Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Пратениците од власта го одбија амандманот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 22.000 вработени“, вели Битиќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library00svs6dt5bcbawWjz21

Пратениците од власта го одбија амандманот на СДСМ со кој се бараше обезбедување средства за зголемување на минималната плата на околу 22.000 вработени кај буџетските корисници.

— реклама —

Амандманот го образложи пратеникот Фатмир Битиќи на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која се разгледува Буџетот за 2026 година.

Со предлогот се бараше зголемување на средствата за основни плати од 35,3 на 35,8 милијарди денари, како и на средствата за придонеси за социјално осигурување од 14,59 на 14,73 милијарди денари.

— реклама —

Битиќи оцени дека повисоките плати се неопходни поради растот на трошоците за живот и поскапувањето на храната, енергијата и превозот, што особено ги погодува граѓаните со најниски примања.

— реклама —

СДСМ предложи средствата да се обезбедат со пренамена на дел од капиталните расходи, со образложение дека нивната реализација до крајот на годината, според проценките, нема да надмине 75 проценти.

Битиќи порача дека државата треба соодветно да го вреднува трудот на вработените во јавниот сектор и да обезбеди примања што ќе им помогнат полесно да се справат со растечките животни трошоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt8uu0mbn46jdfOm12H3

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarycbvoum02tv46fPGvfyy

(Видео) Битиќи до Јанкуловски: Како ќе им помогнете на граѓаните откако го одбивте нашиот предлог за 600 евра минимална плата?

Македонија | пред 2 седмици

media-library0qgbh6cml8c6f80cJrY

Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylmrsuj8m9chg7CtKKgI

„Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа“, вели Битиќи

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања