ЦАРИНА

IMG_5123

Николовски на средба со шефот за развој на полиција во ОБСЕ, најави подигнување на статусот на професијата и борба против криминалот и корупцијата

Подигнување на статусот на професијата, жестока борба против криминалот и корупцијата преку унапредување на разузнавачките капацитети, но и примена на стратешки пристап од страна на сите институции. Ќе се менува и пристапот во обуките при што истите треба да бидат теренски и суштински, а нив ќе ги посетуваат единствено лица кои ќе покажат високо ниво на професионалност. Ова беа едни од суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и Марк Диксон, шеф на Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Двете страни се согласија за интензивирање на соработката, која треба да резултира со зајакнување на институционалните капацитети во борбата со организираниот криминал.„Мора да имаме суштински институционални промени, целта ни е подигнување на професионализмот на службата, каде безбедносните политики ќе ги спроведуваат лица со високо ниво на професионалност, интегритет и лидерство“, истакна Николовски.Шефот на Одделот за развој на полицијата во ОБСЕ, Диксон, истакна дека една од целите на мисијата на ОБСЕ е да ја подобри интероперабилноста помеѓу институциите се со цел ефективна борба со организираниот криминал. Воедно потенцира дека институциите треба да се фокусираат на рана интервенција и спречување на криминалот и корупцијата.

Македонија | пред 1 година

IMG_5089

Николовски: Ќе работам на менување на свеста на царинските службеници и на сите учесници во царинските постапки

Усогласување на работното време на инспекциските служби на граничните премини, автоматизација на терминалите на граничните премини со грант од ЕУ и негово поврзување со новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички што се имплементира во моментов, како и унапредување на дигитализацијата и поврзување на институциите во рамки на државата но и на ниво на држави, се трите главни реформски мерки на коишто ќе работи Царинската управа во следниот период. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средба со генералниот секретар на Асоцијацијата, Макам-транс, Билјана Муратовска. Средбата беше остварена на еден од најфреквентните гранични премини, Табановце, а со цел увид на состојбите, но и дијалог со Асоцијацијата каде се членки 1.500 превозни компании.„Дијалогот е клучен за унапредување на мерките и политиките што ги преземаме, а коишто мора да дадат конкретни резултати. Пред претставниците на транспортерите ветивме конкретни политики и мерки кои треба да резултираат со скратување на времето на чекање, заштеда на средства и зголемување на конкурентноста на македонското стопанство“, истакна Николовски.Тој потенцира дека проектот за автоматизација на терминалите на граничните премини и негово поврзување со новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички ќе придонесе за значително намалување на времето на чекање, како еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат транспортерите. Истовремено, како што рече, ќе се намали потребата од човечки фактор, што ќе придонесе за намалување на криминалот и корупцијата и прибирање повеќе приходи во Буџетот.Второ, нагласи тој, преку повисок степен на дигитализација ќе се модернизираат институциите и ќе се подобрат услугите кон компаниите и граѓаните. Како една од клучните мерки за скратување на времето на чекање, а за што е разговарано и со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе се усогласи работното време на инспекциските служби на граничните премини со работното време на граничните царински испостави. Ова особено ќе се примени на најфрекветните гранични премини, Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и Блаце.Директорот воедно потенцира дека лично ќе се осигура секој потпишан протокол што е во насока на олеснување на трговијата, како последниот за признавање на кантарските белешки, строго да се почитува, но истиот повика да се применува и од страна на превозниците.Директорот уште еднаш пред јавноста апелира дека „работиме на менување на свеста на царинските службеници како приоритет во службата“.„Ќе се бара ред, работа, дисциплина и максимален професионален ангажман од секој царински службеник при извршување на работните задачи. Директно апелираме и до транспортерите и до сите учесници во царинските постапки од нивна страна да се почитува царинската униформа, бидејќи само тоа е начинот на којшто ќе ја издигнеме ефективноста во работењето и очекуваните резултати ќе ги искачиме на максимално ниво“, порача Николовски.Генералниот секретар на Макам-транс Муратовска изрази задоволство од дискусијата со директорот Николовски нагласувајќи дека секое скратување во времето на чекање е во полза на транспортерите.

Македонија | пред 1 година

IMG_5069

Царинска управа: Секој обид за нелегален изнес на девизи се санкционира, денес запленети 6.850 евра

,,Спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин истите не ги пријавил. Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок.Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговорија дека немаат ништо. Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот се пронајдени 8.850 евра за кои лицето не поседувал документ за потекло на парите.Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени две илјади евра, а останатите се одземени.Ова е втор случај во два дена на заплена на девизи. Апелираме до граѓаните да ги пријавуваат девизите при влез и излез од државата.”, информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 1 година

IMG_5041

Македонски државјанин се обидел нелегално да изнесе 7.800 евра од државата

,,Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра, откако при контрола на патник откриja поголема сума непријавени девизи. Лицето е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. Истиот на прашање на царинските инспектори дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо, при што е извршена контрола на возилото каде во неговата ташна се пронајдени вкупно 9.800 евра. Согласно законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, што македонски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани.Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.Ги известуваме граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат.”, известуваат од Царинската управа.

Македонија | пред 1 година

IMG_5028

Спречен шверц на 100 парфеми во вредност од 240 илјади денари

,,Над сто парфеми „Гисада“ во вредност од 240 илјади денари се запленети од страна на царински службеници на влез на граничен премин Табановце откако возач на автобус без да ги пријави се обидел нелагално да ги внесе во државата.На прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување возачот изјавил дека носи само лични работи. Притоа извршена е детална контрола при што во багажот во пределот за алати се пронајдени вкупно 106 парфеми за кои што возачот требало да плати увозни давачки во висина од 49 илјади денари.Против превозникот е поднесена прекршочна пријава заради непочитување на царинските регулативи.Царинската управа во континуитет презема строги акции за сузбивање на криминалот и создавање услови за фер конкуренција.”, известуваат од Царинската управа.

Македонија | пред 1 година

IMG_4932

Спречено криумчарење на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните

Мобилен тим на Царинска управа викендов спречи криумчарење на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот воедно и сопственик на транспортното возило, месото не го пријавил со царинска декларација, а за истото не поседувал ниту ветеринарен сертификат. По поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело, криумчарење на стока.Имено, во саботата на царинска испостава Богородица на влез во државата се пријави товарно возило со грчки регистарски таблички, за коешто со царински документ беа пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Заради извршување на детален преглед возилото е пренесено во јавен царински склад, каде по отпочнување на прегледот превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија што вредност согласно дополнително приложените документи изнесува 11 илјади евра.Случајот е преземен од страна на инспектори во Одделение за истраги при Сектор за контрола и истраги, кои поднесоа кривична пријава до Основен кривичен суд Гевгелија, каде е донесена пресуда за сторено кривично дело „Криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.Царинска управа согласно своите приоритети во континуитет спроведува акции за сузбивање на сите форми на криминал, грижејќи се за безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

IMG_4830

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа

Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.„Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели“, порачува Николовски.Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.

Македонија | пред 1 година

bogoev-stolici

Сполај му на сертификатот: Пет фирми отфрлени од тендер, само чаирската за 10 милиони е компетентна да носи мебел во Царина

Царина отфрлила пет понуди, пред да ја прифати понудата од 10 милиони денари за набавка на мебел, потврдуваат и оттаму. Четири од овие фирми, понудиле и пониски цени, но ниту една го немала клучниот сертификат за да ги инкасира милионите во замена за столиците, бироата и кујната. Сертификатот, според Институтот за стандардизација е нов во правниот промет и во Македонија се имплементира од 30.12.2023 година, а не е познато кои сертификати се еквивалентни на овој.Царинската управа не се ни потрудила да ја измени техничката спецификација, со цел да ги постигне истите ефекти, а за да не се случи неоправдано да ја ограничува конкуренцијата меѓу економските оператори. Сертификатот ги парализираше останатите понудувачи, а само чаирската фирма „Макс флам“ го поседувала истиот.„Тендерот е спроведен согласно сите законски процедури. Ве известуваме дека од добиени 6 понуди, пет од нив се одбиени поради некомплетна документација, односно истите не ги доставиле бараните сертификати за квалитет, безбедност, цврстина и издржливост, а дел од нив не доставиле ниту валидна потврда за платени даноци кон државата што е услов за прифаќање на понудите“, велат од Царинска управа за „Скопје1“.Понудата на „Макс флам“ е втора по скапотија, ако се земат во предвид останатите понуди. „Скопје1“ праша и очекува одговор, која е фирмата која ја има поднесено највисоката понуда. Истовремено, Царина со помош на сертификатите кои ги поседува само една фирма, се правда за тоа зошто не е избрана најниската понуда.„За понудата од 3,8 милиони денари којашто е наведена во вашиот текст беа приложени неважечки сертификати и сертификати од лабораторија која не е акредитирана, за што имаме и официјален допис од Лабораторијата за тестирање мебел при Факултетот за дизајн и технологии на мебел до коишто официјално се обративме“, додаваат оттаму.Тие посочуваат дека ниту една од фирмите кои имале пониски цени не поднела жалба.„Фирмата која што е избрана за најповолен понудувач е единствениот понудувач кој ја има целокупната потребна документација за понудата да биде валидна и ги поседува бараните сертификати за квалитет, безбедност, цврстина и издржливост согласно тендерската документација, за што исто така е добиена потврда од Лабораторијата за тестирање мебел“, посочуваат од Царина.Побаравме одговор и зошто не е спроведена е-аукција со која цените на производите би можеле да бидат и пониски, на што добивме одговор: „Во однос на вашето прашање зошто набавката на канцелариски мебел е спроведена без е-аукција сакаме да ве известиме дека е постапено согласно укажувањето и препораката на Бирото за јавни набавки добиено во јануари 2023 година, договорните органи да го ограничат користењето на е-аукција“.Извесен Игор од Царинската управа, кој контактираше со редакцијата на „Скопје1“, а не сакаше да го каже ни презимето, посочува дека наодите кои ги објавивме во текстот „Во Царина ќе се седи на „позлатен“ мебел? Избрана понуда од 10 милиони за столици и бироа, отфрлена фирма која ќе ги набавела за 3,8 милиони“ има неточни наводи, а во реакцијата нема наведено кои се тие. Тој кажа дека нив им треба подолго време од 20 минути за да дадат одговори, но иако им дадовме час и половина, тие не дадоа одговори на новиот сет прашања, меѓу кои: дали неоправдано е ограничена конкуренцијата помеѓу економските оператори, зошто немало е-аукција со оглед дека истата не е забранета, зошто сертификатот кој не го поседуваат повеќето од фирмите не се замени со други сертификати или документи за гаранција, но и како очекуваат фирмите кои биле исфрлени да се жалат на одлуката за избор на најповолен понудувач, кога е јасно дека не го поседуваат сертификатот кој го има само чаирската фирма.Царинската управа ќе набавува столици поскапи и за 300% од вообичаената пазарна цена, преку договорот вреден над 10 милиони денари. Директорот во заминување, Стефан Богоев, успешно го заврши тендерот со кој набавува канцелариски мебел и кујна. Со него, Царина ќе добие нови канцелариски ротирачки столици на тркалца, конференциски столици, канцелариски бироа, конференциски маси, ормари и кујна.На тендерот имало шест понуди, најниската понуда била 3,8 милиони денари. Не се познати понудите на другите фирми, но и дали учествувале на тендерот или биле отфрлени. Среќлија била фирмата „Макс флам“ од Чаир, која ќе го набави мебелот за Царинската управа. „Скопје1“ направи споредба на цените по кои фирмата која го доби тендерот треба да ги наплати производите, со цените за исти или слични производи на пазарот.

Македонија | пред 1 година

bogoev

Во Царина ќе се седи на „позлатен“ мебел? Избрана понуда од 10 милиони за столици и бироа, отфрлена фирма која ќе ги набавела за 3,8 милиони

Царинската управа ќе набавува столици поскапи и за 300% од вообичаената пазарна цена, преку договорот вреден над 10 милиони денари. Директорот во заминување, Стефан Богоев, успешно го заврши тендерот со кој набавува канцелариски мебел и кујна. Со него, Царина ќе добие нови канцелариски ротирачки столици на тркалца, конференциски столици, канцелариски бироа, конференциски маси, ормари и кујна.На тендерот имало шест понуди, најниската понуда била 3,8 милиони денари. Не се познати понудите на другите фирми, но и дали учествувале на тендерот или биле отфрлени. Среќлија била фирмата „Макс флам“ од Чаир, која ќе го набави мебелот за Царинската управа. „Скопје1“ направи споредба на цените по кои фирмата која го доби тендерот треба да ги наплати производите, со цените за исти или слични производи на пазарот.Најголемиот дел од набавката се канцелариски рото столици. Тие треба да имаат наслон, да се подесува висината на седиштето, механизам за навалување, пет тркалца. Фирмата успеала да се избори истите да ги набавува за 17.000 денари. Доколку се пребара на интернет, вакви столици можат да се набават во Македонија од 5.000 до 12.000 денари, а истите да бидат како во спецификацијата на Царина – со седиште од сунѓер, наслонот да биде мрежест штоф, а тркалцата да се гумирани.Скапо ќе се платат и конференциските столици, кои на пазарот, според истата/слична спецификација се по цена од 3.000 до 6.000 денари. Царина, ќе ги плати 10.000 денари по парче, а треба да се набават 30 парчиња.Бироата со фиоки и централни брави ќе се платат по 28.000 денари/парче. Односно, за нив, Царина ќе плати 3.8 милиони денари. Пазарната цена на вакво биро е од прилика од 12.000 до 15.000 денари, односно за 137 парчиња може да се плати и 1,7 милиони денари помалку доколку се водиме од малопродажните цени.И нова кујна од два метри ќе се спрема за Царина. Таа е претставена и на илустрација, а ќе биде изработена од иверица, лесонит, кујнска плотна, ногарки и садопер со одвод и чешма. Иако нема ниту шпорет вклучен во цената, Царина ќе плати 159.000 денари за нејзина изработка.„Скопје1“ упати прашања до Царинската управа за тоа што се случило со понудите на другите фирми, но и зошто не е избрана најниската понуда од 3,7 милиони денари. Оттаму очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

IMG_4342

Запленет над еден килограм златен накит на Граничниот премин Богородица

Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари се запленети од страна на царинските службеници при влез на граничниот премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.Златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Истото било спакувано во четири ќеси во коишто имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 нараквици.Златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 1 година

IMG_4333

Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари на Меѓународниот Аеродром Скопје

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата.Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер.Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Македонија | пред 1 година

IMG_4063

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните

Царински службеници на влез на Меѓународен Аеродром Скопје спречија влез на 1,7 тони медикаменти, Силденафил Цитат Упс и Сибутрамин, коишто се штетни по здравјето на граѓаните. Лековите не се регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства односно не е впишана во регистарот на правни лица за вршење на ваков вид дејност.По вештачењето е утврдено дека медикаментите Сибутрамин е супстанца која се наоѓа на Националните листи на контролирани опојни дроги и психотропни супстанци и истата претставува стимуланс на централниот нервен систем. Уште повеќе, утврдено дека истата предизвикува појава на срцеви и мозочни удари, поради што медикаментите коишто содржат сибутрамин се забранети за продажба од страна на ЕУ од 2010 година.Медикаментите Силденафил Цитат Упс (виагра) пак претставува супстанца која влегува во состав на медикаменти за лекување и истата подлежи на контролирана продажба.Случајот е преземен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против правното лице ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 1 година

IMG_4037

Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори.Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.Царинската управа согласно приоритетите во континуитет спроведува акции за сузбивање на сите форми на криминал, грижејќи за безбедноста на своите граѓани.

Македонија | пред 1 година

1-2

(Видео) Запленети 22 автомобили при заедничка акција на Царина и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани.Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири ПМВ се марка МЕРЦЕДЕС, три ПМВ се марка АУДИ, две ПМВ се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка ТЕСЛА и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од 6 месеци.Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија.Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото.

Македонија | пред 1 година

bogoev-fileri

Богоев се пофали: Запленети се филери за усни и лице од Косовец, ги спакувал во куфер за да ги криумичари

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра.„Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра.Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење“, информираат од царинската управа.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања