Промени тема
Контакт

Ова се новите одлики на Владата: Минималната плата ќе се покачи за 1,812 денари во нето износ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vlada-2024-mickoski

Влада: Усвоени се низа на мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето

Владата денес ја одржа редовната 63-та седница, на која велат дека биле усвоени низа важни мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето.

„Овие одлуки ја одразуваат заложбата на Владата за постигнување конкретни резултати.

— реклама —

Во однос на истото, сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2,685 денари во бруто износ, односно 1,812 денари во нето износ. Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата.

— реклама —

Воедно, ја информираме јавноста дека на денешната седница на Владата, се усвоија предлозите за измени и дополнувања на седум закони кои се во надлежност на Министерството за транспорт. Имајќи ги предвид последните трагични случувања, сѐ има за цел вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања. Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, се со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци.

Дополнително, законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш.

— реклама —

Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Владата за вистински, конкретен напредок кој има за цел да го подобрува секојдневниот живот на граѓаните. Ставајќи приоритет на ефикасноста и долгорочниот развој, Владата останува посветена и ќе продолжи да ја информира јавноста за секој преземен чекор“, велат од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 седмица

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања