ЧАИР

izet

Меџити го промовира носителот на советничката листа во Чаир – докторот и граѓански активист Мухамед Муртези

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го претстави името на носителот на листата за Општинскиот совет. Станува збор за докторот и долгогодишен активист од граѓанскиот сектор, Мухамед Муртези, кој за првпат се вклучува во партиско-политичка дејност.Во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи, Меџити нагласи дека ВЛЕН ја избрала вистинската личност за носител на листата на советници. „Денес сакам да го претставам носителот на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир – докторот, интелектуалецот, активистот на граѓанското општество и човек со високи вредности, Мухамед Муртези. Заедно кон големата победа. Само за тебе, Чаир,“ напиша Меџити.Кој е Мухамед Муртези?Муртези е роден и израснат во Скопје. Медицинските студии ги завршил на Универзитетот во Приштина, а магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет, насока „Европски студии за интеграција“. Од 1991 година е активен дел од граѓанското општество, каде што извршувал повеќе функции, меѓу кои претседател на Сојузот на исламска младина, претседател на Здружението на албански издавачи и директор на Центарот за разбирање и институционална соработка. Воедно, бил главен и одговорен уредник на едукативно-културното списание „Вепра“ и главен уредник на меѓународното научно списание „Centrum“. Тој е коосновач и директор на издавачката куќа „Фуркан ИСМ“.Сега, за првпат влегува во политичка борба како носител на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир и како кандидат за претседател на Советот.„Нашата визија, заедно со идниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, е да изградиме еден поубав, почист и побезбеден Чаир. Сакаме да создадеме услови за поквалитетно образование и наука, поразвиена култура и спорт и подобар и подостоинствен живот за сите жители. Жителите на Чаир го заслужуваат тоа, а јас сум уверен дека со добра волја, искрена посветеност и чесна работа, оваа цел е остварлива. Затоа бараме ваша поддршка на 19 октомври – за нашиот Чаир,“ изјави Муртези.

Скопје | пред 5 месеци

izet-medziti-1-im

Меџити гo објави мотото за локалните избори - се мтивирал од рок бенд

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за претстојните локални избори – „Само за ТЕБЕ Чаир“. Меџити нагласи дека ова не е само изборен слоган, туку искрена посветеност која ја претставува неговата визија и идната работа како градоначалник на општината.На средба со Форумот на жени на ВЛЕН, тој потсети дека Чаир отсекогаш имал значајна улога во општествените, политичките, образовните и културните процеси кај Албанците во Македонија и пошироко. „Ќе го дадеме целото наше битие, целото наше знаење, целото искуство и потенцијал во функција само за Чаир и неговите граѓани,“ истакна Меџити.Инспирацијата за мотото, како што беше посочено, доаѓа од песната „Само за тебе“ на рок-бендот Telex, кој потекнува токму од Чаир, што слоганот го прави уште посимболичен за локалната заедница.

Скопје | пред 5 месеци

IMG_1271

(Фото) Меџити на турнир во Counter Strike 2 пред Скендербег

Во Чаир, пред споменикот на Скендербег, се одржа голем турнир во Counter Strike 2, настан кој привлече бројна млада публика.Првиот заменик премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека турнирот е многу повеќе од забава, оценувајќи го како силен сигнал за потенцијалот на младите во областа на електронските спортови.„Е-спортовите веќе не се само игра, тие се страст, професија и голема можност за меѓународна афирмација. Овој турнир, организиран на барање на младите, е само првиот чекор кон формирање на првиот клуб за електронски спортови во Чаир – клуб кој ќе биде прибежиште за таленти и референтна точка за сите што се воодушевени од е-спортовите,“ изјави Меџити.Тој додаде дека поддршката од Општината за младите нема да изостане и потсети дека голем број таленти од Чаир веќе имаат успеси на меѓународната сцена. Со отворањето на клубот тие ќе добијат нови можности да го претставуваат Чаир и Македонија на светско ниво.„Ние сме со младите и за младите. Чаир е дијамант, а овој дијамант свети со енергијата на нашата младина. Со клубот CS 2.0, Чаир станува епицентар на младинската иновација во е-спортовите,“ нагласи Меџити.Настанот беше претставен како почеток на едно ново поглавје за младите во Чаир – поглавје во кое традицијата и историјата се испреплетуваат со иднината и модерните визии, а општината се афирмира како центар на младинскиот развој во регионот.

Скопје | пред 5 месеци

borel-2

Борел: Европа го познава Бујар Османи како лидер кој испорача резултати

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ преку видео порака го оцени во највисоки суперлативи кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција за општина Чаир, Бујар Османи- неговото лидерство и посветеност.Обраќајќи им се на жителите на Чаир, Борел истакна дека е многу задоволен што имал можност да соработува со Османи.“Големо задоволство е за мене да говорам за човек со кој тесно соработував повеќе години. Како министер за надворешни работи на Северна Македонија и како претседавач на ОБСЕ, тој покажа лидерство, визија и длабока посветеност кон дијалогот и соработката”, рече Борел.Во својата порака Борел потенцира дека бил особено импресиониран од способноста на поранешниот шеф на дипломатијата Османи да слуша, да гради мостови и да наоѓа решенија. Особини кои, според Борел, се клучни не само во дипломатијата, туку и во локалното управување.“Знам колку силно верува тој во спроведувањето на ветувањата на Европа на локално ниво. Неговото искуство со европските институции ќе му помогне на Чаир да има корист од европските фондови и можности, за подобра инфраструктура, подобар образовен систем, повеќе работни места и подобри услуги”, истакна Борел.Тој потсети дека Европа познава Османи за лидер кој реализира.“Верувам дека жителите на Чаир ќе го препознаат како градоначалник кој слуша, кој обединува и кој носи напредок за секој жител. Го подигна гласот на својот народ на меѓународната сцена. Сега си подготвен да ја донесеш истата посветеност на улиците и во населбите на Чаир. Поздрав од Сантандер и ти посакувам успех во оваа важна мисија”, заклучи Борел.

Скопје | пред 5 месеци

DSC_0683

Хигиеничар повреден при работа во Поликлиника Чаир

Шеесетгодишен скопјанец завршил во болница, откако се повредил извршувајќи работни задачи како хигиеничар во Поликлиника Чаир. За случајот е известен трудов инспектор.На 24.8.2025 во 11:57 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ф.Б.(60) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работи задачи како хигиеничар во Поликлиника Чаир. За настанот бил известен трудов инспектор.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 5 месеци

bujar-osmani

Османи гледа бетонска џунгла во Чаир, општина во која ДУИ победува на избори повеќе од деценија

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи од ДУИ, денеска го претстави системот „Градежна стража“ како дел од својата програма против урбаниот хаос и нелегалното градење. Иако зборува за „бетонска џунгла“ и политичка заштита на дивоградби, критичарите потсетуваат дека токму ДУИ повеќе од една деценија ја контролира општината, па одговорноста за хаосот кој денес Османи го осудува е во голема мера нивна.„Во Чаир одамна е изгубено чувството за ред и поредок во градењето. Се гради без дозвола и без план, и тоа директно поддржано од општинските власти. Граѓаните гледаат како нивната општина се претвора во бетонска џунгла. Овој урбан хаос нема да продолжи“, порача Османи.Најавениот систем предвидува јавна интерактивна мапа за градбите, анонимни пријави за сомнителни градби, QR-кодови на секое градилиште, „црвена линија“ за пријавување на корупција и целосна ревизија на сите дозволи. Но, иако овие мерки звучат како иновација, останува прашањето зошто партијата на Османи не ги спровела досега – кога токму таа ја имала власта и институциите под своја контрола.„Градежниот криминал не се решава со изјави, туку со механизми на контрола и транспарентност. Овие алатки се мојот одговор“, рече Османи, но токму граѓаните кои секојдневно се соочуваат со дивоградби и хаотичен урбанизам најмногу се сомневаат дека ваквите ветувања ќе останат само предизборна реторика.ДУИ досега секогаш победувала во Чаир и редовно ја користела таа доминација за да управува со општината. Прашањето е дали жителите овој пат ќе ѝ веруваат на нови ветувања, или ќе ја казнат партијата која има најголем удел во создавањето на проблемите што сега сака да ги решава.

Скопје | пред 5 месеци

MixCollage-19-Aug-2025-12-01-PM-8372

Меџити и Османи во трка кој ќе ангажира попознат архитект, секој со своја визија за нов изглед на Чаир

Изборната трка во Чаир добива нова димензија – кандидатите за градоначалници најавуваат соработка со светски и регионални имиња од областа на урбанизмот и архитектурата, со цел општината да добие современ и функционален лик.Кандидатот на „Алтернатива“, Изет Меџити, во својот тим го вклучи урбанистот Бајрам Вардар, скопјанец кој оставил силен белег врз турските мегаполиси Истанбул и Бурса. Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога тој го водеше Истанбул, а подоцна ја извршуваше функцијата главен урбанист на Бурса. Меџити најави изработка на мастер план за Чаир, што ќе се креира во консултација со жителите и ќе има конкретна стратегија за имплементација.– Чаир има предизвици слични на оние што сме ги гледале во Истанбул или Барселона. Наша цел е да изработиме план за иднината на општината кој ќе биде основа за нејзина модерна трансформација – изјави Меџити при претставувањето на Вардар.Од другата страна, кандидатот Бујар Османи најави соработка со мексиканскиот архитект Мишел Ројкинд, светски познат по тоа што ја спојува архитектурата со социјалната и културната димензија. Неговото студио „Rojkind Arquitectos“ е избрано од магазинот „Форбс“ меѓу десетте најиновативни во светот, а самиот Ројкинд е добитник на бројни меѓународни признанија, меѓу кои и наградата „Emerging Voices“ на Архитектонската лига на Њујорк.Ројкинд стана глобално познат по проектот „Nestlé Chocolate Museum“ во Толука, футуристичка структура која освои награди и беше номинирана за „British Museum Award“. Престижни медиуми како „Њујорк Тајмс“ го вброија меѓу имињата што ја обликуваат иднината на современата архитектура.

Скопје | пред 5 месеци

bujar-gb

Бујар Османи со „Граѓанско око“ против корупцијата во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, најави дека по промената на власта на 19 октомври ќе стави крај на корупцијата и непотизмот во општината. Тој го претстави пакетот антикорупциски мерки „Граѓанско око“, со кои ветува целосна транспарентност, јавен увид во тендери и буџетот, независен мониторинг и контрола со вештачка интелигенција.-Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија. Корупцијата и непотизмот го задушуваат развојот, а општината е узурпирана од оние кои ја водат. Наместо да им служат на граѓаните, тие работат за свои интереси„ - истакна кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи.„Денес сум тука да дадам збор дека тоа завршува по промената на власта на 19 октомври. Од најнетранспарентна, Општина, Чаир ќе биде во првите пет општини по транспарентност,“ порача Османи.Тој истакна дека празните зборови им ги остава на неговите политички противници, а дека тој самиот ќе докаже со дела. За таа цел го претстави новиот сет механизми за борба против корупција и заштита на јавниот интерес под името „Граѓанско око“.„Овој сет вклучува четири нови решенија што досега не ги вовела ниту една општина. Не е доволно само да се има желба, потребни се и јасни механизми„ Четирите механизми кои го сочинуваат „Граѓанското око“ се:Јавно отворање на тендерите - Секое отворање на понуди за јавни набавки ќе биде јавно, со пренос во живо и снимка достапна на интернет. Ова е дозволено со законото за јавни набавки до одредена фаза на постапката.Во текот на целата постапка, ќе се спроведува независен мониторинг од НВО и експерти за антикорупција во процесот на избор на најповолен понудувач кај поголемите тендери, за да се обезбеди фер и законска постапка.“Јавна каса” - Онлајн следење на сметките, приходите и исплатите на општината, преку едноставна алатка со која граѓаните во секое време ќе можат да знаат за што се трошат нивните пари.“AI контрола” - Постепено воведување на автоматизација на проверките со алатки за вештачка интелигенција, кои ќе ја елиминираат човечката пристрасност и ќе алармираат доколку нешто не е во согласност со законот.„Со овие конкретни и ефикасни механизми ќе обезбедиме вистинска транспарентност и ќе ја заштитиме општината од корупција. Тоа е мојата заложба до граѓаните на Чаир,“ нагласи Османи.

Скопје | пред 5 месеци

DSC_1591-2

Бујар Османи ќе се фокусира на спортот - ја претстави програмата за Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вчера пред спортистите и спортските работници во Чаир ја претстави својота сеопфатна програма за развој на спортот, изготвена врз основа на детални анализи и препораки од домашни и меѓународни експерти.Анализата откри сериозни недостатоци во спортот во Чаир: недостиг на развојна стратегија, нефункционални сали и спортски игралишта, нетранспарентно користење на постојната инфраструктура, ограничен пристап за маргинализираните групи, жените и повозрасните лица, како и речиси целосно отсуство на натпревари и организирани активности за младите.Османи најави дека приоритет во првите две години ќе биде целосната ревитализација на постојните спортски објекти. Спортските сали „Енвер Идризи“ во Серово, „Васил Главинов“ на Џон Кенеди, „Имри Елез“ во Дижон и „Лирија“ во Гази Баба ќе бидат целосно реновирани - од покривите и осветлувањето, до соблекувалните и санитарните простории.Ќе се легализираат и реконструираат салите „Шабан Трстена“ и „Партизан“, при што „Партизан“ ќе се претвори во современ мултифункционален спортски центар кој ќе го носи името на легендарниот олимписки шампион Шабан Сејдиу. Исто така, ќе се изгради нова спортска сала во едно училиште кое досега немало таков објект, а таа ќе го носи името на познатиот боксер Азис Салиу.Програмата предвидува и создавање нови отворени спортски игралишта во Гази Баба, Серово и Топанско поле, како и уредување на парковите и училишните дворови со спортско-рекреативни содржини. Ќе се обезбедат програми и пристапна инфраструктура за лицата со попреченост, како и активности прилагодени за жените и постарите лица.Младите талентирани спортисти од Чаир ќе добијат стипендии и финансиска поддршка за подготовка и учество на меѓународни натпревари, а спортските клубови ќе имаат можност да аплицираат за општински средства и техничка помош за аплицирање во европските фондови. Османи, исто така, најави основање на гимнастички, атлетски и џудо клуб - спортови кои досега недостасувале во Чаир.Во образованието, училиштата ќе се специјализираат според спортовите, на пример, „Лирија“ за борење, „Шабан Трстена“ за кошарка, „7 Март“ за ракомет, „Исмаил Ќемали“ за одбојка, „Имри Елез“ за карате, без исклучување на другите дисциплини. Учениците ќе имаат 3 часа физичко образование неделно, плус 2 часа воннаставни активности, со наставници субвенционирани од општината.Ќе се организираат: „Недела на спортот“, училишна спортска лига, турнири и мала општинска олимпијада за поттикнување на натпреварувачкиот дух. Османи предвидува и основање Центар за истражувања во спортот, кој ќе ја интегрира науката, физичкото образование и здравјето, со цел позитивно да влијае врз социјалниот развој преку спортот. Во рамки на програмата се вклучени и обуки за младите за алпинизам, кампување и активности во природа.Бујар Османи посебно го нагласи значењето на проектот за помош на спортските клубови при аплицирање за европски фондови: обуки и работилници за запознавање со програмите за финансирање, критериумите и роковите за аплицирање; техничка асистенција при подготовка на проектни предлози, буџети и потребната документација; посредување за меѓународни партнерства со клубови и спортски организации од земјите на ЕУ за развој на заеднички проекти.„Ова не е само список на проекти, туку стратегија со јасна визија - Чаир да стане пример за современа, достапна и сеопфатна спортска средина, каде секое дете и секој граѓанин има можност за активен и здрав живот,“ нагласи Османи, додавајќи дека програмата дополнително ќе се разработува во консултација со граѓаните и спортските работници.

Скопје | пред 5 месеци

bujar-osmani

„Бујар Османи е 20 години на функции без проекти за Чаир“ - Вреди порачува, „Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава“

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“.„Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите на општината во изминатите 20 години. Секогаш бил присутен само кога имал личен политички интерес,“ стои во соопштението.Во него се додава дека Османи не придонел ниту за други албански општини. „Фактите се јасни: беше осомничен во предметот ‘Пациент’ и доби амнестија за незаконски набавки. Треба да одговори кому му должи за таа амнестија. Како министер за здравство има повеќе негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за незаконско трошење милионски суми. Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ без соодветна документација, а заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и на српските казина во земјава,“ наведува „Вреди“.Во соопштението се истакнува дека Чаир не заслужува кандидат кој две децении живее од политички функции, без работа за граѓаните. „На 19 октомври Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава, а не политичар кој се појавува само за да си ја пополни биографијата. Османи нека објасни зошто, иако целата своја кариера бил министер, не обезбеди ниту еден проект за албанските општини и не придонесе за изградба на улици, булевари, градинки или училишта во Чаир и западниот дел на државата,“ се вели во реакцијата.

Скопје | пред 5 месеци

208629925_2853807214947928_6912460377458792794_n

Чаир не смее да се врати во рацете на човекот кој за 20 години ја претвори општината во приватна фирма за лично богатење, вели ДУИ

„Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Изет Меџити и неговиот послушник Висар Ганиу“, велат од ДУИ и додаваат:Знаат дека за време на нивните мандати, општината стана синоним за криминал, корупција и целосен хаос.Знаат дека наместо да живее меѓу луѓето за кои наводно се грижи, тој удобно живее во Бутел, а Чаир го гледа само како поле за лични бизниси и брзи пари.Меџити треба да одговори колку милиони евра влегле во нивните џебови од оваа корупција со градењето на диво?И дали со тие пари Меџити планира да се обиде да прави поткуп за изборите што секако нема да го спаси.Меџити на овие избори не се бори за чаир и граѓаните туку за својот сопствен бизнис интерес.Ако имаше интерес за граѓаните во изминатите 20 години ќе направеше нешто.За време на неговото владеење, од дивоградби и сомнителни легализации криминално беа украдени 225 милиони евра.Ниту еден голем инфраструктурен проект, ниту едно трајно решение за проблемите на граѓаните – само згради, бизниси и договори за неговата мрежа на луѓе.Затоа Меџитит знае дека нема поддршка од Албанците и мора понижено да ја бара раката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Седнат во скут на Мицкоски, се надева дека со платената пропаганда на вмровските портали ќе го спасат од пораз.Но Чаир не заборава, а чаирчани нема да дозоволат со парите стекнати преку криминал Изет да го поништи нивниот глас. Ни со украдените милиони нема да ја избрише вистината за неговите 20 години уништување на општината.Граѓаните на Чаир заслужуваат да живеат во општина без хаос, без корупција и без луѓе кои ја гледаат општината само како банкомат за лични интереси. На 19 октомври, време е за крај на ерата на дивоградби, криминал и уцени.

Македонија | пред 5 месеци

cair-gradinka

Во Чаир отворена градинка, деца беа облечени во албанска носија и со кече, македонска иконографија „ни за лек“

Вицепремиерот Фатмир Меџити, заедно со градоначалникот Висар Ганиу, кој се соочува со обвинувања за злоупотреби во врска со дивоградби, и министерот за социјала, Фатмир Лумани, присуствуваа на отворањето на новата детска градинка во Чаир. На настанот, кој беше обележан со свечено сечење на црвена лента, се забележа присуство на албанска културна иконографија, додека македонски симболи не беа застапени.„Најголемата детска градинка во Македонија денес ги отвори своите врати за децата, во срцето на Чаир. Модерен простор, изграден со љубов за нашите најмали. Ние не правиме празни зборови, ние работиме. За Чаир, за граѓаните, за нашата земја. Честито, мој Чаир!“ – напиша Меџити на својот профил.Ова отварање беше дел од продолжените активности за подобрување на инфраструктурата кога во прашање се децата од предучилишна возраст, која се смета за еден од клучните елементи во политичките иницијативи на владата.

Скопје | пред 5 месеци

policija-1313

Тројца браќа и нивниот татко од Чаир нападнале полицајци по обид за пукање врз скопјанец

Насилен инцидент и обид за вооружен напад завршил со апсење на четири лица, меѓу кои и малолетник, на подрачјето на скопската општина Чаир. Министерството за внатрешни работи информира дека по претходна физичка пресметка, приведените се спротивставиле и на полициски службеници, напаѓајќи ги при интервенцијата.На 05.08.2025 околу 23:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Р.(54), Бе.Р.(24), Б.Р.(24) и 14-годишник, сите од Скопје. Според пријавеното, околу 22.50 часот на подрачјето на Чаир, Бе.Р. и Б.Р. физички го нападнале Б.С. од Скопје, при што Бе.Р. извадил пиштол со намера да пука по што заминале од лице место. Откако биле пронајдени, двајцата со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полициските службеници, по што сите биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 5 месеци

izet-medziti

Кампања од кабинет – Меџити ќе биде и министер и кандидат за градоначалник на Чаир

Изет Меџити ќе продолжи со министерување, иако е кандидат за градоначалник на Чаир. Тој и другите кои ќе влезат во трката за локалните избори, нема да ги напуштат функциите. За премиерот Христијан Мицкоски, тоа не е ништо ново.„Секој министер има и заменик министер. Тие не поднесоа оставка, нормално е дека ќе ги извршуваат обврските во рамките на министерствата и истовремено ќе бидат кандидати. Тоа не е првпат да се случува, се случувало и во минатото“, рече Мицкоски.Прашан дали е етички и коректно, Меџити да води кампања, а да биде министер, премиерот Мицкоски рече дека политичарите не се тука да даваат морален суд.„Дали сметам дали е етички и коректно, не би дал коментар, односно ќе кажам дека не гледам зошто не би било. Се случувало и порано. Не е спротивно на закон“, рече Мицкоски.Мнозинство за измени на Изборниот законик засега нема. Според премиерот Христијан Мицкоски, измените се заглавени во Собрание.Изборите треба да се распишат оваа недела, а да се одржат во октомври.

Скопје | пред 5 месеци

bujar-izet

Изет ќе се судри со Бујар во Чаир?

Се уште непотврдени, но многу сериозни најави велат дека Општина Чаир ќе биде епицентар на албанскиот политички судир на претстојните локални избори. Според неофицијални информации, се подготвува директна изборна пресметка помеѓу Бујар Османи (ДУИ) и Изет Меџити (ВЛЕН)Кандидатурата на Бујар Османи веќе е потврдена, а со себе носи партиска поддршка, дипломатски капитал и искуство на високи државни функции, последно како министер за надворешни работи. За разлика од него, Изет Меџити сè уште не ја потврдил официјално својата кандидатура, но внатрепартиските извори велат дека одлуката е речиси донесена. Ако настапи, ќе значи враќање на теренот каде што тој остави силен локален белег – како поранешен градоначалник и моментален прв заменик премиер.Изборната трка во Чаир би можела да прерасне во најава на поширока пресметка за влијанието во албанскиот политички блок, особено по последните тензии и поделби меѓу ДУИ и ВЛЕН. Два силни табора, со изразена инфраструктура и мобилизирана база, ќе се борат за довербата на граѓаните.Чаир не е само локална битка – туку показател за пошироката политичка матрица во земјава. Очекувањата се дека оваа трка ќе биде една од најжестоките и најнабљудуваните на локалните избори 2025.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања