АПАСИЕВ

dimitar-apasiev-5

„Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега.„Не го ни читајте Протоколот. Џабе ќе се нервирате. Еве накратко да ви го раскажам: Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега (заедно со нивните колаборационисти во Владата на Северџанистан - балистите и врховистите).

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев: Во Собранието ќе биде многу тензично, ќе се шверцува францускиот предлог

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека во понеделник треба да се видат што собранието треба да донесе, каков акт треба да донесе, бидејќи никој не знае.„Дали ќе донесеме одлука или заклучок некаков си, дали ќе им го врати на Влада, така што не знаеме што ќе прави Џафери.Меѓутоа мислам дека во Собранието ќе биде многу тензично, кога ѓе се носи тоа. Според моите информации ќе се обидат да ја прескокнат комисиската расправа и ќе оди директно на пленарна што е противделовнички што значи повторно ќе се шверцува. Тогаш мислам дека ќе има тригер за поголемо собирање пред Собранието. Ние од внатре, народот од надвор, мислам дека ќе спречиме ново предавство кое е десеткратно поголемо од преспанското предавство“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

apasiev-1068x580

Апасиев испрати порака преку фејсбук

Апасиев испрати порака преку фејсбук во која вели дека никој не победил народ со пендрак.„Никој не победил народ со пендрек!#СекојДенВоСедум#ТикТакТикТак“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

292039726_606360007513734_8549165532048086537_n

Апасиев го објави сценариото за утре, ќе има бурен ден

Врие Македонецот, ова е премногу што ни се случува и народот веќе не може да трпи такво политичко предавство, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за Канал 5 телевизија, денеска пред Собранието на Република Македонија.„Еве да ви го кажам сценариото, па граѓаните сами нека оценат. Утре ќе го поминат на Влада (францускиот предлог) и ни треба масовност, значи ги повикувам сте граѓани утре да дојдат пред Влада, планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето.Мислам дека тие не го очекуваат тоа, ќе сакаат да го поминат на Собрание, и мислам дека шверцератот на Талат Џафери ќе си дојде на сцена, мислам дека нема да го пуштат на комисија, знаат дека таму ќе има тепачки ќе го тават на пленарна седница, тоа ќе трае неколку дена“, вели Апасиев.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-03-at-21.14.51

„Ќе се радикализираат протестите од утре, а вторник е клучниот ден“

Пратеникот и првиот човек на Левица, Димитар Апасиев од протестот пред Влада ЗА „Инфомакс“ посочи дека од утре ќе има пожестоки протести. Според него, комплетно ќе се заобиколи Собранието и ќе има обид за потпишување на францускиот предлог. Апасиев посочува: „Гневот тука е многу поголем“.„Можеме да продолжиме со маршеви, може со блокади, сите аргументи се на наша страна. Мислам дека има време да се консолидираме. Јас сум оптимист, од утре ќе биде пожестоко“, кажа Апасиев.Тој додаде: „Даваме се од себе, дајте и вие. Не може само Левица да клепи, бујрум на протести да го одбраниме тоа што е наше“.„Жалосно е овој гнев на народот да не го капитализираме со победа. Вторник е клучниот ден. Власта е комплетно делигитимирана, нема суштествена поткрепа. Ние како сила во налет ако дозволиме да го изврши последното предавство, треба да се распуштиме“, додаде тој.Тој најави радикализирање.„Треба конкретни чекори, во конкретни времиња, за да има успех. Нема здрав човек кој ги поддржува. Мислам дека гадно ќе завршат. Ќе си лежат затвор квалитетно. Ќе гледаме да лежат 300 години затвор, за сето ова што го приредија годиниве“, посочува Апасиев.Според него, нема да се купуваат пратеници. Апасиев смета дека Павле Трајанов се уште стои на ставот дека е против францускиот предлог.Фото: принтскрин од Инфомакс.мк

Македонија | пред 3 години

apasiev-1068x580

Апасиев му врати на Пендаровски: Вошко предавничка

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи по изјавата на претседателот Пендаровски.„Претседателската ВОШКА Пендаровски, ме нарекол "гнида" на прес!? Па није могуче#ВошкоПредавничка“, напиша Апасиев.Претходно Апасиев го опцу претседателот, а Пендаровски вели дека само човек кој е ушмркан или му фали нешто во главата може да каже таква работа.„Тој тип јавно ја пцуеше Шеќеринска. Знам за каква креатура се работи. Не верував дека може да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка која не можев да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека беше крајно нечовечки, да ми пцуеш гроб на почината мајка е нешто не се простува. Таква работа може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата. Мислам дека тој психопат не е со сите. Тоа е настан без преседан“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

apasiev-0912

„Вие не сте нормални, мајке ми, ќе горите во пеколот ама не пред да скапете по затвори“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го коментираше барањето на Бугарија, Македонците во Албанија да бидат третирани како бугарско малцинство.Еве што напиша Апасиев на Фејсбук:“И Македонците од Албанија дојдоа на ред за шиткање. Ќе ги третираат како “традиционално бугарско малцинство”!? Вие не сте нормални, мајке ми! Ќе горите во пеколот, ама не пред да скапете по затвори!#NoPasaran#СекојДенВоСедум“

Коментари | пред 3 години

apasiev

„Колку треба да си жалче да „одбиеш“ француски предлог, откако си попил ново бугарско вето“, вели Апасиев

По прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски по самитот во Брисел, реагираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Колку треба да си недоветно жалче, ко божемски да "одбиеш" француски предлог, откако веќе си попил ново бугарско ВЕТО, два саата претходно!?p.s. Ко у вицон: "Бато бе, ај доста ме бранеше"!#АхБеТачеБе“, напиша Апасиев

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

„Стајте го на руски јазик францускиот предлог“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека на сајтот на Владата, францускиот предлог треба да биде објавен на руски јазик.„Кога веќе го нема на македонски (оти, нели, таков јазик не постои), стајте го францускиов предлог бар на РУСКИ на сајтов на Влада“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

apasiev-pendarovski

Апасиев до Пендаровски: „Пи*ка ти матер“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно упати пцост до претседателот на државата, Стево Пендаровски,откаковчера беше објавен „модифицираниот“ француски прелдогза започнувањена преговорите за членство во ЕУ.„Пендаровски,пи.ка ти матер“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.Претседателот Пендаровски на Самитот на НАТО изјави дека го видел, како што вели, „модифицираниот“ француски предлог и дека тој е „далеку подобар за нас во споредба со претходниот“.

Коментари | пред 3 години

apasiev-0912

„Утре, ќе ви се деси народ“, Апасиев најави протест

Лидерот на политичката партија Левица преку социјалните мрежи порача дека утре ќе има протест.„Утре, ќе ви се деси НАРОД#Протестирам#НовоСонцеНаСлободата“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Апасиев: „Добро утро на сите, освен на Командант Филџани“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по вчерашниот инцидент во собранието, утрово објави статус во кој им посака добро утро на своите следбеници, освен на пратеникот Арбр Адеми.„Добро утро на сите, освен на Командант Филџани - Варваринот“, напиша Апасиев

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

„Му нема спас, другари, Западот пропаѓа“, пишува Апасиев

„Колективниот Запад пропаѓа!“, ова е ставот на Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.„Му нема спас, другари. Тоа е духот на Историјата. Само ако си платен сороспија тоа не го гледаш...Се забранува абортус, се држат невини луѓе со години во самици во Гвантанамо без обвинение и без право на одбрана, се екстрадира новинар кој откри воени злосторства во Ирак и Авганистан - за да скапе доживотно у затвор, се пука секојдневно по школи, плоштади и кафичи, се замрзнуваат имоти на странци и странски државни резерви без судска одлука, се цензурираат медиуми, се зголемуваат класните разлики и бројот на бездомници, се воскреснува неонацизам... Никакви цивилизирани правила веќе не важат.Ццццц, жал ме фаќа искрено. Каков цивилизациски колапс! Каде ли само исчезнаа вредностите на хуманизмот и Ренесансата!? Ќе завршите бетер од Југославија“, пишува Апасиев.

Македонија | пред 3 години

08062022_Kovacevski_obrakjanje_Otvoren-Balkan-2

„Таче викендов ќе го прифати францускиот предлог, заедно со народот ќе спречиме нов Преспански“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека, премиерот Димитар Ковчевски викендов ќе го прифати францускиот предлог.„Таче викендов ќе го прифати "францускиот предлог" за БУГАРИЗАЦИЈА на Македонија (кој е претходно договаран од Бујар). Мислам дека доаѓа денот и часот за сериозен опозициски Отпор. Само ме јаде јанѕа дали е пак и ДПМНЕ декор у причава? Се надевам искрено дека не е и дека опозицијата, заедно со народот, ќе спречиме нов Преспански. Од нас зависи!#ДојдеНожДоКоскаДругари“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев „распука“ по Алтернатива: Имаат директор на Идризово каде најдоа дрога и оружје, па они биле за ЕУ, а Левица проруска?

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи вели дека партија со тројца пратеници во Собрание држи три минисерства и десетици директори, меѓу кои и КПД Идризово каде вчера беа најдени дрога и оружје.„Алтернатива на Гаши воспостави прекрасна пракса во социјалдемократското слугување на бализмот = "колку пратеници, толку министри"! Замислете, партија со тројца пратеници во Собрание, држи три министерства во Влада и десетици директори, меѓу кои и на КПД Идризово, каде вчера најдоа дрога и оружје. И овие биле за ЕУ, ама Левица била проруска!?“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања