Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

АХМЕТИ

ahmeti-grubi

Груби објави фотографија од Ахмети со цигара во рака: Запамтете го денешниот ден

Првиот вицепремиер, Артан Груби, објави фотографија од видео повик со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во опуштена атмосфера со цигара во рака. Груби им порачува на своите пријатели да го запаметат овој ден.„Треба да биде забавно вечерва“, пишува Груби на својата фејсбук објава.

Македонија | пред 2 години

BDI-Cair-13

Ахмети: Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз туку незапирлив урган

„Во последно време некои се лутат, но кај мене нема враќање назад!“, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети од Чаир.Ги почитувам, додаде Ахмети, одлуките на мнозинството од партиските тела, но не можам да излезам од патот трасиран со крв и вредности.„Нашата мисија започна за обединување, да им го дадеме на Албанците тоа што историски го заслужиле, слобода, правда, еднаквост. Јас, Талат Џафери и сите како нас, мора да работиме да го трасираме овој пат и да го направиме просперитетен за новите генерации бидејќи времињата се сменија. Денес се бара образование, квалитет и експерти, па јас сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата, а оваа гордост се зголемува кога добивам комплименти од меѓународни претставници за тоа колку е добар нашиот имиџ“, истакна Ахмети.Според него треба да се поддржат професионалните кадри за да ги покажат своите вештини, а не да се задуши ДУИ.„Отворете ги рацете и прифатете ги младите, прифатете ја иднината, затоа што не можеме да бидеме дел од Европа без квалитетен и стручен кадар.Тој со порака до лидерите на политичките партии, да го тргнат гневот, и да се обединат за земјата да стане дел од Европа.„Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз туку незапирлив урган, и не излегувајте пред него зашто ќе ве однесе“, рече Ахмети.Потребно е помирување и обединување, а не поделба, дополни вицепремиерот Артан Груби.„Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или лутина, научени сме да бидеме заедно затоа што така ни налага времето и овој е вистинскиот момент. Сите заедно ги трасираме патиштата на ДУИ за интересите на нацијата, а не на поединецот, затоа што ДУИ е на сите, а не на неколкумина. Само слабите се плашат од конкуренција. Ништо не започнало и нема да заврши ниту со мене, ниту со некој друг“, рече Груби.

Македонија | пред 2 години

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Груби: Кога ќе ми каже Ахмети да седам дома, ќе седам дома

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за Канал 5 истакна дека кога лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе му каже да седи дома, ќе седи дома.Ваквата изјава следува по прашање во врска со барањето на „Огнената група“ за негово разрешување.„Кога Ахмети ќе ми каже седи дома, ќе седам дома и нема да кажам ни А, ни Б. Јас не се оптоварувам со мојата функција“, вели Груби.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-5431

Ахмети: Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од денешниот партиски настан на ДУИ во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“, упати порака дека бил и секогаш ќе биде „ангажиран во одбрана на каузата на Македонците“.„Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура“, рече Ахмети.Според лидерот на ДУИ, токму затоа сега сакаат да отворат „нова сцена, проевропски фронт“ што го забрзува нашето членство во Европската унија“„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“, рече Ахмети.

Македонија | пред 3 години

ali-ahmeti

Ахмети за средбата со Рама: Ова е исклучително важна мисија за нашата земјa

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред вечерашната средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана во изјава за ТВ21 рече дека средбата е пријателска и братска.На прашањето за темите за кои ќе се разговара на оваа средба, тој одговори дека ќе ги видат на средбата, но повеќе ќе се фокусира на зајакнување на заедничката стратегија кон ЕУ.-Средбата е пријателска, братска. Ќе ги видиме темите. Сите теми кои се важни, особено ме интересира градење и зајакнување на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската унија. Ова е исклучително важна мисија за нашата земја. Зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата, рече Ахмети.

Македонија | пред 3 години

rama

Рама ли ќе ни ја крои судбината? - Бура во јавноста пред албанските политичари од Македонија да заминат во Тирана

Претставници на партиите на Албанците од Македонија утре заминат во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека состанокот е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања од регионот.Османи вели дека Рама е докажан пријател на Северна Македонија и затоа смета дека не треба да се создава конспирација околу овој состанок.Реакции има од поранешниот министер Михајло Маневски, кој вели дека Папата Рама ги повикал господарите и управители на Македонија, Ахмети, Таравари, Касами, Тачи и Гаши на „консултации“ и додава дека пред очи ни се ништи државата.„Кај папата Рама'Папата' Рама ги повика во Тирана господарите и управители на Македонија Али Ахмети, Арбен Тарвари, Билал Касами, Мендух Тачи и Африм Гаши на "консултации".Папата Рама има право! Како ќе нема, кога 52% од Владата, министри и заменици министри се етнички албанци.Ова е трета Албанска Влада на балканот!Предавникот и лажоман Зоран Заев и лингурот ќелеш- простачиште Димитар Јовановски Таче уште пошироко ги отвори вратите за ништење и албанизација и бугаризација на Македонија.Овде секој има право, само македонците немаат право.Тие се осудени на уништување и асимилација.Уставобранителите гнијат во затвор, како најголеми злосторници, а криминалците и рушители на Македонија непречено ја ништат и пљачкаат Македонија.Каде оди и кој го штити народот?Трнете смело и храбро или тргнете се.Ова повеќе не се трпиПред очи ни се ништи државата.Рама ли ќе ни ја крои судбината?“, вели тој.Солза Грчева вели дека Еди Рама и Албанија даваат упатства како да се промени нашиот Устав и прашува „што држава сме ние“.„Заради Грција го сменивме УставотБугарија бара да го смениме УставотЕди Рама и Албанија даваат упатства како да се промени нашиот УставШто држава сме ние? Како воопшто оваа марионетска власт, наметната со “шарена револуција”, инсценирана и платена од надвор, може некој да ја смета за своја?Глобалисти, во парчиња ќе се распаднете. Суверенитетот на државите ќе се врати назад!!!“, вели Солза Грчева.Пратеникот Скендер Реџепи реагираше на оваа средба и вели дека лидерите треба да се сретнат со премиерот на Косово, Албин Курти, бидејќи според него Рама нема легитимитет да ги собере политичките партии на Албанците во Македонија.За ова професорката Мирјана Најчевска објави статус во кој прашува „зошто тие би се среќавале со странски државници и дали ќе договараат нешто во интерес на македонските граѓани“.„A зошто претставниците на албанските партии се среќаваат со странски државници?Договараат нешто во интерес на македонските граѓани?Нешто што ќе им го подобри животот?Како да се изборат со корупцијата или загадувањето?Нешто за владеењето на правото?“, вели Најчевска.Солза Грчева вели дека „уште Албин Курти од Косово ни фали да ни држи лекции“.„Уште Албин Курти од Косово ни фали да ни држи лекции.Дали албанскиве партии некогаш ќе ја почувствуваат Македонија како своја, дали не ги боли грбот од веднење кичма пред “поголемите” Албанци кај комшиите, дали и натаму ќе се однесуваат како кукли на конци? Зошто воопшто постојат како партии, кога мозокот на нивното однесување е кај другите Албанци?Нели се срамат и пред своите гласачи?До кога ќе ги тресе синдромот на потчинетост и инфериорност?После се што добија од оваа држава, треба да се засрамат и конечно самораспуштат кога по свое мислење одат кај Еди Рама и Курти.Никакви платформи и други будалаштини веќе не проаѓаат. Ниту Устав ќе се менува!!!“, додава Грчева.

Коментари | пред 3 години

ahmeti-grubi

Ковачки за Ахмети: Премиерот во сенка, се јави со некакви црвени линии, вистинската страна е спротивна од неговата

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави статус во врска со изјавата на Ахмети за референдумот. Тој вели дека вистинската страна е спротивната од неговата.„А еве го и Ахмети - премиерот во сенка, се јави со некакви црвени линии.Епа ако некој досега имаше дилеми како треба да постапи во врска со референдумот, без разлика дали е Македонец или Албанец, без разлика дали е политички определен или неопределен, после оваа изјава на Али Ахмети сигурно знае што треба да стори.На сите ни е јасно дека вистинската страна е спротивна од неговата“, вели Ковачки.

Македонија | пред 3 години

244008664_4350484378321396_586385827109234694_n

Ахмети: До крајот на месецов ќе се најде решение за спорот со Бугарија

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, очекува решение на спорот меѓу властите во Скопје и Софија до крајот на овој месец.„Не сум во таборот на песимистите. Според мене, до крајот на овој месец ќе се најде решение за спорот со Бугарија. Крајот ќе биде во корист на мирот, стабилноста и иднината. Сега е време е да се најде решение, покажуваме храброст“, рече Ахмети.Тој смета дека тоа е за доброто на Македонија, но и за Бугарија, која има интерес да има позитивна завршница.„Во моментот францускиот претседател Макрон го поддржува овој процес. Верувам во иднината и поради таа причина верувам дека ќе има решение до крајот на јуни. Нашите сојузници и пријатели се сериозно ангажирани. Макрон ја презеде одговорноста за правење на Балканот побезбеден и мирен затоа што доволно е да се остават отворени прашањата и ако се одложи решавањето на проблемите, тоа ќ деоведе до избувнување секакви искри“, додава Ахмети.

Македонија | пред 3 години

papagal

„Таче има суфлер звани Аљи“, „Газда Али и папагалот Таче“, реакции откако Ковачевски одговори како што кажа Ахмети

По новинарско прашање за тоа како ќе функционира оваа држава во случај на голема политичка криза и зошто не се нуди решение, премиерот Димитар Ковачевски посочи дека новинарот цело време поставува прашања со ист тон и начин на поставување.„Сега ќе ви одговорам, гледам дека вие цело време поставувате прашања во исти тон и начин на поставување и тоа е добро… Прво ќе ви кажам како ќе функционираме…“, вели Ковачевски, на што лидерот на ДУИ, Али Ахмети додаде „Како до сега!“.По ова премиерот Ковачевски го повтори истото, по што присутните започнаа да се смеат. Видеото од настанот веднаш се прошири на социјалните мрежи, каде велат дека Али Ахмети е газдата, а Ковачевски папагалот.https://twitter.com/zlatkothegoldy/status/1538659515184427009?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/Aldrigmin/status/1538616747749695489?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/PravednaTavita/status/1538589253499772928?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1538541680101564419?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/zoreski/status/1538537011015032839?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/lapeshapemape/status/1538532784536535045?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/Aldrigmin/status/1538528941660639233?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/_shieldmaiden89/status/1538595160245911558?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/MrRistov/status/1538622195009785860?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/dukoska_ana/status/1538599033685561344?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7A

Коментари | пред 3 години

durlovski

Ахмети во анкетниот лист треба да го дополни и Ковачевски, вели Дурловски

Оперскиот пејач Игор Дурловски со саркастичен коментар за суфлирањето од Али Ахмети до Димитар Ковачевски по прашањето од новинар како ќе функционира Владата во време на економска, а сега и политичка криза по вчерашниот протест.„Господинот Ахмети во својот анкетен лист треба да го дополни и господинот Ковачевски, напиша Дурловски“

Коментари | пред 3 години

ahmeti-5431

Ахмети: Не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното, тоа го средува жена ми

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното интервју на ТВ 21 рече дека не знае колку чинат зејтинот и брашното бидејќи за тоа е задолжена неговата сопруга.– Јас не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното… Тоа го средува жена ми. Јас мојата заработка и се што поседувам пријавувам во институциите. Што имам, тоа што ми оставил татко ми. Една куќа само направив во 2002/3 година, тогаш уште не бев корумпиран – рече низ смеа Ахмети.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања