Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

АХМЕТИ

ahmeti-torta-feat-768x978-1

Ахмети добил мејл дека ќе го бесат: Спремете се!

Пратениците од ДУИ вчера пријавиле дека добиле смртни закани од е-маил адреса чиј корисник е непознат. Во неа стоело „Спремете се за бесилка“. Според Алијсанта на Албанците кои и јавно се пожалија и го осудија потегот, пораката е испратена до Али Ахемти, Блерим Беџети, Рина Ајдари, Садула Дураку, Арбана Пашоли, Дијана Тоска, Илир Хасани и Исмаил Јахоски.Во неа, меѓу другото стои: „Кучиња од ДУИ, спремете се да ви ја сечеме главата и телото на парчиња, да ве сечеме. Бесилка за вас е спремна, со се фамилијата што ви мрда. Исто бесилка и куршуми за вас“.Вчера, полицијата извести дека работи на пронаоѓање на испраќачот на мејлот.

Македонија | пред 1 година

kasami896756

Касами му врати на Ахмети

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, пред медиумите ги критикуваше постапките на Европскиот фронт, кој вчера ја напушти салата пред да гласа за претседател на Собранието. Касами во оваа прилика рече дека нивната постапка е срамна и побара Европскиот фронт да има конструктивна улога во опозицијата.„Тоа беше неочекувано за мене. За жал, идната опозиција од самиот почеток го покажа својот пристап кон случувањата што ќе се случуваат во Северна Македонија“, рече Касами.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Ахмети е лут: Нарушен е легитимитетот на Охридскиот договор, неприфатливо е коалицијата со помал број мандати да биде дел од Владата

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во име на Европскиот фронт остро ги обвини останатите албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор.За Ахмети неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен или прекршен. Луѓето нѐ прашуваат зошто гласаме кога некој друг одлучува за нашата волја и нашите определби“ рече Ахмети и додаде:„Граѓаните не прашуваат која е смислата на демократијата кога не се почитува легитимитетот, кога одлучува најголемата македонска партија. Ова нѐ враќа две децении наназад кога не се почитуваше слободната волја на заедниците. Легитимноста е столбот на демократијата, затоа ја започнуваме битката. Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува, но кога не се почитува, се враќаме во други времиња кои колективно сме ги напуштиле“, рече Ахмети.Иако беше најавено дека ќе ги открие нивните следни чекори, тој прес-конференцијата ја посвети за критики на ВМРО-ДПМНЕ и новите албански партии на власт.[caption id="attachment_291047" align="alignnone" width="646"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

445191655_10161579061882138_8941613000928496677_n

(Фото) Ахмети во опозиција по 16 години

Али Ахмети и пратениците на ДУИ, на денешната конститутивна седница, за првпат по 16 години седна во опоциските редови на Собранието.Ахмети е опозиција заедно со нивниот доскорешен коалиционен партнер СДСМ.Првпат ДУИ беше во опозиција од 2006 до 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ формираше Влада со ДПА.

Македонија | пред 1 година

stojance

Ангелов до Ахмети: Кревај кочница со време, Мицкоски не е сам, да не потсетувам какви емоции буди скандирањето „УЧК“

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, го искоментира излагањето на Али Ахмети на вчерашниот митинг од центарот на Скопје„На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК....“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК...“ Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме.Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицковски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“. Зад него стои и убедливо мнозинство од македонскиот народ но и убедливо мнозинство од нас, македонските бранители од 2001-та! Истите оние Бранители кои во воената 2001 ве поразија во сите битки на бојното поле, истите оние Бранители од кои ве спасуваа странците додека вие мавтавте со бели знамиња во Арачиново.Затоа со време кревајте рачна кочница. Бидејки, како што секојдневно укажува токму Мицкоски, се ближи времето за одговорност за сето она што ДУИ и го направи на Македонија, почнувајќи од 2001-та па се' до денес!“, напиша Ангелов.

Македонија | пред 1 година

AHMETI-GRUBI-DZAFERI-1

Ахмети со војната „купува“ гласови: Албанското тло е распарчено, да ги реализираме соништата на нашите предци

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, продавајќи флоскули за војната во 2001 година и споменувајќи ги „соништата на нашите предци“, без да прецизира дали тоа е т.н. „Голема Албанија“ купува гласови за Бујар Османи. Тој ги повика Албанците да се обединат. Ја искритикува одново Русија која ја посочи за закана.„Секогаш сме сонувале како Албанците се обединети во еден фронт. Зошто се навраќам во историјата – зошто тоа се моите соништа. Во тоа време (војната 2001 година) бевме маргинализирани, единствениот универзитет отворен со крв е Тетовскиот универзитет, сега имаме три универзитети. Овој сон го продолживме по војната, со цел Албанците да бидат обединети, но не успеа. Но по 23 години, ние успеавме, постепено, сите заедно“, рече Ахмети.Во говорот на албански јазик ги повика сите заедници во Македонија, но не ги спомена Македонците, да гласаат за ДУИ и Османи. Рече: „албанското тло е распарчено“.„Нештата во глобалната политика чекорат лошо. Ништо немаме против малите политички партии, но немаат капацитети да се соочат со сите настани кои се случуваат околу нас, во Европа и Блискиот Исток. Затоа оваа држава, ова обединување, е повеќе од потребно, за да се поддржи не само од албанската заедница, туку и од турската, ромската заедница. Овој фронт ќе им излезе во пресрет со сите интелектуални капацитети. Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети, албанското тло е распарчено, затоа од денеска па натаму да сме еден народ, едно тело, да ги реализираме соништата на нашите предци, да ги јакнеме нашите позиции, да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија, да ја држиме во живот и на 24 април да го поддржиме нашиот кандидат за претседател, Бујар Османи и како едно тело да продолжиме на 8 мај, да победи Европскиот фронт“, додаде Ахмети.Говорот го заврши со: „Господ нека ни е на помош, нека живее албанскиот народ“.

Македонија | пред 1 година

hajredini-ahmeti

Хајредини за Ахмети: Чудно, како на Али не му текнува дека и тој да не беше, тоа што се случи во 2001 немаше да се случи

Џевдет Хајредини на социјалните мрежи кусо ја искоментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во која вели дека да бил Заев во 2001 година немало да се случи тоа што се случи.„Да беше Зоран Заев во 2001 година немаше да се случи тоа што се случи, искоментирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната конференција во Скопје по повод 20-годишнината од Рамковниот договор. Тоа им го пренесе на присутните организаторот на настанот – првиот вицепремиер Артан Груби.п.с. Чудно, како на Али не му текнува дека и тој да не беше, тоа што се случи немаше да се случи“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

ahmeti

Ахмети на крајот на политичката кариера, ќе остане запаметен како човекот кој потона во криминал и корупција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Али Ахмети и самиот е свесен, дека неговата политичка кариера се ближи кон крајот, а ќе остане запаметен кај народот, дека освен тоа што ја направи ДУИ криминална организација, туку и по тоа што во овие црни работи, го вклучи своето семејство, а едни од многуте примери се неговиот син Шкумбин и неговите внуци, Дрин и Бесијан, вели ВМРО-ДПМНЕ„Внукот Дрин купува згради вредни 30 милиони евра, другиот внук Бесијан е назначен од послушникот на Ахмети, министерот Османи, за прв секретар во амбасадата во Брисел, притоа скокајќи за 3 места нагоре во административната хиерархија. За да биде од дното и поголемо дно, овие двајца, заедно со синот на Али Ахмети, Шкумбин, ќе градат заедничка фотоволтаична централа, од 60 мегават-часови, која ќе биде во јавно-приватно партнерство со државата.Молчат партизираните институции, а очигледно амин имаат и од домазетот во владата Ковачевски, кој глуми цело време паднат од Марс, како тој ништо не знае.Затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја превземе власта за неколку месеци, ќе знае и тоа како, да одговори на криминалот и корупцијата на власта“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

ahmeti

Цврсто стоиме на ставот да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене, вели Ахмети

Ние цврсто стоиме на ставот да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.Ахмети, во изјава за ТВ21, по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево, рече дека Рамиз Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто, бидејќи за тоа било гласано на генералниот совет на партијата.- Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме. Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина, изјави Ахмети за ТВ21, прашан за ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

Македонија | пред 2 години

ali-ahmeti

Сеопфатна истрага е потребна за Али Ахмети, вели Хајредини

Сеопфатна истрага е потребна за Али Ахмети. Сите други он ги именува и пред него одговараат. Ова на својот фејсбук-профил го напиша Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.Тој вчера со неколку поста ја коментираше и одлуката на Стејт департментот за прогласување за непожелна личност на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и неговото семејство.Хајредини вчера ја искоментира и изјавата на премиерот Димитар Ковачевски: „Јас да сум на црна листа, веднаш давам оставка! Ковачевски вели дека доказите против Мерко се сериозни.Да не се тие од црна листа, во Македонија не би имале ни стабилна владина коалиција“.

Коментари | пред 2 години

265583504_235989872002869_4190933823424213341_n

Внукот на Ахмети го купува Бизнис центарот Соравиja

Фирмата „Тхор индустрис“ во сопственост на Дрин Ахмеди од Кичево во која самиот Ахмеди е управител заедно со Егзона Ризмани ја купува Соравија и бизнис центарот со исто име во центарот на Скопје.Mkd.mk објави дека Дрин Ахмеди е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети односно е син на неговиот брат.Фирмата „Тхор Индустрис“ на член на семејството Ахмети заедно со фирмата „Пе-вла-ку ШПК“ од Албанија ја купува Соравија, за што извести и Комисијата за заштита на конкуренција со одлука објавена на 15-ти јуни.И двете фирми имаат адреси во Соравија центарот односно и „Тхор“ и македонската подружница на „Пе-вла-ку“ се сместени на 11 кат во бизнис центарот. Досега биле кираџии, но сега го откупуваат целиот центар. Егзона Ризмани која е управител на „Тхор“ истовремено е и овластено лице на фирмата од Албанија, покажуваат податоците од Централниот регистар.„Тхор“ на внукот на лидерот на ДУИ е формирана во ноември 2020-тата година.Во документот на антимонополската Комисија за заштита на конкуренција стојат само неколку податоци за фирмата на Ахмеди кој според МКД.мк е син на Фекри Ахмети од Зајас:ТХОР ИНДУСТРИЕС е друштво основано во 2020 година, според законите на Северна Македонија. Основната дејност на ТХОР ИНДУСТРИЕС регистрирана во Трговскиот регистар на Северна Македонија е: развој на градежни проекти. ТХОР ИНДУСТРИЕС има подружница во Северна Македонија – ТХОР ИТ СИСТЕМС Скопје со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр. 3/11кат, Скопје – Центар, која врши компјутерско консултантски дејности.За разлика од домашната компанија, фирмата од Албанија има поголемо досие во одлуката на Комисијата и во неа стои дека во Македонија ќе се занимава со развој на градежни проекти.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

ahmeti

Ахмети ќе оди кај Агелер за објаснување за одлуката за Мерко

Демократската унија за интеграција веќе три мандати го кандира Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, кој од вчера е на црната листа на САД. Во ДУИ се шокирани од одлуката на Стејт департментот, но велат дека ќе ја анализираат во наредните денови, пишува порталот Лидери.мк.Високи извори од ДУИ за порталот велат дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје. По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од функцијата градоначалник и нови избори во Струга или не, велат од ДУИ за порталот Лидери.мк.Според изворите од ДУИ, ако Ахмети побара оставка од Мерко, а овој одбие, постои можност и официјално да биде исклучен од партијата. „Во тој случај Мерко може да го продолжи мандатот како непартиски градоначалник“, велат од ДУИ, појаснувајќи дека немаат правен механизам да го принудат Мерко да поднесе оставка, доколку не го направи тоа доброволно.Вчера и амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер за прогласувањето за непожелна личност за САД на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од  Стејт департментот, поради корупција, рече дека „народот на Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни“.

Македонија | пред 2 години

dui

Ахмети: За 3-4 години ќе влеземе во ЕУ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека е голем оптимист за тоа кога ќе влеземе во ЕУ. Тој вели дека за 3-4 години земјава ќе биде членка на Унијата.„Јас сум оптимист, секогаш сум бил и ќе останам. Без да се крене белото знаме. Поминавме многу соочувања и тешкотии и постигнавме успешно да ги завршиме важните поглавја и за државата и за стабилноста. Најголемите оптимисти не мислеа дека некогаш ќе бидеме членка на НАТО, но тоа сега е реалност. И големите оптимисти не би верувале дека Македонија како мултиетничка државва може да биде пример за решавање на проблемите…“ рече, меѓу другото, Ахмети.„Ако некогаш сме мислеле дека ќе ни требаат 10 години за членство во ЕУ, сега јас верувам дека за 3-4 години ние ќе бидеме членка на ЕУ бидејќи и околностите се сменија во полза на тоа овој пат да се забрза“, нагласи лидерот на ДУИ.Според него, треба да се направат уставни измени, а затоа треба да има помирување меѓу сите субјекти што имаат одговороност за судбината на државата.„Јас мислам дека може да се постигне помирување, да ги стават сите интересите на државата, иднината на генерациите. Нема политички интереси дали ќе победиме на дргите избори…“ порача Ахмети.Тој зборуваше на дебатата на тема „Европски фронт”, организиарана за годишнината на ДУИ, што се одржува во хотелот „Александар палас“.

Македонија | пред 2 години

ali-ahmeti

Ахмети да престане да краде, време е ДУИ да оди во опозиција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ахмети треба да биде свесен дека набрзо големиот брат ќе стане многу мал и заедно со неговиот подизведувач СДС ќе одат во опозиција. Затоа што 8 години печалат на грбот на народот со криминал и корупција, вели ВМРО-ДПМНЕ„ДУИ живее од Албанците, а не за нив.Со некаква лажна борба, зад која се кријат лични интереси си ја штитат власта. Колку повеќе владее ДУИ и СДС во државата, толку помалку народ има во Македонија. Колку повеќе Артановци на сцената толку помалку е среќен народот во Македонија.22 години ДУИ е извор на скоро сите порази на државата.22 години ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот.Времето на крадење пари и крадење среќа завршува. За сите погрешни политики, за сите криминали одговорност ќе има.Време е за пензија и опозиција.А, тоа народот ќе го испорача на следните избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-05-02-224214

(ВИДЕО) „Не на овој гроб“, Ахмети доживеа непријатна сцена во Слупчанe

На комеморативната церемонија на ОВК (УЧК) во кумановското село Слупчанe, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, доживеал непријатна ситуација.На видеото што го објави порталот Лајм на Фејсбук, се гледа како Ахмети положува цвеќиња на гробовите на загинатите припадници на ОВК.2 мај 2001 година се смета за посебен ден за областа Карадак. но и за сите Албанци, кој овој датум го слават како ден на ослободување на оваа област. А Слупчанe се смета за симбол на отпорот.Но, кога доаѓа до гробот на извесен Али Махмути, борец на ОВК кој загинал кај Матејче во 2001 година, таткото на загинатиот не дозволува Ахмети да стави цвеќе на гробот на неговиот син.Погледнете го видеото ТУКА.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања