Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Охридско Езеро на врвот на Европа – „Тајм аут“ го прогласи за најубавата дестинација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Охрид
media-librarypti1dbos44h6dXazp7a
Скопје1.мк

Охридското Езеро е прогласено за најубавото место во Европа според изборот на патописците на светски познатиот магазин „Тајм аут“ (Time Out), оставајќи зад себе низа прочуени европски дестинации.

— реклама —

Во образложението се наведува дека, иако езерото Комо во Италија секоја година привлекува повеќе од еден милион туристи, Охридското Езеро нуди многу помирно, подостапно и подеднакво импресивно искуство.

— реклама —

„Тајм аут“ го опишува Охридското Езеро како едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, со кристално чиста вода, планински пејзажи и крајбрежје исполнето со историски населби кои, како што наведуваат, изгледаат како да застанале во времето.

Посебен акцент е ставен на градот Охрид, кој е опишан како бисер на македонската страна од езерото. Магазинот ги издвојува калдрмисаните улици, средновековните цркви, препознатливите покриви од теракота и можноста посетителите во ист ден да уживаат во капење, разгледување на антички локалитети и незаборавни зајдисонца.

— реклама —

Во текстот се препорачува и посетата на албанската страна на езерото, каде што се издвојуваат селото Лин, археолошките мозаици и мирните кампови покрај брегот.

— реклама —

На листата на десетте најубави места во Европа, зад Охридското Езеро се најдоа термалните извори Сатурнија во Италија, Џиновската патека во Северна Ирска, Алберобело во јужна Италија, Почитељ во Босна и Херцеговина, норвешките фјордови, ботаничките градини Кју во Лондон, каналот Принсенграхт во Амстердам, долината Мозел во Германија и Каса Батљо во Барселона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysr3q80pdmc9c6OPOuU2

(Видео) Нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро, извадени пластика, стакло и текстилен отпад

Настани | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, надминат годишниот план

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Охридското Езеро и натаму се повлекува

Македонија | пред 1 месец

ohridskoezeromart

17 години од трагедијата во Охридското Езеро: 15 туристи ги загубија животите при потонувањето на бродот „Илинден“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања