Промени тема
Контакт

Охридскиот аеродром конечно легализиран по повеќе од шест децении

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryk2rhrdf4kass4CNcJgW

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ по повеќе од 60 години конечно е впишан во катастар и доби имотен лист, со што официјално е завршен процесот на негово легализирање. Оваа информација ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на последниот ден од 2025 година.

— реклама —

Како што наведува Николоски, аеродромот кој функционира уште од 1970-тите години, досега немал регулиран имотно-правен статус, што претставувало долгогодишен проблем и пример за негрижа кон државниот капитал.

— реклама —

Во текот на изминатата година, тимови од Министерството за транспорт, АД „Аеродроми“, ТАВ, како и од Агенцијата за катастар на недвижности, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други надлежни институции, интензивно работеле на решавање на овој процес и на впишување на аеродромот во катастарските евиденции.

Николоски потенцира дека иако во нормални услови ваква постапка не би била вест, поради долгогодишното запоставување, јавноста заслужува да биде информирана за овој значаен чекор.

— реклама —

Тој најави дека во наредниот период ќе следат активности за модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром, со цел зголемување на туристичкиот потенцијал и привлекување нови авиолинии и посетители.

— реклама —

На крајот, Николоски упати честитка до граѓаните, посакувајќи убава и среќна 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 час

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања