„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

БОМБИ

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсен 18-годишник осомничен за лажни дојави за бомби

Осумнаесетгодишно лице од тетовското село Палатица е лишено од слобода поради сомнение дека во повеќе наврати испраќало лажни дојави за поставени експлозивни направи во образовни институции во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 27 февруари 2026 година во 09:10 часот полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Тетово, го привеле М.Р. (18) од селото Палатица. Тој се сомничи дека испраќал електронски пораки до повеќе училишта со закани дека во објектите се поставени експлозивни направи.По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека сите пријави за бомби биле лажни.Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што полицијата одзела повеќе електронски уреди. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 дена

policija-bombi_0

Пак дојави за бомби низ училишта во Скопје и Тетово

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (23.02.2026) биле примени дојави за наводно поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово и Скопје.Веднаш по добивањето на пријавите, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности, извршени биле проверки на посочените локации и направени се потребните безбедносни процедури.По извршените проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Од МВР информираат дека продолжуваат активностите за расчистување на случајот и идентификување на лицата кои стојат зад дојавите.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjijc629lb4us3L49QJ1

(Фото) Бомби, пушки, автоматско оружје - позната возраста на скопјаните кои планирале одмазда за нивните осудени браќа

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против три лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 6 февруари 2026 година Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против Б.Д. (33), М.Д. (29) и С.Е. (25). Тие се товарат за кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ.Според наодите од предистражната постапка, постои сомнение дека осомничените се организирале со цел одмазда за своите браќа, кои во текот на минатата година биле обвинети и осудени за кривичното дело „терористичка организација“. Досега прибраните докази укажуваат дека тројцата дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба заснована на радикални исламистички наративи.Надлежните служби се сомневаат дека осомничените преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство, кои, според истрагата, биле користени за пропаганда и активности поврзани со таканаречената исламска држава, како и за набавка на оружје.По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници извршиле претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите биле пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, како и муниција од различен вид и калибар и други материјални докази релевантни за истражната постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypvvqc79d0ct347waByH

(Видео) Со бомбите од СЈО ќе ја разведеа пола Македонија, вели Книга раскажувајќи каква порака пратил Шилегов до Груевски

Во емисијата „Претрес со Ландов“, Драги Митковски-Книга, долгогодишен близок пријател на Никола Груевски, зборуваше за периодот на „бомбите“, за односите со поранешниот премиер, како и за своето сведочење пред Специјалното јавно обвинителство.Одговарајќи на прашањето како се чувствувал кога ги слушал прислушуваните разговори во кои се спомнува Груевски, но и трговијата со влијание „ти мене – јас тебе“, Книга призна дека чувството било непријатно. Раскажа дека во моментите кога почнале да се објавуваат „бомбите“ бил во Сандански. Кога се вратил случајно се сретнал со Петре Шилегов.„Ми рече да му се јавам на другар ми да си даде оставка. Го прашав зошто? Ми вика – па слушаш ли бомби? Му реков дека слушам, ама дека со бомби ќе ја разведат пола Македонија“, раскажа Книга.На прашањето на водителот дали тој ги перцепира објавените материјали како снимки каде се зборувало за афери и „шваљерај“ отколку за класичен криминал, Книга одговори дека доколку биле објавени сите снимки, „удолницата ќе била целосна“.Книга потврди дека бил повикан и во Специјалното јавно обвинителство, каде што бил распрашуван за своите релации со Никола Груевски. Како што наведе, распитот го водела обвинителката Ленче Ристовска, за која рече дека била „ептен коректна“.Во разговорот се осврна и на периодот непосредно пред бегството на Груевски во Будимпешта. Иако претходно тврдел дека немал контакти со него, Книга призна дека се сретнале околу месец и пол пред бегството, во кафана. За бројните шпекулации околу начинот на кој Груевски ја напуштил државата, вклучително и приказните дека бил пренесен во гепек, Книга беше дециден.„Нема шанси Груевски да се вози во гепек“, рече тој, додавајќи дека, според негово убедување, заминувањето било „најнормално“.Цел ексклузивен разговор:

Македонија | пред 2 месеци

media-library6g6o2bsl65fdeMaghCp

Нови „бомби“ на повидок: СДСМ тврди дека ВМРО–ДПМНЕ е во паника од Лаура Ковеши

СДСМ тврди дека ВМРО–ДПМНЕ се наоѓа во состојба на паника поради активностите на европската обвинителка Лаура Ковеши и најавите за нови материјали што партијата ги нарекува „бомби“. Во реакцијата, СДСМ наведува дека опозициската партија стравува од можни правни последици и дека, како што велат, ваквата „нервозна комуникација“ се должи на притисокот што го создаваат истрагите за корупција.Според СДСМ, постојаните соопштенија, онлајн објави и политички напади што доаѓаат од ВМРО–ДПМНЕ се доказ за „внатрешна вознемиреност“. Партијата наведува дека опозицијата се служи со лажни анкети, засилена кампања на социјалните мрежи и „конструкции и спинови“, што СДСМ ги толкува како обид да се одвлече вниманието од темите поврзани со корупцијата и можните истраги.Во соопштението се споменува и поранешниот премиер Никола Груевски, за кого СДСМ тврди дека води Фејсбук-кампања „бидејќи како бегалец нема друг начин политички да дејствува“. Партијата оценува дека политичкиот модел што го поврзува со Груевски „повеќе не функционира“, нагласувајќи дека граѓаните, како што велат, веќе препознаваат пропагандни постапки.СДСМ ги отфрла и обвинувањата дека користи вештачка интелигенција при составување на соопштенија, коментирајќи дека таквите тврдења го омаловажуваат технолошкиот напредок и младата генерација, додека, според нив, вистинскиот проблем е „усовршениот систем на грабеж и корупција“ што го припишуваат на опозицијата.Во продолжение, партијата наведува дека ВМРО–ДПМНЕ не избегнува избори, туку „затвор“, алудирајќи на можноста за кривична одговорност. СДСМ тврди дека политичките одлуки во ВМРО–ДПМНЕ зависат од странски влијанија, при што посочуваат дека избори се распишуваат „само кога од надвор ќе биде побарано“.Во завршниот дел од соопштението, СДСМ тврди дека ВМРО–ДПМНЕ е загрижена поради можните материјали што ќе бидат објавени и поради работењето на европската обвинителка Ковеши. Партијата најавува нови „бомби“, укажувајќи дека, како што истакнуваат, ова е „само почеток“ и дека одбројувањето започнало.СДСМ ја завршува реакцијата со порака дека граѓаните се обединети „против корупцијата“ и дека нивната иницијатива, наречена „АКТ“, продолжува со засилен интензитет.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0s446umhr40nffrOTEh

Полицијата двапати реагирала на концертот на Девито поради дојави за бомби во салата во Скопје

За време на концертот на српскиот рапер Девито во салата „Јане Сандански“ синоќа биле примени две телефонски дојави за наводно поставени експлозивни направи – една во 20:51 и друга во 21:17 часот. Од МВР потврдија дека по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.„Полицијата веднаш презеде мерки, направени се сите неопходни проверки и утврдено е дека дојавите се лажни. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.Ова е втор инцидент поврзан со масовни настани за само два дена. Претходно, во Кавадарци беше прекинат настапот на Аца Лукас, кој според МВР настапувал без дозвола, а во локалот бил затекнат далеку поголем број гости од дозволениот. Пазарната инспекција информира дека континуирано врши контроли на локации каде се собира поголем број млади.

Македонија | пред 3 месеци

stefkovski-2

Стефковски: Дојавите за бомба во 10 училишта во Гази Баба се лажни

Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба.Веднаш по примените дојави, училиштата согласно утврдените протоколи пријавиле во полиција, часовите беа прекинати, а учениците заедно со наставниците оддалечени на безбедно надвор од училиштата, извести општината.Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски по информациите добиени од директорите, разговараше со надлежните институции кои веднаш превземаа активности за извршување на соодветни проверки по што беше утврдено дека се работи за лажни дојави.Тимови од Министерството за внатрешни работи извршија соодветни проверки во сите Основни училишта во Гази Баба каде утрово пристигнаа дојави за бомби и е утврдено дека се работи за лажни дојави.Благодарност до Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и до полициските службеници за брзата реакција и експресното спроведување на безбедносните проверки.Во оние училишта каде има настава во втора смена, истата ќе се одвива согласно предвидените распореди за оддржување настава.Благодарност и до родителите за соработката, трпението и разбирањето кое го имаа ова утро. – напиша градоначалникот Стефковски на социјалните мрежи.

Скопје | пред 1 година

policija-skolo-bombi

Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави за бомби, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.

Македонија | пред 1 година

policija-1313

Дојави за експлозивни направи во 3 училишта во Општина Центар, се вршат антитерористички проверки

Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи, велат од општина Центар.„Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава, во тек е полициска проверка.Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита“, соопштија од општина Центар.

Скопје | пред 1 година

316802442_1301083134076282_4471817972211446642_n

Утринава нови дојави за бомби

Дојави за бомби утроово ги пречекаа учениците, уште пред да седнат во училишните клупи, објави Телма.Во Општина Карпош според информации од родители дојави има речиси во сите училишта.Закани за бомба утрово стигнале и во скопската гимназија Јосип Броз Тито. Средношколците дознале за дојавата уште додека се возеле во автобус накај училиштето.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев за текстот во мејловите за бомби: Не можејќи да најдат кој го тероризира народот, да го свртат вниманието кон нивните неподмитливи политички непријатели

Димитар Апасиев, лидер и пратеник на Левица ги искоментира последните пораки објавени на социјалните мрежи, за кои се тврди дека се од мејловите со кои се испраќаат лажните дојави за бомби. Апасиев смета дека станува збор за ПР на партијата на власт, СДСМ.Неговиот коментар:„Прашање на време беше кога странските PR агенции кои работат за СДС ќе ги поврзе заканите за бомби со некоја "политичка партија". Сценариото на неспособните клептомани на власта е проѕирно! Не можејќи да најдат кој го тероризира народот, да го свртат вниманието кон нивните неподмитливи политички непријатели од опозицијата!“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

272136922_366254958163754_4928935108087459292_n-1

Евакуиран скопскиот аеродром, прва дојава за бомба таму

Сите летови се откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром. Во тек е итна евакуација на вработени и патници.Ова е првпат да има дојава на аеродромот, после серијата на дојави низ училиштата, трговските и деловните центри. Вчера дојави за бомби имаше и во неколку кумановски училишта.Исто така и вработените на „Ист Гејт Мол“ повторно денеска биле евакуирани после дојава за бомба.

Скопје | пред 3 години

Foto-3-1

ИП адресите се странски, а испраќачот може и да е домашен, но никој не може да го фати

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба од свикување на Советот за безбедност поради дојавите за бомби.Тој посочи дека надлежните органи се максимално ангажирани и не допуштаат шанса некој да постави експлозивна направа во училиштата.„Јас сум во постојана комуникација со МВР. До овој момент нема потреба да се крева тоа на такво ниво“, изјави претседателот пред денешната панел-дискусија на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.Нагласи дека дојавите стигнуваат од ИП-адреси кои најчесто се од странство и до кои тешко се доаѓа, како и до луѓето што менаџираат со овие адреси.

Македонија | пред 3 години

20180510_221611

Дојави за бомби во Скопје, МВР влезе во училиштата

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Имено, денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Скопје | пред 3 години

policija-bombi_0

МВР го ослободи уапсениот за лажните дојави за поставени бомби

Доцна синоќа извесниот Никола Николовски, осомничен од полицијата за серијата лажни дојави за поставени бомби во скопските училишта, е ослободен од МВР без никаква пријава.Ова го тврди Лидер, кој при тоа објави и фотографија за која тврди дека е од лицето со иницијали Н.Н.Според информациите, 23-годишникот манипулативно го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите за МВР евентуално да наседне.Скопјанецот бил десетина часа на распит во полиција, бил извршен и претрес во неговиот дом, по што тој е ослободен од понатамошно гонење од МВР.На инстаграм Наумовски бил познат под псевдонимот „Боемот“.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања