Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Битиќи: Поскапувањето на горивата ќе го зголеми притисокот врз граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
05062023_VRSM_BITIKI-7

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, предупреди дека од полноќ граѓаните ќе се соочат со нов ценовен удар поради поскапувањето на горивата, што според него ќе има директно влијание врз трошоците за живот.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Од полноќ нов ценовен удар, а од Владата статистичка утеха

Од полноќ започнува нов ценовен удар, утре наутро ќе се разбудиме со поскапи горива и со нов притисок врз секојдневниот живот. Дизелот поскапува на 85,50 денари за литар, бензините на 79,50 и 81,50 денари, што значи просечно зголемување на цените на нафтените деривати од 14,27%. Ова ќе значи директен удар врз транспортот, производството... односно врз сите трошоци што подоцна се прелеваат во цените на производите и услугите што граѓаните секојдневно ги плаќаат.

И токму во пресрет на овој нов ценовен шок, власта денес се обиде да ја смири јавноста со податокот дека месечната инфлација во февруари, во однос на јануари, изнесувала само 0,2%. Но тоа е тесен статистички пресек што не ја отсликува целосната ценовна реалност на животот. Бидејќи кога февруари 2026 се споредува со февруари 2025, трошоците на живот се повисоки за 2,9%, храната и безалкохолните пијалаци за 3,9%, а цените на мало за 1,6%. Тоа значи дека животот веќе бил поскап и пред овој нов удар, а поскапувањето на горивата од полноќ е само дополнителен импулс што уште повеќе ќе ја засили скапотијата во наредниот период.

Кога власта се обидува да ги „мери“ трошоците на живот на начин што ќе звучат помалку страшно, најрелевантна статистика е онаа која произлегува од касите, таму каде што се плаќа. Синдикалната минимална кошница за февруари достигна 67.382 денари, што е 969 денари повеќе од јануари, а само трошоците за храна и пијалоци се зголемиле од 24.211 денари во јануари на 25.156 денари. Во исто време, минималната плата изнесува 24.379 денари, што значи дека за покривање на една синдикална минимална кошница се потребни околу 2,76 минимални плати. Дури и по најавеното мартовско зголемување на минималната плата на 26.046 денари, за покривање на истата кошница и натаму ќе бидат потребни околу 2,59 минимални плати. Основните животни трошоци растат побрзо и потешко од она што Владата сака да го признае.

И не треба да се кријат зад квартален раст на БДП, кога првите сигнали од 2026 година се лоши. Да, Државниот завод за статистика објави раст на БДП од 3,8% во четвртото тримесечје од 2025 година, но само неколку дена подоцна објави, но никој од Владата не искоментира, дека индустриското производство во јануари 2026 паднало за 6,6% на годишно ниво, преработувачката индустрија за 8,0%, а извозот на стоки во јануари е понизок за 8,27%. Тоа е вистинската слика, портретирана од слабеење на реалниот сектор, притисок врз производството и нов грч за економијата уште на самиот почеток на годината.

Владата нема антиинфлациона стратегија, нема сериозна политика за заштита на куповната моќ, нема сериозен одговор на ценовните шокови, нема храброст да се застане зад работниците...

Македонија не живее подобро затоа што статистиката е попристојна. Македонија живее потешко затоа што Владата е економски пасивна, политички самозадоволна и социјално несензитивна“, вели Битиќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library00svs6dt5bcbawWjz21

(Видео) „Пратениците од власта го одбија амандманот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 22.000 вработени“, вели Битиќи

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryt8uu0mbn46jdfOm12H3

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycbvoum02tv46fPGvfyy

(Видео) Битиќи до Јанкуловски: Како ќе им помогнете на граѓаните откако го одбивте нашиот предлог за 600 евра минимална плата?

Македонија | пред 2 седмици

media-library0qgbh6cml8c6f80cJrY

Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања