Промени тема
Контакт

„Бугарија ги асимилира Македонците во Албанија“ - Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Барајќи отворање на македонски конзулат во Корча, Апасиев се осврна кон состојбата со македонското малцинство во Албанија.

- Македонското малцинство е признато како едно од деветте малцинства во Албанија. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година, под влијание на бугарската агресивна надворешна политика, станале девет. Замислете, 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и наеднаш на пописот во 2023 година, под надворешен притисок, има 8000 Бугари скоро и 2500 Македонци само.

— реклама —

Според Апасиев, бугарската политика во Албанија стратешки делува за разлика од македонската.

— реклама —

- Како работи бугарската агенда? Им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови, бугарски пасоши (тоа е веќе бизнис), бесплатни медицински прегледи, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник што го печатат на четири старовремски листови. Ете, толку е нашата стратегија за нив. Го прашав амбасадорот, со колку буџет располагаат, тој рече дека добиваат 180 евра месечно. Со 180 евра не можете сала да изнајмите! Наспроти оваа бугарска пропаганда, ние се спротивставуваме со овие бројки што ги кажав - образложи претседателот и лидер на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.

Тој истакна дека во Албанија им се заглавени околу 300 барања за државјанство на Македонците, коишто се стари повеќе од 10 години и се наоѓаат во МВР.

— реклама —

- За разлика, од Законот за државјанства каде што на Косовари, ,,ние" измисливме да им даваме државјанство со фискална сметка од ,,Сити мол", на нашинциве во Албанија, државјанствата им се заглавени со години - рече лидерот на Левица.

— реклама —

Апасиев додаде дека во Корча има грчки конзулат, затоа што тоа Грците си го сметаат за северен Епир.

- Кога при нашата работна посета на Корча, ги прашавме мештаните колку Грци живеат таму, кажаа - нула. Значи, нула Грци, а има огромен грчки конзулат и многу Македонци, коишто сè уште немаат никаков конзулат во Корча - поентираше Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
Car_Samoil

Посмртните останки на цар Самоил, кои се откриени во Малото Преспанско Езеро, ќе бидат пренесени од Солун во Бугарија на 3 октомври

Балкан | пред 6 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Европската комисија со шест постапки против Бугарија, ѝ даде рок од два месеци

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Шестгодишно момче пронајдено со убодни рани во стан во Софија, таткото скокнал од петти кат од зградата во која живееле

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања