„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ахмети

ustaven-dui

(Видео) И Ахмети со Села дојде пред Уставен, додека горе се расправа за спорниот Закон за јазици

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и формалниот претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, дојдоа пред Уставен суд додека внатре се расправа за Законот за јазици. Тие се придружувани од партиски структури, па така, може да се види и експратеникот Арбер Адеми. Прв пред насобраните кај Уставен се обрати Зијадин Зела кој зборуваше за важноста на Албанците во стабилноста на Македонија и ги упати овиците кои ги слушнавме и изминатите години - да не се чепка Законот. Слични пораки упати и Ахмети. Двајцата се обратија на албански јазик, без да го употребуваат македонскиот.За исто време, во тензична атмосфера, се расправа за спорните одредби од Законот за јазици во Уставниот суд. Имаше обид за седницата да се одложи, но неуспешен. Судот за првпат се подели по етничка основа, откако двајца судии не дојдоа на работа, а еден ја напушти салата додека се расправа за Законот за употреба на јазиците.Во иницијативите, подносителите го оспоруваат постапувањето на Собранието на Република Северна Македонија во однос на донесувањето на Законот и сметаат дека претседателот на Собранието, иако бил должен, не го вратил предлогот на Законот и не побарал од предлагачот да го усогласи воведот на предлогот на Законот со Деловникот на Собранието, туку го доставил до пратениците со што сторил повреда на Деловникот на Собранието.На веб страницата на Уставниот суд, во ставката „материјални аспекти на оспорување“, пишува:„Подносителите ја оспоруваат целината на Законот од аспект на Амандманот V од Уставот бидејќи ја проширувал уставната рамка дадена во овој амандман во врска со употребата на јазиците на немнозинските заедници и определувал еднаквост на друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, со македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија во Републиката и во нејзините меѓународни односи, наместо тој друг јазик и писмо да се користат како што е определено со Амандман V точка 1 ставови 3, 4, 5 и 6 од Уставот“.Во иницијативите се наведува и дека „Називот на Законот“ бил непрецизен и создавал правна забуна, дека се однесува на македонскиот јазик, на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Републиката, како и на јазиците што го зборуваат припадниците на немнозинските заедници кои се под 20% од граѓаните во Републиката, што е спротивно на Амандман V точка 1 ставови 2, 3, 4, 5 и 6 на Уставот, како и на член 51 од Уставот.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Ахмети честита 28 ноември: Слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитка до албанскиот народ по повод 28 ноември, порачувајќи дека слободата не е дестинација, туку трајно и незапирливо патување.„Почитувани браќа и сестри сонародници, Од се срце ви го честитам денот на знамето и независноста на Албанија.Оваа 112-годишнина од најсветите денови на нашата албанска нација не потсетува дека напорите за слобода, еднаквост, независност, знаме, јазик се секојдневни и нашите заложби никогаш не треба да престанат, бидејќи слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување. Вечност на Албанија и на Албанците!“, пишува Ахмети во честитката.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-27-at-14.38.42

(Видео) Отишол Али Ахмети да се распее во Хрватска

Ново видео, стара песна. Али Ахмети, пратеник во Македонија, прво ја славел 30г-годишнината од формирањето на УЧК, па пак пеел песна која се смета за навредувачка за словенските народи. За разлика од пред 32 недели кога песната ја пееше во Македонија, сега ја пее во Хрватска.Од видеото се слуша како Ахмети ја пее албанската песна позната како „Лошиот Хисен“, а во неа се „опејува“ борбата на Албанците со пушки и со барут против „Шкиите“, погрден збор за словенските народи, каде што, како што е познато, влегуваат и македонскиот и српскиот народ.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Реакција и од Ахмети: Додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, реагираше на коментарите на премиерот на Косово, Албин Курти за Законот за јазиците.Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат „со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ“, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор“.Како што објавува косовскиот „Бота сот“, ова Ахмети синоќа го говорел на средба со стотина симпатизери и членови на партијата во Бутел.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-rohas-3

Ахмети го прими евроамбасадорот Рокас: Европската Унија е нашата единствена алтернатива

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.Претседателот Ахмети и амбасадорот Рокас долго разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор, како и за изборите во Северна Македонија.Ахмети го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.„За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус“, рече Ахмети.Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.„Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор.Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија“, кажа Ахмети.Тој повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Ахмети со честитка до новиот претседател: Американските гласачи се определија за импресивно враќање на Трамп во Белата куќа

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитки до американскиот народ и 47 претседател на Соединетите Американски Држави.„Очите на целиот свет се насочени кон Соединетите Американски Држави каде се гласаше за 47-ми претседател на водечката земја во демократскиот свет. Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон.Му честитам на американскиот народ и на претседателот Трамп за неговиот денешен избор и го споделувам уверувањето дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа“, пишува Ахмети.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-rama

Ахмети им честита на Албанците и на Рама: Европа, единствената алтернатива за нас

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска го коментираше отворањето на преговорите меѓу Албанија и Европската унија преку отворањето на првото преговарачко поглавје.„Одлични вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа.Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот Еди Рама и на целиот тим кој неуморно работеше на отворањето на првото преговарачко поглавје.Се надевам дека Албанија ќе работи напорно кон остварување на целта за членство во Европската унија во 2030 година.Мора истотака да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија.Мораме да дадеме се од себе за да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност.Немаме друга алтернатива! Европа е нашиот единствен пат“, пишува Ахмети на својот официјален Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-5431

ДУИ го користи „Балансерот“ да глуми жртва пред народот, иако заедно со СДС во стратегијата за јавна администрација го имаат вметнато укинувањето, Панова

„Балансерот ја има достигнато својата цел и поради тоа, извештајот на Европската Комисија, вели дека треба да се укине оваа алатка и да се пристапи кон нова за да добиеме квалитет, наместо квантитет. Ние треба да го користиме мерит системот, а не според етникум да се вработуваат граѓаните“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, во гостување во емисијата „Daily Click“ на ТВ 21.Панова искоментира дека ДУИ го користи овој момент, за да се прикаже пред граѓаните како жртва во оваа приказна, а самите ДУИ, заедно со СДС, во стратегијата за јавна администрација 2023-2030 година, на страна 47, Владата има изгласано да се укине оваа алатка, позната кај народот како балансер.„Имавме доста случаеви каде што гледавме како во Тетово, Гостивар, Албанци се пишуваат Македонци, или во Струмица, Берово, обратно, само за да се вработат за да заработат парче леб, меѓутоа тука ние не добиваме квалитетна јавна администрација, туку се вработуваат луѓе според етникум. Затоа и ние како пратеничка група, велиме дека мерит системот е правилниот за вработување“, додаде Панова.Таа дополни дека институциите во државата во следниот период ќе расправаат по ова прашање, со цел алатката која заминува во историја, да се дополни и да биде поквалитетна.

Македонија | пред 1 година

menduh-taci-vlada

Мендух Тачи излезе од Европскиот фронт, но не го напушта Али Ахмети

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека остануваат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт.„Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи“, истакна Ахмети.Тачи е пратеник од Демократската партија на Албанците, како дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Коалицијата останува со 17 пратеници.

Македонија | пред 1 година

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

ДУИ не е резервна гума, вели Ахмети за најавите дека ќе влезе со власта

Европскиот фронт, кој веднаш по изборите ја започнабитката за легитимитетот, откако Владата одлучи да влезе во коалиција со Вреди, порачува дека без избори нема да бидат дел од ничија влада. Тие сметат дека е време да му покажат на премиерот Христијан Мицкоски кои се црвените линии и до каде има право да постапува со овој народ.„Не сме заинтересирани да станеме дел од оваа влада, бидејќи не сме резервна гума, па да ја ставаат кога имаат дефекти на патот“, рече Ахмети.Тој смета дека не треба да се подгреваат меѓуетничките односи во време кога Европа е во војна и кога се вжештува ситуацијата на Блискиот Исток. „Ние не сакаме да се вратиме назад. И Европа, ако ги отвори овие прашања, ако ја отвори Пандорината кутија, не се знае каде ќе завршат работите, а уште помалку не треба кај нас да се отвори Пандорината кутија во Македонија, но и во Западен Балкан, затоа што работите одат толку далеку што нема решение кое може да ги среди работите што ќе излезат од оваа кутија. Ние сме држава со демократија и сензитивни меѓуетнички односи. Затоа, како што инвестирале албанските партии во изминативе 23 години во добри меѓуетнички односи, така треба да работат и партиите на Македонците“, порача Ахмети.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-5431

Македонците нема да постојат ако не соработуваат со Албанците, се закани Ахмети

„Македонците можат да напредуваат само доколку се во добри и хармонични односи со Албанците, во спротивно ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците“. Со оваа реченица, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова порака до македонскиот народ, на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор. Тој исто така посочи дека треба конечно да се заборави сопственоста на државата, бидејќи сега сите заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на злото.„А ова не ви го кажувам само овде, им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка и заеднички живот можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат. Затоа, ние го штитиме, се бориме овој договор ниту да биде прекршен ниту загрозен, затоа што е спас и за Албанците и Македонците како две најголеми заедници. Сопственоста за која размислуваа во 1990-тите треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. Во оваа ситуација, какви драматични и опасни случувања има во Европа, недалеку од нас , навистина сите треба да мислиме дека Европа е во пламен и во војна, изјави Ахмети.Ахмети и коалицијата „Европски фронт“денеска со посебен настан во хотелот „Александар палас“ во Скопје го одбележа денот кога пред 23 години во претседателската резиденција на Водно беше потпишан Рамковниот договор. Во исто време Владата одржа свечена седница на која свои обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити.Ваквиот наратив на Ахмети доаѓа во време кога премиерот Мицкоски посочи дека очекуваат обиди за дестабилизација на Македонија од страна на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi

ДУИ и Ахмети не слават Илинден, зафатени се со извинување кон Косово и црвенеење

Наместо честитка за Илинден, ДУИ, Али Ахмети и челниците на партијата решија да го заборават најголемиот македонски празник – Денот на Републиката и да и го посветат целото внимание на косовската претседателка Вјоса Османи и Косово. Ниту една објава на социјалните мрежи нема од довчерашната власт, која по 16 години замина во опозиција. Наместо тоа, се сожалуваат со Османи и бараат прошка од Косово. Пратениците на ДУИ не беа ниту дел од делегациите пред Собрание, на Мечкин Камен или Прохор Пчински.Од три објави на официјалната фејсбук страница на ДУИ, два се посветени на косовската претседателка, а еден на амбасадорот на Албанија со кого днеле заклучок: „Албанците се презираат, потребна е платформа за легитимитет“.На истото прашање коментирал и Ахмети. Се жали како поцрвенува од срам поради претседателката Османи и скандалот, но не и за непочитта кон Илинден и Македонија, чиј пратеник е.На иста бранова должина е и однесувањето на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи. Ги прогласи ВЛЕН за неспособни, ама „заборави“ дека е Илинден и дека е ред да честита.Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, посветил внимание за да ја критикува Владата, за да се извинува на Косово, а знаел и дека се слави Илинден. Посветил објава на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, но за да ја искритикува, а не за да честита.<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMinisterKreshnikBekteshi%2Fvideos%2F472217848919122%2F&show_text=false&width=380&t=0" width="380" height="476" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>Артан Груби, во негов стил, реши националистички да раскажува како Албанците сега се понижени, а во нивно време биле лица кои одлучувале во Македонија. Илинден, не слави.„Косово, прости ни!  Од газда во станар, од одлучувач до слуга, од горд до рако-бакнувач, од достоинствен до безрбетен, од бел браз до црнило, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владеење во служење, од победник во губитник, од Европа и Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети во Иван Стоилковиќ!“, напиша Груби.Собраниска делегација, беше предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав: Емил Спасовски, Љупчо Николовски и Драган Недељковиќ, а положи свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Марија Петрушевска, Оливер Спасовски и Бобан Карапејовски, положија свежо цвеќе во Скопје: на Споменикот на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“; Споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“; Споменикот на Никола Карев, пред Собранието.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-torta-feat-768x978-1

Ахмети добил мејл дека ќе го бесат: Спремете се!

Пратениците од ДУИ вчера пријавиле дека добиле смртни закани од е-маил адреса чиј корисник е непознат. Во неа стоело „Спремете се за бесилка“. Според Алијсанта на Албанците кои и јавно се пожалија и го осудија потегот, пораката е испратена до Али Ахемти, Блерим Беџети, Рина Ајдари, Садула Дураку, Арбана Пашоли, Дијана Тоска, Илир Хасани и Исмаил Јахоски.Во неа, меѓу другото стои: „Кучиња од ДУИ, спремете се да ви ја сечеме главата и телото на парчиња, да ве сечеме. Бесилка за вас е спремна, со се фамилијата што ви мрда. Исто бесилка и куршуми за вас“.Вчера, полицијата извести дека работи на пронаоѓање на испраќачот на мејлот.

Македонија | пред 1 година

kasami896756

Касами му врати на Ахмети

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, пред медиумите ги критикуваше постапките на Европскиот фронт, кој вчера ја напушти салата пред да гласа за претседател на Собранието. Касами во оваа прилика рече дека нивната постапка е срамна и побара Европскиот фронт да има конструктивна улога во опозицијата.„Тоа беше неочекувано за мене. За жал, идната опозиција од самиот почеток го покажа својот пристап кон случувањата што ќе се случуваат во Северна Македонија“, рече Касами.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Ахмети е лут: Нарушен е легитимитетот на Охридскиот договор, неприфатливо е коалицијата со помал број мандати да биде дел од Владата

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во име на Европскиот фронт остро ги обвини останатите албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор.За Ахмети неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен или прекршен. Луѓето нѐ прашуваат зошто гласаме кога некој друг одлучува за нашата волја и нашите определби“ рече Ахмети и додаде:„Граѓаните не прашуваат која е смислата на демократијата кога не се почитува легитимитетот, кога одлучува најголемата македонска партија. Ова нѐ враќа две децении наназад кога не се почитуваше слободната волја на заедниците. Легитимноста е столбот на демократијата, затоа ја започнуваме битката. Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува, но кога не се почитува, се враќаме во други времиња кои колективно сме ги напуштиле“, рече Ахмети.Иако беше најавено дека ќе ги открие нивните следни чекори, тој прес-конференцијата ја посвети за критики на ВМРО-ДПМНЕ и новите албански партии на власт.[caption id="attachment_291047" align="alignnone" width="646"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања