АПАСИЕВ

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Кога македонските партии се обединија и Македонец се осети убаво во Собрание - СДС ја напуштија седницата, пишува Апасиев

“На денот кога се обединија сите МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ да му застанат на патот на башибозукот на Илире и кога Македонецот, за прв пат, се осети убаво во своето Собрание - СДС решија да ја напуштат пленарната седница за интерпелација!?”, напиша пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев и додаде:“Епа, што да очекувате од партија на богаташите која дезертираше и во 2001. Нивните раководни кадри и тогаш се криеја по викендици, додека БРАНИТЕЛИТЕ војуваа со косоварските терористи поддржани од НАТО! Ова им е одлична шанса да се преиспитаат и да видат зошто секогаш се на погрешната страна на Историјата и зошто им се случува "пасокизација" на политичката сцена”.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Дали тоа Претседателката го слушна апелот на Левица и стави вето на двојазичните лиценци?

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, реагира на ставањето вето на Законот за двојазични лиценци во градинките.Апасиев на својот „Фејсбук“ профил напиша:„Дали тоа Претседателката на Републиката конечно го слушна апелот на пратениците на Левица, па ставила ВЕТО на противуставните двојазични лиценци (што вмроидите ги шверцуваа во Собрание, за да им угодат на необалистите од Вреди)?Ако е така, аферим и ашколсун!”, напиша Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

(Видео) Војната на Апасиев и Стојаноска продолжи: тој и возврати за купувањето на хотел

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, возврати на тврдењата од Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, дека тој купува хотел кој се вика „Опера“ во Скопје. Според него, тоа е клевета, ама па, понуди таа да се откаже од патни трошоци, за тој да и даде да преспива во хотелот.„Богаташката Дафина од ДПМНЕ со шесте стана, лажела и клеветела по поткасти дека, пази молим те, сум имал ХОТЕЛ у Скопје!? Ај пренесете и на колегињица - нека се откаже она од ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ шо ги крка од Собрание и доживотно ќе и дадам да преспива у "хотелов" два пати неделно, сама (ако мајка и уште не и го дава клучот од становите у Скопје)“, напиша Апсаиев.Стојаноска и Апасиев долго време водат „војна“. Таа започна во Собранието, кога тој ја нарече „богаташка“ бидејќи нејзината мајка поседува повеќе станови во Скопје, а таа патува постојано за Гостивар каде живее. Стојаноска му возврати на Апасиев и во „Претрес“, притоа посочувајќи дека во редовите на пратениците има пратеници кои уста не отвориле, но и такви мои се милијардери. За Апасиев кажа дека купува хотел додека ја напаѓа неа.Целиот поткаст:

Македонија | пред 1 година

APASIEV-KRMOV-PROTESTI-2

Апасиев: Поразително е борбата против корупцијата да ни ја водат странски агентури

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес - конференција, во одговор на новинарско прашање го истакна ставот на Партијата по однос на ставањето на црната листа на САД на Артан Груби заради мито и местење на случаи со Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК назначен од ДПМНЕ.- Мислиме дека ова е обична козметика. Ова е сигнал до корумпираните политичари од ДУИ за да не ескалираат. Меѓутоа, ништо суштински нема да се промени. Скандалозно е тоа што наместо МВР да ги има тие информации, дека Артан ГРУБИ местел случаи со Сашо МИЈАЛКОВ, тоа го дознаваме од странски амбасади. Тоа значи дека ние сме обична територија, без владеење од страна на власта. Тоа само по себе за нас е поразително како народ! Сметаме дека борбата против корупцијата треба да ја водат домашните, а не странските агентури - потенцираше претседателот Апасиев.По однос на заканите од ДУИ за дестабилизација во Македонија доколку Уставниот суд ја укине неуставно наметнатата двојазичност, Апасиев, исто така го истакна ставот на Левица.- Што и да одлучат уставните судии мислам дека ќе помине без проблем, исто како што беше и со Балансерот. Впрочем, ако се сеќавате, вчера Али Ахмети се закани со војна! И, тука има простор, ако го читате убаво Законот за политички партии, за интервенција на надлежниот Јавен Обвинител. Бидејќи ние, како политички партии, стрикно ни е забрането да повикуваме на воена агресија. Оттука, мислиме дека во случај на евентуални нереди, после одлуката на Уставниот суд, каква и да биде, органите на прогонот, односно МВР, треба да си ја заврши својата работа и да не ги обеспокојува граѓаните, затоа што има капацитет - одговори претседателот Апасиев.

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev9

Апасиев: Уставните судии да не се плашат пред налетот на необалистичките пискотници

Фејсбук објава на лидерот на Политичката партија Левица, проф. д-р Димитар Апасиев:„т.н. „Закон за јазици“ со кој, на истиот постоечки Устав, после 20 години, илегално и насилно се воведе противуставна двојазичност мора да биде поништен!Од стручен аспект, формално-правните причини (без да навлегуваме во материјална расправа) се следниве:1. Законот е прошверцуван во Собранието, спротивно на Деловникот, со фрлање на амандманите на опозицијата во корпа;2. Законот го нема потребното квалифицирано 2/3 мнозинство кое го бара Уставот за регулирање на судски постапки;3. Пробиени се преклузивните уставни и законски рокови за промулгација;4. Указот за прогласување на „законот“ го нема потребниот врзан потпис на Претседателот на Републиката и е објавен во „Службен весник“ спротивно на закон (што е без преседан во досегашната наша уставно-правна историја);5. Законот е спротивен на меѓународното право и на тоа укажува Венецијанската комисија (составена од експерти по уставно право) при Советот на Европа!Оттука, уставните судии мора да покажат кредибилитет и правно знаење, а не да бидат уплашени пред налетот на необалистичките пискотници! Оти, како што вели професорот од Универзитетот во Гент – Ван Кенеген: „Па, каква корист имаме ние од судиите ако тие можат да бидат принудени да се сложат со незаконските барања на власта, која е парализирана од класна привилегираност и нема сили да ја скрши ‘кората од обичаи’, со цел да го модернизира и оплемени правниот систем“!?

Македонија | пред 1 година

dimitar-apasiev9

Левица до ВМРО-ДПМНЕ: Не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ни сега

По денешниот инцидент во Собранието и за влакно избегнатата тепачка меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ, псовките од Апасиев и осудата од ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи се огласи Левица.,, Не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ни сега”.Еве ја објавата на Левица од прес конференцијата на нивниот пратеник Амар Мециновиќ:Народот заслужува одговоро-ДПМНЕ му сервира пцости и насилство.Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници. Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци.Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување.Анонимниот пратник Зоранчо Јованчев кој се нема појавено на собраниската говорница, денеска го опцу претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство.А, интересно е за јавноста, бидејќи ни јавноста не го знае овој пратеник, како што и ние колегите не го знаеме – Зоранчо Јованчев има две кривични пријави. Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица.Нашата порака е дека не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ниту сега.Ние сме шесторица, тие се педесет и осум. Нека бидат уште сто и педесет – не се плашиме од бизнисмените на Мицкоски и неговите партиски потрчковци. Затоа што на секој насилнички одговор, ние ќе одговориме пожустро.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев во Собрание: Крвта со памукче ќе ви ја пиеме

Говорот на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на вчерашната тензична седница за воведување ВТОР заменик-директор на Царинска управа. Левица посочува дека Апасиев рекол и: „За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме“„Колешке богаташке Дафина, за ајванот никој не е јунак, не оти јунакот не е јунак, туку оти ајванот е ајван. Паметните ќе разберат, вие богатите можеби не. Кога се обидуваме им кажеме дека корупцијата не го уништува политичкиот систем на луѓето, туку обратно, политичкиот систем којшто вие го креирате, кој е во срж'та корумпиран, ги уништува животите на луѓето, нормално е богаташите да се фрустрираат. Кога најгнасниот интерес, бесрамно ни го прикажувате како некое си јавно добро, вие само слугувате на вашите теснопартиски интереси!Имате жестока опозиција која е олицетворена во овие пратеници и ќе бидете спремни на 'фајт'. 'Мастермајндот' на власта е се да спопикаат во три дена. Ние сме единствениот Парламент во светот, а тоа ќе го докажеме фактографски, а можеби и пред Уставен суд, што забрани на опозицијата да зборува, дури и сега временски! Наместо три дена да зборуваме, ние зборуваме еден ден.Сакате да ни го одземете и тоа малку право што го имаме како опозиција. Јавно ви кажувам, за секој ваков клиентелистички закон ова ќе ви биде секојдневие. Колку и тоа да ве фрустрира, извинете што ви го нарушивме викендот, тоа ќе ви биде секојдневие. Колку и да се курчите, не ви се плашиме. Не ви се плашевме во време на Грујо, не па сега, вие сте мачкина кашлица за тоа ВМРО."

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Ја будиме од ,,клиничка смрт" постојаната анкетна комисија за човекови права

- Навистина, ми е мерак што самото тоа што три часа дискутираме, покажува дека ја креваме од ,,клиничка смрт" оваа комисија којашто, единствено, е уставно спомената - истакна во своето обраќање пратеникот од Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, при одржувањето на првата собраниска комисија на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во која тој е претседател.- Ова е само почеток, верувајте! Моите планови како претседател на Комисијата е таа да не стане форум на политичко надгласување и надмудрување, туку баш форум за стручна дебата и се надевам дека со мнозинството од пратениците и со нас како опозиција дека тоа и би го постигнале. Оваа комисија, иако е од исклучително значење за правата на граѓаните, во изминатиот мандат воопшто не профунционира - додаде Апасиев.На првата седница на Комисијата, во присуство на претставници од невладиниот сектор, пратениците го разгледаа Извештајот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година. Присутните членови и гости истакнаа пофалба што за прв пат овој Извештај пристигна до Собранието.Пратеникот Апасиев во своето прво обраќање, се осврна на неговата визија и цели за работа со оваа Комисија. Тој даде и посебен осврт кон т.н. судир на надлежности.- Првото што мене и како правник и како политичар ми е чудно е самата правна рамка на Комисијата - она што ние правниците го викаме судир на надлежности. Еве, јас имав ситуација - вие утврдивте дискриминација дека Талат Џафери го дискриминира Димитар Апасиев по основ на политичка припадност, затоа што во 30 други случаи едно постапил, во мојот случај - поинаку. И ние со тоа ваше мислење отидовме на суд и Судот се прогласи за ненадлежен и нè упати на Уставен суд и сега сме на Уставен суд, во октомври имаме судење со интенција да стигнеме и до Стразбург - образложи Апасиев.- Ако го вклучите и ОЈО, вие имате 6 - 7 органи, коишто имаат испреплетени надлежности! Значи, правната рамка, според мене, би требало да оди кон поедноставување на процесите. Не може граѓанинот и прекршочно и кривично да одговара за еден ист деликт - дообјасни тој.Апасиев говореше и за делот на проектите што оваа комисија ги работи, како и за склучувањето меморандуми за соработка.- Во ред е вие да работите проекти со државни органи, но проекти кои би се работеле со странски амбасади се она што вие го викате ,,сива зона". Што ако оние со кои сте потпишале меморандуми се најдат како странка во вашата постапка? - образложи претседателот на Комисијата, Апасиев.Со посебен акцент Апасиев ги спомена балансерот и сегрегацијата на учениците - Роми.- Оспорувањето на балансерот како типична алатка на дискриминација - да биде оспорено пред Уставниот суд од ваша страна, а не од страна на ДКСК, бидејќи балансерот сам по себе не е коруптивен, тој е дискриминаторски. Во врска со сегрегацијата на учениците - Роми се поставува прашањето: Како може сегрегацијата на учениците - Албанци во Струга да биде човечко право, а во Кочани да биде дискриминација? - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Гаши го крши деловникот со опструкциите на Законот за бранители

,,Сметаме дека во случајот со законот за бранители спикерот Гаши го крши новиот Деловник. Тука има два моменти: политички и правен.Правниот момент е тоа дека Гаши еклатантно го крши новиот Деловник и нашиот правен тим размислува да му пушти кривична пријава за несовесно вршење на службата, односно пречекорување на дискрециони овластувања. Затоа што ако внимателно и граматички го читате новиот Деловник, можноста да не ја свика комисијата е само на претседателот на матичното тело, но не и на спикерот. Кај него има Jus cogens обврзувачка норма дека тој е должен да свика, доколку овој во 24 часа не ја свика комисијата и тука нема што да се толкува. Значи тоа е правната одговорност.Додека политичката одговорност според нас е кај ДПМНЕ, затоа што со ова се покажува зошто не треба партија со двајца пратеници да има спикер. Затоа што за секое вакво чкрипење, вие ќе треба да одите на "бакни рака" кај спикерот и тука политичката одговорност е кај овие 58 пратеници.Впрочем затоа се донесе и новиот Деловник, за да нема одолговлекување на закони. Но, сега гледаме дека во дослух со спикерот, практично можете да филибастерингувате практично можете кој закон го сакате.Точна се покажа, за жал, нашата теза дека во вакви ситуации, партијата со најголем број пратеници треба да го има спикерското столче токму поради вакви ситуации. Ние сметаме дека ова создава една правна пукнатина, којашто во иднина и те како ќе се злоупотребува, доколку помине несанкционирана.Санкцијата треба да биде и од страна на Основното обвинителство, тоа е правната, и од страна на најголемата политичка партија или пратеничка група, а тоа е ДПМНЕ. Значи има два типа одговорност: тоа е правна и политичка одговорност. Ние ќе ја потераме правната но немаме инструменти за политичката, односно имаме, тоа е следна интерпелација - но чекаме да му се соберат повеќе прекршувања, па да поднесеме уште една интерпелација за Гаши.Јасна е нормата, впрочем затоа се донесе и новиот Деловник, за да нема одолговлекување на закони. Но, сега гледаме дека во дослух со спикерот практично можете да филибастерингувате можете кој закон го сакате.Илире Даути може да го толкува така Деловникот, затоа што таа можност е предвидена. Практично тоа беше проблем на претходниот Деловник. И тогаш кога претседател на матично работно тело нема да стави нешто на комисија, во тој случај немаше правен инструмент тоа нешто да се анулира. Но, сега има. И затоа велам таа може да оди лево-десно, но спикерот не може. Него му се врзани рацете и Деловникот вели: - Доколку е поминат рокот и законот не е ставен на комисија, во тој случај тој мора, нема избор сакам или не сакам, затоа што нормата е императивна. Во јавното право вие ги почитувате нормите коишто стојат во Деловникот.И затоа одговорноста на Гаши е правна, а одговорноста на Илире може да е политичка, таа е опозиција, нејзе и одговара да го вози овој процес. Но, спикерот и те како има правна одговорност и затоа ние кај него ќе алудираме на правна одговорност, а политичката е кај најголемата политичка група на ДПМНЕ.", вели Димитар Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Ако Џафери беше мајстор - Гаши е велемајстор за скандали

Во 100 дена Влада, Гаши го надмина Џафери во скандали - истакна во своето обраќање на денешната собраниска седница претседателот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев.- Вие го надминавте Талат Џафери, којшто беше мајстор за скандали. Практично, во 100 дена, направивте рафал од скандали и станавте, можеби, велемајстор за скандали - потенцираше Апасиев, говорејќи за стодневното дејствување на Гаши.Апасиев образложи дека Левица ја темели интерпелацијата на седум основи, кои се дополнуваат и со нови скандали.- Покрај седумте точки, вие сторивте уште три - четири скандала, но за свадбата на Косово и за пеењето ,,Шота" на 2 Август ќе оставиме да зборува, можеби, недокваканиот Мицкоски, којшто ја оцени оваа уставна интерпелација како глупава - појасни Апасиев.Во својот говор, Апасиев потенцираше и дека во овие 100 дена се прекршени и Уставот и законите.- Вие покрај Уставот, прекршивте дури четири закони: Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Изборниот законик - заокружи Апасиев.За потсетување, како што досега јавноста е повеќепати информирана од страна на Левица, интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, е заснована на следниве седум точки:1. Повреда на секуларноста на државата; 2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје;3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;5. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери;6. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-28-at-11.50.20

За грст привилегии од носот подалеку не гледате, дека државата ни стана федерација, вели Апасиев за прославата на Мечкин Камен

На социјалните мрежи за чествувањето на Илинден, на кое делови од Крушевскиот манифест се читаа на албански, се огласи пратеникот на Левица, Димитар Апасиев. Тој, минатата година на Илинден бил на Мечкин камен.Еве што напиша Апасиев:„Лани бев на Мечкин Камен, говор држеше Таљат, се беше на македонски. Годинава, говор држеше Мицко. Се беше ДВОЈАЗИЧНО. Пак да си го гласате јаничаров, гниди вмроидни одродени. За грст привилегии од носот подалеку не гледате, дека државата ни стана федерација!p.s. И уште еднаш, народе, не заборавај – само ЛЕВОТО КРИЛО е државотворно!“

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

(Видео)Апасиев: Осудените за 27 април треба да се помилуваат преку помилување „ин конкрето“

Осудените за 27 април треба да се помилуваат преку помилување „ин конкрето“, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во емисијата „Претрес со Ландов“.Апасиев објаснува дека тоа значи претседателот на државата да помилува конкретни осуденици. Инаку, овие кои се, како што вели, неправилно класифицирани во делот на терористичко загрозување, ќе се изедначат со „Монструм“.- Мислам дека треба да има помилување, но како ќе го изведат не знам. Ние еднаш поддржавме, ако се сеќавате. Тие луѓе се неправилно класифицирани во делот на најтешко терористичко загрозување. Ако дадете вие амнестија за такво дело, по автоматизам доаѓа и „Монструм“, овие - терористите - посочува Апасиев.Во однос на тоа предметот да се врати на повторно судење, Апасиев посочи дека тоа е подолгата варијанта, односно дека тоа ќе трае долго. Не е потребно да се докажува дека се невини за ова кривично дело, поентираше Апасиев, туку тие треба да бидат прагматични и да излезат од затвор.- Треба да бидат прагматични и да излезат од затвор. Тоа таму е кочина... Таму куче да заврзеш, ќе умре, а не, пак, човек - рече Апасиев.За затворските услови Апасиев вели дека ни малку не се на нивото на скандинавските земји, а ниту, пак, останало тоа што било во Југославија. Затворот, додава тој, е извор на зараза и насилство, а престојот е небезбеден за кого било.- Видете ги условите во скандинавските земји, како приватна болница се, а кај нас е кочина, буквално. И тој систем на ресоцијализација, кој сме го имале од Југославија, сега веќе не постои. Таму вие здрав да отидете, пореметен ќе излезете од затвор. И чесен човек да бидете, вие утре, не дај Боже, може да згазите некој и да завршите во затвор заедно со тие убијци и криминалци, може да ве силуваат, да ве убијат... Ете, сега имаше еден претепан, умре на Клинички. Тоа е ужас таму, тоа е страв и ужас - заклучува Апасиев.

Македонија | пред 1 година

apasiev-mijalkov

(Видео) Апасиев: Мијалков е хохштаплер

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го поврзуваа со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, а тој во „Претрес“ одговори дали муабетите држат вода. Средби, финансирања и разни муабети.. Што е вистина, а што не?На прашање што мисли за Мијалков, лидерот Апасиев рече: „Хохштаплер“.Раскажа и за заканите од телохранителот на Мијалков кој му ги упатил нему.Целиот поткаст:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-04-at-17.00.37

(Видео) Закани дека ќе му ја убијат фамилијата добивал Апасиев: Политички е поврзано

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев при гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека бил мета на закани од радикални структури. Тој објасни дека неговата пријава не била сфатена сериозно од Обвинителството, а во неврзан муабет со ексминистерот Оливер Спасовски добил утеха наместо процесирање на пријавата.„Ќе ти заколеме фамилија, тебе... Политички е поврзано“, рече Апасиев.Тој кажа дека обвинителката го убедувала дека безопасни се нападите.. Погледнете ги деталите во поткастот:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Ги повикуваме сите чесни членови на СДСМ затоа што Левица го носи пламенот на АСНОМ

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во своето гостување во емисијата ,,Претрес со Ландов", го повика гласачкото тело на веќе распаднатата СДСМ да се приклучи кон Левица.- Ние имавме една герила - акција на Црвена младина со која се обративме до гласачкото тело на СДСМ. Бујрум за сите чесни членови на СДСМ, затоа што Левица го носи пламенот на АСНОМ, сакале тоа да го признаат или не - истакна Апасиев.Црвена младина ја испрати пораката со истакнување на транспарент со натпис: ,,Другари, вратите во Левица ви се отворени!"- Треба да правиме разлика под таа комуњарска номенклатура, којашто била како бубрег во лој уште од времето на Југославија. Тоа ви се династиите: овие кои ги имаме ние на УКИМ каде сè нивните се најдобри, нивните за сè ги бива, ама не се сите дека ги бива. И таа номенклатура е преточена подоцна во СКМ-ПДП и подоцна во СДС. Додека оние луѓе кои се левичарски настроени, кои се анти - ВМРО, кои се анти - десничари и таа некоја класа, средна до некаде висока - средна класа, едноставно, остана незастапена, затоа што местото нивно во СДС го земаа бизнисмените - дообјасни Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања