Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

боки13

boki

Боки 13 кажува како би се спасил: Да бев лигуш, да молчев и да се договорев ќе бев Крсто Мукоски

Бојан Јовановски познат како Боки 13, се заблагодари за поддршката која ја доби по драконската, деветгодишна казна за случајот „Меѓународен сојуз“. Тој сега има 18 години затворска казна, што ако се спореди, е најдраконската. Посочува дека можел да се спаси, ако бил, како што вели „лигуш“, но и ако молчел.Неговото писание:„Од се срце ви благодарам за секој убав збор, за искрената поддршка, за пружената рака и позитивна мисла и за вашата храброст да ми дадете поддршка... Сите вие драги, чесни и искрени луѓе сте единствената светла точка во ова време-невреме , во оваа невидена и нечуена неправда, во оваа апла селективна и корумпирана правда, во овој линч кон мене како небаре да сум масовен убица, во целата оваа колективна хистерија и мизерија насочена кон мене како поединец , ви се заблагодарувам и ви потенцирам дека сте моја мотивација во секоја смисла за мое идно делување !!!Во целото ова НЕПРАВО, има само една добра работа, што преку мојот пример со казна од 18год. е дефинитивно разголено нечистото лице на правосудните власти, бидејки од авион се гледа тенденцијата, одмаздољубието и селективноста!Па реално другари, да бев ЛИГУШ и да молчев, да не ја пишував вистината преку отворени писма, да не поднесов огромен број на кривични пријави против високи функционери (патем ни трага , ни глас од обвинетелството за поднесените пријави) да бев сервилен и да се договорев со власта на Заев и да одев по онаа одвратна линија на помал отпор и да ја прифатев нивната прљава игра , ќе пројдев полесно, ќе бев Крсто Муковски и сличните на Крсто што се на чуден начин ослободени !!! Мојата одлука од првиот ден кога ме притворија беше дека пактови нема да правам, па затоа доживеав незапаметена тортура и притисоци се со цел да ме замолчат, на секое мое споменување пред судикана на името на Заев, или други политичари, бев хистерично преќинуван и бркан од судница, па зарем тоа не кажува СЕ?!?Селективното право е НЕПРАВО!!!Најавувам дека ќе ги искористам сите расположливи правни инструменти кон повисоките судови и се надевам дека ќе дојде ден кога ќе имам можност да ја доказам својата невиност пред непристасен судија, кој ќе суди по закон, по докази, кој ќе спроведе фер постапка почитувајќи го начелото на еднаквост на орудија на страните во постапката и беспоговорно почитување на ЗКП!Ова беше судиска фикција со која требаше да се оправда смешната, селективна и криминална пресуда!!!Едно прашање за крај, што почнува на буква, на буква С ?П.с и нека не ве замајуваат само со М.Зекери“, напиша Јовановски-Боки 13 а објави неговиот администратор.

Македонија | пред 3 години

278063445_10225129492656810_3020596477178582166_n

Боки 13: Џабе наместениот корумпиран судија свири пенали, кога на крајот самите нечесни противници ќе си дадат автоголови

Бојан Јовановски-Боки 13 и по новата пресуда од девет години затвор, која многумина ја нарекоа драконска казна, посочи: „Најмрачните места во пеколот се загарантирани за оние кои остануваат неутрални во кризни времиња!!!“.Тој во објавата додава:„Знаеш ли како можеш да постанеш шампион? Кога ке излезеш на терен кога е најтешко и кога на крајот после долга, мачна, кварна, нечесна и нефер игра со наместен судија на теренот ЌЕ ПОБЕДИШ !!! За таква шампионска победа соиграчи ти се времето, силата, издржливоста и трпението !!! Џабе наместениот корумпиран судија свири пенали, кога на крајот самите нечесни противници ќе си дадат автоголови, шампионот со неговите соиграчи ќе победи историски, а наместениот судија ќе си остане само со малото свирче во уста !!!А да, многумина веќе ме ребрендираа од Боки 13 во Боки 18...ако де, слободно, мајтапете се, ликувајте и радувајте се, не ми пречи, само ми е тажно кога ја гледам таа човечка злоба, не чини, не е добро, бидејки не знае никој што го чека утре... и полека не се радувајте премногу однапред, натпреварот не е завршен!!! Таков е животот, денес си горе, утре долу, важно е да останеш човек! Па затоа , од срце им благодарам на оние луѓе кои ми ја даваат нивната безрезервна поддршка, нека им се врати само со убавини и благосостојба!“.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-07-at-11.22.51

Боки 13 драматично ја напушти судницата: Вие сте најголемата хиена и слуга на Заев

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.Бојан Јовановски за време на изрекувањето на пресудата и порача на судијката Софче Гаврилова-Ефремова дека е слуга на експремиерот Зоран Заев.Тој беше револтиран од моментот кога судијката убедуваше дека парите од околу 700 илјади евра биле законски одмрзнати и без да добие збор и кажа: „Не, ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите“.„Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев. Господ ќе суди, ќе казни“, рече Јовановски по што ја напушти судницата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-07-at-11.39.12

Осуден Боки 13 на девет години затвор, Фросина Ременски е ослободена

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.Боки 13 е првообвинет за перење пари и измама, а Ременски, Мандиќ и асистентката се обвинети за помагање во извршување на кривичното дело. Таткото на Боки 13 е обвинет за помагање при Перење пари, како и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи откако во домот при претресот биле пронајдени нефункционални пиштоли за кои немал дозвола, а се останати од неговиот дедо.Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-07-at-08.58.55

Боки 13 прозборе за тортурата и мајчините солзи: Јасминке моја најмила, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 одново ја бранува јавноста. Пред неговата пресуда, се заблагодари на неговата мајка Јасминка, како и на најблиските пријатели кои останале до него откако беше притворен, па затворен и осуден. Боки 13 во објавата објавена од негов администратор зборува за тортура која била вршена врз него, кога не дозволувале неговата мајка да влезе во болничка соба каде се лекувал. Како што е познато, Боки 13 неколкупати завршуваше со Брза помош во болница.„Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе... Постои ли клетва за оние што ни го направија ова ЗЛО, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени и многу болни, постои ли гума со која може да се избрише тортурата и сите оние моменти кога не ни дозволуваа да се видиме и да се гушнеме додека лежев во болница кога ме држеа во притвор по секоја цена, постои ли начин да ги заборавам белите листови хартија натопени со моите солзи на кои ти ги пишував моите писма од притвор бидејки тоа ни беше единствената комуникација, а кога ќе добиев повратно писмо со твојот краснопис го бакнував милион пати и со него заспивав... постои ли казна на овој свет за сите оние бездушници кои ни глумеа пријатели и роднини додека имаа само гола корист па потоа ја покажаа својата бедотија и постои ли награда и збор за благодарност за оние кои што беа покрај нас и покажаа човечност и големина, и на крајот постои ли заборав за сите злодела и неправди кои ни ги нанесоа... Постои ли поголема среќа од онаа кога ме дочека дома кога се "смилуваа" и ме пуштија во куќен притвор.... НЕ ПОСТОИ !!! ПОСТОИ САМО НАДЕЖ, ВЕРБА И ЉУБОВ Надеж дека правдата ќе дојде и дека ова се , еден ден ќе биде минато од кое сите ќе научиме по нешто и ќе бидеме уште посилни...“, напиша Јовановски.„Јасминке моја најмила, ти ме познаваш најдобро, знаеш каков сум, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо, исто така знаеш колку многу ме имаат повредувано, понижувано, навредувано, дискриминирано и знаеш дека сум издржувал се, а сум издржал се возможно и невозможно поради твојата љубов и поддршка, мојата единствена и вистинска животна среќа е што ти си моја мајка!!! Само посакувам да си ми здрава и жива ти и татко ми, а за се останато ќе се борам, машки , чесно и достоинствено! Овие фотографии се од дочек на Нова Година 2021 кога бев во куќен притвор, бевме јас, ти, кучињата и неколку наши драги и искрени пријатели, Миле не беше со нас... (а за тоа во друга прилика во засебен текст) нема лажен сјај на сликиве, нема филтри и фотошоп, има само љубов и топлинаОвој пост ќе го завршам со стихови од песна на Пепи Бафтировски. Ти не плачи мајко, што сум далеку и сам... Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градите едра распнувам за пат, огнови високи сам ќе изодам Ако згрешам, нека изгорам!“, додаде тој.

пред 3 години

277557507_10225091577908965_5754551939603865076_n

Боки 13 сподели фотографии од Русковска и дел од Владата: Прво место за најдобра маска ја понесе женско лице

Споделувајќи фотографии од половина тогашна Влада, обвинителката Вилма Русковска, тогашниот уредник во 1ТВ, Ацо Кабранов, а сите направени при одбележувањето на медиумот во Македонската Филхармонија, Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека првата награда за најдобра маска ја понело женско лице. Тој ја опиша како изгледа, но не спомена име.Интегрално го пренесуваме статусот објавен на неговиот профил:„На денешен ден 1 април 2019, во Македонскатаа Филхармонија беше фамозната и најзборувана прослава за годишницата на 1ТВ, во случајности не верувам, бидејки времето е најдобар показател дека случајности не постојат, па затоа од денешна дистанца гледам дека терминот и денот не биле случајни! Тогаш мислев дека правам роденденска церемонија ( никој не ми е крив што сакав да правам церемонии за лицемери додека истите ми го копаат "гробот " и да се правам важен ) , а од денешна дистанца констатирам дека тоа беше еден голем ГАЛА ПРВОАПРИЛСКИ МАСКЕМБАЛ и еден сериозен натпревар помеѓу присутните кој да ја понесе титулата за НАЈДОБРА МАСКА... Имаше и луѓе кои дојдоа без маска, со сопствено лице и став и единствено им благодарам на таквите... Првото место за НАЈДОБРА МАСКА на ГАЛА МАСКЕМБАЛОВ одржан на 1 април 2019 , во Филхармонија, ја понесе женско лице со исклучително автентична маска со стајлинг ала Бети Буп , во дезен на точкици, туфници, машни и други тракатанци адекватни на личноста и карактерот на истита! Имаше присутни кои беа маскирани во луѓе, пријатели, другари, роднини и соработници... се и сешто!!!По завршувањето на официјалниот ГАЛА маскембал имаше и првоаприлски афтер парти, каде победничката на маскембалот беше највесела, пееше, пиеше, играше, се вртеше као на рингишпил и на крај не можевме по скали да ја симнеме за да си оди дома!!! Се поставува едно прашење и една констатација... Што правиме кога маските паѓаат и кога останувате со вашето лицемерие, злоба и користољубие? На оваа држава доста и од маски и маскирани, потребни и се луѓе со ЛИЦЕ, СТАВ И ИНТЕГРИТЕТ!!! Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски Објавено од страна на администратор на профилот“, е споделено на профилот на Боки 13.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-03-29-at-17.02.00

Боки 13 направи ‘потрес’, открива детали за тоа кој го наместил да го апсат на граница

Во објавениот натпис објаснува и дека лице вработено во неговата телевизија го наместило да биде уапсен на граница, кога практично, јавноста дозна за случајот „Рекет“.„Од оваа дистанца, жалам што не ги предвидов сите аспекти и жалам што верував на поединци кои беа поставени на високи раководни позиции токму од мене. Јас им дадов шанса, а тие ми вратија со нож во грб, дел од нив ги "оживеав", беа заборавени и потонати во своите самозамислени новинарски величини, длабочини... Новинарите беа почитувани и вреднувани, дел од нив тоа го заслужуваа, беа посветени и одговорни, се трудеа бидејки имаа мотив, слобода и предизвик да создадат нов медиум, само имаа еден хендикеп, им требаше главен и одговорен уредник кој ќе ги води и насочува, а не лице кое со платен превоз доаѓаше на работа последен, а прв со платениот превоз си заминуваше!“, пишува на профилот од Бојан Јовановски, меѓудругото кое стои во натписот.Боки 13 открива и кој го наместил за апсењето, им се извинува на дел од новинарите, и кажува што е лага и мизерија. Ја споменува и обвинителакта Вилма Русковска, но и како што наведува, негов вработен:`Прочитајте сѐ:

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-03-26-at-19.23.56

Боки 13 со итно барање до државата, а поврзано со неговата запленета скапа и брендирана гардероба

Бојан Јовановски-Боки 13, чекајќи ја пресудата за Меѓународен сојуз каде со факти објаснуваше дека е невин, посочи дека се откажува од неговата запленета брендирана обкека и бара државата веднаш да ја стави на лицитација. Тој им посочиМене ми беше одземена целата гардероба, чевли, чанти, часовници, наочари, накит, уметнички слики... тоа беа "фантастичните докази" на Русковска со кој бев огласен за виновен и осуден, без да биде утврдена вредноста, годината на производство и кога се истите набавени и без никакво вештачење за одземените предмети, се на ѓутуре и жими мајка, но неисе, изјавувам и давам јавно ветување, доколку некогаш победи ПРАВДАТА и доколку дојде тој ден да ми бидат вратени сите неосновано одземени предмети, јас во целост се откажувам од истите во корист на семејства и лица кои се во социјален ризик, при што истите би биле предмет на јавна лицитација и парите од продажбата би биле донирани на оние на кои што им е најпотребно!!!“, напиша администраторот на профилот на Боки 13.„Воедно, истакнувам предлог до надлежните во државата наместо да скапуваат бесправно одземените предмети во некој си магацин (иако сметам дека дел од предметите се веќе украдени од оние кои што ми ги одземаа), веднаш да биде спроведена јавна лицитација и продажба на истите и средствата да бидат донирани на лица и семејства на кои им потребна помош !!! Направете барем нешто добро од целиот правен циркуз и неправда!!! Со се мојот пурпурен капут бев, сум и ќе бидам поголем маж од многу самонаречени мажи од политиката и бизнисот“, се додава во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-03-23-at-12.54.48

Боки 13 проговоре за сите пријатели и соработници кои му свртеа грб: Ме крадеа, земаа огромни плати, се дистанцираа

Бојан Јовановски познат како Боки 13, си ја отвори душата пред јавноста. Тој проговоре преку писмо испратено до администраторот на неговите профили на социјалните мрежи. Писанието доби виралност, а тој поддршка изразена во илјадници допаѓања на објавите, нивно споделување, како и коментирање.„Кога ме притворија и затворија многу од моите таканаречени пријатели, роднини, другари и соработници ме избришаа од листата на ЖИВИТЕ... како небаре да сум мртов и да ме закопале, а не притвориле и затвориле... Па така занесени во сопственото лицемерие и хиенски потреби, едни велеа дека не ме познаваат, други дека ме познавале само од телевизија, трети велеа дека ми биле но дека повеќе не ми се пријатели и дека они биле шокирани кога дознале што сум правел (а ништо не сум правел и ништо не сум им направил и токму тие први ме осудија, баш тие кои што сум се обидувал да ги направам луѓе иако биле обични штетни крлежи закачени на мојата кожа) , четврти ме испокрадоа, петти се дистанцираа најмизерно од мене а добро им беше кога земаа огромни плати, а еден голем дел се оние, најодвратните, кои што ми се лигушеле најполтронски во "нормалниот" свет, а потоа се наслудуваа на мојата ситуација велејќи "убаво му направија, малку му е" е на таквите полтрони им посакувам истото мое "убаво" да го доживеат на сопствена кожа за да почуствуваат колку е убаво...“, е објавено на профилот од Боки 13.Таму се додава: Сите овие погоре опишани, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари, го занемариле фактот дека нивното лицемерие, гадотија и нечовечност, денеска се моја мотивација! Мотивација да продолжам со дигната глава, да се борам и да успеам во својата борба, со Божја волја и помош а не со нивна! За волја на вистината со мене во моите најтешки моменти покрај мајка ми и татко ми останаа само неколку луѓе кои можат да се избројат на прсти, но верувајте ми дека сум благодарен што ги имам и тие малку по бројка, но премногу по квалитет и значење, нека се сите тие живи и здрави и од срце им благодарам што покажаа дека сеуште имало и по некој човек....Фала ви од се срце!!! Благодарам и на оние луѓе кои што не ги познавам лично а ми пружиле поддршка искрена и од срце, верувајте во ситуација во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа ви благодарам.Скоцкан сум и од затвор... тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот "криминалец" го фативте... смешни сте!“.

Коментари | пред 3 години

boki-13

Боки 13 со доказите на Обвинителството ја побива Трајчева дека проектот бил наводен и Владата не знаела

Бојан Јовановски-Боки 13 кој е првообвинет во случајот „Меѓународен сојуз“ дава завршни зборови пред судијката Софче Гаврилова-Ефремова. Тој пред судот сакаше да ги побие фактите на обвинителката Ивана Трајчева дека тој лажел дека има поддршка. Ова е првпат да му се чуе глас во јавност по две години, откако започнаа процесите против него.„Поддршката од Владата од лицето Зоран Заев тогашен премиер јас лично ја имав од првиот ден на формирањето на Меѓународниот сојуз. Обвинителството во своите завршни зборови го крсти тоа како ‘поттик’ од Зоран Заев. Не е мое да толкувам искажаното, а поттикот е голема форма особено кога доаѓа од лице кое извршува највисока државна функција во државата. Дека Зоран Заев бил информиран и знаел за активностите, работењето, а особено дека знаел за проектите е неспорен факт дотолку повеќе што кусо и со конкретни дејствија ќе ја опишам улогата на Зоран Заев, партиски функционери од СДСМ, како и претставници на локалната самоуправа.Точно е дека Ардијан Амзовски дал 350.000 евра во готовина и дека имал потпишано договори. Под целосна одговорност тврдам дека Христина, мојот татко Миле, биле присутни, давале пари. Не знаела ни Јасна Ерцеговиќ за тие 350.000 денари, туку знаеле политичари. Парите се дадени на лидер на партија Зоран Заев, генерален секретар на партија Александар Кирацоски и градоначалник Стефан Богоев. Мене ме злоупотребил Зоран Заев, а не јас него“, кажа Јовановски.Според него, бизнисмените не се откажале од проектот поради тоа што сметале дека тој нема да се реализира и е измама, туку бидејќи имало притисок од извршната власт. Како доказ рече дека е тоа што против Меѓународен сојуз или него како претседател – нема тужба од бизнисмените.За тоа зошто 719.000 евра од Силјан Мицевски не биле упатени на „Меѓународен сојуз“ туку на Лилјана Тодоровска рече дека тоа е според договорот.„Имаме два правни потпишани договори, со волја од двете страни, предадена платформа, сме ги започнале активностите, кој е овде оштетен – дали мислите дека ние сме сакале да прекинат овие договори и свесно не сме сакале да работиме на самоодржлив проект? Не. Сме сакале и сѐ сум направил, сѐ сум дал од себе. Тоа го потврди и Силјан Мицевски пред судот кој рече: ‘И телефонски се каравте за да направат нешто, а не направија ништо, иако можеа и да направат’. За овој проект, министерот за транспорт и врски потпиша наменски меморандум за соработка со цел брзо, ефикасно, целисходно реализирање на овој проект. Овој проект бил поддржан од Владата на Зоран Заев. Не само што добивме поттик и поддршка, добивме и ветување од него дека: ‘ќе биде формирана комисија за реализација на проектите на ‘Меѓународен сојуз’. Дека Зоран Заев и Владата ги знаела сите околности со ‘Меѓуанродниот сојуз’ зборува и доказот на Обвинителството. Изведен беше доказ скриншот од комуникација со Зоран Заев, каде го информирам дека има договор со ‘Пелистер’, обврските целите, го информирам дека е информирам дека знаел Трајче Заев и го информирам за блокирани средства. Тој се информира за проектот, го интересира, и вели дека: ‘ќе направат истрага и ако нема проблем ако се законски ќе ги одмрзнат средствата, не треба да стравуваш’, по што јас барам средба, а тој вика: ‘не е проблем ќе се видиме’“, додава Јовановски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања