ЧАИР

WhatsApp-Image-2025-07-21-at-19.28.59_2052bd38

Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир: „На Чаир му се потребни вистински, длабоки и човечки промени“

Бујар Османи денеска ја објави својата кандидатура за градоначалник на Општина Чаир, нагласувајќи дека одлуката е резултат на долги консултации и сериозно преиспитување, направени заедно со неговите најблиски соработници и пријатели.„Не станува збор за функција. Тие што ме познаваат, знаат дека сè што правам, го правам искрено и целосно, без задршки. Оваа одлука ја носам од чувство на одговорност кон сопствениот дом“, рече Османи.Тој истакна дека граѓаните на Чаир не заслужуваат да живеат во супстандардни и небезбедни услови, ниту пак да бидат игнорирани и омаловажувани. Кандидатурата, како што вели, е посветена на луѓето од Чаир, неговите соседи и иднината на нивните деца.„Го прифаќам предизвикот затоа што како што пораснав јас во Чаир, така сакам да растат и Мал, и Елиза, и малиот Луан – и нивните другарчиња. На Чаир му се потребни промени – вистински, длабоки и човечки“, потенцира Османи.Тој признава дека промените нема да бидат лесни, но верува дека со чесна намера, секојдневна работа и професионален пристап, Чаир може да се трансформира.„Можеме да го вратиме достоинството и да отвориме нова страница – со врата што никогаш нема да биде затворена за граѓаните“, порача кандидатот.На крајот, тој упати благодарност до сите кои му ја изразиле поддршката:„Од денес тргнувам во овој предизвик. Ви благодарам за довербата.“

Скопје | пред 6 месеци

MixCollage-14-Jul-2025-02-56-PM-2698

Неофицијално: Села за Струга, Таравари се враќа дома – ќе се бори за Гостивар, Бујар Османи кандидат за Чаир

Во рамки на договорот за распределба на градоначалнички кандидати во коалицијата „Европски фронт“, неофицијално дознаваме дека Зијадин Села ќе влезе во трката за Струга, додека Арбен Таравари, по пауза од еден мандат, се враќа во битката за Гостивар, каде веќе претходно беше градоначалник.Поранешниот министер за надворешни работи, инаку по професија лекар – хирург, Бујар Османи ќе се кандидира за Чаир, а како што дознаваме, коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга.Партијата на Села ќе има кандидати и во Дебар, каде во игра е Тирон Јајага, како и во Арачиново со Дритон Небиу.ДУИ пак ќе настапи со свои кандидати во повеќе општини: Еркан Арифи за Липково, Бајрам Реџепи за Тетово, Бесник Емшиу за Боговиње, Емир Сулејман за Желино, Аркин Јахији за Брвеница, Суат Шакири за Чашка и Алија Јаоски за Пласница.Таравари и неговата политичка структура ќе настапат и во Врапчиште, каде ќе го поддржат Исен Шабани, како и во општина Сарај со кандидатот Блерант Рамадани.Официјална потврда од коалицијата засега нема, но очекувањата се дека договорот наскоро ќе биде обелоденет.You said:

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Уапсен возач на камион по тешка сообраќајка во Чаир

Возач на товарно возило е приведен откако предизвикал тешка сообраќајна несреќа на улицата „Ќемал Сејфула“ во скопската населба Чаир, во која со тешки повреди се здобил возач на мопед.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата се случила во понеделникот, на 30 јуни, околу 14:40 часот, кога се судриле товарен „мерцедес“ со скопски таблички, управуван од 29-годишниот Е.П. од Косово, и мопед, управуван од 32-годишниот скопјанец Ф.А.Возачот на мопедот со тешки телесни повреди бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана медицинска помош.Полицијата извршила увид на местото на настанот, а возачот на товарното возило е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-06-at-20.38.31

„Возила се заглавени, паркот е поплавен“, проблеми во Чаир по невремето

„Преку бројот за итни повици 112 е добиена пријава за поплавена улица на булеварот „Македонска Косовска Бригада“ во Општина Чаир. Неколку возила се заглавени, а паркот во близина е исто така поплавен“, велат од ЦУК и додаваат: Дополнително, пристигната е пријава за навалена бандера од уличното осветлување на улицата „Народни Херои“ кај Мечкаров, во Општина Кисела Вода. За двете состојби се известени надлежните служби, кои ќе преземат соодветни мерки во рамки на своите надлежности. Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите надлежни служби за ефикасно справување со настанатите ситуации. ЦУК апелира до граѓаните да ги пријавуваат сите животозагрозувачки ситуации на бројот за итни случаи 112.„ЦУК преку бројот за итни повици 112 прими пријава дека на бул. „Никола Карев“ кај Бит Пазар, под Стоковна куќа Мост, има приближно 50 см вода. Целиот булевар е блокиран, а повеќе возила се заглавени. Дополнително, пријавено е дека на ул. „Петар Манџуков“ во населба Бутел улиците се поплавени, шахтите се запушени и водата не се повлекува. Надлежните служби се известени и ќе преземат соодветни мерки во рамки на својата надлежност“, додаваат оттаму.

Скопје | пред 7 месеци

rabotnik-gradezen-

(Видео) Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир, вели СДСМ

„Урбаната мафија не спие ниту за викенди“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје и додава:Наместо да се бара одговорност и да се спречат сите компромитирачки дејствија во врска со 150 дивоградби во Чаир, ситуацијата добива нови размери, а мрежата на инволиврани во овој мега скандал се проширува.Последните информации покажуваат фрапантни работи.Катастарот за недвижнини донел решение со кое ги избришал претходно впишаните нелегални „легализации“ за над 150 дивоградби во Чаир, за кои од јавноста дознавме дека биле впишани во Катастарот врз основа на фалсификувани документи.Според информации, доставени до нас од свиркачи, Катастарот донел решение за бришење на решение за впишување на објект, по барање, кое било доставено на 2.мај 2025 година, а архивирано на 25. мај 2025 година.За да биде ситуацијата уште потрагична, општина Чаир носи документ дека на локацијата каде што е изградена зградата било предвидено изградба на улица, но и покрај тоа на тоа место се изградила зграда. Ова решение на општина Чаир потоа исчезнало во општинските лавиринти.Прашуваме, дали во оваа спрега на урбаната мафија е инволвиран и директорот на Катастарот Иван Живковски?Живковски претходно беше претседател на Советот на општина Кисела Вода и претседател на. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кисела Вода.Каква корист имаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од 150 дивоградби во Чаир?Зошто од ВМРО-ДПМНЕ ги штитат подобните од нивниот коалициски партнер ВЛЕН?Недозволиво е институциите да молчат и да го покриваат криминалот на урбаната мафија.ВМРО-ДПМНЕ ветуваше де-ДУИзација, само за да ја промени со ВЛЕН-изација.СДСМ бара институционална разврска за овој мега скандал.Како советничка група во Советот поднесовме и барање за свикување на седница на Советот на Град Скопје.Советот има обврска за вака важно прашање да дискутира, да видиме дали и во други општини под власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ има вакви криминали со дивоградби. Недозволиво е членовите на Советот за вакви прашања да дознава од медиумите.Ги повикуваме сите советници да го поддржат нашето барање. Да покажат одговорност и да ги надминат политичките игри.Граѓаните го бараат тоа од нас, од сите членови на Советот кои со својот глас во Советот одлучуваат за нивните судбини.?feature=shared

Скопје | пред 8 месеци

vandaliziran-avtobus

(Фото) Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово на кошаркарскиот натпревар: Ситуацијата ескалираше надвор од паркетот

Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030 помина со низа инциденти во салата. Навивачите на Куманово беа избркани од салата поради навредите на национална основа кон гостите од Чаир. Прекинот на мечот траече 40 минути, а за тоа време, полицијата ги бркаше најжестоките фанови на домаќините.Чаирчани преку соопштение се пожалија за тоа што го доживеаа во Куманово и побараа реакција од надлежните.„Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 вчера го одигра својот следен натпревар во рамките на Првата лига на Република Македонија против домаќинот, КК Куманово. Натпреварот се одвиваше во исклучително тензична атмосфера, при што за жал се слушнаа навреди и омаловажувања на етничка основа, што е апсолутно неприфатливо во која било сфера, а особено во спортот. Како резултат на навредите и пцовките на етничка основа, делегатот нареди веднаш празнење на салата. Покрај недостигот на соодветна организација од страна на домаќинот – вклучително и технички проблеми со семафорот и осветлувањето – ситуацијата ескалираше надвор од паркетот. По завршувањето на натпреварот, навивачи на домашниот тим се обидоа да го вандализираат автобусот на нашиот клуб, оставајќи и натписи со националистичка и навредлива содржина. КК Чаир 2030 најостро го осудува ова срамно и антидржавно однесување. Спортот треба да биде место на почит, здраво ривалство и обединување, а не омраза и вандализам. Апелираме до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и да го истражат овој инцидент, за ваквите појави да не се повторат во нашите спортски арени“, реагира Чаир 2030.

Спорт | пред 10 месеци

Habib-Bunaku-960x573-1

За убиството на Буњаку во Чаир: Две лица ги криеле пиштолите, по тројца се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.На критичниот ден, на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент.Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-06-at-09.01.01

(Видео) Такси-возило се запали во Чаир

Такси-возило вечравечер се запали во Чаир, а итната реакција на Противпожарната бригада спречи поголема катастрофа.Засега непознати се причините за пожарот во такси возилото.Подетални информации чекаме од МВР.

Скопје | пред 1 година

parkin-poliklinika-1-1170x527-1

Земјиште на поликлиника „Битпазар“ стана „див“ паркинг каде скопјанец си наплаќал карти

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.CategoriesСоопштенија

Скопје | пред 1 година

pukanje-cair

Едно лице повредено: ново пукање во Чаир

Едно лице е повредено во пукање кое денеска се случи во скопската населба Чаир. Лицето е пренесено во една од скопските болници на лекување, а неговата состојба засега не е позната. Пукањето се случило во близина на чаирскиот стадион.„Денеска (02.12.2024) од ГОБ “Св.Наум Охридски” во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. “Кемал Сејфула” во Скопје“, велат од МВР..Полицијата е веќе на терен и собира информации, а се гледаат и камерите од „Сејф сити“ за да се дојде до информации за сите кои учствувале во инцидентот.„Пукањето се случило во близина на чаирскиот стадион“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 година

208629925_2853807214947928_6912460377458792794_n

Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште - Ганиу продолжува по стапките на Меџити, обвинува Левица

„Во официјално најгусто населената општина во Европа - Чаир, јавниот простор забрзано се узурпира од страна на урбанистичката мафија, со амин и на актуелната власт. И новата коалиција, составена од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ, ги штити моќниците во Чаир по примерот на владеењето на Изет Меџити, кој самиот призна дека како градоначалник незаконски, со антидатирање, легализирал дивоградби!“, обвинува Левица и додава:Левица за јаноста открива нов скандал со дивоградба во општина Чаир, каде на државен имот и без одобрение за градба, фирмата „МАС КОНСТРУКЦИОН” ДОО Скопје, интензивно врши незаконски градежни активности наспроти стадионот во Чаир, додека надлежните институции не постапуваат. Иако група граѓани поднесоа барање за инспекциски надзор до овластениот градежен инспектор во општина Чаир, бидејќи инвеститорот работи без одобрение за градба, речиси два месеци нема никаква реакција по поднесеното барање. Дополнително, за ваквото флагрантно вршење кривични дела, поднесена е и КРИВИЧНА пријава до Основното јавно обвинителство, кое повеќе од три месеци не постапува, со што се пречекорени сите законски рокови за постапување, додека на местото речиси е “никната” новата зграда.Потсетуваме дека дивиот инвеститор во Чаир врши две кривични дела: Бесправно градење и Узурпација на недвижности, казниви по член 244-а и 225 од Кривичниот законик. Иако сите надлежни институции, вклучително и градоначалникот Висар Ганиу, се информирани за ваквото урбанистичко дивеење, нивното непостапување потврдува само едно - дека се работи за криминал заштитен од највисоките ешалони на власта во општината со која владее коалициониот партнер на Мицкоски, ВРЕДИ.Јавно прашуваме, дали Изет Меџити ја доби вицепремиерската функција во новата влада со единствена цел - градежните моќници да продолжат да дивеат во општината со која тој владееше 12 години? Дали ДПМНЕ и Мицкоски се обврзале пред коалиционите партнери дека нема да се “мешаат” во општините и ресорите кои се под контрола на ВРЕДИ, па оттаму власта го штити криминалот кој узурпира државно земјиште во центарот на Скопје?!Токму општина Чаир стана рекордер по дивоградби додека градоначалник беше Изет Меџити,а истата пракса продолжува и со актуелниот градоначалник Висар Ганиу, овој пат под покровителство на ДПМНЕ. Очигледно е дека ветувањата за расчистување со криминалот и воспоставување владеење на право и правда беа само празни ветувања на ДПМНЕ, кои продолжуваат онаму каде што застана режимот на СДС и ДУИ.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Пукање во Чаир

Пукање вечерва во скопската населба Чаир, дознава ТВ21.Според сегашните информации, едно лице е рането и е пренесено на укажување лекарска помош во Градската болница.За само неколку денови, ова е второ пукање откако претходно во престрелка во истата населба Чаир беше повреден 19-годишен скопјанец.

Македонија | пред 1 година

IMG_4224

Запалено возило во Чаир, зафатени и други возила

На 12.10.2024 во 02.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје. Од пожарот биле зафатени и две други возила, „опел “ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје.Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за против пожарна Скопје, а повредени лица нема.Увид бил извршен.

Скопје | пред 1 година

chair-pozar-2-960x541-1

По девет дена почна увид во опожарената зграда во Чаир: Се обезбедува пристап, а станарите ќе присуствуваат

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата “Прохор Пчињски” во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории, а беше изгаснат по 30 часа.„Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините.Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази“ велат од Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-07-at-19.38.59

(Видео) Снимка од моментот кога се запали зградата во Чаир

Снимка од надзорните камери објави ТВ21 и таа покажува како избил пожарот во зградата во населбата Чаир. Сепак, не може да се види дали пожарот е подметнат.Жителите велат дека е во прашање невнимание, односно дека некој од станарите можеби фрлил цигара и запалил хартии и кеси во близина на подрумот. Пожарот гореше повеќе од 30 часа. 

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања