АПАСИЕВ

apasiev-sobranie

Aпасиев до Мицкоски: Владината програма ви б'зди на одвратно десничарење

Ја прочитав внимателно програмата и биографиите на министрите и тоа се најзалудно потрошени четири часа во мојот живот. Вашите кадри би ги опишал преку два хаштага. Првиот хаштах е „ружна ви е владата“. Ова е една од трите НАЈГОЛЕМИ влади. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт имаме три најголеми влади, 24 - влада, гломазна влада, а европскиот стандард е 13 до 15 члена - истакна претседателот на Левица, Димитар АПАСИЕВ, на денешната Седница за избор на новата Влада.- Имате еден глумец, а јас би кажал сите сте глумци. Еден ШПИУН, косовски, не знам ни дали знае човекот македонски јазик и работел за косовската влада. Вие, господине Мицкоски, сте плагијатори, а не реформатори. Има 10 добри работи и сите се препишани од Левица. Идеолошки воведувате нов правец, еве, да го наречеме ,,Мицковизам" како највисок стадиум на Груевизмот, бидејќи правите идеолошка каша попара од кадрите. Значи, имате: бугараши, врховисти, необалисти, бранковисти и михајловисти на крајот, но не овие ванчо-михајловизам туку воведувате сега ,,Дража-михајловизам" во нашата Влада - додаде Апасиев.- Вториот хаштаг е „шверцеви властитог живота“. Мицкоски си ја фризирал биографијата. Требало наместо нарцесоидни моменти, да пишете ,,тато ме направи асистент, Груевски - претседател на партија". Програмата е без визија, без храбри чекори, зборот РАБОТНИК се споменува само два пати, зборот СИНДИКАТ нула пати и знаете дека на ДПМНЕ газдите и коморите ќе им бидат нивните соработници, додаде Апасиев.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев: Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен

„Уставот е јасен! Дополнително има дури четири други закони кои изречно со ,,jus cogens" норма пропишуваат неспоивост на функција. Тоа се: Законот за Собранието, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси“ - рече лидерот на опозицијата и пратеник од Левица, Димитар Апасиев, при процедуралното обраќање на собраниската седница, а по однос на неуставното, незаконското и неделовничкото заземање на две неспоиви функции од страна на Талат Џафери.„На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако: Поднесе оставка, е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор поголема од пет години, настапи неспоивост со функцијата пратеник, му престане државјанството на РМ, со правосилно решение биде лишен од деловна способност или со смрт“, додава Апасиев.Во своето процедурално обраќање, лидерот на опозицијата - Апасиев, таксативно ги наведе случаите по коишто престанува функцијата пратеник.- Ставот три е многу битен, којшто вели: ,,Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанување на случаите од ставот 1, точки 2, 3, 4, 5, и 6". Значи, точката 3 којашто е случај на инкопатибилност е спомената изрично. Слушајте што вели: ,,Собранието тоа го констатира на првата наредна седница". Ова е прва наредна седница после верификацијата на мандатите - објасни Апасиев.Инаку, уште на 4 јуни, пратеничката група од Левица има поднесено барање врз основа на сите наведени членови.- Кај пратеникот Џафери, согласно Одлуката за верификација се констатира престанок на неговата функција без расправа со прост премин - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Ние сите шестмина би дале поддршка за Гаши да не биде претседател на Собрание

Пред денешната собраниска Седница, Лидерот на Левица - Димитар АПАСИЕВ изјави дека партијата е спремна да ги даде своите шест гласови во македонскиот парламент, за Гаши да НЕ биде Претседател на Собранието на Република Македонија.Како главна причина зошто Левица не поддржува Гаши да биде Претседател на собранието Апасиев наведе дека е „противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонски кога се претседава со Седница“.Левица отворено го повикува Мицкоски да не даде поддршка за косоваризација на Собранието на Република Македонија! Апасиев најави дека партијата е спремна да даде бланко - поддршка на невидено за Македонец да управува со законодавниот дом во Републиката!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-28-at-11.50.20

Апасиев: Даваме бланко поддршка, да не биде повторно косоваризиран македонскиот парламент

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, рече дека ќе ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ ако Африм Гаши не биде собраниски претседател, а во Собранието се зборува само македонски јазик. Тој посочи дека противуставен е Законот за јазици по кој претходно Талат Џафери претседаваше со седниците на албански јазик.„Не ние би дале поддршка од нашите шест за да не биде претседател на Собрание. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, на невидено, само за да не биде повторно косоваризиран повторно македонскиот парламент. Противуставно е да се зборува на друг јазик освен македонскиот кога се преседава со седница“, рече Апасиев.Тој додаде дека ако зборува на македонски, може да преседува.„Си ги гласавте патриотите тоа ќе ви биде реалноста“, додаде Апасиев.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме

,,Борбата за правична и поубава Македонија за сите нас е Борбата што вреди!Како претседател на Левица, Ви пишувам со големо чувство на благодарност...Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина.На ЧЛЕНОВИТЕ на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата посветеност и пожртвуваност, истрајноста наспроти притисоците и работата за нашата заедничка кауза се движечката сила позади нашиот континуиран успех. Растот на Левица од нула до она што е денес, организирањето теренски активности за контакт и дискусии со граѓаните, вклучувањето во кампањите, сета напорна работа и масовна мобилизација не останаа без резултат. Вашата издржливост, одлучност и на моменти фанатична посветеност во клучните мигови е она што дополнително нè поттикна да одиме решително напред во секоја криза и ни овозможи да направиме сериозна разлика во политичката култура во Македонија.На нашите ГЛАСАЧИ им благодариме за дадената доверба. Вашата храброст да постапите различно од сите останати, вашата мудрост да ги препознаете искрените заложби наспроти бројните лаги и манипулации во етерот, како и вербата во нашата работа и кауза е катализатор на промените кои претстојат. Ја разбираме тежината на одговорноста што ни ја доверивте и ветуваме дека чесно и доблесно ќе работиме за да бидеме достојни на Зборот даден кон вас. Идејата за поубава Македонија е жива и преку нашата работа во законодавниот дом ќе ја чуваме и работиме на нејзина реализација. Вашиот глас ни даде простор да се залагаме за политики кои даваат приоритет на благосостојбата на граѓаните, заштита на животната средина и на националните ресурси, унапредување на состојбите во здравството, образованието, правосудството, но и заштита на националното прашање и македонскиот идентитет.На сите наши СИМПАТИЗЕРИ и поддржувачи (дома и во странство), ви благодариме што останавте покрај нас во текот на нашиот перманентен раст и созревање на политичката сцена. Без разлика дали тоа беше преку волонтирање, донации, јавна поддршка, споделување на нашите идеи или друг начин, вашата поддршка е непроценлива! Вербата во нашата левичарска Кауза ја поттикнува нашата решителност уште поборбено да тргнеме кон значајни промени и да создадеме пофер, попрaвично и порамноправно општество за нашиот народ.Борбата која ни претстои не сме наивни да веруваме дека ќе биде лесна. Напротив, свесни сме дека ќе биде сериозен предизвик. Сепак, со вашата континуирана поддршка убеден сум дека можеме да дојдеме до уште подобри резултати кои ќе значат надеж, но и можна поубава иднина дома, во Македонија.Заедно докажавме дека трулиот систем може да се изигра.Дека најголема закана за него се чесните граѓани организирани во борбена работничка Партија, кои се спремни да бидат над матрицата на клиентелизмот и личниот интерес понуден од „змијата“ (СДС) или „магарето“ (ДПМНЕ).Дека токму тие луѓе исфрлија шест нечесни и на нивно место донесоа шест чесни народни пратеници, а разликата допрва ќе ја сведочиме.Со Левица, нема веќе инфериорни Македонци во сопствената држава!Со цел на нè запрат - прво нè игнорираа, потоа нè исмеваа, па нè напаѓаа, а сега, веќе ни се плашат!Затоа, Борбата не смее да запре, сè додека не ги победиме!Фала ви на сите, од сè срце", пишува Апасиев.Во ,,пост скриптум" Апасиев додава:p.s. Се гледаме во новиот собраниски состав.Да ги преброиме зулумите!Да ги израмниме есапите!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Дебелогазецот Маричиќ не стана пратеник, Левица втора партија во Аеродром и Кисела Вода, а дишеме во врат на СДС и за Карпош и Центар

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, посочува дека во Аеродром и Кисела Вода, тие се втора партија по број на гласови. Посочува и дека на пат се да станат втора партија и во Аеродром и Кисела Вода.„Досегашниот вицепремиер, дебелогазецот МАРИЧИЌ не ни стана пратеник, а бил 4-ти на листата во Кецот!? Левица и официјално стана втора партија во Аеродром и Кисела Вода, а му дише во врат на СДС во нивните довчерашни бастиони - Карпош и Центар!“, напиша Апасиев.Тој додава: „Нашето пророштво за ПАСОКИЗАЦИЈА почна да се остварува од главниот град на Татковината. p.s. Од вчера СДС на „Нашата Земја“ стана СДС под „Нашата Земја“. p.p.s. Дури ни 18 пратеници немаат, туку 15 (три им се од коалиционите партнери НСДП и ЛДП)“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Дека мотивацијата по првиот круг од претседателските избори е зголемена, во интервју за ,,ТВ Стар" потврди Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев.„Мотивацијата е зголемена, затоа што ова беше наше огнено крштевање - првпат имавме претседателски кандидат и тоа е одлично искуство. Партијата продолжува напред. Отворивме над триесетина канцеларии во меѓувреме, во овие две последни години, така што мотивацијата е најмалку да го дуплираме скорот којшто го донесе професорката Ванковска", вели претседателот на Левица, Апасиев.Левица очекува поголем број пратеници на Парламентарните избори, за да може уште посилно да се бори против штетните политики и да ги застапува интересите на граѓаните, остварувајќи ја својата изборна програма.,,Поголем број пратеници од Левица во Собрание би значело брана против сите штетни политики на косоваризација и бугаризација на државата. Ние со два пратеника успеавме да спречиме многу штетни политики: успеавме да спречиме етничка припадност во лични карти, приватизација на Брза помош, ги намаливме цените на болниците во време на ковид-криза, така што кога со двајца тоа го постигнавме, можете да замислите со 8 - 12 пратеници!"Оттука Апасиев порача дека гласот даден за Левица не е фрлен глас.,,Гласот за Левица е глас даден за една искрена, чиста опција којашто е единствена на левата политичка сцена. Бидејќи сега се остварува нашата прогноза за пасокизација на СДС, гласот за Левица е глас насочен кон правата левичарска опција во Македонија."

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Апасиев: ДПМНЕ фатени на дело, со месеци местеле анкети во нивна корист

„Вмроидите од ДПМНЕ фатени на дело, со спуштени гаќи. Со месеци местеле анкети во нивна корист и во корист на ЗНАМ (за да ја маргинализираат Левица), преку институтит на нивниот слуга Влајко. И тоа на Јавен радиодифузен сервис - МТВ! Ама АВМУ моментално не е од оваа планета, зафатена е со кратење на парите на Левица за политичко рекламирање.Е ова е ДПМНЕ. Уште недојдени на власт, почнуваат со аздисот. Затоа, не им дозволувајте да ве заведат по којзнае кој пат. Памет у глава и не им давајте повеќе од 50 мандати, оти ќе ви се серат на глава.“, објави претседателот на Левица, Димитеар Апсиев на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Апасиев: Денес свикуваат итна седница, сакаат да шверцаат Изборен законик

“Нели некни се "распушти" Собранието. Епа, АПРИЛИЛИЛИ било. Еве денес свикуваат ИТНА седница. Сакаат да шверцаат Изборен законик, на три дена пред кампања.“, напиша Димитар Апасиев на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev-5

Директорот на велешката болница забранил да се дава инфузии да се заштеди, а за операција на жолчка се бара мито?, прашува Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев јавно упати прашања до директорот на Општата билница во Велес, откако добил прашање дека имало забрана за давање на инфузии, со цел да се заштеди. Апасиев, меѓудругото, е родум од Велес.„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница - Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 - за да заштеди? И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава Болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите - од 500 ЕУР "по тарифа"? Докторе Министре?“, прашува Апасиев.За ова, се уште нема јавна реакција од Министерството за здравство или Општата болница-Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Апасиев: НАТО не носи демократија. НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, за декларацијата на Собранието по повод четири години од членството во НАТО денес истакна:,,Нато не носи демократија. Нато е кршач на меѓународното право и повелбата на Обединетите Нации. Без дозвола на Совет за безбедност НАТО ја нападна Југославија во 1999 година, ја нападна Либија, го нападна Ирак и редици други држави.Последниот пункт е дека народот сакал во НАТО. Не е точно! Не е испочитуван член 120 од уставот кој што вели: ,Одлуката за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена ако на референдум за неа гласало мнозинство од вкупниот број на избирачи'. Референдумот во 2018 беше неуспешен и немаше цензус и оттука уставниот услов за да влеземе во НАТО не е испочитуван, што значи противуставно и против волјата на народот сме влезени во НАТО.”

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Со Преспанскиот и Бугарскиот договор ни се одзеде правото на сопствен историски наратив и тоа е удар врз идентитетот

„Во однос на историјата, сите држави, вклучително и балканските, си имаат сопствена историска нарација. Само нас ни е одземено правото, со Преспанскиот договор и со таканаречениот Договор за добрососедство со Бугарија, да имаме свој сопствен историски нарататив. И тоа е удар врз идентитетот, но тоа го направија недоквакани политичари и ние како нова генерација политичари, тоа ќе мораме да го исправиме.Политичкиот активизам кој го започнавме како чисто левичарење, наместо мејнстримот на СДС, мислам дека конечно ги дава првите плодови. Наредните пролетни избори ќе бидат изборите кога Левица, односно децата на транзицијата, ќе им пресуди на оние кои ги доведоа до тоа дереџе.Ние сме општество каде повеќе од половина луѓе живеат со 1 долар на ден, додека една четвртина од децата во школска возраст имаат по еден родител кој не работи. Тоа се страшни егзистенцијални трауми кои ни ги ставаме под тепих, а многу влијаат врз насочувањето на младите. Сиромаштијата го разјадува здравото општество. Тоа е најголемата болест на 21-виот век. Налет да е такво општество каде се зголемува GDP, се зголемува богатството на малкумина, а мнозинството 99% остануваат сиромашни. Тој систем нема перспектива и тоа општество е нездраво општество.Неолибералната логика оди до таму дека се треба да се приватизира, да се монетизира. Ние со Крмов блокиравме и закон за приватизација на брзата помош. Тоа е концепт на неолиберализмот, кој потекнува од времето на Реган и Маргарет Тачер - дека сѐ треба да се фрли на приватен бизнис и дека јавните добра стануваат “клубски” добра. Што значи клуб? Клуб е приватна забава, „ако платиш влезница, ќе те пуштиме. Ако не платиш, нема да те пуштиме.” Така и ова, ако платиш,ќе ти ставиме инфузија. Ако не платиш, ќе умреш како куче. Како што умираат во Америка, две третини од луѓето немаат здравствено осигурување. Така да, концептот на социјална држава тие го урнисаа. Тоа беше европски модел, кој според мене солидно функционираше. Но, сега имаме див капитализам, каде секој на секому му е волк и гледа како да преживее. Затоа, ние имаме идоли на мафијаши, на луѓе кои ја зезнале државата и тие ни се репери. Младиве кои се паметни, кои се иделисти, кои сакаат добро, гледаат дека такви битанги тука виреат и си ги пакуваат куферите и си одат.Но, според мене не треба да одат. Треба да се приклучат во Црвена младина и заедно да се бориме против бандите тука. Видете ги вие загинатите партизани, вие немате постар од 25 години, сите се дечишта од 16 до 25 години. Младите луѓе ја носат промената и јас сум многу горд што тие луѓе во Левица гледаат спас. Тоа значи дека на младите не им е проблем да ризикуваат, не им е проблем да гинат за идеали. И затоа мислам дека на младите треба да им се дава повеќе простор, особено во политиката, затоа што имаат попрогресивни ставови. ", вели Димитар Апасиев, претседателот на Левица.

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev-5

Апасиев за Ковачевски: Лажен левичар-милионер, кој не знае Римско право во Рим

„Политико“ објави, а пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, праша дали неговиот имењак Ковачевски навистина не го пуштиле на собирот на европските социјалисти во Рим. Апасиев се изнасмеа преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“.„Таче не го пуштиле да влезе на собирот на европските социјалисти во РИМ!? 😂🤣😂 Епа како да пуштат лажен левичар-милионер, кој не знае Римско право во Рим, бе? p.s. Социјал-демократијата веќе не е секси“, напиша Апасиев.Влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим.

Коментари | пред 1 година

424613314_964070505076014_9217147475064125923_n

Ванковска собрала половина од потребните потписи, тврди Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека за три дена, успеале да ги соберат половина од потребните потписи за претседателската кандидатура на Билјана Ванковска.„Народе - за еден викенд собравме скоро 1/2 од потребните потписи! Со оглед на тоа дека и учките од ДУИ уште немаат собрано, и покрај целата нивна машинерија и клиентела - тоа ни кажува дека нашата структура воопшто не е слаба. Вашата поддршка во процесов е суштинска! Затоа, продолжуваме со исто темпо. Нашите волонтери се на терен. Потпиши се за Ванковска и денес! Ако си на работа - потпиши се на пауза. Ако не можеш на пауза - потпиши се после работа (канцелариите на ДИК работат секој ден - од 8:00 до 20:00 часот)“, напиша Апасиев.Се очекува Државната изборна комисија да ја објави состојбата со собрани потписи за кандидати, заклучно со вчерашниот ден.

Македонија | пред 1 година

424614396_964070705075994_9086350078794580974_n

Апасиев: УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир, па ќе се жалите: "А бе, учките ни ја земаа државата"!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави упатство како граѓаните да се потпишат за Билјана Ванковска да биде кандидат за претседател, во четири чекори. Тој посочува и дека ДУИ, собирале потписи за Бујар Османи да биде кандидат, во штаб во Чаир.„Денес е недела. Лабав ден. Додека си лежиме по дома, УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир. Оти им се може. И после ќе се жалите: "А бе, учките ни ја земаа државата"! Не. Не ни ја земаа. Ние им ја дадовме. Со нашата некативност. Затоа, уште пред ручек, личната карта у џеб и правец канцеларија на ДИК во вашата општина. Потпиши се за професорката ВАНКОВСКА! Да. Работат и во недела, до осум вечер. p.s. Поручек, пак ќе ве потсетам“, напиша Апасиев.Тој сподели и фотографија.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања