта, повредени две лица

Свет | пред 4 месеци

malta-1

На Малта се одржуваат парламентарни избори, владејачката партија очекува победа

Свет | пред 4 месеци

media-library3pjro9l17425fFiZdP1

Отишол во Малта, доживеал мозочно крварење, семејството се труди да го врати дома: се собираат средства за авионски медицински превоз

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања