ЧАИР

Screenshot-2024-10-05-at-21.26.58

Познати деталите за вчерашното пукање во Чаир: 19-години има повредениот, неколку куршуми летале на улицата додека тој пешачел

Скопјанец на возраст од 19-години е лицето во кое беше пукано вчера во Чаир. Тој пред полицијата го посочил и лицето кое излегло од „пасат“ и пукало кон него, додека се движел пеш. На улицата „Цветан Димов“, не бил испукан еден, туку неколку куршуми.Повредениот бил опериран, но и натаму е на болничко лекување во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Осомниченото лице е со иницијали Б.Б., познат на полциијата, по кој се трага.Како што објавивме, неофицијално, причината за пукањето се должничко-доверителски односи.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

pozar-zgrada-cair-1

Крадци маскирани во пожарникари се обиделе да ускрадат злато и пари од опожарените станови

Две лица се приведени поради обид за кражба во зградата во која изби пожар во Чаир, соопштија од МВР.Според информациите, крадците се маскирале како пожарникари и успеале да влезат во некој од опожарените станови и украле злато и пари.Пожарот во зградата беше изгаснат утрото околу 9:30 часот, по цели .Во огнените јазици беа зафатени подрумските простории на објектот, а станарите беа евакуирани преку покривот на зградата со посебни скали на противпожарно возило. Поради вдишување чад, лекарска помош побараа 40-ина лица.

Скопје | пред 1 година

cair-pozar

Детали од МВР за пожарот во зградата во Чаир: избувнал среде ноќ, станари се симнувале преку кров

На 02.10.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на ул. „Серава“ во Скопје. На лице место биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје.Поради вдишување на чад, во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле повеќе лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник.Во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-19-at-22.10.47

(Видео) Навивачи на Чаир со боксови нападнаа играч на ТФТ – МВР е на потег!

Подготвителниот меч кој се играше во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат во финишот поради масовна тепачка.Инцидентот се случи на две минути до крајот на мечот кога по еден прекршок од страна на кошаркар на ТФТ имаше реакција на клупата на чаирчани. Тензијата се прелеа и во публиката до степен да дојде и до тепачка.Најдебелиот крај го извлече капитенот на ТФТ, Едис Нури кој беше нападнат од неколку навивачи на Чаир кои со боксови се пресметаа со кошаркарот. Инцидентот е пријавен во полиција.

Скопје | пред 1 година

pozar-kukja-cair

(Видео) Гори куќа во Чаир, лепенка до зграда на осум ката

Голем пожар избувна во куќа во Чаир, јавуваат жители за „Скопје1“. Според снимките кои ги имаме, цел кат во куќа е целосно опожарен со се кров, а во непосредна близина има и зграда на осум ката.Екипи на Противпожарната бригада веќе се обидуваат да го локализираат и изгаснат, за да спремат негово проширување на соседните објекти.Засега нема информации за повредени лица и причини за пожарот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Обид за убиство во Чаир: 25-годишник пукал кон пешак, кого претходно го испрскал поминувајќи во вир со автомобил, поради што се скарале

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 17 јули, во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и му се извинил само на сведокот, додека со оштетениот најпрвин започнал да се расправа, а потоа и физички размениле неколку удари.Осомничениот најпрво избегал, но потоа ги пречекал во близина на детската градинка “Фидани” и со пиштол испукал еден куршум кон оштетениот, нанесувајќи му огнострелна повреда во десната страна на градниот кош и оштетувајќи му неколку органи. Сторителот веднаш повторно се дал во бегство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а притворската мерка треба да се применува по неговото лишување од слобода. МВР постапува за пронаоѓање на осомничениот.

Скопје | пред 1 година

policija-policaec-35

Пукање во Чаир, еден повреден: тргнале да се смируваат, па почнало пукање

Син на сопственик на позната чајџилница има престрелна рана по вчерашното пукање, кое вчеравечер се случи во Чаир.Првичните неофицијални информации се дека оваа пресметка се врзува со обид за помирување на две семејства од кои едното е од Сингелиќ.Полицијата дознала за настанот по пријава на чаирчанец кој чул пукање на улицата „Дижонска“. Сведоци посочуваат дека на локацијата имало траги од крв.Последните информации за повредениот се дека тој е опериран и е во стабилна состојба.Деталите за лоцирање на убиецот се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-39-2180PM

„Ми го одзеде ковертот со пари пред да влезам во такси“ - грабеж во Чаир

На 15.07.2024 во СВР Скопје, И.Н.(57) од Скопје пријавила дека околу 11.15 часот пред продажен објект на подрачје на Чаир едно лице ѝ го одзело ковертот со дневниот промет од фирмата во која била вработена.Според пријавеното, друго машко лице, кое вршело достава на производи, му го одзело ковертот на сторителот пред да влезе во такси возило и ѝ го вратил со целата сума во него.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Жена го пријавила синот за исчезнат во полициската станица во Чаир

На 09.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Чаир В.Н.(68) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син И.Н.(48).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицетo.

Македонија | пред 1 година

IMG_5401.00_06_39_33222.Still012

Со развиорени албански знамиња и без ниедно македонско, променето името на улицата „Втора македонска бригада“ во Чаир

Ниту едно македонско знаме, ниту пак, говор на македонски јазик немаше на настанот за преименување на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир. Се редеа говори на сцената, a публиката развеа знамиња, но меѓу нив, ниту едно не беше македонско.На бимот позади говорниците имаше текст, кој исто така беше испишан на албански јазик. Настанот не изгледаше како да го организира општина туку наликуваше на митинг, а на него, присуствуваше и премиерот на Косово Албин Курти. Тој беше главна фаца на свеченоста.Албин Курти, денес е во неофицијална посета на Македонија. На овој настан заедно со него беа и Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами.Во обраќањето, Курти рече дека пред пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија.

Скопје | пред 2 години

20230803235227

(ФОТО) Жители на Чаир се жалат дека вработени во Комунална хигиена им ги искршиле кантите

Членовите на групата „Сакаме чист Чаир“, објавија реакција на работењето на вработените во ЈП Комунална хигиена -Скопје.Како што пишуваат во групата, работниците при собирањето на ѓубрето од кантите, воопшто не внимаваат на нив и како последица на тоа им ги оштетуваат.

Скопје | пред 2 години

zena-na-elektricen-trotinet

Арачиновец со БМВ прегази две деца на тротинет во Чаир

Возач од Арачиново со своето возило „бмв“ удрил во две деца кои се возеле на тротинет во Чаир, при што едното се здобило со тешки телесно повреди, информира денес МВР.- На 12.07.2023 во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Струмичка“, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(29) од с.Арачиново, скопско, удрило во тротинет, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза, објави полицијата.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

359857029_577961974493535_1654013438682469641_n

Паркот Украина, преименуван во Парк АСНОМ

Денеска Црвена младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на Народните херои кој беше именуван како Украина, го преименувавме во Парк АСНОМ, соопшти младината организирана во рамки на партијата Левица.„Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти, оставаме да судите вие. АСНОМ жвее! Ќе победиме“, велат од Црвена младина.

Македонија | пред 2 години

20230713112913

„Левица“ ја промени таблата на паркот „Украина“, градоначалникот на Чаир објави дека е вандализирана

Паркот во Чаир во кој се наоѓаа бистите и спомениците на македонските партизани и учесници во НОБ, пред извесно време беше преименуван во „Парк Украина“, а на овој чин присуствуваа градоначалникот Висар Ганиу и амбасадорката на Украина Лариса Дир.Црвената Младина, подмладокот на „Левица“, објави дека некогашниот парк на народните херои го преименувал од „Украина“ во „АСНОМ“.Веднаш потоа се јави и градоначалникот на Чаир, кој пак објави дека таблата е вандализирана, случајот е пријавен во полиција, додека сторителите на инцидентот не се познати.„Општината Чаир и јас како нејзин претседавач најостро го осудуваме чинот на вандализирање на таблата со името Парк Украина што се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект. Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот Украина, кој го промовиравме пред неколку недели заедно со Украинската амбасада во земјава. Предметниот случај веќе го пријавивме до органите на прогонот и бараме што поскоро да се откријат сторителите и да ја добијат заслужената казна“, напиша Ганиу.

Скопје | пред 2 години

prestrelka-dui-2-960x503-1

МВР со детали за пукањето во Чаир: Кој е убиен, а кој пукал

На 25.04.2022 околу 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Браќа Реџепагиќ“ две лица пукале со автоматско оружје. Од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22.20 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје. Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања