АЛБАНИЈА

media-libraryg1fh67dop6rfbiLOumk

Билал Касами се гордее со синот: Младиот фудбалер ќе игра за албанската репрезентација против Ирска

Актуелниот градоначалник на Тетово и кандидат за нов мандат од коалицијата Вреди, Билал Касами, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук сподели радосна вест поврзана со неговото семејство.„На врвот на кампањата, најубавата вест која неизмерно ме воодушеви дојде од Тирана. Мојот син, Љавдрим, доби покана од албанската фудбалска репрезентација У19 за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам!“, напиша Касами.Со ова, тој изрази гордост за успехот на својот син, кој добил шанса да го облече дресот на младинската репрезентација на Албанија.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytkajub90rqqf2GvaTDu

(Фото) Елвис Шкамби е убиецот на албанскиот судија Астрит Калаја

Елвис Шкамби е убиецот на албанскиот судија Астрит Калаја, кој вчера го застрела во судницата, а според наводите на медиумите во Албанија, 30-годишниот Шкамби му пукал директно во срцето.Албанските медиуми, според првичните информации, пишуваат дека Шкамби не бил запрен од обезбедувањето на влезот во судот и вооружен влегол во судница.По објавување на пресудата, која според сторителот била во корист на другата страна, убиецот го извадил пиштолот и пукал директно во судијата.Веднаш потоа, тој испукал куршуми и кон Ракип и Елвис Куртај, татко и син, кои пред судот ја застапувале другата страна. Двајцата се здобиле со повреди и се во болница, но се надвор од животна опасност.

Свет | пред 3 месеци

media-librarynh9gq624b5tj25hqSV4

Македонските судии изразија сочувство за трагичното убиство на Астрит Калаја

Здружението на судии на Република Северна Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира на трагичниот настан што се случи во соседна Република Албанија, каде што судија беше смртно застрелан при вршење на својата службена должност. Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Владеењето на правото е можно само кога судството е заштитено од каков било притисок или закана. Здружението упатува апел до сите релевантни институции и чинители во општеството да придонесат кон зачувување на достоинството и безбедноста на судиската професија, се наведува во соопштението на Здружението на судии.Тие воедно повикуваат на особена внимателност во јавното коментирање на судските постапки и носителите на судската власт, особено, како што се наведува, од страна на влијателни поединци и структури, бидејќи неодмерените изјави можат да создадат атмосфера на недоверба и притисок, што индиректно може да поттикне несакани и трагични настани.Здружението на судии на Република Северна Македонија останува посветено на промовирањето и заштитата на независноста, непристрасноста и безбедноста на судиите, како основа за праведно и демократско општество, се посочува во соопштението.Во Апелацискиот суд во Тирана вчера беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој подоцна почина во болница. Во него пукало лицето за кое било прочитана пресудата на судот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfi1se1deat04bXaq8Dx

(Видео) Рама се пошегува на сметка на Трамп, а снимката стана светска атракција

Албанскиот премиер Еди Рама стана тема на светските медиуми откако за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген се пошегува на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп, во повеќе наврати, погрешно тврдел дека помогнал во решавањето на „сукобот меѓу Азербејџан и Албанија“, мешајќи ја Албанија со Ерменија. Рама, алудирајќи на таа грешка, во друштво на францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, на шеговит начин рече:„Треба да ни се извиниш што не ни честита за мировниот договор што претседателот Трамп го постигна со нас.“Макрон ја прифати шегата и веднаш одговори: „Жалам за тоа, момци“, што предизвика смеа кај тројцата лидери.По бројните медиумски извештаи, Рама се огласи на мрежата X, истакнувајќи дека неговата изјава била извадена од контекст.„Навистина е неверојатно како денес функционираат медиумите и како таканаречената ’виралност’ може лесно да ја искриви реалноста. Реченица кажана во добро расположение, во дух на пријателство, одеднаш стана светска атракција на целиот самит, додека вистинската суштина падна во втор план,“ напиша Рама.Тој додаде дека моментот бил „лесна забелешка, пријателски миг“ во друштво со Алиев и Макрон, и дека „не е проблем ако се прошири, но претворањето во политички отров е неправедно“.Интересно, Рама во продолжение истакна и дека има почит кон Трамп:„Вистина е дека претседателот Трамп се покажа како лидер кој ја врати зборот ’мир’ во речникот на Западот по многу години. И да, за исклучително кратко време постигна мир таму каде што други се обидоа, но не успеаја, и тој и понатаму истрајно го бара.“Рама заврши со став дека сè било „ништо повеќе од пријателска шега меѓу луѓе кои, всушност, се големи почитувачи на претседателот Трамп“.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryua82094j8si4f6ILYmk

„Јас сум професионалец, но пред сè сум мајка“! Албанската пратеничка Ѓузи го донесе своето бебе на седница во парламентот

Пратеничката на Социјалистичката партија во албанското Собрание, Илва Ѓузи, привлече внимание на состанокот на Парламентарниот комитет за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, поради тоа што цело време го држеше во рацете своето бебе старо само 38 дена.„Пред сè сум мајка, а потоа пратеничка. Моето бебе има само 38 дена и како што се грижев за моите браќа и сестри, така ќе се грижам и за него,“ изјави Ѓузи за албанската телевизија Топ.Таа нагласи дека е благодарна што албанскиот парламент го прифаќа мајчинството како дел од реалноста и изјави дека се чувствувала добредојдено. „Имавме сериозни точки на дневен ред, но мојот син ја доби својата грижа. Бебето ќе биде со мене и на наредните комисии и седници,“ додаде таа.Ѓузи откри дека има силна поддршка од сопругот и свекрвата, а во иднина дел од грижата ќе ја преземе и нејзината мајка. „Во овие рани месеци, местото на бебето е со мене,“ рече пратеничката.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryg8k3mn0775me6OdlrY4

По кратка постапка! Разрешен заменик министерот за внатрешни на Албанија, пушел цигари на службен пат во ресторан во САД

Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Анди Махила, е разрешен од функцијата откако бил фатен како пуши цигари во ресторан за време на службен престој во САД.Одлуката ја донесе министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, која на својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека реагирала по пријава од албански државјанин што живее во Њујорк.„Од граѓанин што живее во Њујорк добив пријава дека заменик-министерот за внатрешни работи пушел цигари во ресторан. По направената проверка, ја донесов одлуката за негово разрешување“, наведе Кочиу.Таа додаде дека станува збор за сериозно кршење на законот и неприфатливо однесување за висок функционер на Министерството за внатрешни работи.„Ненамерни грешки се разбирливи, но пушењето во ресторан не може да се смета за таква. Тоа е свесно прекршување на правилата, што не може да се оправда“, потенцира министерката.Албана Кочиу е првата жена која застанала на чело на албанската полиција. Во претходната влада таа ја извршуваше функцијата министерка за здравство.

Свет | пред 4 месеци

diela1

Инцидент во албанскиот парламент: опозицијата со шишиња против виртуелната „министерка“ Диела

Албанскиот парламент во саботата попладне беше сцена на хаотични настани откако премиерот Еди Рама ја претстави Diella – виртуелната „министерка“ создадена со вештачка интелигенција, која ќе биде задолжена за надзор на јавните набавки и борба против корупцијата. Опозициските пратеници реагираа бурно, фрлајќи шишиња и документи кон премиерот, обвинувајќи го проектот дека е неуставен и „политичка фарса“.Што претставува DiellaDiella е ВИ-систем изработен во соработка меѓу Microsoft и Националната агенција за дигитално општество на Албанија. Таа ја презема функцијата „министерка за јавни набавки“, иако не е физичка личност, со цел да ги направи тендерите целосно транспарентни и заштитени од корупција. Претходно, Diella беше виртуелен асистент на платформата e-Albania, каде им помагаше на граѓаните со административни услуги.Критики и протест на опозицијатаОпозицијата го нарече воведувањето на Diella неуставно и го оцени како обид на владата да го одврати вниманието од корупцијата. Најостриот инцидент се случи кога опозициските пратеници повикаа на бојкот и одбивање на презентацијата. Заседанието беше прекинато по само 25 минути расправа, но и покрај тоа, владината програма доби поддршка во парламентот.

Балкан | пред 4 месеци

diela1

(Фото) Ова е Диела, Еди Рама ја претстави виртуелната министерка во неговиот кабинет

Во новиот состав на владата, премиерот Еди Рама ја претстави „Диела“ – првата министерка создадена со вештачка интелигенција, што претставува пресвртница во политичкиот живот на Албанија.Диела ќе има задача да ги надгледува јавните набавки и да го олеснува функционирањето на институциите. Без физичко присуство и ограничувања од географија, таа ќе работи преку дигитални канали, отворајќи ново поглавје во начинот на кој може да изгледа управувањето.🇦🇱 Albania to become the first country to appoint a non-physical artificial intelligence (AI) as a government minister.PM Edi Rama announced his new cabinet, which includes an AI named "Diella" as minister of public procurement.Diella previously served as the virtual… pic.twitter.com/IzaSvnbsBj— kos_data (@kos_data) September 11, 2025 „Првпат во историјата на Албанија имаме министер кој е целосно дигитален. Диела ќе ни помогне да бидеме побрзи, поефикасни и потранспарентни,“ рече Рама на Националната асамблеја на Социјалистичката партија.Тој истакна дека дигитализацијата и иновациите се клучот за иднината: „Партиите се менуваат на секои четири години, но нашата обврска е да ја водиме државата кон 2050 година. Диела е доказ дека гледаме напред.“Воведувањето на виртуелна министерка привлече внимание и надвор од Албанија, предизвикувајќи интерес и дебати за улогата на вештачката интелигенција во владините процеси.

Свет | пред 4 месеци

divogradbi-buldozeri2

(Видео/Фото) Булдожерите на Рама уриваат објекти во заштитени подрачја

Албанскиот премиер почна безмилосна борба против дивоградбите во Албанија. На неколку локации досега, во Валона и Драч беа разурнати дивоградби со динамит и со тешка механизација. Денеска булдожерите уриваат куќи изградени во заштитено подрачје.Во наредниот период ќе бидат преземени дополнителни мерки за зајакнување на законската рамка, со цел никој од одговорните да не остане неказнет. Одговорност, како што соопштуваат пд кабинетот на Рама, ќе се бара не само од оние што нелегално градат, туку и од сите кои со години им давале заштита преку корупција и злоупотреби – било во инспекторатите, полицијата или на локално ниво.Денес, акцијата продолжи на ’ртот Родонит во општина Драч, каде што беа отстранети нелегални градби изградени на простор кој е природно богатство и треба да им припаѓа на сите граѓани и туристи.Институциите порачуваат дека оваа борба ќе се води до крај – за ред, законитост и заштита на природата, со јасна порака дека Албанија нема да дозволи дивоградби и корупција да го загрозуваат јавниот интерес.

Свет | пред 5 месеци

divogradbi-albanija

(Видео) Рама безмилосен, продолжува да ги урива дивоградбите во Албанија, овој пат на ред беше Драч!

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави ново видео на Фејсбук од масовното уривање на дивоградби ширум Албанија, овој пат од Драч.Рама имаше само кратка порака во својата објава „ЕУ“.Акцијата опфаќа отстранување времени објекти и огради поставени на тротоари и на јавни простори, а општините се задолжени да ги урнат сите градби на оние што не ги почитуваат официјалните одлуки.Државата ја претстави и апликацијата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат директно да пријават узурпација на јавен простор, со што институциите ќе имаат побрз пристап до информации и ќе реагираат поефикасно.

Свет | пред 5 месеци

isus-statua1

(Видео) Албанија по примерот на Рио, има нова туристичка атракција – поставена првата статуа на Исус Христос

Во северниот дел на Албанија, во регионот Никај-Мертур кај планинскиот град Тропоја, е откриена првата статуа на Исус Христос во земјата. Споменикот, кој го прикажува Христос со раширени раце, потсетува на светски познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро.Автор на делото е локалниот жител Сокол Ндуе Прогни, кој успеал да ја долови сличноста со оригиналниот бразилски монумент. На свеченото откривање присуствуваа претставници на црквата, жители на Тропоја, како и гости од други делови на Албанија и од дијаспората. Поставувањето на статуата е резултат на иницијативата на верници и локални организации, со намера да се создаде нова туристичка атракција во северниот дел на земјата. Организаторите очекуваат споменикот да стане препознатлива туристичка дестинација и да привлече посетители и од Албанија и од странство.

Свет | пред 5 месеци

Atina-policija

Убиен Артур Тураби во Атина, брат на криминалец со богато досие

Артур Тураби е пронајден мртов на улицата „Михаил Вода“ во Атина. Полицијата синоќа го блокирала подрачјето, а мотивот за убиството сè уште се истражува, јавуваат албанските медиуми.Според „Панорама“, Тураби е брат на човек кој важи за десна рака на Албанецот обвинет за убиството на полицаец во Тирана во 2017 година. Во 2022 година, Тураби наводно бил уапсен поради поврзаност со банда која напаѓала патници во јавен превоз.Неговиот брат, Марсел Башими – познат и како Марсел Скуртај или Марсел Гозита – има долг криминален список и во Албанија и во Грција. Тој бил уапсен во јули 2022 година заедно со Бледар Џамбели и Кристак Лечи во врска со вооружен инцидент во Грција. Последните двајца се обвинети за ликвидацијата на полицаецот Артан Цуку пред неговиот дом во Тирана во 2017 година.Башими е добро познат на полицијата повеќе од две децении: уапсен е за разбојништво во Албанија во 2014 година, а во Грција има богато досие кое вклучува апсења за кражби, поседување оружје, лажни документи и обид за убиство. Тој бил поврзан и со криминална група од 41 член која крадела паричници и мобилни телефони во јавниот превоз.Истражните органи во Атина сега го поврзуваат убиството на Артур Тураби со криминалното минато на неговиот брат.

Свет | пред 5 месеци

valona

Албанија се подготвува за влез во ЕУ, почна уривањето на дивоградбите!

Владата на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, ја започна кампањата „Урбана ренесанса 2.0“, насочена кон уривање на нелегални градби и ослободување на узурпираните јавни површини низ целата држава. Иницијативата е претставена како значаен чекор во подготовките за влез во Европската Унија до 2030 година.Целта на акцијата е создавање почисти и уредени, „поевропски“ градови, како дел од пошироката стратегија за територијално уредување и контрола. Уривања веќе се изведуваат во Тирана, Скадар, Валона и други урбани, крајбрежни и заштитени подрачја. Отстранети се разни нелегални објекти – настрешници, киосци, огради и доградби кои го попречуваат пристапот до јавни простори.Само во Тирана, според планот, до крајот на јули 2025 година требаше да се ослободат околу 20.000 квадратни метри јавна површина.Владата воспостави и онлајн платформа „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат да пријавуваат незаконско градење, узурпација на јавен простор или загадување. Премиерот Рама редовно објавува видеа од акциите на социјалните мрежи, повикувајќи на заедничко делување меѓу граѓаните, општините и бизнис заедницата.Кампањата е дел од пошироки реформи во областа на инфраструктурата, управувањето со отпад и водоснабдувањето. Посебно внимание привлече уривањето на околу 40 објекти во заштитеното подрачје Тет, кое предизвика реакции во јавноста поради начинот на изведба.Властите најавуваат дека „Урбана ренесанса 2.0“ ќе продолжи како долгорочна програма со построги мерки, меѓу кои конфискација на незаконски изградени објекти и формирање „црна листа“ на инвеститори што ги прекршуваат прописите. Ослободените површини ќе бидат преуредени според проекти на домашни и странски архитекти.

Свет | пред 5 месеци

albanija

Албанија уапсени 14 лица и запленет милионски вреден имот и пари, спроведена голема акција против албанска нарко организација

Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) спроведе една од најголемите операции против дрога во последните години, насочена кон развивање на албанска криминална организација која дејствувала на глобално ниво, стои во соопштението на Обвинителството.„Според СПАК, организацијата била вклучена во трговија со повеќетонски количини кокаин од Латинска Америка до најголемите пристаништа на Европската Унија, како и во перење пари преку софистицирани финансиски мрежи. Истрагите биле спроведени во рамките на кривичната постапка од 2023 година и се засновале на анализа на шифрирани комуникации во апликацијата „Sky ECC“, објавија медиумите.Додаваат, дека истрагите откриле повеќетонски пратки кокаин од Латинска Америка до главните пристаништа на ЕУ, вклучувајќи ги Хамбург и Антверпен, а незаконски стекнатите средства, главно, биле инвестирани во недвижнини во Албанија.Според истрагите, криминалната група го контролирала целиот синџир на трговија со луѓе, од производство во Латинска Америка, преработка и складирање во Парагвај, меѓународен транспорт во контејнери, до дистрибуција и перење пари во Албанија и во странство.Операцијата била спроведена од албанската полиција, во тесна соработка со ЕВРОПОЛ и органите за спроведување на законот од Германија, Белгија, Франција, Холандија и Италија.Специјалниот суд попладнево изрекол 16 безбедносни мерки, при што на 14 лица им е изречена мерка „затворски притвор“, додека на две задолжително јавување во судот.Според Обвинителството, само пратката од Хамбург имала пазарна вредност помеѓу 1,5 и 3,5 милијарди евра, што претставува една од најголемите заплени во историјата на трговијата со кокаин во Европа.Покрај недвижен имот во Албанија, вреден милиони евра, конфискувани се и 111.800 евра во готовина, 4.000 американски долари и 880.000 леки.

Свет | пред 5 месеци

Drach-Albanija

Срцев удар фатален за македонски турист во Албанија, се удавил во близина на Драч!

Македонски државјанин (66), трагично го загуби животот вчера попладне на плажата кај Каваја, во близина на албанскиот град Драч, откако доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето.Според информациите на албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот. Очевидци изјавиле дека мажот се почувствувал лошо и за кусо време потонал во водата. Иако присутните веднаш реагирале и го извлекле тело од морето, а набрзо пристигнала и екипа на итната помош, лекарите можеле само да ја констатираат смртта.Албанските надлежни органи работат на целосно расветлување на околностите поврзани со оваа трагедија.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања