Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

АХМЕТИ

media-librarygm9m3o3l6l2bfSDVIdL

(Видео) Ахмети до Мицкоски: „Христијане млад си размисли, орли летајте високо – кучиња, чувајте се од зајци“

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции со сцени од војната во 2001 година започна конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Атмосферата на почетокот беше јасна демонстрација на симболиката и политичкото наследство на кое партијата гради мобилизација во кампањата. Во салата се скандираше и „Артан Груби“.Лидерот Али Ахмети го искористи говорот за жестока критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии.„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.Со оваа порака Ахмети го стави Мицкоски во центарот на критиката, обвинувајќи го дека со постапките ја поттикнува обединувачката енергија кај Албанците.

Македонија | пред 4 месеци

ahmeti-bujar

Ахмети бара внимание со квази-патриотизам од „милошевички вид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека тој секогаш пред избори прибегнува кон манипулативни теми и создавање тензии.„Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една ‘немирна закачица’ и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува. Исто како и достоинството и поддршката,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата сметаат дека со „павлов рефлекс“ пред секои избори Ахмети зборува за крв и квази-патриотизам „од најдолен милошевички вид“, наместо да се соочи со реалните проблеми.„Ахмети ги потценува Албанците кои, поради тајкуните и шеиците што тој ги создаде на грбот на чесните граѓани, живеат тешко и сè повеќе се иселуваат од земјава. Да си го потценуваш сопствениот народ и да измислуваш теми кои се погрешни, манипулативни и создаваат тензии само затоа што си уплашен – тоа не е убаво,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

Gruevski-Ahmeti-696x371

Меџити: Автомобилот на Али Ахмети стоел 24 часа во полициска станица, се сомневаа дека Груевски избегал со него

Првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, упати ново сериозно обвинување кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во времето кога поранешниот премиер Никола Груевски побегнал од земјата, автомобил на Ахмети бил задржан 24 часа во полициска станица под сомнение дека токму со него Груевски можел да ја напушти државата.„Автомобилот на Али Ахмети стоел цел ден во полициска станица, затоа што се сомневаа дека Груевски избегал со него. Ова е вистина што многу брзо целосно ќе излезе пред јавноста,“ изјави Меџити.Тој нагласи дека станува збор за еден од најскандалозните случаи кој, според него, ги потврдува сомнителните врски на тогашната власт со бегството на Груевски во Будимпешта. Меџити додаде дека граѓаните имаат право да знаат што точно се случувало зад сцената.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-ahmeti

Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите, но огледалото е од Али-експрес, вели ВМРО-ДПМНЕ за Ахмети

ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во последните настапи повторно се навраќа на 2001 година.„ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, но сега е 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат државата. Ахмети се враќа 24 години наназад, а 23 од тие години беше на власт и учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите,“ стои во реакцијата.Од опозициската партија велат дека најголемите бенефити од конфликтот ги добиле „50-тина луѓе од врвот на ДУИ, кои од овчари, земјоделци, механичари и слаткари станаа шеици и тајкуни“, додека граѓаните, особено Албанците, масовно се иселувале.„Ахмети дури и да ја поделел Македонија во 2001 година, денес ќе имал иста држава – празна, сиромашна и опљачкана. ДУИ 24 години произведува тајкуни блиски до партијата, а резултатот е пепел и сиромаштија,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата дополнително оценува дека „српското влијание врз ДУИ е непобитно“, споредувајќи ги со „скороевиќите од времето на Милошевиќ“.„Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите криминалци, но огледалото е од Али-експрес, па делуваат трагикомично,“ се додава во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

ahmeti-bujar

Ахмети: Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на партискиот собир во Чаир одговори на, како што рече, „измислени наводи“ од дел од политичарите дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија.„Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници. Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни,“ изјави Ахмети, пренесуваат медиумите на албански јазик.На настанот, заедно со кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, лидерот на ДУИ го потпиша таканаречениот „Акт на Чаир“, кој, според него, претставува „запечатување на најголемото национално единство од 2001 година“.

Коментари | пред 5 месеци

ahmeti-bujar-1

Ахмети: Во Чаир потпишан „Актот на Чаир“ – најголемо национално обединување по 2001 година

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа на својот „Фејсбук“ профил објави дека заедно со кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи и пратеникот Скендер Реџепи – Зејди го потпишале „Актот на Чаир“, кој, како што истакна, претставува „најголемо национално обединување по 2001 година“.„Сите се обединети, како и порано, за да се врати достоинството, за да се врати честа, за да се заштитат постигнатите права. Тогаш повикот беше за да се добие еднаквост, денес е за да се одбрани,“ напиша Ахмети.Тој додаде дека целта на движењето е да ѝ се стави крај на дискриминацијата, потценувањето и лошото управување, потенцирајќи дека станува збор за „сепопуларно движење на отпор и надеж, кое секој ден станува посилно и поинклузивно“.Ахмети во пораката упати повик за мобилизација пред изборите во октомври: „Сите на нозе, подготвени за референдумот во октомври!“ – стои во објавата.

Скопје | пред 5 месеци

519681974_1328214758986748_119152773283381761_n

Ахмети и Беџети со порака за мобилизација: „Сарај обединет, подготвен за победа“

„Сарај обединет и решителен кон следната победа“, порача пратеникот Блерим Беџети, објавувајќи фотографија од партиската средба во седиштето на ДУИ, на која е и лидерот Али Ахмети.„Во овој момент, во пресрет на изборите во октомври, структурите и активистите се собраа за да покажат единство, посветеност и целосна подготвеност да ја спроведат волјата на граѓаните“, напиша Беџети на социјалните мрежи.

Македонија | пред 7 месеци

MixCollage-22-Jul-2025-08-48-AM-9282

Ахмети, Таравари и Села, здружени за локалната трка

Некогаш во љубов, некогаш раскарани и во прегратки на друг коалициски партнер. За овие локални избори Ахмети, Таравари и Села ќе настапат заеднички за да ги одмерат силите и да покажат кој го има легитимитетот во албанскиот политички блок.Адут за Чаир им е екс министерот за надворешни работи.Во Тетово кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ, а во Желино ќе биде Емир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ.Носител на советничката листа во Гостивар ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар, а во Струга, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ во Струга.Во следните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени и кандидатите за останатите општини.,,Од Албанската алијанса, од Зијадин Села очекуваме предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Арачиново и во Дебар, а од Арбен Таравари за Гостивар, Врапчиште, Теарце и за Сарај.ДУИ останува посветена на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес за граѓаните во сите општини. Граѓаните, како на референдум, ќе ја потврдат својата следна победа на овие локални избори“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Ахмети бара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

На прослвата на која ДУИ одбележа 23 години од своето основање, лидерот Али Ахмети во своето обраќање побара предвремени парламентарни избори заедно со локалните.Ахмети тврди дека ова е неопходно за стабилност и напредок на државата.„Политичките партии во Европскиот фронт се координираат, во комуникација сме со сите конструктивни политички сили во земјава и мислиме дека на локалните избори ќе бидеме силен фронт за да владееме успешно со општините, но воедно сме силно определени заедно со локални да имаме предвремени парламентарни избори. Тоа го бараме зашто тоа е спас за сите нас и за одржлива стабилност”, рече Ахмети.Ахмети се пофали дека ДУИ никогаш не изгубила избори во 18 изборни циклуси и дека партијата секогаш се залагала за правата на Албанците и европски стандарди.Тој ги обвини политичките противници за политички прогон и дискриминација.

Македонија | пред 8 месеци

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Ахмети не знае каде се кријат Груби и Бајрами: Сигурно се некаде во регионот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не знае каде се кријат екс првиот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кои веќе неколку месеци се во бегство.Ахмети смета дека некогашниот негов човек од доверба се наоѓа некаде во регионот, пренесува ТВ Алсат.Истакнува дека нема комуникација со нив и дека не е истражен орган за да открива каде тие се наоѓаат.Груби и Бајрами се осомничени дека вршејќи ги своите посебни овластувања и должности, во 2023 година направиле штета на акционерското друштво со намера противправно да прибават буџетски средства на Лотарија во износ од над осум милиони евра. Обвинителството ги сомничи за кривичното дело проневера во службата.Груби е и на т.н. „црна листа“ на американскиот Стејт департмент.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-ahmeti

Ахмети: Чекорот на Таравари е храбар, разбра дека оваа Влада е антиалбанска

„Европски фронт, на чело со ДУИ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори“, изјави Али Ахмети.Тој посочи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.Ахмети ја цени одлуката на Таравари да се одвои од ВЛЕН.„Секако, го цениме храбриот чекор на Таравари, кој многу порано разбра дека оваа Влада не е ништо повеќе од антиалбанска Влада, бидејќи дојде на власт со антиалбанска платформа. Сè уште не е изградена никаква стратегија. Господинот Таравари ми се чини дека рече: 'јас не сум роден во влада', и во моментот кога ќе стане неприфатливo, може да си замине. Но, ова се прашања на Таравари, тоа не се прашања на ДУИ, ниту на Европскиот фронт, тоа се внатрешни прашања што господинот Таравари треба да ги менаџира“, рече Ахмети.Таравари повеќе не е дел од ВРЕДИ, бидејќи другите лидери од оваа коалиција одбија да излезат со посебни листи за општински советници, како што побара тој.

Македонија | пред 9 месеци

31122024-Mickoski-pres

(Видео) Мицкоски директно до Османи: Човекот кој го распродаваше македонскиот идентитет има најмал кредибилитет да зборува!

Премиерот Христијан Мицкоски упати директна порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот Бујар Османи, по заканите дека ќе има политичка криза ако се укине Законот за употребата на јазиците од страна на Уставниот суд. Ахмети и Османи се заканија дека во ваков случај нема да има ниту локални избори.„Човекот кој го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува, затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ниту својот мајчин албански јазик“, му порача Мицкоски.Рече дека ДУИ беше пример за двојни стандарди, корупција и криминал.„Таму владее паника и страв, се гледа од коментарите на челниците на од ДУИ, а за што станува збор, многу скоро ќе биде сведок и јавноста“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Ахмети и ДУИ со закани: Ако е засегнат Законот за јазици, нема да има локални избори

Според лидерот на ДУИ, одржувањето на локалните избори следнава есен е доведено под прашање. Ахмети од Липково ја повика коалицијата Вреди да ја напушти Владата и заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.„Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори, нема да може да се постават гласачки кутии. Законот не е на ДУИ. Законот е и на оние кои ќе се родат додека изгрее сонцето. Затоа секој Албанец мора да стане господар на правото не јазикот, ниту да го политизира ниту да го проблематизира“, изјави Ахмети.Бујар Османи од ДУИ вели дека не може да има локални избори без парламентарни избори, но и без враќање на Балансерот, Бадентер и без гаранцијата на Законот за јазиците.„Ние велиме дека не може да има избори во услови кога Албанците ќе бидат деградирани до тоа ниво. Ќе се создаде длабока политичка криза. Албанците нема да дозволат денот да продолжи како ништо да не се случило. Тоа е морална обврска, тоа е национална обврска, тоа е човечка обврска кон оние кои ги дале своите животи за овој јазик. И сега ќе се однесуваме како ништо да не се случило“, вели Османи за Дејли клик на ТВ21.Уставен на 20 март во присуство на експерти ќе ја подготвителната седница за Законот за јазици.

Македонија | пред 11 месец

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

„Ахмети е во постојан контакт со Груби“

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во емисијата „Дијалог на Лајми“, изјави дека неговиот предходник Артан Груби, кој е во бегство од правдата во земјата, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него.„Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и раководството на ДУИ. Го гледам, сè уште се во неговото влијание. Тоа се гледа и во медиумите, и на порталите, и во соопштенијата. Тој замина, но последиците од него се очигледни и непоправливи“, рече Меџити.

Македонија | пред 1 година

1679753075589

Внукот на Али Ахмети тврдид ека нема „ролс ројс“ од 400.000 долари

Внукот на Али Ахмети испрати до медиумите соопштение на англиски јазик со реакција по последните обвинувања од коалицијата Вреди дека неодамна бил виден како вози автомобил марка „ролс ројс“ со кичевски регистарски таблички, вреден 400 илјади долари. Тој вели дека тврдењето е лажно и неосновано.„Ова обвинение е безобразна измислица, за која нема факти, ниту докази. Ширењето вакви невистини е штетно за мојот углед, но се создава и лажна слика во јавноста. Барам итно повлекување на вашата изјава и формално јавно извинување. Ако не го сторите тоа на време, не ми оставате друг избор освен да ги следам правните чекори“, пишува Ахмети во соопштението.Тој наведува дека неодговорно и неетички е да се шират неосновани изјави во обид да се одвлече вниманието од какви било недостатоци и неуспеси на владејачката коалиција. Ги повикува „Вреди“ да се фокусираат на конструктивен дијалог и фактички дискурс наместо да прибегнуваат кон тактики за оцрнување.„Верувам дека коалицијата ‘Вреди‘ ќе ја препознае сериозноста на овој случај и ќе преземе итни чекори за да се поправи ситуацијата. Останувам посветен на заштитата на мојот интегритет и нема да се двоумам да ги повикам на одговорност оние што намерно шират лажни изјави за мене“, вели Дрин Ахмети.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања