Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

АЛБАНИЈА

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран на три километри од Поградец, на длабочина од 15 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Македонија | пред 1 година

Popis_2021

На пописот во Албанија повеќе Бугари од Македонци

Според извештаите на институтот за статистика ИНСТАТ, во Албанија по најновиот попис живеат повеќе Бугари од Македонци.По спроведениот попис, врз основа на прибраните податоци во Албанија има 2.402.113 милиони жители.Бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7 057, додека бројот на Македонци е 2 281. Најмногу има Eгипѓани, кои се 12 375, додека за националност не се изјасниле дури 13 507.Во земјата живеат 755.950 домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство. Во Албанија има 1.082.529 домови.Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители. Споредено со пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за 409.864 жители.

Свет | пред 1 година

popis

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година

По спроведениот попис во Албанија, врз основа на прибраните податоци, Институтот за статистика ИНСТАТ, денеска објави дека Албанија има  2.402.113 милиони жители.Во земјата живеат 755.950  домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 домови.Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители. Споредено со  пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за 409.864 жители.,,Изразено во проценти бројот на населението споредено со пописот во 2011 година се намалило за 16 отсто. Во периодот 2001/2011 падот е за осум отсто. Произлегува дека процентот на намалувањето на бројот на населението е двојно повисок.”, објави Euronews.albania.Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година. Првиот попис е спроведен во 1923 година, а претпоследниот  беше во 2011 година. Планираниот, за 2021 беше одложен поради пандемијата со Ковид-19.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Хорор во Албанија, возило падна во река: 8 лица загинаа, маж превезувал илегални мигранти

Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возилото паднало во реката Вјоса од висина од 100 метри, соопшти полицијата.Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет каде се случила несреќата, пренесува порталот Албаниан пост.Порталот наведува дека има индиции дека возилото кое го управувал возач Албанец и превезувало седум илегални мигранти било бркано од полицијата.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-03-19-at-18.51.48

(Видео) Рама турна новинарка, му поставила прашање незгодно прашање

Албанскиот премиер Еди Рама денеска за време на прес-конференцијата турна новинарка, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето кое што таа му го поставила.Наводно, новинарката го прашала „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат становите на приватните инвеститори“.https://twitter.com/NewsbombAl/status/1770023809132679301?ref_src=twsrc%5EtfwПосле тоа дошло до физички контакт, а се се случило додека бил опкружен со новинарски екипи. Целиот инцидент е снимен на камера.– Те молам, не ме допирај повеќе – рече новинарката, а Рама си замина по инцидентот.

Свет | пред 1 година

tirana

Протест на опозицијата во Тирана: Демонстрантите фрлаа камења и факели врз полицијата

Илјадници приврзаници на албанската опозиција денеска протестираа обвинувајќи ја власта за корупција.Демонстрантите фрлаа камења и факели кон полицијата. Некои ја урнаа железната ограда поставена околу главната владина зграда во Тирана, но протестите завршија мирно.Со протестите се одбележуваат и 33 години од соборувањето на главната статуа на Енвер Хоџа.Пратениците од опозицијата редовно ги прекинуваат парламентарните седници од октомври во знак на протест против одбивањето на левичарските социјалисти да формираат парламентарни комисии за истрага на наводните случаи на корупција во кои се вклучени премиерот Еди Рама и други високи функционери.За време на денешните протести беше изразена поддршка за поранешниот премиер и актуелен лидер на опозицијата Сали Бериша, кој е во домашен притвор додека се води истрага за наводна злоупотреба на положбата за да му помогне на својот зет да приватизира јавно земјиште и да изгради станбени згради.Во обраќањето од неговиот стан и директно емитувано на екранот на митингот, Бериша го обвини актуелниот премиер Рама за корупција и политички напади врз неговото семејство. Тој вети дека повторно ќе ја отвори вратата за интеграција во ЕУ, која, како што рече, била „затворена од режимот на Еди Рама“.На протестот не се приклучија сите опозициски групи. Поддржувачите на едното крило на поделената Демократска партија, кои не учествуваа, го обвинуваат Бериша дека протестите ги одржува за лична корист и како начин да го зголеми бројот на неговите поддржувачи.Поддршката за Бериша значително се намали кога САД во 2021 година и ОК во 2022 година му забранија влез на него и на членовите на неговото семејство поради наводна вмешаност во корупција.

Свет | пред 2 години

borel-2

Борел: Разочаран сум, но се уште има надеж, не знам што може да направи бугарскиот парламент во наредните часови

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изрази разочарување што ветото на Бугарија против северна Македонија нема да падне денеска.„Денес моравме да започнеме преговори со Албанија и Северна Македонија. И не можам да го сокријам моето разочарување, што секако е разочарување за многу повеќе луѓе. Се уште има надеж – не знам што може да направи бугарскиот парламент во наредните часови. Но, работите не одат добро. Ова уште еднаш покажува дека едногласноста е голем проблем во одлучувањето“.

Македонија | пред 3 години

236452684_364139681964655_2526535282062383769_n

Возачите во Србија, Македонија и Албанија наскоро ќе плаќаат патарина со еден уред

Возачите наскоро ќе плаќаат патарина по електронски пат, со еден уред ТАГ, во трите земји – Србија, Македонија и Албанија.Ова треба да биде уште едно олеснување иницирано на последниот самит „Отворен Балкан“ што се одржа на почетокот на јуни во Охрид. Според „Патишта на Србија“ имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона, пишува српски Блиц. Отворениот Балкан „електронска наплата“ (Open Balkan ETC) е акција за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарина во овие три земји, а во „Патишта на Србија“ напоменуваат дека ENP системите се базираат на истата технолошка платформа, DSRC – директна комуникација со краток дострел.„Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута“, бјаснуваат во „Патишта на Србија“.Според сегашниот предлог, предвидено е граѓаните на Србија во Македонија и Албанија да добијат попуст од 5 отсто со користење на овој уред и реципрочно за граѓаните на Македонија и Албанија.„За воведување на овој систем, кога станува збор за земјите учеснички, односно јавните претпријатија кои се занимаваат со наплата на патарина, потребни се соодветни технички и организациски подготовки на кои во моментов активно се работи, а кои вклучуваат вчитување на нови кодови на антени за читање на ТАГ уредите и друго. Потоа системот ќе биде тестиран, а почетокот на апликацијата се очекува во текот на летната сезона“, велат во „Патишта на Србија“.Додаваат и дека единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите. Новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, а предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

Македонија | пред 3 години

kokain-albanija-makedonija2-700x394-1

(ФОТО) Во Драч запленети 45,5 килограми кокаин, крајна дестинација била Македонија

Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Северна Македонија.-Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.Како што може да се види од фотографиите кои ги објави полицијата пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.

Македонија | пред 3 години

netherlands_-_windmill

Хаг го поддржува почетокот на преговорите со Албанија и Македонија

Холандската влада сега ги поддржува кандидатурите на Албанија и Македонија за ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска.Владата и коалициските партии во Претставничкиот дом сега се залагаат двете земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во ЕУ, пишува холандски NL Times.Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Македонија.Во мај, Европскиот парламент побара од Европскиот совет за Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, посочувајќи на „геостратешкиот контекст на односите со Русија и руската агресија против Украина“.Холандскиот премиер Марк Руте сега се залага Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, објави холандската ТВ Телеграф (Де Телеграф).Во 2018 година, Руте рече дека Албанија и Македонија ќе ја „ослабнат целата Унија“, укажувајќи на корупцијата и недостатокот на слобода на медиумите.Една година подоцна, Холандија, заедно со Франција и Данска, го блокираа почетокот на преговорите за членство во ЕУ за двете земји.Хаг го промени својот став и покрај значителниот пад на слободата на медиумите во Албанија и фактот дека корупцијата, особено на високо ниво, останува важно прашање, пишува EURACTIV.Рут сега бара поддршка од цела ЕУ. Тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во мај рече дека сите во ЕУ се обидуваат да направат се што можат за да го одржат стабилен Западен Балкан и да најдат решение за проблемите во регионот, особено во Македонија и Бугарија.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања