Промени тема
Контакт

„Охридски комуналец“ со засилени активности за јавна чистота и уредување по повод чествувањето на Григор Прличев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

ОО
media-librarys5a0ffnd3s2cdciThut

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека оперативните служби задолжени за одржување на јавната чистота и зеленилото континуирано реализираат активности со цел обезбедување висок степен на хигиена и уреденост на јавните површини во градот и околината.

— реклама —

Согласно програмата за чествување на ликот и делото на ловороносецот Григор Прличев, посебно внимание е посветено на локациите на кои ќе се одржуваат бројни настани и активности, при што јавната хигиена се одржува на највисоко ниво.

— реклама —

Во рамки на тековните активности е спроведено одржување на јавната чистота на јавните површини во селата Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, како и генерално чистење на улицата „15-ти Корпус“. Во населбата Видобишта, кај детското игралиште, извршена е замена на постоечките со нови садови за депонирање ситен отпад.

— реклама —

Дополнително, реализирани се и активности за машинско миење на улицата „Димитар Влахов“, поради интензивни градежни зафати на оваа сообраќајница.

— реклама —

Од ЈП „Охридски комуналец“ порачуваат дека активностите за одржување на чист и уреден јавен простор продолжуваат и во наредниот период, со цел создавање подобра и поздрава животна средина за сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања