Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

битиќи

media-libraryv3617ak30n3uawjCgUR

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, на денешната седница за пратенички прашања, укажа  дека политиките на актуелната власт директно ја ограничуваат мобилноста на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за живот.Во обраќањето Битиќи посочи дека покрај покачувањето на возачката дозвола за Б категорија за 30%, граѓаните кога сакаат да патуваат надвор од државата се соочуваат и со прескапиот документ-зелен картон. Во отсуство на министерката за финансии Гордана  Димитриеска-Кочоска, до која беше наменето прашањето, Битиќи побара писмен одговор на прашањето - кога ќе се укине зелениот картон и конечно ќе се стави крај на оваа скапа бариера за мобилноста на граѓаните.„Ако во првото прашање зборував за тоа како државата им ја поскапува мобилноста на младите со 30% повисоки трошоци за авто-школа, морам да укажам дека истиот рефлекс на ограничување продолжува и кога некој граѓанин конечно ќе добие возачка дозвола. Наместо да се олесни циркулацијата на луѓе, идеи и труд, државата држи високо кренат уште еден бедем, а тоа е зелениот картон. Тој е претворен во постојан трошок за излез од државата, односно тоа е една симболична и финансиска рампа што ја плаќаат студентите од програмата „Еразмус“, сезонските работници, лекарите кои одат на обука во странство, семејствата што сакаат за викенд да прошетаат надвор од границите, некоја мала компанија која врши извоз на роба и  сака да внесе додадена вредност за нашата економија“, рече Битиќи.Тој додаде дека ваквиот „данок на мобилност“ е дел од пошироката политичко-економска матрица на Владата.„Овој „данок на мобилност“ не е изолиран административен куриозитет, туку спаѓа во истата политичко-економска матрица што ја гледаме во Предлог-буџетот за 2026 година, односно популистичка реторика за „грижа“, а во суштина преферирање на лесни приходи, непродуктивни трошоци и административна комоција пред структурни реформи и европска нормализација“, рече Битиќи.Во обраќањето Битиќи посочи дека трошоците за живот растат по сите основи поради погрешните политики на власта, што на свој грб го чувствуваат граѓаните.„Кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се фали со „дисциплина“, а истовремено пробива фискални правила и крати капитални инвестиции, граѓанинот го чувствува тоа на најконкретен начин, односно во секој дополнителен издаток што го казнува неговото право да се движи, да работи, да учи и да се поврзува. Зелениот картон, во таа смисла, е политика што ја прави границата поскапа, ја стеснува економската шанса на малите и ги демотивира токму оние кои ја движат економијата со својот труд“, посочи Битиќи.Притоа, Битиќи додаде дека мобилноста е јавен интерес, а не привилегија, а државата бидејќи држи високи бариери за движење на луѓе, знаење и труд, не гради европска економија туку гради затворен круг на ниска продуктивност и висока фрустрација.„Ако навистина сакаме да ги задржиме младите дома, треба  да им дадеме шанса на малите извозници, да го олесниме животот на работниците и на дијаспората, мора да престанеме да ја претвораме границата во каса“, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypetnc2g8g2nq6kjCuVk

Битиќи: Со овој буџет државата оди кон сериозна криза

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 ја истакна сериозната состојба со новиот буџет, предупредувајќи дека со вака поставениот економско-фискален модел државата може да се соочи со сериозна криза, веќе за две години.„Веќе ги гледаме последиците од моменталниот економско-фискален модел: каматните плаќања преминуваат во сериозна буџетска ставка и веќе достигнуваат околу 2% од БДП, односно околу 300 милиони евра. Тоа во структурата на буџетот од 6,7 милијарди е околу 4%. Капиталните инвестиции се само 9,7%, а ако продолжат новите задолжувања, моето предвидување е дека за две години ќе плаќаме околу 4% од БДП само за камати и провизии. Приходите, пак, не растат доволно. Ако продолжи ова темпо, за две години ќе имаме сериозна криза“, истакна Битиќи.Тој потсети на фактот дека СДСМ имаше јасна визија за економски раст и стабилност, во економската понуда која партијата ја имаше на парламентарните избори лани.„Ние зборуваме за минимална плата од 500 евра за првата година , и навистина сега ќе го имавме тоа,  а до крајот на  мандатот планирани беа 800 евра и императив од 900 евра при влез во ЕУ, затоа што нашите проекции беа дека до 2030 би станале членка на ЕУ. Кои се проекциите на сегашната влада? Еве денес слушаме изјава од министерот за економија, вели: ‘Не се секирајте, во март ќе имате 2 илјади денари повисока минимална плата’“, посочи Битиќи.Тој предупреди и на ризиците од неодговорно управување со јавните средства и можната загуба на европски финансиски поддршки, посочувајќи дека случајот со Платежната агенција ја открива ранливоста на системот и непочитувањето на европските стандарди:„Ако планираните инвестиции од 30 милиони евра не се реализираат, последиците се огромни. Можно е ЕУ целосно да го прекине или укине финансирањето, што би значело годишно губење од 120–130 милиони евра“, рече Битиќи.

Македонија | пред 2 месеци

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи: Новиот буџет носи рекордно задолжување

На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати.„Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи.Тој нагласи дека парите наместо во развојни проекти се топат во дефицитот.„Од проектираните даночни приходи од околу 200 милијарди денари, наместо да завршат во училници, операциони сали, лаборатории, патишта и железници, тие ќе исчезнат во јазот на дефицитот и во каматите“, рече Битиќи.Тој укажа и на сериозно кратење на капитални проекти. Капиталните расходи се планирани на 40,2 милијарди денари, значително помалку од 47,3 милијарди во ребалансот за 2025.Битиќи предупреди и на падот на странските директни инвестиции кои паѓаат од 570 милиони евра на 220 милиони евра.„Средствата за општински инфраструктурни проекти се кратат од 6,3 милијарди на 2,6 милијарди денари, а во технолошко-индустриските зони има само 273 милиони денари. Исто така и евроинтегративните програми се кратат од 4,45 на 3,2 милијарди денари, што е јасен сигнал за оддалечување од ЕУ“ потенцираше Битиќи.Тој оцени дека 2026 година е подготвена како популистичка или изборна година, со раст на тековните расходи и кратење на капиталните инвестиции.„Пред нас имаме октроиран буџет на влада која абдицира од фискална дисциплина, транспарентност, инклузивен дијалог и развојна одговорност. Граѓаните заслужуваат да ја видат вистината. СДСМ ја повикува Владата да повлече ваков модел на волунтаризам и да изготви буџет кој ќе биде легитимен по постапката и развоен по суштината.“, посочи Битиќи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb43cesgcbroo2rwaIjb

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денес се обрати пред жителите на Житоше, изразувајќи ја својата силна поддршка за кандидатот за градоначалник на Долнени, Исуф Синани. Битиќи испрати пораки за единство, чесност и вистинска грижа за граѓаните, без разлика на етничка или партиска припадност.„Ја дадовме поддршката за Исуф Синани, не затоа што е ‘наш’, туку затоа што е на страната на јавниот интерес, на чесноста. Човек што слуша пред да зборува, што гради мостови пред да бара изговори. Со него, успехот ќе се мери со решени проблеми, а не со аплаузи, со фер однос кон секое село, независно дали е големо или мало, дали во него живеат Македонци, Албанци, Турци или Бошњаци,“ порача Битиќи.Битиќи ја нагласи важноста на основните услови за достоинствен живот, особено во руралните средини како Житоше:„Знам дека овде се живее од земјата, од нивите, од тутунот, од трудот на семејството. Кога има вода за наводнување, пат до нивата, правичен откуп и навремена исплата, тогаш има достоинство. Тоа е мерката за квалитетен живот. И тоа е општина што не прашува ‘чиј си’, туку ‘кој ти е проблемот кој треба да го решиме?’“ потенцираше Битиќи.Тој потсети дека социјалдемократската идеја не дели по етникум, знаме или партиска книшка, туку таа спојува околу три столба: чесност, одговорност и еднакви можности.„Сè друго е евтин маркетинг што крие неспособност и корупција, и тоа на овие избори, во оваа општина нема да помине,“ порача Битиќи.„Знам што значи кога дождот ќе престане, а калта ќе остане, и кога со месеци чекате прегорена улична светилка да се промени. Тоа мора да се смени. На Долнени му треба градоначалник што ќе служи на заедницата, независно од тоа кој и каков е, што ќе ја отвора општината кон секое домаќинство, што ќе ги решава проблемите, а таков градоначалник може да биде Исуф Синани,“ рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 3 месеци

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, падна на арбитража

Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, реагира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер.„Да се потсетиме: Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во целиот тој процес се водеше со јасни определби и насоки од страна на мојот кабинет во претходната Влада.“ наведува Битиќи.И затоа, искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност, вели пратеникот на СДСМ.„Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже“ стои во објавата на Битиќи.

Македонија | пред 4 месеци

786367c7-87e4-4fe8-b797-16cb121c00c1

Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година.Битиќи, во своето излагање истакна дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари, или 4% од БДП.-„Но тоа е веќе над законски дозволената граница од 3%, односно максимум 3,5% во исклучителни случаи – а денес немаме ниту катастрофа, ниту глобален шок. Она што го имаме е криза во планирањето, криза во отчетноста и криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава“, посочи Битиќи.Тој додаде дека дефицитот само од крајот на април до средина на јули е зголемен повеќе од двојно – од 13,4 на над 30 милијарди денари, што е јасен знак дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно.Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува задолжувањето, и домашно и надворешно, со што се создава товар за идните генерации, а секоја нова обврзница и секој нов кредит значи помалку пари за училишта, здравство и инфраструктура.„Со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, надворешниот за 1,38 милијарди, а најавено е и ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината. Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1% од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови кои не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста“ , нагласи Битиќи.Toj истакна дека се дуплира ставката за набавка на автомобили, капиталните расходи, наместо да одат за болници, училишта или зелена инфраструктура, се пренасочуваат за набавка на возила.„Се купуваат автомобили во вредност од речиси 900 милиони денари, во време кога капиталните инвестиции бележат ниска реализација од 28%, истакна Битќи, додавајќи дека Владата троши 1,8 милиони евра за 134 метри квадратни штанд на ЕКСПО 2027 – што значи 5.550 евра по метар квадратен, а со тие средства може да се обезбедат над 12.000 сензори за дијабетичари осносно да се опслужат 460 пациенти со дијабетес тип 1. Се кратат средствата за животна средина за 868 милиони денари, како и економската поддршка за мали и средни претпријатија, на кои и скромните 18.5 милиони денари им се ускратени на 11.5 милиони денари“ , рече Битиќи.Битиќи нагласи дека владата најавува зголемување на пензиите, но реалноста е дека 92% од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе.„Проекцијата за инфлацијата останува фиксирана на 2,8%, но реалноста е поинаква – минималната кошница се зголемила за 3.443 денари само во последните четири месеци, и за 7.000 денари во текот на една година“ , рече Битиќи,.Животот поскапува, а платите и буџетските мерки не го следат тој тренд. Наместо мерки за заштита на куповната моќ – добиваме буџет без визија, без развојна насока и без слух за реалните потреби на граѓаните, нагласи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, од собраниската говорница на расправата за ребаланост на буџетот за 2025 година.

Македонија | пред 5 месеци

bitiki

Битиќи со розови очила за читање на ребалансот: Вие носите Прада, овие се социјалдемократски

Фатмир Битиќи остро го критикуваше ребалансот на Буџетот кој е на комисиска расправа.Според него, наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика, розово на хартија, а црвено во реалноста. Тој стави и розови очила за подобро читање.„Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели“, рече Битиќи.„Ќе мора така да ги читаме работите. Рок-стар сум. Розеви се. Ќе ги оставам за заменик-министерот. Овие се социјалдемократски. Прада купувате вие, ние не“, кажа Битиќи, посочувајќи дека ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит.Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент, посочи пратеникот.„Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре”,  рече Битиќи.

Македонија | пред 6 месеци

Fatmir-B-SDSM

Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница за ребаланс.Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.„Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ - рече Битиќи.Наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика – розово на хартија, а црвено во реалноста. Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели.„Новото задолжување од 500 милиони евра и скриените долгови од над 700 милиони евра создаваат дополнителен фискален товар што ја загрозува економската стабилност и ќе мора да се решава во иднина.“Разочарувачки е и нискиот степен на реализација на капиталните инвестиции – само 23%, далеку од ветениот „рекорден инвестициски циклус“. Реториката со алтернативни пресметки не го заменува вистинското отчетување.Буџетот се користи како предизборно оружје: зголемувањето на пензиите и платите во јавниот сектор, растот на трошоците за договорни услуги и тројното зголемување на буџетските резерви укажуваат на непотизам, партиски вработувања и нетранспарентна потрошувачка, потенцираше Битиќи.Во услови кога јавните финансии се загрозени, ова не е одговорно управување со државните пари, туку краткорочна партиска кампања со ризик за економската иднина на граѓаните.„Во структурата на расходите се открива политичката агенда на Владата, која сè поотворено го користи буџетот за предизборна мобилизација. Зголемувањето на пензиите за околу 40 милиони евра укажува на ново предизборно зголемување кое не е резултат на одржлива реформа. Зголемувањето на платите за 14 милиони евра во јавната админстрација отвора простор за партиски вработувања, што ја поткопува институционалната професионалност и генерира долгорочни трошоци без развоен ефект. Особено вознемирувачки е скокот на расходите за договорни услуги за 30 милиони евра без зголемена отчетност, што отвора сомнежи за нетранспарентна и потенцијално коруптивна потрошувачка.“, рече Битиќи.Сето тоа се дополнува со зголемени трансфери од 3,8% до локалната самоуправа и тројно зголемени буџетски резерви (од 200 на 595 милиони денари) без прецизни и таргетирани програми.Во изборна година, ваквиот тренд повеќе наликува на финансиско вооружување за политичка потреба отколку на одговорно управување со јавните средства.

Македонија | пред 6 месеци

05062023_VRSM_BITIKI-7

Ограбен пратеникот Фатмир Битиќи: од домот во Бутел му изнеле сеф со пари

Сеф со пари е украден од домот на Фатмир Битиќи, експретседател на СДСМ и пратеник. За ова објавија од Министерството за внатрешни работи. Пријавата кај нив стигнала вчера претпладне.Според тоа што пријавил Битиќи, кражбата била извршена во периодот од 18 до 21 април. Во објектот било влезено со употреба на алат и сила, а украдени биле и други предмети.Од МВР известија дека работат на расчистување на случајот.Битиќи за ORA24.TV потврдил дека имало кражба во неговиот дом.-Да… Не би зборувал за детали, одговори Битиќи за ORA24.TV.

Македонија | пред 8 месеци

market-pari

Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

Пратениците на СДСМ поднесоа предлог-законот за намалување на ДДВ-то за струја и основните прехранбени продукти и бараат поддршка тој да се прифати, со што ќе се намали ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5%, како и за основните прехранбени производи, од 5% на 0%. Со ова ќе им се помогне на граѓаните, а секое одложување и неприфаќање значи финансиски товар врз семејствата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница.Тој потенцираше дека намалувањата на ДДВ за струја и основни прехранбени производи се системски одговор на скапотијата, која со секој изминат ден станува се потешка. Според последните податоци граѓаните во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот со просечна цена од 6,08 денари за киловат-час, а зголемена е и потрошувачката кошница која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец.- Индексот на трошоците на животот во јануари е за 4,9% повисок во споредба со истиот месец, од лани, додека индексот на цените на мало бележи раст од 5,2%. Ова е реалност што граѓаните ја чувствуваат при секое одење во маркет, при секоја платена сметка за струја. Затоа замрзнувањето на цените на нивото од 1. февруари не е целосно решение, затоа што цените се зголемија па се одлучи да се замрзнат. За тоа што се случува во реалниот живот зборува вредноста на потрошувачката кошница која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец. Денес, за да се задоволат основните потреби, едно семејство треба да издвои 2,9 минимални плати, што е јасен показател дека просечниот граѓанин едвај врзува крај со крај, рече Битиќи.Намалувањето на ДДВ-то за електричната енергија, потенцираше Битиќи, ќе значи конкретно финансиско олеснување за над 600 илјади домаќинства, кои во јануари мораа да платат од 20 до 30% повисоки сметки за струја. Владата во делот на енергетиката потфрли.- Податоците се поразителни. Во ноември, официјално планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реалноста беше поинаква – увезени беа 351,3 GWh. Истото се случи и во декември – повторно планиран увоз од 0 GWh, а фактички беа увезени 425,7 GWh. Граѓаните се изложени на милоста и немилоста на увозните цени на струјата. Затоа и сметките растат. Поради што и овие измени и дополнување се неопходни. Со нивното усвојување за сметка од 3.000 денари за струја, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно, а за сметка од 5.000 денари, заштедата ќе изнесува околу 700 денари, рече Битиќи.Со предлогот за укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи најголема корист ќе имаат домаќинствата со ниски примања, кои трошат најголем дел од своите приходи на храна. Наместо несоодветни и половични мерки, како што е замрзнувањето на маржите само на 102 групи на производи, ова решение ќе ги опфати сите 238 групи на производи. Ќе имаме поевтинување на над 3.000 основни прехранбени продукти – леб, брашно, млеко, јајца, шеќер, масло и многу други. Предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност не се за СДСМ, не е за власта, не е за опозицијата – тие се за граѓаните. Нивното усвојување ќе значи пониски сметки за струја, поевтина храна и помала инфлација, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи

Македонија | пред 10 месеци

bitiki1

Битиќи до Мицкоски: Зошто ја криете правната основа за инвестициите?

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за транспарентноста во процесот на привлекување странски инвестиции и доделувањето поволности на инвеститорите, притоа нагласувајќи дека транспарентноста не е само етички принцип, туку и основа за доверба и заштита на јавниот интерес.Битиќи потсети на проектот за ветерниот парк на Алказар Енерџи, вреден 500 милиони долари, кој треба да биде еден од најголемите во регионот, притоа појаснувајќи дека таквите проекти се добредојдени, но со нив секогаш се поврзува и потребата од транспарентност, која е основа за доверба, како и обврската да се заштити јавниот интерес.„Граѓаните имаат право да знаат: според која правна основа се реализира оваа инвестиција? Кои поволности се предвидени за инвеститорот и ако се доделени, на која седница на Владата истите се одобрени? Транспарентноста во овој контекст не е само етички принцип, таа е и основа за осигурување дека одлуките се донесуваат соодветно и во интерес на сите граѓани“, му порача на премиерот Мицкоски, пратеникот Битиќи, притоа потсетувајќи го дека Северна Македонија веќе има Закон за стратешки инвестиции, создаден токму за вакви случаи.Битиќи потсети дека овој закон обезбедува јасно дефинирани процедури и критериуми за инвестиции кои имаат големо значење.„Зошто овој закон не е применет за проектот на Алказар Енерџи? Дали причината лежи во прецизираните процедурите или во избегнување на деталните анализи што ги бара законот и прескокнување на чекори кои се од огромна важност за транспарентноста на инвестициите од овој тип?“, праша Битиќи и додаде дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ како опозиција спречи транспарентни и законски 786 милиони евра инвестиции во енергетиката.„Дополнителен пример за недостатокот на транспарентност е и договорот со „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени. Првично најавената инвестиција од 13,5 милиони евра и 530 работни места на крајот се намали на 8,5 милиони евра и 200 вработувања. Господине премиер, што се случи во меѓувреме? Кои поволности беа укинати или доделени на инвеститорот? “, праша Битиќи и упати порака до премиерот Мицкоски дека овие прашања се важни не само за конкретните проекти, туку и за градењето на систем кој ќе обезбеди фер и транспарентни услови за сите инвеститори.

Македонија | пред 1 година

ungarija-59706

Политичката цена од унгарскиот заем може да е поштетна и поголема, вели Битиќи

Политичката цена што можеме да ја платиме како држава заради заложништво и евентуално мешање на Унгарија во внатрешните работи е позадината во овие 500 милиони и може да е поштетна и поголема, отколку придобивката од кредитот, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24.Битиќи нагласи дека извозната банка на Унгарија пред само неколку месеци доби кредит за себе од Кина од милијарда евра, и оттука се сомневањата дека може да има политичко влијание не само до Унгарија, туку и од Кина.-Секое едно задолжување треба да има поголема можност за дебата, да не се води во скратена постапка, рече Битиќи, додавајќи дека еден преседан е што ова задолжување беше предложено од пратеник на владеачкото мнозинство а не од министерот за финансии, а втор преседан е што на расправата не се појави министерот за финансии, туку заменикот министер од друга политичка партија.Битиќи нагласи дека ова е сиптоматично и запраша дали министерката за финансии не верува дека овој заем е добар за државата.-Не е вистина дека ова се најдобите пари за финансирање на стопанството, рече Битиќи, потсетувајќи дека владата со ребалансот ја скрати финансиската поддршка за компаниите, кои инвестирале претходната година, а сега ги упатува да земаат кредит.Како на 915 компании кои минатата година направиле инвестииции чекале државата да им врати пари по основ на предвидливоста, ќе им кажете, ја промашивме годината, ќе ви дадеме помалце, а вие одете земете кредит, нагласи Битиќи.Во врска со средствата од унгарскиот кредит наменети за општините Битиќи рече дека има многу нејаснотии и додаде дека се слушаат многу невистини.-Слушаме 136 евра по граѓанин, што звучи убаво, но не е вистина. Објавениот повик е 100 милиони евра, што е помалку, 70 евра по глава на жител. Е сега, јавниот повик е за 100 милони евра, а во реабалансот во таа ставка има само 75 милиони евра. Дополнително се вели дека заемот е земен за 250 мииони евра. Се даваат 100 за општините, значи остануваат 150 милиони. Владата вели нови 250 милиони ќе има следната година. Нејасно е сега, од овие 150 или ново задолжување? Бидејќи овие пари што ќе се искористат сега, влегуваат во сегашниот буџетски дефицит. Нема да ги има за следната година. Прашањето е дали ќе има нови 500 милиони евра од Унгарија?, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг од над 68%

Предложениот ребаланс на буџетот, од страна на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, предизвикува голема загриженост и страв, и не само што не одговара на реалните потреби на нашата економија туку е и крајно опасен за иднината на нашата земја. Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг, од над 68%, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на кој се расправаше за ребаланс на Буџетот.- Со овој ребаланс јавниот долг ќе стане „чудовишен“ сам по себе. Во делот на приходната страна на Буџетот, кај задолжувањата во странство од првично проектираните 728,6 милиони евра, има зголемување на нови 826,2 милиони евра и тоа е зголемување на јавниот долг кон надвор за околу 100 милиони евра, објасни Фатмир Битиќи .Во своето обраќање Битиќи посочи дека во проектираниот раст на долгот не може да се препознаат парите од задолжувањето, кое, како што рече пратеникот на СДСМ, „пријателски премиерот ни го договори идните генерации да го отплаќаат кон Унгарија“. Тој предупреди дека јавниот долг ќе се зголеми далеку од проектираните 68% од БДП.„Овој чудовишен јавен долг ќе отиде и далеку над 68% доколку до крајот на годината. И додека сум кај јавниот долг, да укажам и зошто министерката за финансии и премиерот имаа потреба од лажните политички сензационализми со квалификациите на работењето на владата предводена од СДСМ како „економија во клиничка смрт“, по се’ изгледа од ВМРО ДПМНЕ увиделе дека ако годинава ја „вметнат“ цела милијарда евра од унгарскиот заем, јавниот долг најверојатно ќе скокне до таван, односно ќе биде скоро 75% - па затоа „одлучиле“ тоа да го направат со 500 милиони евра годинава, па 500 милиони евра пред локалните избори“, рече Битиќи.Битиќи предупреди дека со ребалансот освен што се зголемува задолжувањето кон странство, имаме и раст на долгот внатре во државата.„Бранот на задолжување е насочен и кон внатре. На приходната страна се предвидува зголемување на приходите по основ на задолжување од претходно предвидените 646,4 милиони евра, на нови 896, 3 милиони евра, односно околу 250 милиони евра ќе бидат заробени од државата од домашните комерцијални банките. Наместо да се води политика која ќе ги поттикнува домашните компании со лесен пристап до кредити од локалните банки, Владата ги "заробува" овие средства, создавајќи финансиска препрека за развој на приватниот сектор. Со оваа политика не само што ќе се намали финансискиот капацитет на банките да поддржуваат нови проекти и инвестиции, туку ги принудува и домашните компании да се задолжуваат во странство, под услови кои се договорени вонсистемски, во четири очи, а којзнае, можеби и на други места. Во предложениот ребаланс може да се препознаат и други прераспределби кои ќе го зголемат притисокот на компаниите своите инвестиции и развој да ги реализираат преку унгарскиот кредит“, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи со оставка од партиските функции во СДСМ, од политика не се откажува, но каде и како не открива

,,Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“, ова е пораката која вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска ја упати преку социјалните мрежи.Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“.Ова е пораката што денеска ја упати поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешен потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.Пораката на Битиќи звучи двосмислено. Некои коментираат дека Битиќи со ова најавува промена на партискиот дрес и прелет во ДУИ или Влен.Една од можните варијанти е тој да остане во СДСМ и да се бори да ја реформира истата.Битиќи влезе како пратеник од СДСМ во ИЕ 2.Веднаш по изборниот дебакл Битиќи даде оставка, но условена.,,Како потпретседател на Социјалдемократската лига на Македонија, посветен на етичките и демократските вредности, решив да дадам оставка од функцијата. Мојата оставка ќе биде целосно ефикасна кога останатите колеги кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото - од прв до послеВо текот на мојата политичка кариера, барав лична одговорност од сите фактори - а овој чин е токму тоа. И оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и отворање на патот кон идниот политички успех.Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преглед на ЛСДМ.Прифаќањето на политичката одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност за промена и растење - и да се даде приоритет на колективниот интерес.На крајот: ова нека биде нов почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во општество за сите каде владее правдата, солидарноста”, напиша Битиќи.

Македонија | пред 1 година

IMG_3359

Битиќи: Со либерализацијата на железницата отворивме ново поглавје со можности за подобрени железнички услуги за сите граѓани

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на настан по повод одбележување на 151 годишнината од формирањето на македонски железници.Во продолжение ви го испраќаме неговото интегрално обраќање.„Денеска кога ја одбележуваме 151-годишнината од формирањето на македонски железници, најнапред би сакал да оддадам чест и признание на трудот на вработените во железничката инфраструктура и транспорт. На нашите сограѓани и сограѓанки, 1.600 на број, кои со нивната неуморна работа и напор се столбот на железницата во Северна Македонија. Обезбедувајќи непречен, безбеден и ефикасен транспорт, водејќи грижа за нашите пруги и станици, управувајќи со возовите што превезуваат патници и стоки вие ја имате главната заслуга за опстојувањето на нашите железници.Годинава е една од најважните во историјата на железниците во Северна Македонија, се случи либерализација на железничкиот сообраќај. Отворивме ново поглавје во железницата, создадовме нови можности за подобар квалитет на услугите кои се испорачуваат, за поголеми приходи, а со тоа и за поголеми плати на вработените. И дозволете ми да ги адресирам гласините кои ве загрижуваат вас, вработените во железници, бидејќи денеска сакам да ме слушнете. Нема потреба од загриженост за вашите работни места. Да немате страв туку да гледаме во можностите и да развиваме железница која ќе биде на услуга на сите наши граѓани.Затоа што либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава. На либерализацијата не треба да гледаме со страв, да ја прифатиме како можност да ја искористиме нашата стратешка локација. Ќе ја споменам близината и поврзаноста со пристаништето во Пиреја, еден од најголемите транспортни хабови во Југоисточна Европа, влезна транспортна точка за цела Европа. Имаме потенцијал којшто треба уште да го искористиме, имаме придобивки кои ни се на дофат не само за железницата, туку и за целокупната економија.Со развојот кој го нуди либерализација на железничкиот сообраќај, ќе поставиме нови основи за поддршка и стимулирање на економската активност, правејќи ја нашата земја уште попривлечен избор за бизнисите во Европската Унија, кои барат сигурни, блиски и ефикасни решенија за приближување на своите добавувачки ланци. Концептот на near-shoring станува клучен за развојот на нашата економија, а железницата е таа која има стратешка и клучна улога Северна Македонија да ја позиционира во срцето на европските синџири.Затоа денешниот ден нека биде одбележан со оптимизам и одлучност, да не стравуваме и да прифатиме дека железницата ќе продолжи да игра клучна улога во движењето на нашата држава кон економски просперитет и успех.Почитувани железничари, како што гледаме напред, знајте дека сум со вас. Заедно ќе ја трансформираме нашата железница, ќе ја направиме европска и модерна. Таа ќе биде национална гордост и ќе продолжи да им служи на сите граѓани.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања