Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

битиќи

Нема фотографија

Битиќи од првиот регионален програмски дијалог на ЗКФ: Иднината на светот нè повикува и ние одговараме, треба да се гордееме со тоа

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција за регионален програмски дијалог на Зелениот климатски фонд (ЗКФ) за Источна Европа и регионот на Централна Азија, која во следните 5 дена ќе се одржува во Скопје.„Навистина е голема чест што можам да го отворам Регионалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд за Источна Европа и регионот на Централна Азија. Ова е наша прва можност од 2018 година да видиме поширока слика за Регионален програмски дијалог за Источна Европа и регионот на Централна Азија, додека за регионот на Западен Балкан ова е прва конференција од ваков вид и затоа е огромно задоволство што токму нашата земја, Република Северна Македонија е домаќин на овој настан. Идејата да бидеме домаќини на Регионалниот програмски дијалог потекнува од моето учество на Глобалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд кој се одржа во 2022 година во Сонгдо, Кореја, каде го согледав целосниот потенцијал и одлучив да преземам водство за да бидеме домаќини на оваа важна конференција.Заедно со мојот тим имаме блиска соработка со тимовите од Зелениот климатски фонд во сите процеси на подготовката на проекти и нивно спроведување и имавме прилика одблиску да го видиме влијанието што го има Зелениот климатски фонд кога се соочува со климатските предизвици. Ова влијание е од голема важност, не само за нашата земја и за регионот, туку и за нашата заедничка планета. Дел од деталите за овој настан беа дискутирани и на маргините на 78-то Генерално собрание на Обединетите Нации како и на Самитот за Целите за одржлив развој изминатиот септември, кога имав чест да се сретнам со г-ѓа Мафалда Дуарте и нејзиниот тим, додека го потпишувавме Договорот за Привилегии и имунитети за Зелениот климатски фонд, со што дополнително ја зајакнавме нашата соработка. Дозволете ми да ви посакам, добредојде во нашата земја. Со нетрпение очекувам да ја прошириме соработката и да ги видиме нејзините плодови и влијание.Значењето на овој Регионален програмски дијалог е уште поголемо имајќи предвид дека доаѓа веднаш по усвојувањето на Стратешкиот план на Зелениот климатски фонд за периодот 2024 – 2027 година, што следи по заклучоците донесени на COP28 и сите ние треба да имаме глобално усогласена реакција на овие предизвици. На овие настани се очекува владите да воспостават нова климатско-финансиска цел, со што ќе се покаже обемот и итноста на климатските промени. Додека на COP 30 владите мора да дојдат подготвени со нови национално определени придонеси што се однесуваат на целата економија, ги покриваат стакленичките гасови и се целосно усогласени со границата за 1,5°C температура.Со ова, ние ја потврдуваме глобалната насока кон развој на свет кој нуди поддршка што е потребна за соочување со предизвиците од климатските промени и постигнување на целите за одржлив развој.Зелениот климатски фонд како глобален механизам е клучен за сите земји во развој, вклучително и Северна Македонија. Достапните средства на земјите во развој и неразвиените земји за поддршка на нивните заедници и нивните граѓани, за решавање и прифаќање на климатските промени, треба да биде исклучително важно за сите влади. Со потенцирањето на важноста на Зелениот климатски фонд за Република Северна Македонија, од суштинско значење е да се подвлече нашата плодна соработка.Откако започна нашето партнерство со фондот, Република Северна Македонија успешно обезбеди одобрување на 5 целосни проекти и 4 програми за подготвеност и поддршка, како и предлог проектот за Национален план за адаптација кој наскоро ќе биде одобрен. Покрај тоа, започнавме со процес за акредитација за нашето Национално тело да стане тело со директен пристап за Зелениот климатски фонд. Тоа е Фондот за иновации и технолошки развој. Преку овој процес на акредитација на Фондот за иновации, ние се стремиме кон поттикнување ангажман на приватниот сектор, со што ќе се искористат иновативните пристапи за ефективно соочување со климатските предизвици. Во оваа прилика би сакал да ја изразам мојата благодарност на акредитираните тела и партнерите за испорака за нивниот пристап на соработка и непрекинатата посветеност во унапредувањето на нашите напори за обезбедување ефективно спроведување на иницијативите за климатско дејствува, како и националните и стратешки приоритети кои не се поврзани само со Агендата за одржлив развој на Обединетите нации, туку и со нашиот пат кон интеграција во Европската Унија и усогласување со неа.Во натамошната соработка со Зелениот климатски фонд, Република Северна Македонија би земала активното учество во отворањето регионални канцеларии на Зелениот климатски фонд и ние сакаме да се понудиме како потенцијал домаќин за таква канцеларија. Како што споменав и претходно, ја препознаваме важноста од регионалниот пристап и соработка и важноста од регионалното присуство на Зелениот климатски фонд. Ние сме сигурни дека преку оваа можност може да се потенцира постигнувањето на мандатот на Зелениот климатски фонд и неговите цели, особено по добивањето значителен поттик во текот на второто обновување на COP 28, кога земјите се заложија дека ќе обезбедат нови средства. Со тоа доаѓаме до рекордни 12,8 милијарди долари од 31 земја, со што ова е најголемиот светски придонес во однос на справувањето со климатските промени. Го поздравувам ова и ни честитам на сите, глобално, како и за добрите вести што ги добив од мојот тим кој ме информираше за ново-одобрените проекти од Зелениот климатски фонд и нивниот одбор. Ги поздравувам Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, заедно со Индонезија и Непал за целосниот голем проект: Програмата за е-мобилност со вкупно средства од ЗКФ од 169,9 милиони долари со Азиската развојна банка како акредитирано тело. Со нас се нивни претставници тука. Честитки уште еднаш.За крај, би сакал да кажам дека го гледам овој регионален дијалог како значајна можност да се олесни размената на знаења меѓу земјите учеснички, со што се подобрува соработката со другите национални именувани тела и истражувањето на места за соработка и регионален пристап кон регионалните и глобални предизвици. Освен тоа, овој настан е важен, затоа што претставува досега можност да се надмине јазот меѓу Зелениот климатски фонд и земјите и чинителите во регионот. Тој нуди потенцијал за воспоставување присуство на Зелениот климатски фонд во регионот, со што ќе се поттикне поголем ангажман и усогласување со регионалните интереси и приоритети.Би сакал да искажам искрена благодарност за дарежливоста околу средствата и непоколебливата поддршка што им се дава на земјите во развој во глобалната борба со климатските промени. Навистина би сакал да видам како заклучоците добиени од овој регионален програмски дијалог што ќе се донесат во следниве 5 дена, се претставуваат на претстојните настани за климатски промени. Заедно поставуваме цврсти темели за идните потфати и дејства насочени кон соочувањето со претстојните предизвици. И би сакал да им честитам на Азербејџан затоа што годинава тие се домаќини на COP 29.Иднината на светот нè повикува и ние вака одговараме. Треба да се гордееме со тоа!", вели Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Македонија е посакувана дестинација за јапонските и други светски инвеститори

Денешниот ден е еден чекор напред кон унапредување на нашите билатерални односи со Јапонија, бидејќи претставници на водечки јапонски компании се дојдени за да ја запознаат нашата земја и можностите за развој на нивните бизниси кои нашата држава ги нуди, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), што се одржа денес Клубот на пратеници во Скопје.Вицепремиерот Битиќи посочи дека во текот на изминатите три децении, Северна Македонија и Јапонија одржуваа пријателски односи, но постои простор за нивно унапредување во делот на економската соработка.„Сакаме да ја надминеме географската оддалеченост и да создадеме посилни економски врски. Ги претставивме можностите за инвестирање кои ги нудиме согласно законската регулатива, од финансиска поддршка за отворање на работни места и капитални инвестиции до поддршка за истражување и развој“, рече вицепремиерот Битиќи.Тој посочи дека географската локација на Северна Македонија и нејзината близина до Европската Унија дава стратешки предности во делот на привлекувањето на нови странски инвестиции.„Нашата држава е со стратешка локација, близина и пристап до единствениот пазар на ЕУ, а нашата легислатива е во голема мера усогласена со онаа на Европската Унија, на тоа во последниве неколку години засилено се работеше и се работи. Северна Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори. 2022 година беше година со рекордни странски инвестиции од 753,8 милиони евра, година на пост ковид кризата. Тоа е доволен показател за зрелоста на нашата економија и бизнис опкружување“, рече вицепремиерот Битиќи.Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Северна Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила, туку на странските инвеститори нуди високо квалификувани работници со достоинствени плати.„Од друга страна пак, заштитени се и нашите граѓани, нашите работници, нашиот највреден капитал, човечкиот капитал. Бидејќи оваа држава од 2017 наваму веќе не е земја на евтина работна сила, туку земја на високо квалификувана, добро платена и конкурентна работна сила“, рече Битиќи.Меморандумот го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски и директорот на ЏЕТРО од Виена, Татсуо Камино. Потпишувањето се направи во месец кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

19092020_ZPVRSM_Bitikji_DFITR_Despotovski_pres-konferencija-2

Битиќи до пратениците: Кога би го знаеле албанскиот јазик, би знаеле дека Фатмир е исто како Сречко

Заменик претседателот на Владата, Фатмир Битиќи со силна порака до пратениците.„Во оваа држава нема да се врати едноумието, ксенофобичноста и национализмот. Да не подлегнуваме на релативизација и хушкање едни против други. Оваа држава е граѓанска, демократска, секуларна и во неа има место за сите. Секогаш гласно ќе го бранам нашето едно општество, не смееме да премолчуваме“, напиша тој на Фејсбук.

Македонија | пред 2 години

evn-ptici-struen1

ДДВ за електрична енергија постепено ќе се враќа на 18 отсто

Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија постепено ќе се зголемува, одлука ќе донесеме до крајот на јуни, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи утрово во емисија на ТВ„Телма“„Стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај“, изјави Битиќи.Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни„Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните производители на електрична енергија. Како што беше последната година и пол така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните.“, вели Битиќи.

Македонија | пред 2 години

bitiki

„За да заштедите излезете на дождот и измијте ја косата“, „Колку кришки леб смееме да јадеме?“, реакции по изјавата на Битиќи

„Аако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови“, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.По оваа изјава новинарот Горан Момироски обзнани истражувачки труд, според кој се отвора голем сомнеж за најтежок вид на корупција во врвот на власта, а тоа е трговија со влијание.„Во едната организација главна е сопругата на директорот на агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу, Афродита Муслиу. Додека пак во втората организација е Милинда Рушити Битиќи сопруга на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Со тој проект тие добиваат фантастичен проект од над 600 илјади евра“, заклучи Момироски.На ова реагираа граѓаните на социјалните мрежи кои прашуваат колку кришки леб треба да јадеме на ден.https://twitter.com/StevanoAna/status/1534761747596423168?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Shoeder006/status/1534879906412232704?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/realTotoMK/status/1534940794863374337?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Biktop16/status/1534899560652361730?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Kalabalak_/status/1534806791866957824?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/TempestOfFlame/status/1534800737657663490?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pA 

Коментари | пред 3 години

bitiki

Битиќи за Зекири: Владеење на право важи и за тие од власта

Владеење на право важи и за тие од власта, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го определувањето на 30-дневен притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.- Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека независно кој каде седи, ако згрешил дека ќе одговара. Но сега ќе треба да видиме зошто и како тоа се случило. Чувството е непријатно, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега, рече потпретседателот на СДСМ во емисијата „Утрински брифинг“.

Македонија | пред 3 години

21032022_ZPVRSM_Trgovska-misija_2

Битиќи: Македонија е атрактивна за инвестиции кои ќе донесат просперитетна иднина за нашата земја и регионот

Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се обрати на настанот на првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора.На настанот, покрај вицепремиерот Битиќи, се обратија и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата зема Кејт Мари Брнз, и Дејвид Бургер, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Република Грција.Првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора собра повеќе од 30 компании и од двете земји кои имаа пред кои беа презентирани можностите за соработка и проширување на нивните потенцијали за развој врз основа на погодностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја, преку различните програми за државна помош и преку Законот за стратешки инвестиции.Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во целост:Почитувани екселенции, драги гости од Грција,Почитувани претставници од бизнис секторот,Кога ќе погледнам околу оваа маса, се чувствувам благодарен, знаејќи дека седам меѓу пријатели.Ми претставува голема радост кога гледам што може да направи конструктивниот и отворен дијалог! Прво доведе до Договорот од Преспа пред неколку години, а денес не зближува сите заедно во оваа трговска мисија. Тоа е моќта на отвореноста и взаемното почитување - тоа може да донесе само перспектива и заеднички раст.Огромна благодарност и честитки до Американските комори на двете земји за организирањето на оваа прва трговска мисија и за создавањето на овој простор каде што можеме да зборуваме за можностите и потенцијалот за инвестирање во нашата земја, но и да споделиме идеи за тоа како можеме да растеме заедно како регион.Ви благодариме што бевте амбасадори и што го ширите добриот збор за потенцијалот за инвестирање во Северна Македонија, како и што ги изложивте нашите достигнувања, проекти и идни планови и во јавниот и во приватниот сектор.Во изминатите години сме сведоци на целосниот потенцијал на пријателствата и како тоа може да биде од корист за сите кога добрите намери и разбирањето се ставени пред несогласувањата.Додека гледаме раст на економската соработка меѓу двете земји, уверен сум дека има многу потенцијал за дополнително проширување и се надевам дека денеска ќе ги отвориме вратите преку споделување идеи и можности за инвестирање.Оваа Влада гледа на бизнис секторот и на инвеститорите во нашата земја како на партнери. Градиме силни и искрени односи и тоа носи резултати.Пред неколку години ги избришавме разликите меѓу домашните и странските компании. Сите компании кои работат во нашата земја добиваат исти можности. Да се аплицира и да се добие државна помош е процес кој е целосно отворен и транспарентен. Секоја компанија, секоја засегната страна е однапред свесна за поддршката што може да ја очекува при инвестицијата. Ова создава предвидливост и стабилност за водење бизнис во нашата земја и што е најважно, создава добра бизнис клима за инвеститорите, што ги поместува нашите граници и ја става Северна Македонија на мапата на земји со најатрактивна средина за инвеститори.Фокусирани сме на преобликување на нашата економија преку донесување на повисоко платени работни места и производство на производи со повисока додадена вредност, со поддршка до 50% од вкупните инвестициски трошоци за центрите за истражување и развој на компанијата како дополнување на веќе одобрените 50% поддршка на инвестицијата во производство. Пакетите за поддршка вклучуваат 10-годишно даночно ослободување на корпоративниот и персоналниот данок на доход. На страната на готовинскиот грант обезбедуваме 20% поврат на капиталните инвестиции како и грант за секое отворено работно место.Пред пандемијата го креиравме „Законот за стратешки инвестиции“ кој ги регулира критериумите, условите и постапката за аплицирање, утврдување статус, избор, подготовка и реализација на инвестициски проекти од највисок стратешки приоритет за државата или Стратешки инвестициски проекти. Овој закон има за цел да овозможи амбиент за големи инвестиции во нашата земја врз основа на принципите на слободно движење на стоки, услуги и капитал, слободна конкуренција и еднаков третман, недискриминација и транспарентност.Владата на Република Северна Македонија ги има сите свои намери насочени кон интеграција и градење партнерства. Ние сме официјална членка на НАТО и посветени сме на нашата интеграција во Европската Унија.Додека работиме на остварување на оваа цел, ние постојано ги подобруваме нашите домашни регулативи и политики за да бидеме подготвени и да ги исполнуваме европските стандарди за да овозможиме добра деловна клима во нашата земја додека работиме на зајакнување на нашата домашна економија, така што кога ќе се отворат вратите на ЕУ, нашата економија ќе бидат подготвена.Бидејќи сме на прагот на Европската унија, нудиме единствена можност за пласирање на пазарот, како и силни синџири на снабдување кои можат да се шират низ регионот на Западен Балкан.Мојата надеж и визија за нашиот регион во овој пост Ковид период лежи во капитализирање на целосниот потенцијал на хармонизирање на економиите со соседните земји (Near-shoring) што се покажа како неопходност за време на пандемијата. Кога далечните меѓународните добавувачи не успеаја да испорачаат, она што стана очигледно повеќе од кога било се можностите им потенцијалот на регионалните синџири на вредности кои можат да генерираат економска стабилност и раст за сите.Ви благодариме повторно што сте тука денес.Заедно можеме да создадеме визија и да направиме просперитетна и одржлива иднина за нашиот регион и нашите граѓани.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања