Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Битиќи: Со либерализацијата на железницата отворивме ново поглавје со можности за подобрени железнички услуги за сите граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3359

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на настан по повод одбележување на 151 годишнината од формирањето на македонски железници.

Во продолжение ви го испраќаме неговото интегрално обраќање.

„Денеска кога ја одбележуваме 151-годишнината од формирањето на македонски железници, најнапред би сакал да оддадам чест и признание на трудот на вработените во железничката инфраструктура и транспорт. На нашите сограѓани и сограѓанки, 1.600 на број, кои со нивната неуморна работа и напор се столбот на железницата во Северна Македонија. Обезбедувајќи непречен, безбеден и ефикасен транспорт, водејќи грижа за нашите пруги и станици, управувајќи со возовите што превезуваат патници и стоки вие ја имате главната заслуга за опстојувањето на нашите железници.

— реклама —

Годинава е една од најважните во историјата на железниците во Северна Македонија, се случи либерализација на железничкиот сообраќај. Отворивме ново поглавје во железницата, создадовме нови можности за подобар квалитет на услугите кои се испорачуваат, за поголеми приходи, а со тоа и за поголеми плати на вработените. И дозволете ми да ги адресирам гласините кои ве загрижуваат вас, вработените во железници, бидејќи денеска сакам да ме слушнете. Нема потреба од загриженост за вашите работни места. Да немате страв туку да гледаме во можностите и да развиваме железница која ќе биде на услуга на сите наши граѓани.

Затоа што либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава. На либерализацијата не треба да гледаме со страв, да ја прифатиме како можност да ја искористиме нашата стратешка локација. Ќе ја споменам близината и поврзаноста со пристаништето во Пиреја, еден од најголемите транспортни хабови во Југоисточна Европа, влезна транспортна точка за цела Европа. Имаме потенцијал којшто треба уште да го искористиме, имаме придобивки кои ни се на дофат не само за железницата, туку и за целокупната економија.

— реклама —

Со развојот кој го нуди либерализација на железничкиот сообраќај, ќе поставиме нови основи за поддршка и стимулирање на економската активност, правејќи ја нашата земја уште попривлечен избор за бизнисите во Европската Унија, кои барат сигурни, блиски и ефикасни решенија за приближување на своите добавувачки ланци. Концептот на near-shoring станува клучен за развојот на нашата економија, а железницата е таа која има стратешка и клучна улога Северна Македонија да ја позиционира во срцето на европските синџири.

— реклама —

Затоа денешниот ден нека биде одбележан со оптимизам и одлучност, да не стравуваме и да прифатиме дека железницата ќе продолжи да игра клучна улога во движењето на нашата држава кон економски просперитет и успех.

Почитувани железничари, како што гледаме напред, знајте дека сум со вас. Заедно ќе ја трансформираме нашата железница, ќе ја направиме европска и модерна. Таа ќе биде национална гордост и ќе продолжи да им служи на сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0qgbh6cml8c6f80cJrY

Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylmrsuj8m9chg7CtKKgI

„Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа“, вели Битиќи

Македонија | пред 1 месец

media-librarybd677t6sts5o8Tj5LFw

Битиќи: Дали Мицкоски и Кочоска веќе најавија и ново задолжување од 350 милиони евра врз грбот на граѓаните

Македонија | пред 1 месец

IMG_6605

Битиќи до Кочоска: Ќе дојдете во Собрание или пак ќе одговарате со Фејсбук статуси?

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања