Промени тема
Контакт

(Видео) Рама се пошегува на сметка на Трамп, а снимката стана светска атракција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryfi1se1deat04bXaq8Dx

Албанскиот премиер Еди Рама стана тема на светските медиуми откако за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген се пошегува на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп, во повеќе наврати, погрешно тврдел дека помогнал во решавањето на „сукобот меѓу Азербејџан и Албанија“, мешајќи ја Албанија со Ерменија. Рама, алудирајќи на таа грешка, во друштво на францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, на шеговит начин рече:

„Треба да ни се извиниш што не ни честита за мировниот договор што претседателот Трамп го постигна со нас.“

Макрон ја прифати шегата и веднаш одговори: „Жалам за тоа, момци“, што предизвика смеа кај тројцата лидери.

— реклама —

По бројните медиумски извештаи, Рама се огласи на мрежата X, истакнувајќи дека неговата изјава била извадена од контекст.

„Навистина е неверојатно како денес функционираат медиумите и како таканаречената ’виралност’ може лесно да ја искриви реалноста. Реченица кажана во добро расположение, во дух на пријателство, одеднаш стана светска атракција на целиот самит, додека вистинската суштина падна во втор план,“ напиша Рама.

— реклама —

Тој додаде дека моментот бил „лесна забелешка, пријателски миг“ во друштво со Алиев и Макрон, и дека „не е проблем ако се прошири, но претворањето во политички отров е неправедно“.

Интересно, Рама во продолжение истакна и дека има почит кон Трамп:

„Вистина е дека претседателот Трамп се покажа како лидер кој ја врати зборот ’мир’ во речникот на Западот по многу години. И да, за исклучително кратко време постигна мир таму каде што други се обидоа, но не успеаја, и тој и понатаму истрајно го бара.“

— реклама —

Рама заврши со став дека сè било „ништо повеќе од пријателска шега меѓу луѓе кои, всушност, се големи почитувачи на претседателот Трамп“.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 1 ден

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 1 ден

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон: Европа и Франција се соочуваат со засилени руски хибридни закани

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања