ЦАРИНА

IMG_6831

Царинска управа: Запленети часовници Rolex, мобилни телефони iPhone16, девизи и лекови

,,Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и друго.Рачни часовници Ролекс и мобилни телефони I phone 16- 5 мобилни телефони I phone 16, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. На прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување за царинска контрола, патникот, кој се пријавил за влез во државата на ВИП-терминалот, одговорил дека носи само слатки за децата. Сепак била извршена контрола на неговите патни куфери при што биле пронајдени мобилните телефони.Непријавените телефони се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.- 4 рачни часовници марка ROLEX, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонска државјанка која имала намера да отпатува со лет за Милано. Откако била извршена контрола на багажот, во внатрешноста на ранецот на патничката биле пронајдени часовниците. Непријавените часовници се привремено задржани а против патничката ќе биде поведена соодветна постапка.Девизи- 16.250 евра, откриени во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.Во првиот случај, во паричник на патник во автобус со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 8.300 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 6.300 евра биле привремено задржани.Во вториот случај, во џеб од панталоните на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 7.850 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, а 5.850 евра биле привремено задржани.Во третиот случај, во преден џеб од фармерките на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички како и во преградата пред совозачкото седиште, биле пронајдени вкупно 6.100 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, а 4.100 евра биле привремено задржани.Во сите три случаи против патниците ќе бидат поведени прекршочни пријави.Лекови- 20.184 таблети (XARELTO, JARDIANCE, NEXIUM, LAROXYL, DAROB, BEKONIS, PLAGUENIL, GLAVUS MET), 2.880 капсули (МUSCOFLEX, QALYUIZ, URSACTIVE), 159 инекции (LANTUS SOLO STAR, RIF), 35 пакувања креми (FUCIDIN 2%, DERMOVATE 0.05%, FOSTER, METRIN 5%), 12 туби гел (VOLTAREN EMUL GEL %1, FENISTIL), 37 спрејови (MOMETIX AQ 0.05%, VENTOLIN), 36 ампули NOOTROPIL, 28 пакувања сирупи (CONVULEX, TEGRETOL, VENTOLIN, NOOTROPIL, ZIMAKS, AERIUS) и 14 лосиони MOMECON 0.15%, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Истанбул – Призрен, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. При контрола на автобусот, во фабрична празнина под резервоарот, биле пронајдени непријавените лекови. Истите се привремено задржани, а против водичот, косовски државјанин кој се пријавил како сопственик на лековите, ќе биде поведена соодветна постапка.Уметнички слики- 16 уметнички слики масло на платно, без потпис од авторот и без рамка, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. На прашање на царинските службеници дали има да пријави нешто за царина, возачот одговорил негативно. Сепак бил извршен преглед на возилото, при што во багажниот простор биле пронајдени сликите завиткани во картонска ролна. Непријавените слики се привремено задржани а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.Разна стока- 480 парчиња мамки за риболов и 980 држачи за трски за риболов, откриени од страна на Службата со мобилен скенер, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи биле пронајдени во кутии сместени на креветот во кабината на возилото. Истите се привремено задржани а против возачот, македонски државјнин, ќе биде поведена прекршочна постапка.- 3 употребувани технички производи, 1 употребуван моторцикл и 1 нов пневматик, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило за транспорт на возила со словенечки регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При контрола, во внатрешноста на едно од натоварените возила биле пронајдени 1 употребуван компресор за перење возила, 2 употребувани автоматски правосмукалки и 1 употрбуван миникрос моторцикл и 1 нов пневматик за моторцикл. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.- 278 порцелански плочки за гравирање со разни димензии, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При контрола на возилото, помеѓу седиштата биле пронајдени три пакети со порцелански плочки. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.Облека, обувки и козметички производи- 203 парчиња облека (маици, хеланки, тренерки, блузи, кошули, елеци, чорапи и друго), 21 пара спортски обувки и 16 ранци, откриени при контрола на товарно возило со бугарски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени над горниот кревет во кабината на камионот, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна пријава.- 1.941 парчиња козметички производи, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При контрола на возилото во 11 пакети сместени на креветот и позади совозачкото седиште, биле пронајдени 1.851 креми за лице против флеки и пеги, 30 креми за лице ANTIAGE и 30 руменила за усни DON JUAN. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.Цигари- 12 штеки цигари без акцизни маркички, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Возилото било натоварено со хартија наменета за увозник од Радовиш. При контрола на товарот, покрај пријавената стока биле пронајдени и 6 штеки цигари MARLBORO и 6 штеки цигари LEDER, за кои возачот, македонски државјанин, изјавил дека ги набавил во фри-шоп. Непријавените цигари се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.”, информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 1 година

carina1

Царинска управа: Запленети златен накит, ловечка муниција, облека и фалсификати

,,Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, ловечка муниција, возило со бункер, облека, обувки, автоделови, ремчиња за рачни часовници, делови за мобилни телефони, батерии, фалсификати и друго.Царинските службеници од граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криучарење златен накит, што двајца турски државјани кои патувале со автомобил со француски регистарски таблички се обиделе да го внесат во државата без да го пријават. При личен претрес на патниците, во рачна торбичка на возачот, во пластична кутија биле пронајдени 7 златни нараквици со вкупна маса од околу 285 грама. Вкупната вредноста на алките е 2.8 милиони денари а избегнатите давачки се приближно 706 илјади денари.Златните алки се привремено задржани а против соспственикот ќе биде поведена соодветна постапка.4.031 разни производи, откриени во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови.Во првиот случај биле откриени 1.175 парчиња разни производи. На наплатната станица Петровец, мобилен царински тим сопрел автобус со македонски регистарски таблички, кој сообраќал на вонредна линија Скопје – Истанбул – Скопје. При преглед на возилото и на багажот на патниците, во куфери сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени 290 ремчиња за рачни часовници, 420 батерии за апаратчиња за слушање, 360 батерии од 1.5 волти, 75 маски за мобилни телефони и 30 заштитници за камери на мобилни телефони, за кои не поседувал документ за потекло и платени увозни давачки. Непријавените производи се привремено задржани а против сопственикот ќе биде поведена прекршочна постапка.Во вториот случај биле откриени 2.856 парчиња разни производи. При контрола на стока во царинска испостава Гевгелија, пријавена за увозно царинење од испраќач од Грција, наменета за увозник од Битола, царинските инспектори од мобилен тим утврдиле дека 2.856 парчиња разна стока(облека, обувки, паричници, ранци, мини дронови, церади и катанци со аларм за мопеди, делови за возила, алкални батерии, алат, техничка стока и друго) не се опфатени со царинските документи. Истите се привремено задржани а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка. 292 парчиња женска облека (фустани, тренерки, комбинезони, елеци, хеланки, здолништа, маици, шопцеви, блузи и друго), откриени од страна на службата за мобилни скенери. На граничниот премин Табановце автопат, за влез во државата бил пријавен автобус со српски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Белград Скопје, управуван од српски државјанин. При контрола на автобусот во три патни куфери сопственост на возачот, биле пронајдени непријавените производи. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост Царинските службеници од царинската испостава Богородица привремено задржаа 20.146 производи со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во камион со турски регистарски таблички натоварен со стока од испраќачи од Турција наменета за фирми од Косово. При контрола на стоката биле пронајдени 20.000 лед светилки и 146 парфеми со ознаки на заштитени трговски марки. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и поведена е постапка за утврдување на нивната оригиналност.", информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 1 година

IMG_6537

На Граничниот премин Богородица спречен обид за криумчарење цигари, македонски државјанин се обидел да избегне плаќање давачки од 113 илјади денари

,,Спречено криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат 113.228 денари.Царинските службеници ги открија штеките цигари во кабината на камионот со кој управувало лицето. Цигарите биле скриени позади тапацирот во фабричката шуплина наменета за изолација на кабината.Штеките со цигари се одземени, а против лицето се води соодветна постапка.Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.”, информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 1 година

IMG_6514

Спречени обиди за криумчарење ловечка муниција, цигари и брендирана облека

Вкупно 68 парчиња непријавена облека со потпис на познатите трговски марки „Бос“ и „Ралф Лаурен“, се запленети од страна на мобилен тим на влез во државата на граничен премин Деве Баир по извршена контрола на автобус. Против патникот во чиј багаж се откриени непријавените парчиња облека се води прекршочна постапка, а започната е и постапка за заштита на право од интелектуална сопственост.Мобилен тим на граничен премин Дојран спречи обид за нелегален внес на поголема количина патрони за ловечка пушка. Истите се откриени при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. Имено, поради сомневање во изјавата на лицето дека нема ништо за пријавување, инспекторите пристапија кон детален преглед на возилото при што пронајдени се вкупно 90 патрони ловечка муниција, сокриена на повеќе места - под возачкото и совозачкото седиште, под патосникот пред совозачкото седиште, под потпирачот за раце на задното седиште, во најлонска кеса сместена во детското седиште и во багажниот простор. Непријавената ловечка муниција е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапкаУтринава во два часот после полноќ, на наплатна станица Петровец мобилен тим стопираше автобус кој сообраќа на вонредна линија Скопје – Истанбул – Скопје, при што во багажот на еден од патниците откри поголема количина на непријавена стока за која патникот не поседувал документ за платени царински давачки. Станува збор за вкупно 1.190 парчиња разни производи меѓу коишто ременчиња за часовници, батерии за слушни апарати, маски за телефони.Царински службеници на граничен премин Богородица на влез во државата спречија обид за нелегален внес на 9.600 парчиња цигари или вкупно 48 штеки цигари откриени при контрола на автомобил управуван од унгарски државјанин. Штеките со цигари се откриени во просторот за и околу резервната гума како и во една од патните торби.Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за нелегален изнес на девизи во износ од 10 илјади евра откриени кај возач на автобус. Имено на прашање на царинските службеници дали возачот и патниците имаат нешто да пријават истите одговориле дека немаат ништо за пријавување. Возачот на автобусот повторно бил прашан дали има нешто за пријавување при што истиот одговорил дека носи со себе само две илјади евра. Поради сомневање во изјавата е извршен претрес при што покрај пријавените девизи под појасот на неговите фармерки биле пронајдени уште 10.000 евра. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, што македонски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

Македонија | пред 1 година

IMG_6393

На граничните премини низ државата спречено криумчарење на над две илјади парчиња разна стока

Мобилен тим при контрола на товарно моторно возило на граничен премин Табановце откри и спречи криумчарење на вкупно 17 пара патики копачки од брендовите „Најк“ и „Адидас“, скриени во кабината во пределот на совозачкото седиште.На граничен премин Деве Баир, при контрола на автобус кој сообраќа на релација Турција – Косово, под душекот на креветот за одмор на возачите и во багажниот простор се пронајдени непријавени 894 парчиња облека, 125 парфеми и 7 тоалетни води. Производите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка.Во други четири случаи мобилни тимови спречија обид за криумчарење на над илјада парчиња разна стока, која не била опфатена со увозните декларации. Станува збор за музички инструменти, очила, тротинети, пегли, ранци, сандали, индукциона печка за топење благородни метали, платно во должина од 7.557 метри и други производи. Вишокот производи се запленети, а против сторителите се поднесени прекршочни пријави.На граничен премин Меџитлија царински службеници спречија криумчарење на медицински ехо апарат со сонда, откриен при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички. На прашање на царински службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, возачот инаку македонски државјанин одговорил дека нема ништо за пријавување, при што поради сомневање извршена е контрола. При контролата е откриен непријавениот ехо апарат со вкупна вредност од 217.710 денари. Апаратот е запленет а против сторителот се води соодветна постапка.Царински службеници на граничен премин Богородица на излез од државата, извршија детална контрола на товарно возило со босански регистарски таблички, управувано од босански државјанин. При контролата е забележано дека царинската пломба e оштетена, по што е извршена контрола на товарниот дел. Притоа, помеѓу стоката натоварена во камионот беа пронајдени 15 илегални мигранти од Кина. Мигрантите и возилото се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

IMG_6246

На Меѓународен Аеродром Скопје запленети мобилни телефони „Ајфон“

На Меѓународен Аеродром Скопје запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари.Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со вкупна вредност од еден милион денари е запленет на Меѓународен Аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони беа откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје.Дополнително уште 11 мобилни телефони „Ајфон 15 Про“ во вредност од 799 илјади денари и еден таблет се запленети на патнички промет, откако патник кој патувал од Истанбул истите не ги пријавил на влез во државата. Истиот е селектиран за ренген контрола при што во дел од куферите помеѓу облеката се откриени мобилните телефони и таблетот.На Меѓународен Аеродром Скопје на стоково царинење, декларирани за увоз, привремено се задржани 883 блутут слушалки и 1.048 задни капаци за мобилни телефони со лого на „Ејпл“ за коишто во моментов е отпочната постапка за повреда на право на интелектуална сопственост. Исто како и во првиот случај, станува збор за пратка од Дубаи, за којашто е поднесена декларација за увозно царинење за обични блутут слушалки и задни капаци за мобилни телефони. Проценетата малопродажна цена за овие производи доколку се продаваат како оригинали е 220 илјади евра.На Царинска испостава Гевгелија при контрола на стока за увозно царинење се откриени 1.920 полначи за мобилни телефони „Самсунг“ кои не биле опфатени со увозната декларација. Стоката е со потекло од Кина и била наменета за фирма од Скопје. Вкупната проценета вредност на непријавената стока е 374 илјади денари. Полначите се запленети, против увозникот е поведена прекршочна постапка, а се води и постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост.

Македонија | пред 1 година

IMG_6222

Царинска управа: На Богородица запленет златен и сребрeн накит со проценета вкупна вредност од над половина милион денари

Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар. Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.Случајот е откриен на граничен премин Богородица кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобус и на патниците кои патувале со него.По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златниот и сребрениот накит. Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија.

Македонија | пред 1 година

IMG_6212

Царинска управа: Забрзување на транспортот и олеснување на трговијата, преку новиот проект за паметни граници со грант од ЕУ

Се интензивираат активностите за отпочнување на Проектот за автоматизација на терминалите на граничните премини и реконструкција на граничен премин Делчево со грант од ЕУ во висина од 4,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се работи на автоматизација на терминалите и поврзување со новиот систем за видео надзор. Ова вклучува целосна замена на постоечките ваги со нови дигитални ваги, како и замена на постоечките рампи со нови автоматизирани рампи.Во рамки на Царинската управа на највисоко ниво беа презентирани во детали функциите на системот, но и надлежностите на вработените во однос на нивната одговорност.„Доколку до сега еден камион на влез на граничен царински терминал за вагање се задржуваше и повеќе од пет минути за да се измери и рачно да се внесат податоците, со имплементација на проектот се очекува истиот на вагање да се задржи една минута. Со ова значително ќе се забрза транспортот и ќе се олесни трговијата, особено на најфреквентните гранични царински терминали каде се вагаат и до 500 камиони дневно“, беше истакнато при презентација на поволностите на системот.Системот во иднина ќе се поврзе и со останатите системи на Царинската управа што дополнително ќе влијае на олеснување и забрзување на царинските формалности, а разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, а се со цел заедничко делување во борбата со криминалот и корупцијата.

Македонија | пред 1 година

IMG_6205

Николовски – Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ

Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку унапредување на соработката со Бирото за јавна безбедност. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржаа состанок на којшто беше договорено двете страни да почнат да работат на нов Меморандум за соработка помеѓу двете институции како и Протокол за негово спроведување.Преку јасно дефинирање на ингеренциите и подобрување на размената на информации, се очекува побрза интервенција, но и асистенција при гонење на криминалот на двете институции.Директорот Бобан Николовски истакна дека борбата со криминалот бара менување на свеста на царинските службеници дека секој треба да придонесе во борбата со криминалот.„Експертизата и разузнавачките информации со коишто располагаат Царината и Бирото за јавна безбедност обезбедуваат клучни елементи за откривање и разбивање на криминалните организации. Со унапредување на соработката и размената на податоци, но и побрзата интервенција и асистенција на меѓусекторско и меѓуинституционално ниво, очекуваме целосно сузбивање на криминалот“, вели Николовски.Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев истакна дека Бирото е непоколебливо во решеноста да се стави ред и да се обезбеди сигурност за сите граѓани на нашата држава.„Само преку заедничко делување, следење на трендовите во областа на техниката и технологијата и целосно подигнување на професионалноста во работењето во целост ќе застанеме на патот на организираниот прекуграничен криминал“, потенцира Јанев.

Македонија | пред 1 година

3

(ФОТО) Царина запленува фејк производи од „Армани“, „Гучи“, „Ролекс“

За време на изминатите денови и во текот на вчерашниот ден царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење и тоа:- Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост.- На граничен премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавија дека истите ги купиле на фри – шоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари.- Спречен обид за нелегален изнес на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари кои што македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце. На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок.

Македонија | пред 1 година

IMG_6182

Николовски на состанокот со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Унапредување на институционалната соработка и размената на податоци - клучно за сузбивање на криминалот

Жестока борба со криминалот и негово целосно сузбивање ќе се овозможи преку унапредување и зајакнување на институционалната соработка со Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска одржа состанок со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска на којашто ја потенцираше важноста на размената на податоци и нивно мечирање за целосно сузбивање на криминалот.За овие потреби ќе биде склучен Меморандум во кој ќе се дефинираат ингеренциите и сетовите на податоци со кои располагаат институциите, а што ќе придонесe за подобро следење на текот на парите и сузбивање на криминалните дејствија меѓу коишто и спречување перење пари и финансирање тероризам.„Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите, особено во делот на меѓународните трансакции е клучно“, вели Николовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5238

Директорот Николовски одржа средба со царинскиот офицер за врски на Република Германија

Зајакнување на капацитетите за царински контроли, во насока на подобрување на безбедноста на границите и сузбивање на криминалот и корупцијата, беа дел од главните теми на денешната средба на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и Фалк Шрајбер, царински офицер за врски на Република Германија. Фалк Шрајбер покрај за нашата држава, како царински офицер за врски задолжен е и за Бугарија и Романија.За време на состанокот потенцирана беше успешната соработка помеѓу Царините на двете земји, особено во делот на истрагите и царинските контроли, како и во делот на обуки и подобрување на стручноста на човечките капацитети во службата.„Добрата соработка и помошта што Царинската управа ја добива од германската Царина е од големо значење. Во периодот што следи максимално ќе се фокусираме на борбата против организираниот криминал, шверцот и подобрување на мерките во борбата против корупцијата“, истакна директорот Николовски и изрази подготвеност за продлабочување на соработката преку непосредна комуникација и размена на искуства, што ќе ни помогнат во унапредување на службата.

Македонија | пред 1 година

IMG_5187

Запленети непријавени девизи на граничниот премин Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за нелегално изнесување на 6.800 евра, откако при контрола на патник откриja поголема сума непријавени девизи. Лицето е македонски државјанин и на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување. При извршената контрола, во рачна торба на патникот биле пронајдени 8.800 евра, за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло.Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра, износ што може да се изнесе без да се пријави, додека останатите 6.800 евра се задржани.Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

Македонија | пред 1 година

IMG_5167

На Аеродромот во Скопје спречен обид за шверц на рачни часовници со вредност од 240 илјади денари

Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје, вчера запленија осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија.Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite.Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.

Македонија | пред 1 година

IMG_5140

Во изминатата недела Царинската управа запленила цигари, возила и облека

Во текот на минатата седмица царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, облека, моторни возила и друго.Цигари- 114 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia и 5 штеки цигари со бугарски акцизни маркички од марката Sobranie, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. По пријава од аеродромската служба за безбедност дека патникот има тежок багаж, царинските службеници извршиле детален преглед на неговиот куфер при што биле пронајдени непријавените цигари. Цигарите се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.Облека- Согласно член 278 од Кривичен законик, Царинската управа поднесе кривична пријава за криумчарење 52 свечени фустани, откриени при контрола на косовски автомобил управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Возачот првично не застанало на царинска контрола, но по реакција на царинските службеници бил вратен назад, по што бил извршен детален преглед. Притоа во 3 вреќи смесени зад задните седишта и 2 кеси сместени под совозачкото седиште, биле пронајдени непријавените фустани кои се привремено задржани.- 350 маици со кратки ракави, откриени од страна на мобилните царински тимови со скенер, при контрола на косовски автомобил, управуван од турски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, за кои возачот изјавил дека се набавени во Турција но не поседувал никаков документ за истите, биле пронајдени во патна торба и повеќе пластични кеси сместени на задното седиште и во багажниот простор. Маиците се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.Возилa и друга стока- патничко возило марка Ford Fiesta 1.4 TD со словачки регистарски таблички, со кое македонски државјанин без регулиран престој во странство, се пријавил за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Поради тоа што сопственикот на возилото, словачки државјанин, не бил присутен во возилото, возачот направил царински прекршок, односно се однесувал како возилото да е пуштено во слободен промет. Возилото е привремено задржано, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.- 9 употребувани моторни возила (четирицикли, моторцикли и скутери), 4 електрични инвалидски колички, 42 употребувани звучници, 21 употребувани гуми, 1 употребуван фрижидер, 1 употребувана надворешна единица за климатизер, 35 употребувани метални држачи и 1 гумен базен, со вкупна вредност од околу 2,3 милиони денари, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Швајцарија пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. Производите, кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани а против увозникот, физичко лице од Скопје, ќе биде поведена соодветна постапка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања