АЛБАНИЈА

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

„Бугарија ги асимилира Македонците во Албанија“ - Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча

Барајќи отворање на македонски конзулат во Корча, Апасиев се осврна кон состојбата со македонското малцинство во Албанија.- Македонското малцинство е признато како едно од деветте малцинства во Албанија. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година, под влијание на бугарската агресивна надворешна политика, станале девет. Замислете, 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и наеднаш на пописот во 2023 година, под надворешен притисок, има 8000 Бугари скоро и 2500 Македонци само.Според Апасиев, бугарската политика во Албанија стратешки делува за разлика од македонската.- Како работи бугарската агенда? Им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови, бугарски пасоши (тоа е веќе бизнис), бесплатни медицински прегледи, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник што го печатат на четири старовремски листови. Ете, толку е нашата стратегија за нив. Го прашав амбасадорот, со колку буџет располагаат, тој рече дека добиваат 180 евра месечно. Со 180 евра не можете сала да изнајмите! Наспроти оваа бугарска пропаганда, ние се спротивставуваме со овие бројки што ги кажав - образложи претседателот и лидер на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.Тој истакна дека во Албанија им се заглавени околу 300 барања за државјанство на Македонците, коишто се стари повеќе од 10 години и се наоѓаат во МВР.- За разлика, од Законот за државјанства каде што на Косовари, ,,ние" измисливме да им даваме државјанство со фискална сметка од ,,Сити мол", на нашинциве во Албанија, државјанствата им се заглавени со години - рече лидерот на Левица.Апасиев додаде дека во Корча има грчки конзулат, затоа што тоа Грците си го сметаат за северен Епир.- Кога при нашата работна посета на Корча, ги прашавме мештаните колку Грци живеат таму, кажаа - нула. Значи, нула Грци, а има огромен грчки конзулат и многу Македонци, коишто сè уште немаат никаков конзулат во Корча - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 11 месец

1b8f4677-0380-4b1d-83c5-2c2bd850d57e

(Видео) Албанскиот премиер удри со тупаница на маса за време на преносот во живо и пцуеше

Албанскиот премиер Еди Рама во еден момент ги загуби нервите за време на директниот пренос на неговиот говор на социјалните мрежи вчера и почна да удира по масата. Снимката брзо стана вирална.За време на преносот, Рама го коментираше апсењето на неговиот близок соработник, градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај.„Тој беше отстранет од функцијата без судење, затворен во ќелија, а Тирана остана без лидер“, рече Рама.Градоначалникот на Тирана вчера беше приведен од полицијата врз основа на истрагата што против него беше покрената минатата година. Тој е осомничен за корупција, поточно за кривично дело „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“.Рама во еден момент се фати за глава, ја тресна со раката на масата и ја покри камерата со прстите. Неколку пати се слушна како пцуе.Рама потоа повторно се приклучи на емисијата во живо.„Многу ми е драго што тој момент остана на Инстаграм затоа што тоа е момент кој ги дели оние кои се тука со душа, оние кои се тука со своето срце, оние кои се тука исто толку колку и оние тренери на белата линија кои го бодрат тимот, кои се борат за тимот, кои се удираат со тупаници во глава кога тимот не постигнува гол...

Свет | пред 11 месец

edi-rama

Израелски медиуми: Албанците преговараат со Трамп за прифаќање на 100.000 Палестинци од Газа; Еди Рама демантира

Албанскиот премиер Еди Рама го демантираше извештајот на израелската телевизија Канал 12 во кој се тврди дека неговата влада преговара со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за да прими околу 100.000 Палестинци од Газа.„Одамна не сум слушнал нешто толку лажно, а во последно време има многу лажни вести! Апсолутно не е точно“, објави Рама на социјалната мрежа Х.Изразувајќи целосна почит и солидарност со граѓаните на Газа, Еди Рама рече дека Албанија никој не ја прашал, ниту можела да размисли да преземе таква одговорност.„Ние сме горди на нашето цврсто пријателство со Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и секако со палестинскиот народ, чија држава Албанија одамна ја призна“, рече албанскиот премиер.Истакнувајќи дека Албанија не е на Блискиот Исток, тој рече дека земјата „не може да направи повеќе од срцето на Европа од која било друга европска земја“.„Сепак, посакуваме и се молиме на палестинскиот народ да му се даде можност да живее во сопствена држава, како слободни луѓе под демократска власт“, ​​заклучи Рама.Израелскиот Канал 12 објави дека Израел верува дека повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Јордан и Египет да прифатат палестински бегалци е нереален и дека Вашингтон соодветно бара други домаќини, како што е Албанија. Ен-Би-Си Њуз објави претходно овој месец дека САД ја разгледуваат и Индонезија како место за прифаќање на Палестинците од Појасот Газа.Трамп го даде својот контроверзен предлог во саботата, сугерирајќи дека е време да се „исчисти“ Појасот Газа и да се преселат Палестинците во Јордан и Египет. Палестинските, јорданските и египетските власти категорично го отфрлија предлогот на Трамп.Арапската лига, Словенија, Германија, Обединетото Кралство и Шпанија исто така го отфрлија контроверзниот предлог на Трамп и порачаа дека Палестинците имаат право да се вратат и дека сите обиди за нивно протерување од нивната територија пропаднале.

Свет | пред 1 година

albanija-111

Албанија ги зајакнува своите воени сили, предлог-закон за 2.100 резервисти да се приклучат на армијата

Поради кревката глобална ситуација, во албанската армија ќе се приклучат дури 2.100 резервисти. Законската иницијатива, на предлог на Министерството за одбрана на Албанија, доби „зелено светло“ во Комисијата за економија и финансии на албанското собрание, но во отсуство на претставници на Демократската партија, пренесува Телеграфи.„Почетните трошоци за 2025 година се предвидени за активирање на компанија со 125 лица и се проценуваат дека ќе достигнат 155,7 милиони леки, што се вклопува во буџетскиот план за следната година“, рече министерот за одбрана Пиро Венгу, пишува А2 Си-Ен-Ен.Како поддршка на предлог-законот, поранешната министерка за одбрана Мими Кодели и претседателот на Движењето за национален развој Дашамир Шехи не го криеја своето незадоволство од сумата што се очекува да биде потрошена за резервистите.„Од скромна пресметка, излегува дека за секој резервист ќе се потрошат 105.000 леи. Целта, всушност, е намалување на трошоците“, рече Кодели.Освен трошоците, социјалистот Вулнет Синаи е загрижен и како ќе бидат повикани резервистите, доколку се покаже дека некаде се вработени.„Можеби ни треба закон кој ги принудува приватните компании да даваат дозвола кога резервистите треба да служат“, рече Синај.За да оди во резервната служба и истовремено да биде платено, основен услов е лицето да е албански државјанин и да не е законски осуден на затворска казна. Во зависност од возраста, резервистот ќе биде унапреден во војник, подофицер или офицер.

Свет | пред 1 година

ilir-meta

Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија

Полицијата во Албанија го уапси лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета.Мета е под истрага на СПАК за скандалот ЧЕЗ-ДИА, лобирањето во САД и истрага за неговиот имот, но се уште не се знае за кој случај е извршена потерницата.Мета беше претседател на Албанија од 24 јули 2017 до 24 јули 2022 година. Претходно беше премиер од 1999 до 2002 година и беше претседател на Парламентот на Албанија од 2013 до 2017 година.Мета беше и вицепремиер, министер за Европа и надворешни работи и министер за економија, трговија и енергетика.

Свет | пред 1 година

ahmeti-rama

Ахмети им честита на Албанците и на Рама: Европа, единствената алтернатива за нас

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска го коментираше отворањето на преговорите меѓу Албанија и Европската унија преку отворањето на првото преговарачко поглавје.„Одлични вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа.Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот Еди Рама и на целиот тим кој неуморно работеше на отворањето на првото преговарачко поглавје.Се надевам дека Албанија ќе работи напорно кон остварување на целта за членство во Европската унија во 2030 година.Мора истотака да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија.Мораме да дадеме се од себе за да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност.Немаме друга алтернатива! Европа е нашиот единствен пат“, пишува Ахмети на својот официјален Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-15-100320

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Во Луксембург ќе се одржи втората меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската унија, каде ќе бидат отворени преговорите.Албанија ќе биде првата земја-кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, најави Унгарија, која претседава со Унијата, јавува Анадолија.Кластерот 1 опфаќа фундаментални реформи и го отвора патот за почеток на преговори за поглавјата од другите кластери.Првиот кластер наречен „фундаментални прашања“ ја претставува најважната област имајќи предвид дека содржи поглавја поврзани со демократските институции, владеењето на правото, судството, политичките и економските критериуми, реформите во јавната администрација, јавните набавки, финансиската контрола и статистиката...По воведувањето на ревидираната методологија за пристапни преговори во 2020 година, поглавјата од преговорите беа поделени во шест тематски групи, односно кластери, и тоа: фундаментални прашања, внатрешен пазар, конкурентност и инклузивен раст, зелена програма и одржливо поврзување, ресурси, земјоделство и кохезија и надворешните односи.Албанија аплицираше за членство во ЕУ во април 2009 година и доби статус на кандидат во јуни 2014 година. Во јули 2022 година, ЕУ ја организираше првата меѓувладина конференција со Албанија.

Свет | пред 1 година

protest-albanija

(Видео) „Долу диктатура, Рама да оди во затвор до крајот на животот“, протест во Албанија

Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, за да протестираат против владата. Демонстрантите го повикаа долгогодишниот левичарски премиер Еди Рама да поднесе оставка, јавува Ројтерс.„Долу диктатурата“ извикуваа. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. На протестите, организирани од десничарската опозиција, се бара замена на владејачката влада со привремена влада пред парламентарните избори следната година. Повеќе од 1.000 полицајци беа распоредени во Тирана пред протестот. Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз неколку владини згради, палејќи ги плакатите на премиерот. Полицијата соопшти дека десет полицајци се повредени.Локалните медиуми јавија дека некои се пренесени во болница. Полицијата ја засили употребата на солзавец додека демонстрантите се приближија до зградата на парламентот. Протестот уследи по повеќегодишните обвинувања за корупција против социјалистичкиот премиер Рама, главно од конзервативната опозиција. „Рама треба да се повлече, да поднесе оставка и да оди во затвор до крајот на животот“, изјави еден од демонстрантите за новинската агенција Ројтерс.Рама е на функцијата од 2013 година и победи на три последователни избори.

Свет | пред 1 година

tirana

Стигна потврда: На Балканот се создава најмалата држава на светот, помала и од Ватикан

Кога го објави својот план за создавање суверена држава за шиитскиот суфи-бекташки ред во главниот град на Албанија, Тирана, премиерот Еди Рама ја цитираше Марија Тереза, велејќи дека „не секој може да биде голем, но може да прави мали работи со голема љубов“, известува Дојче Веле.На Генералното собрание на ОН, Рама рече дека суверената енклава ќе биде „нов центар на толеранција и мирен соживот“. Бекташкиот ред има седиште во Албанија од 1929 година.Албанската влада планира да претвори 27 хектари земјиште во источна Тирана во микродржава наречена Суверена држава на редот Бекташи, која ќе има свои граници, пасоши и администрација.За водачот на Бекташискиот ред, Едмонд Брахимај, познат на неговите следбеници како Баба Монди, ова е „вонредна иницијатива“ која ќе навести нова ера на светска верска толеранција и промовирање на мирот.– Бекташкиот ред, кој е познат по својата порака за мир, толеранција и верска хармонија, ќе добие суверенитет како Ватикан, што ќе ни овозможи да имаме автономно управување од верска и административна гледна точка – се вели во нивното соопштение.Експертите и јавноста велат дека биле целосно во мрак за владиниот план, па одлуката за нив била изненадувачка.Бесник Синани, научник во Центарот за муслиманска теологија на Универзитетот во Тибинген и ко-основач на Институтот Конак со седиште во Тирана, за Дојче веле изјави дека одлуката е „невиден случај на современ религиозен инженеринг“.Тој додава дека албанската влада не понудила ниту еден убедлив аргумент кој би го оправдал ваквиот потег. Алберт Ракипи, претседател на Албанскиот институт за меѓународни студии, тврди дека ова не е само прашање за кое одлучува владата.- Иако не се работи за формирање држава во класична смисла, со одредено население, територија, институции како војска, полиција, бирократија, судови, даночна управа и други детали поврзани со внатрешниот суверенитет, одлуката ќе биде во рацете на парламентот - изјави тој за Дојче веле.Постои неизвесност како ќе се признае суверенитетот на енклавата. Албанскиот устав вели дека „Република Албанија е единствена и неделива држава“. За да се промени ова, потребен е уставен амандман, кој треба да биде одобрен со мнозинство од 94 гласови или две третини од сите членови на парламентот.Албанија долго време се смета за земја на верска хармонија и толеранција. Џамиите и црквите често се во непосредна близина една до друга, а меѓуверските бракови се добро прифатени во општеството.Според информациите од 2023 година, околу 50 отсто од Албанија се муслимани, од кои десет отсто се членови на редот Бекташ. Римокатолиците и православните го сочинуваат мнозинството од остатокот од населението.

Свет | пред 1 година

albanija

Албанија почнува со преговори со ЕУ, се одвојува од Македонија и си го продолжува патот кон Европа, објави „Еуратив“

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, објави бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ.„Патот на Албанија за пристапување во ЕУ ќе биде одвоен од Северна Македонија, а првите преговарачки кластери ќе бидат официјално отворени на 15 октомври, според едногласната одлука на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во средата (25 септември). Патот на двете земји од Западен Балкан кон членство во ЕУ беше споен со почетокот на преговорите официјално започнати во летото 2022 година. директно влијае на напредокот на Тирана“, објави порталот „Еуратив“.Порталот додава: „Но, сега следниот чекор Албанија треба да го направи во средината на октомври во рамките на меѓувладината конференција и отворањето на „Кластер 1 – Основи“. Овој кластер вклучува неколку поглавја – набавки, статистика, судство и основни права, правда, слобода и безбедност и финансиска контрола. Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредување на нејзиниот пат кон ЕУ, но е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успева да направи одлучувачки чекор кон пристапувањето во ЕУ“.За ова, сѐ уште нема официјално соопштение од Брисел.

Македонија | пред 1 година

policija-1

Поранешниот премиер на Албанија обвинет за корупција

Лидерот на албанската опозиција Сали Бериша е официјално обвинет за корупција за дејствија што ги презел кога бил премиер пред петнаесет години.Бериша овој случај го нарече политичка одмазда, објави Ројтерс.Во октомври, Бериша беше обвинет дека го искористил своето влијание како премиер од 2005 до 2009 година за да изврши притисок врз другите, вклучително и неговиот зет, да го завршат процесот на приватизација. Бериша негира какво било прекршување на законот.„Можете да замислите, велат дека сум корумпиран од мојот зет“, рече тој по излегувањето од обвинителството во Тирана во средата.Тој изјави дека му е врачен обвинителен акт од 500 страници, како и дека е поднесен обвинителен акт и против неговиот девер.Ова е продолжување на политичкиот реваншизам, извршување на наредбата на политичката мафија“, рече опозиционерот.Бериша, кој во декември беше испратен во домашен притвор, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека го организирал кривичното гонење против него, што Рама го негираше.Во 2021 година, САД им забранија на Бериша и неговото семејство да влезат во земјата, истакнувајќи дека додека бил премиер бил вклучен во „коруптивни акции“ и ја користел својата моќ за „лична корист и збогатување на неговите политички сојузници и членовите на неговото семејство. " Велика Британија изрече слична забрана за влез во земјата на албански политичар.Бериша беше претседател од 1992 до 1997 година, веднаш по падот на комунистичкиот режим во Албанија, и премиер од 2005 до 2013 година.Тој е лидер на најголемата опозициска политичка сила во земјата – Демократската партија.

Свет | пред 1 година

policija-1

(Видео) Хаос во Албанија: Опозицијата фрлaла молотови коктели врз кабинетот на премиерот

Албанската опозиција одржа протест пред кабинетот на премиерот Еди Рама, а осум лица се под истрага поради нередот.Според албанската полиција, демонстрантите фрлале молотови коктели во правец на кабинетот на премиерот, пренесува Албанска пошта.Обвинителството по синоќешниот протест започна истрага против осум лица, од кои едно малолетно.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран на три километри од Поградец, на длабочина од 15 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Македонија | пред 1 година

Popis_2021

На пописот во Албанија повеќе Бугари од Македонци

Според извештаите на институтот за статистика ИНСТАТ, во Албанија по најновиот попис живеат повеќе Бугари од Македонци.По спроведениот попис, врз основа на прибраните податоци во Албанија има 2.402.113 милиони жители.Бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7 057, додека бројот на Македонци е 2 281. Најмногу има Eгипѓани, кои се 12 375, додека за националност не се изјасниле дури 13 507.Во земјата живеат 755.950 домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство. Во Албанија има 1.082.529 домови.Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители. Споредено со пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за 409.864 жители.

Свет | пред 1 година

popis

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година

По спроведениот попис во Албанија, врз основа на прибраните податоци, Институтот за статистика ИНСТАТ, денеска објави дека Албанија има  2.402.113 милиони жители.Во земјата живеат 755.950  домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 домови.Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители. Споредено со  пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за 409.864 жители.,,Изразено во проценти бројот на населението споредено со пописот во 2011 година се намалило за 16 отсто. Во периодот 2001/2011 падот е за осум отсто. Произлегува дека процентот на намалувањето на бројот на населението е двојно повисок.”, објави Euronews.albania.Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година. Првиот попис е спроведен во 1923 година, а претпоследниот  беше во 2011 година. Планираниот, за 2021 беше одложен поради пандемијата со Ковид-19.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања