„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

бонди

media-libraryefgsr40572q25AHItJU

(Видео) „Видовме крв и илјадници луѓе како бегаат“: Сведоштва од хоророт во Сиднеј

Очевидци на масовното пукање што се случи во Сиднеј опишуваат сцени на хаос, паника и страв, додека илјадници луѓе во паника бегале од плажата Бонди. Нивните сведоштва откриваат потресни детали за моментите кога нормалната вечер се претворила во хорор.Лаклан Моран, 32-годишник од Мелбурн, изјави дека чекал членови од своето семејство кога ги слушнал првите истрели. Во раката држел пиво за својот брат, кое веднаш го фрлил кога сфатил што се случува. Вели дека по неколкуте истрели целосно се успаничил и почнал да бега, воден од чист инстинкт, трчајќи колку што можел побрзо. Според неговите зборови, пукањето продолжило со прекини околу пет минути.Грејс и нејзиниот партнер Џоел Сарџент, исто така од Мелбурн, во моментот на нападот се наоѓале во хотелска соба. Тие слушнале силни удари, а кога погледнале низ прозорецот виделе луѓе како врескаат, бегаат и се кријат. Грејс изјави дека звукот од истрелите бил неверојатно гласен и речиси непрекинат, додавајќи дека според нејзина проценка биле испукани повеќе од 50 куршуми.Ричард Хастен, кој присуствувал на настанот „Ханука покрај морето“, за австралиската телевизија АБЦ раскажа дека неговиот внук во тој момент си играл во детскиот агол и дека сè на почетокот изгледало сосема нормално. Кога започнало пукањето, легнал на земја, а пред него се наоѓала жена која крварела. Тој ја соблекол маицата за да се обиде да го запре крварењето, верувајќи дека куршумот ѝ ја закачил главата. Според неговите зборови, жената подоцна била стабилна.Зек Бејли за 9 News изјави дека тој и другите најпрво помислиле дека се работи за огномет. Плажата била преполна со луѓе, но како што „огнометите“ се множеле, сфатиле дека нешто не е во ред. Во еден момент виделе илјадници луѓе како трчаат во ист правец, по што тој и неговите пријатели се засолниле во внатрешност на објект и се заклучиле во тоалетите, чекајќи ситуацијата да биде ставена под контрола.Сведоштвата на очевидците ја отсликуваат длабочината на траумата и стравот што го обележаа овој напад, кој ја потресе австралиската јавност и остави силни последици кај оние што се нашле на местото на трагедијата.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryrp6pq1fhbfv11I4eg1S

(Видео) Голема храброст среде терор: Херојот од Бонди кој совлада напаѓач е еден од повредените на плажата во Сиднеј

Јавноста во Австралија и пошироко денеска го дозна идентитетот на човекот кој херојски се спротивстави на еден од вооружените напаѓачи за време на терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј. Станува збор за 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, жител на Сиднеј и сопственик на продавница за овошје во населбата Сатерленд, татко на две деца, кој без никакво искуство со оружје одлучил да интервенира и да спаси животи.Според информации објавени од австралиските медиуми, Ахмед бил погоден со два куршума за време на пресметката, а неговиот братучед Мустафа изјави дека тој се наоѓа во болница и дека бил подготвен за хируршка интервенција. „Не знаеме точно каква е внатрешната состојба, но се надеваме дека ќе биде добро. Тој е херој, сто проценти“, изјави Мустафа за телевизијата 7News.Видео-снимки кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога Ахмед, облечен во бела кошула, се крие зад автомобил на паркинг, на само неколку метри од вооружениот напаѓач. Во пауза меѓу истрелите, тој излегува од засолништето, трча меѓу возилата и го фаќа напаѓачот одзади во т.н. „хедлок“. По кратка, но жестока борба која траела неколку секунди, Ахмед успева да му ја одземе пушката, по што напаѓачот паѓа наназад и се повлекува кон блискиот мост, постојано вртејќи се наназад.На нови снимки може да се види Ахмед како седи на земја, додека присутните се обидуваат да му помогнат поради повредата на ногата. И покрај тоа што бил ранет, тој бил свесен и комуницирал со спасувачките екипи, а еден од граѓаните донел пешкир за да го запре крвавењето.Во истото видео се забележува и вториот напаѓач, кој се наоѓал на издигнат мост во близина, како разменува оган со полицијата и со гестикулации му сигнализира на разоружаниот напаѓач да му се придружи. Во хаосот што следел, Ахмед и уште еден маж остануваат приклечени до дрвото, по што неговиот придружник, според снимките, бил погоден. Неколку моменти подоцна, полицаец пристигнува од спротивната страна и го усмртува напаѓачот.Во нападот, загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и еден од напаѓачите, додека 29 лица се хоспитализирани. Нападот се случил во момент кога на плажата се одржувал настанот „Chanukah By The Sea“, во близина на детското игралиште, а истовремено и божиќните пазари во Бонди привлекле голем број посетители.Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека станува збор за пукање на јавно место извршено од двајца мажи, дека истрагата е во тек и дека на локацијата се пронајдени сомнителни предмети кои ги проверуваат специјализирани служби. Воспоставена е широка безбедносна зона, а полицијата апелира до граѓаните кои имаат снимки од мобилни телефони или камери во возилата да ги достават до Crime Stoppers.Од Општината Вејверли соопштија дека се длабоко потресени од настанот и изразија сочувство до сите погодени од нападот, нагласувајќи дека трагедијата се случила за време на прослава на еврејскиот празник Ханука. Во јавноста, Ахмед ал Ахмед веќе се смета за симбол на храброст и човечност во момент кога насилството го потресе срцето на една од најпознатите австралиски заедници.

Свет | пред 4 седмици

media-librarya51htd7auulb4uUxsp7

Идентификуван еден од напаѓачите во теророт на Бонди, премиерот зборува за „чин на зол антисемитизам“

Австралиските власти го објавија идентитетот на еден од напаѓачите вмешани во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј. Станува збор за 24-годишниот Навид Акрам, чие име и адреса се наведени во неговата возачка дозвола, според која тој живеел во Бонириг, предградие на Сиднеј. Истрагата за мотивите и можните соработници на напаѓачите е во тек, а безбедносните служби се обидуваат да утврдат дали постојат и други лица со слични намери.Директорот на австралиската безбедносно-разузнавачка агенција ASIO, Мајк Бургес, изјави дека најмалку еден од напаѓачите им бил познат на службите, но не бил третиран како непосредна закана. Тој нагласи дека во овој момент нема индикации за поширока мрежа или за лица кои подготвуваат слични напади, но дека истрагите се активни и детални. „Очигледно е дека мора да се испита што точно се случило и дали постоеле сигнали што не биле навреме препознаени“, изјави Бургес.Австралискиот премиер Ентони Албанезе на прес-конференција пукањето го оцени како чин на зол антисемитизам и тероризам кој го погодил срцето на нацијата. Тој истакна дека насилството ослободено во Бонди е надвор од секое поимање и дека болката и загубата со кои се соочуваат семејствата на жртвите се незамисливи. Албанезе им оддаде признание на граѓаните кои, како што рече, трчале кон опасноста за да им помогнат на другите, нагласувајќи дека нивната храброст спасила животи.Во меѓувреме, на социјалните мрежи кружи видео-снимка на која се гледа како цивил се соочува со еден од напаѓачите и му го одзема оружјето, сцена која дополнително ја нагласи драмата и херојството во моментите на хаос. Австралиските власти продолжуваат со истрагата и апелираат јавноста да остане смирена и да ги следи официјалните информации додека се расчистуваат сите аспекти на овој тежок напад.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryv8vvn61r5qpbbbb21qE

(Видео) Снимка од моментот на терористички напад на Бонди: Пронајден автомобил со експлозиви, бројот на жртви расте

Австралиската полиција официјално го прогласи масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј за терористички напад, откако истрагата откри дека покрај огненото оружје биле подготвени и импровизирани експлозивни направи. Комесарот на полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс, Мал Ланјон, потврди дека специјалната единица за деактивирање експлозиви интервенира на лице место, откако во близина на местото на нападот бил пронајден автомобил за кој постојат сериозни сомнежи дека содржи повеќе импровизирани експлозивни направи.Возилото било лоцирано на улицата Кембел Парад, недалеку од плажата Бонди, кратко по пукањето. „Нашата единица за отстранување експлозиви е на терен и постапува согласно протоколите. Станува збор за експерти кои ќе ја преземат соодветната акција“, изјави Ланјон, додавајќи дека засега е прерано да се соопштат детали за типот на оружјето што го користеле напаѓачите, освен дека се работи за т.н. долго оружје.Според најновите официјални податоци, најмалку 12 лица се убиени во нападот, додека 29 лица се пренесени во болници низ Сиднеј, меѓу кои и двајца полициски службеници. Дел од повредените се во сериозна состојба. Полицијата соопшти дека нападот се случил во момент кога на плажата имало над 1.000 луѓе, кои присуствувале на прослава по повод еврејскиот празник Ханука.Комесарот Ланјон изјави дека нападот официјално е прогласен за терористички акт во 21:36 часот по локално време, со што се активирани и посебни полициски овластувања. Дополнително, тој потврди дека истрагата сè уште трае и дека се разгледува можноста за постоење и на трет сторител. „Ги овластивме сите дополнителни мерки за да спречиме каква било понатамошна закана и да обезбедиме целосна безбедност“, изјави Ланјон.Австралија е во состојба на длабока тага и шок, додека безбедносните служби продолжуваат со интензивни активности, а јавноста е повикана строго да ги почитува упатствата на полицијата.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryjk1vj2aitvddcPehf9R

(Фото) Пукање на плажа во Сиднеј, снимени лицата кои пукале - илјадници луѓе се евакуираат

Полицијата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс интервенира по безбедносен инцидент на познатата плажа Бонди во Сиднеј и ги повика граѓаните итно да ја избегнуваат областа. Од полицијата соопштија дека сите лица кои се наоѓаат во близина треба да се засолнат во затворени простории, додека полициските екипи се на терен и ја обезбедуваат локацијата.Федералната влада на Австралија е информирана за случувањата, потврди портпарол на премиерот Ентони Албанезе, апелирајќи граѓаните строго да ги следат упатствата на полицијата на Нов Јужен Велс.Според официјалното соопштение на полицијата, две лица се уапсени на самата плажа Бонди, а операцијата сè уште е во тек. Поради тоа, останува на сила препораката јавноста да не се приближува кон местото на настанот.Австралиските медиуми јавуваат за вознемирувачки сцени. Националната телевизија АБЦ објави дека полицијата постапува по пријави за активен напаѓач на локацијата, додека „Сиднеј Морнинг Хералд“ пренесува информации за повеќекратни истрели, иако засега нема потврда дали има повредени. Весникот наведува дека жителите пријавиле голем број полициски возила во областа и лица кои лежеле на земја во близина на улицата Кембел Парада.Телевизијата 7News, пак, известува дека локалните жители слушнале пукање и виделе стотици луѓе како во паника бегаат од плажата. Повеќе детали се очекуваат откако полицијата ќе излезе со дополнителни информации.

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања