Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Охриѓанец сведочи за голгота во СВР Охрид: Се смееја, па ме бркаа како криминалец со потерница од Интерпол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
DSC_0289

Иљче Затаракоски, охриѓанец и познат критичар на состојбите во Македонија, раскажа за голгота која тврди дека ја поминал во СВР Охрид. Бил да подигне документи од канцелариите, а таму службениците си пиеле кафе. Ги прашал дали одат на работа само за да пијат кафе, па извадил телефон за да ги фотографира, по што, според него, почнала голготата.

— реклама —

„Стигвам од Скопје и одам да видам да не случајно работат, да си ги земам документите. Главната врата е отворена и се качувам во канцелариите. Секаде се слушаат луѓе ама сите се заклучени. Отклучена е само канцеларијата за возачки. Отворам и гледам внатре четворица си пијат кафе. Прашувам дали може да се подигнат документите, ми викаат не. Прашувам пак, а сабота само за кафе идате да пиете? И најсилниот внатре со дерење ми одговара ДА БЕ ДА! После одговорот барам да ми се идентификуваат сите. Почнуваат да ми се смеат и јас вадам телефон и ги фоткам. Е тука почвит интересното...излегвет сите по мене да ме бркет ко да се криминалци со потерница од Интерпол, ми блокирет влез пред скали и 10 минути ме држат тука со закани дека ќе ми викнат полиција да ме апсела (да не пишувам за тоа дека службеник не знае разлика меѓу прекршочно и кривично дело), па викаат појачање од пасоши шо уште толку ми се заканвит и ми барат документ за идентификација. Да не правам муабет за тие кокошките службенички шо цело време се силеа "извади му ја значката" Е сега да прашам...од каде право на некој службеник да ми ограничит движење и да ме идентификуват без тој да ми се претставит? Инаку ни на крај не ги дадоа имињата, ама ќе ги најдам...и поздрав до тој најсилниот на крај шо ми рече дека ќе требало да се селам ако сум продолжел вака“, напиша Затаракоски.

— реклама —

Во нов статус, објави дека добил и пријава.

„На крај јас си добив пријава за омаловажување на службеник, и то со полиција на врата за да дадам изјава. Како е тргнато ќе испаднит дека јас сам сум си го ограничил движењето и не сум се пуштал да си излезам од нивната институција, а тие трпеле и ќутеле. Кај живејме ние ееееј...“, пишува тој.

За овој случај, засега нема детали од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryght3lrcq3va39IqXFD1

Нов анти-СЛАПП закон: Казна до 20.000 евра за злонамерни тужби

Свет | пред 3 седмици

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Коментари | пред 1 месец

alek-radulovic

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Македонија | пред 3 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Ако обвинителот калкулира со истрага за загрозување на јавното здравје – тогаш клуч на државава, вели Туфегџиќ

Коментари | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања