ЦАРИНА

pilesko-meso

Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари.Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот, наведуваат во соопштението.

Македонија | пред 5 месеци

MixCollage-07-Aug-2025-11-52-AM-109

Царината спречи обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи, против три лица поднесени кривични пријави

Златен накит вреден 1,3 милиони денари е запленет од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. Во случајот се осомничени две патнички кои патувале на релација Турција – Македонија, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за криумчарење.При контрола на багажот и личен претрес, кај патничките било пронајдено злато од 22 и 14 карати, во вкупна тежина од 304 грама како и сертификати за гаранција на златото. За овој накит, требало да бидат платени 481 илјада денари давачки кон државата. Двете лица се македонски државјанки со живеалиште во Холандија.Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое по спроведување на предистражни дејствија ќе поднесе кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за криумчарење 210 вијали со ботулински токсин за инјектирање – супстанца која се користи во медицината и е под строг режим на увоз.Инјекциите биле откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Призрен. Во патната торба на осомничениот патник биле пронајдени 170 вијали DYSPORT 500 и 40 вијали MASPORT 500, и двете со ботулински токсин тип А.Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за криумчарење против лицето до надлежното Основно јавно обвинителство, а производите се запленети.44 пакувања со вкупно 2.580 капсули суплементи „Afye“ се запленети на Меѓународен Аеродром Скопје, откако биле пронајдени во куферот на холандски државјанин, кој, пристигнувајќи со лет од Измир, се упатил кон зелениот канал со намера да ја избегне царинската контрола.Вкупно 144 делови за земјоделски машини се откриени при контрола на камион на влез во државата, спроведена од страна на Службата за мобилни скенери на граничниот премин Табановце. Деловите за земјоделски машини биле скриени во торби, сместени во кабината на камионот.Запленети 21 штека цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката на празен камион-кипер со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.На граничниот премин Дојран, мобилен царински тим заплени 128 пара обувки со потпис на заштитени трговски марки, поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.Случајот е откриен при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово.При контрола на пратка со потекло од Дубаи, пријавена за увозно царинење, царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје открија 74 ремчиња за смарт часовници, кои не биле опфатени со царинските документи. Стоката наменета за увозник од Скопје е запленета, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна постапка.фото: Царинска управа

Македонија | пред 6 месеци

tarantuli-kolaz

Запрепастувачко откритие на аеродромот Келн-Бон: Наместо бисквити , шверц на илјадници млади тарантули од Виетнам

Неочекувана пратка која пристигнала од Виетнам и била наменета за примач во регионот Зауерланд, западна Германија, открила морничава содржина – наместо најавените бисквити, германските царински службеници пронашле околу 1.500 млади тарантули.Заплената била извршена пред три недели на аеродромот Келн-Бон, кога при рутинска контрола на пратката тешка седум килограми, службениците почувствувале невообичаен мирис. Тоа веднаш предизвикало сомнежи дека пакетот не содржи кондиторски производи, туку нешто сосема друго.„Забележливиот мирис при отворањето на големиот пакет не беше во согласност со наводната содржина на седум килограми бисквити. Моите колеги на аеродромот редовно се изненадени од содржината на забранетите пакети од целиот свет, но откривањето на околу 1.500 мали пластични садови со млади тарантули во овој пакет ги остави без зборови дури и најискусните меѓу нив“, изјави Јенс Аланд, портпарол на Генералната царинска управа во Келн.Пајаците биле натрупани во мали пластични контејнери и внимателно сокриени во обвивки за колачиња. За жал, голем дел од животните не го преживеале транспортот, што претставува директно прекршување на прописите за благосостојба на животните. За преживеаните тарантули веќе е обезбедено соодветно згрижување.„Ова е невообичаена заплена за германската царина. Тажно е што некои луѓе експлоатираат животни исклучиво заради профит“, додаде Аланд.Против примателот на пратката е покрената кривична постапка. Увозот на животни од земји што не се членки на Европската Унија е строго регулиран и предмет на строги контроли и дозволи.Фото: Hauptzollamt Köln/Главна царинска управа-Келн

Свет | пред 6 месеци

klekovski2062023

Во полицијата, царината и одбраната има најмногу боледувања, мотивот за земање е 90 до 100 процентна исплата на платата

Вкупниот број на осигуреници во здравственото осигурување надминува еден милион и 820 илјади, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис.Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, меѓу нив најверојатно има македонски граѓани кои престојуваат во странство, а кои не се одјавиле од државата и продолжуваат да користат здравствено осигурување. Тој не ја исклучува можноста дека има и фиктивни осигуреници.„Над половина од здравствените осигуреници се по други основи, а не по основ на плата и на осигурени деца. Покренавме иницијатива пред Влада да се преиспитаат критериумите. Тоа е интерсекторска работа која ќе потрае бидејќи имаме помалку жители од тоа што во моментот имаме здравствени осигуреници“, истакна Клековски во изјава за медиумите.Од Фондот за здравствено осигурување ќе предложат и измени на Законот за здравствена заштита со цел да се подобри системот на контрола при издавањето на боледувањата, за истите да се даваат на оние пациенти на кои тоа навистина им е потребно.„Во основа имаме околу 17 илјади боледувања заради болест и околу 10 илјади породилни боледувања. Зголемениот број на барања на контроли произлегува од тоа што во институции од јавниот сектор има значаен број вработени кои се на боледување. Во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана и во основа веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за боледувања така што размислуваме како да предложиме измени за да се подобри системот на контрола на боледувањата“, вели Клековски.Тој вели дека често се случува при зголемен обем на работа, персоналот да земе боледување за да ги избегне работните задачи. „Кога тие ќе земат боледување, се поттикнуваат и другите вработени да бараат начин да го избегнат зголемениот обем на работа. Кај матичните лекари има јасно пропишани стандарди како може да се даваат боледувања, но ако ги погледнете дијагнозите дека покрај акутните респираторни заболувања, скоро 50 проценти од боледувањата во Фондот се за болести на рбетниот столб, а кој било вработен над 50 години ако му го снимите рбетот ќе излезе дека има спондилоза или лумбаго, тогаш станува субјективно дали треба да се оди или не на работа”, изјави Клековски.Дополнителна мотивација за земањето боледувања, според Клековски, се и колективните договори во кои е предвидено 90 до 100 процентна исплата на плата во време на боледување, што во однос на приходите значи дека на вработените им е сеедно дали се на работа или не. Друг фактор се и ниските плати во некои институции во јавниот сектор поради што луѓето земаат боледувања за да може да работат и дополнителна работа.

Македонија | пред 7 месеци

4-1

На Царина фатена воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки:- Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, како Gisada, Paco Rabbane, Louis Vuitton, Jean Paul Gautter, Carolina Herrera откако истите ги пронајде во кабина на камион со бугарски регистарски таблички. Возачот на камионот, инаку македонски државјанин, производите ги скрил во креветот во кабината на камионот, при што истите сакал да ги прошверцува во државата. Против него е поднесена соодветна пријава.- Mобилен тим заплени 1.664 парчиња детска облека со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока наменета за фирма од Штип пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.- Во друг случај при контрола на камион натоварен со стока од испраќач од Грција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица мобилен тим заплени 915 чанти и ранци, 270 ремени и 40 детски куфери, со декларирана вредност од 850 евра, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.- На излез од државата на граничниот премин Блаце мобилен тим заплени 267 парчиња облека поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на камион со албански регистарски таблички, натоварен со стока од испраќач од Турција, наменета за увозник од Албанија.- 432 парфеми и 81 пар женски обувки со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени во камион со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран, натоварен со стока со потекло од Турција, а наменета за увозник од Косово.- Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе во државата 93 парчиња облека со потпис на заштитени трговски марки преку граничен премин Меџитлија. Истите се пронајдени во багажниот простор и во просторот за резервната гума на автомобилот со кој патувал. Стоката е откриена при контрола на автомобилот со кој патувал. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на автомобилот, во багажниот простор и во просторот за резервна гума ги пронајдоа непријавените производи.- На граничен премин Дојран се запленети 282 парчиња облека, 270 парчиња бижутерија и друга стока поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција.Во три случаи мобилни тимови и царински службеници запленија и 175 парчиња облека и обувки:- 104 пара машки обувки се пронајдени во две торби сместени во багажникот и околу резервната гума на автомобил со кој двајца косовски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Богородица.- Мобилен царински тим во соработка со мобилна единица на МВР заплени 62 пара женски обувки, кои се откриени при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин.- Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце при извршена контрола на камион заплени девет јакни. Непријавените производи се откриени во креветот во кабината на камион со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин.Запленети 323 штеки цигари со вкупна вредност од 694 илјади денари, што царински службеници и мобилни тимови ги открија при контрола на возила и патници:- 231 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 1,5 кг тутун без акцизни маркички, со вкупна вредност од 367.130 денари се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на двајца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон. Царинските службеници од царинската испостава Аеродром Скопје и припадници на Граничната меѓуагенциска единица селектираа патници поради контрола на нивниот багаж, при што по извршената контрола со помош на скенер, во патните торби на еден патник биле пронајдени 203 штеки цигари и 1.500 грама тутун, а во патната торба на друг патник биле пронајдени 28 штеки цигари.- Царински службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија шверц на 33 штеки цигари коишто биле скриени во фабрички прегради на два камиони.- Мобилен тим во соработка со полициски службеници заплени 59 штеки цигари со вкупна вредност од 244 илјади денари откриени при контрола на автомобил во Битола.- Во друг случај мобилен царински тим заплени и 90 електронски цигари откриени во фабричка празнина во подвозјето на камион управуван од македонски државјанин. Случајот е откриен на граничен премин Табановце на влез во државата.Воздушна пушка GAMO/SPAIN, модел BIG CAT 1000-E, со оптички нишан и ласер, е пронајдена во багажникот на автомобил со српски регистарски таблички со кој српски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.24.500 евра се запленети откако истите се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во автобус, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Кај патникот се пронајдени 26.500 евра, при што согласно Законот за девизно работење му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи се задржани.Служба за мобилни скенери во три случаи спречи криумчарење на дигитални приемници, телевизор, акумулатори, алати и разна друга стока со вкупна вредност од 1,5 милиони денари:- 2.004 дигитални приемници АТЕК АК-2025, со вкупна вредност од вредност од 1,5 милиони денари се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Откриените дигитални приемници кои не биле опфатени со царинските документи се запленети, а против сторителот е поведена соодветна постапка.- Во друг случај Службата за мобилни скенери при контрола на камион на влез во државата на граничен премин Табановце откри телевизор Samsung и една хармоника Ramses Professional. Производите се пронајдени на креветите во кабината на камионот управуван од македонски државјанин.- Пет употребувани акумулатори, комплети рачни алати, сталажа за алат, комплет робот-правосмукалка марка Dreame X40 Ultra robot се откриени од Службата за мобилни скенери, при контрола на камион на влез во државата на Табановце. Непријавените производи се пронајдени во кабината и во товарниот дел на камион-кипер со австриски привремени таблички, управуван од македонски државјанин.- Разна стока, меѓу која метални кутии за осигурувачи, конвертор, ладилник за камион и друга стока се пронајдени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје пријавена за увозно царинење во царинска испостава Деве Баир.Царински службеници од граничен премин Блаце, царинска испостава Гевгелија, и Дојран спречија криумчарење на разна стока, меѓу која гуми со бандажи, антифриз, делови за туш кабини со вкупна вредност од околу 300 илјади денари.- 109 делови за туш-кабини, 300 USB мемориски стикови се пронајдени во багажникот на автомобил со турски регистарски таблички со кој турски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце. Во друг случај царински службениците службеници запленија и 16 употребувани гуми со бандажи, кои се пронајдени во внатрешноста на камион.- 210 кг антифриз SHELL, 200 кг памучна ткаенина за отстранување маснотии, 80 кг најлонски вреќи, кои не биле опфатени со царинските документи се откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.

Македонија | пред 10 месеци

IMG-dd913af9e994762e5c001780c2770d81-V

Директорот на Царина- амбасадорката на САД: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање на криминалот и заштита на граѓаните. Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа. Ова беше клучната порака од посетата на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална воена соработка, Даниел Силвер.„Моето присуство овде е да Ви се заблагодарам и да Ви честитам за резултатите во изминатите осум месеци кои се воодушевувачки. Благодарност до царинските службеници кои се на границите и ги штитат граѓаните. Чекорите што ги преземате се многу значајни за нас, но уште повеќе за вашите граѓани и безбедноста на државата. Истовремено, поголемата наплата на приходи значи повеќе средства за вашите граѓани. Ние сме ваши партнери, пријатели и тука ќе бидеме за вас“, истакна амбасадорката Агелер на средбата со директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заменик директорот Гарип Каба и тимот одржана во рамки на посетата на Царинската управа.Директорот Николовски изрази особена благодарност до Владата на САД за континуираната поддршка во спроведување на активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на Царинската управа.„Само во втората половина од 2024 година наплатени се една милијарда евра, или близу 65 милиони евра повеќе од истиот период претходната година. Годинава во јануари се остварени приходи од 148,5 милиони евра или 5,2 милиони евра повеќе од истиот месец минатата година, додека во февруари се остварени приходи од 312,15 милиони евра, или 9 милиони евра повеќе од минатата година. Во однос на реализираните заплени, во цела 2024 година евидентирани се вкупно 410 случаи при што 305 случаи на заплени се евидентирани во втората половина од годината. До ОЈО во 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, од кои 69 кривични пријави се поднесени во втората половина од годината. Со засилено темпо работиме и годинава, при што се остварени 74 случаи на заплени, а преку Секторот за контрола и истраги поднесени се 35 кривични пријави за 69 физички лица и 16 правни лица до Основно јавно обвинителство и до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, истакна директорот Николовски, особено осврнувајќи се на случаите каде е откриен и спречен сериозен криминал.Притоа Николовски ја потенцира важноста од продлабочување на досегашната соработка се со цел остварување на заедничките приоритети за економска трансформација преку спроведување ефективни трговски политики и интензивирање на трговската размена, како и сузбивање на транснационалниот криминал и корупцијата.Директорот на состанокот остварен во рамки на денешната посета информираше дека како стратешки партнер во НАТО, Царинската управа се координира и комуницира со службите на Армијата сѐ со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила што на Армијата ѝ се потребни за зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО.Во рамки на посетата амбасадорката и тимот го посетија и Дежурниот Оперативен Центар при Царинската управа каде беше презентиран системот за видео надзор и системот за препознавање на регистарските таблички, како и центарот за обуки со помош на виртуелна дигитална напредна технологија.Воедно беше презентирана и опремата донирана од САД која ја користат царинските мобилни тимови од Одделението за оперативни работи за откривање на обиди за шверц, а беа извршени и презентации каде царински кучиња од К9 единицата ги демонстрираа вештините во откривање на оружје, дрога и пари. Амбасадорката упати честитки до царинските службеници, инспекторите во царинските мобилни тимови, и до инспекторите при Секторот за контрола и истраги во нивните особени напори во спречување на секој обид за криминал.

Македонија | пред 11 месец

carina

Спречени обиди за криумчарење на луксузни чанти, цигари, масло како и пасоши за миленичиња

- Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да криумчарат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари. Кога слетале на Меѓународен Аеродром Скопје патничките се упатиле на зелен канал со намера нелегално да пренесат чанти од луксузни брендови и да избегнат плаќање давачки кон државата во висина од 924 илјади денари. Истиот момент царинските службеници ги застанале за детална контрола при што во куферите на една од патничките, инаку македонски државјанки, ги пронајдоа луксузните ташни. Против неа е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Скопје заради сомнение дека сторила кривично дело криумчарење.- Во јавен царински склад помеѓу стока со потекло од Кина наменета за увозник во Скопје, мобилен тим пронајде 132 бормашини, кои не биле опфатени со царински документи.- Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило на излез од државата на граничен премин Табановце откри 40 штеки цигари сокриени во горниот дел од кабината на влекачот.- Брачен пар се обидел преку граничен премин Блаце во државата да криумчари 72 пара патики со вкупна вредност од околу 100 илјади денари. Во намерата се спречени од мобилен тим кој при контрола на возилото помеѓу седиштата и во багажникот ги откри непријавените производи.- Мобилен тим на излез од државата на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус во еден ранец и патничка торба откри 58 пасоши за домашни миленици со турски сериски броеви. Сопственик на пасошите бил турски државјанин, водич на автобусот кој сообраќал на релација Косово-Турција.- На влез во државата на граничен премин Богородица царинските службеници при контрола на камион со бугарски регистарски таблички во просторот за палети открија 85 литри ладно цедено маслиново масло.- 56 женски чанти се пронајдени во багажниот простор и резервната гума на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини

- Странски државјани кои патувале со автомобил управуван од државјанин на Србија се обиделе да криумчарат злато преку граничен премин Табановце. Во нивната намера се спречени од царинските службеници коишто извршија контрола на автомобилот при што во чантата на сопатничката, државјанин на Украина, открија 5 златни монети со проценета вредност од половина милион денари. По откривањето на монетите за нивен сопственик се пријавил трет патник инаку германски државјанин кој исто така патувал со истиот автомобил.- На Меѓународен аеродром Скопје е спречен шверц на 1.200 таблети Plaquenil што се употребуваат за третман на лица со автоимуни болести. Таблетите се пронајдени во куфер на државјанка на Босна и Херцеговина, која патувала со лет од Истанбул.- Професионални фотоапарати и опрема за фотографирање е пронајдена при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Табановце.- Мобилни телефони и 74 делови за мобилни телефони со вкупна вредност од 204 илјади денари се пронајдени во просторот за резервна гума на автомобил со косовски регистарски таблички управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.- Службата за мобилен скенер, во надворешна преграда на влекач на товарно возило пронајде четири турбо компресори за патнички и товарни возила. Непријавените производи се откриени во возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.- Во друг случај Службата за мобилен скенер при контрола на камион, во просторот за палети, откри 13 кимона за карате и 47 пара боксерски ракавици коишто не биле пријавени. Делото е откриено на царински терминал на граничен премин Табановце, каде при скенирање на камионот со македонски регистарски таблички се утврдени неправилности по што е извршена контрола на возилото.

Македонија | пред 1 година

1_1

(Видео) Царинска управа: запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривично

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна штета врз Буџетот во висина од 2,8 милиони денари.Имено, на ден 13.12.2024 година по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Ресен, инспектори од Секторот за контрола и истраги извршија претрес на помошни простории што се користеле како дуќан од страна на лицето С.Т. од Ресен. При извршениот претрес пронајдени се околу 259 килограми режан тутун. Извршени се и контроли на градскиот пазар при што од лицето Р.Н. од Ресен одземени се 100 килограми режан тутун.Истиот ден по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Битола извршен е претрес на помошни простории што се користеле како гаражи од страна на лицето Ѓ. К. при што се пронајдени околу 283 килограми режан тутун. Дополнително при контроли на градскиот пазар во Битола, од истото лице се одземени уште 88 килограми режан тутун, како и дополнителни 49 килограми режан тутун од лицето Т.Н.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Обид за шверц на опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми од светки марки

Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки, известува Царинската управа и додава:- Специјализирана компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства е запленета по извршена контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин Блаце.- Спречен обид за криумчарење на 8,26 килограми (19 кутии од по 60 кесички) Unicity Balance суплементи во вредност од 228 илјади денари, што Службата за мобилни скенери ги пронајде во кабина на камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.- 173 парфеми со потпис на познатите трговски марки Том Форд, Версаче, Армани и други се пронајдени во шест картонски кутии сместени на горниот кревет во кабината на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.- Царински службеници на влез во државата на граничен премин Дојран спречија обид за криумчарење на ладилник за товарно возило. Непријавениот ладилник е откриен во просторот за палети на камион со бугарски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.- Разни производи, меѓу коишто се фрижидер, стоматолошка столица, кафемат се откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово.- Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на машина и опрема за водоводни цевки. Истите се откриени при контрола на автомобил со грчки регистарски таблички со кој управувал македонски државјанин.- Машина за потреби во текстилна индустрија, откриена од страна на мобилните царински тимови, пронајдена на креветот во кабината на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.- 160 пара облека од брендовите Бос и Левис, но и 930 парчиња нашивни надворешни текстилни етикети со ознака на брендот DSQ2 се пронајдени во преграда за алат и под креветот во кабината на камион управуван од албански државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце.- Службата за мобилни скенери, при контрола на два камиони управувани од македонски државјани, на влез во државата на граничниот премин Табановце откри непријавени 50 килограми боја и повеќе кутии со средства за полирање возила.- На влез во државата на граничен премин Табановце мобилен тим при контрола на автобус откри 26 белгиски канаринци и 4 вреќи со храна за птици. Истите без соодветни дозволи и документи македонски државјанин што патувал со автобусот сакал нелегално да ги внесе во државата.- Спречено криумчарење на 28 штеки цигари на граничните премини Дојран и Богородица. При тоа 10 штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени во прегради во кабината на камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Останатите 18 штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени во внатрешноста на бандажот на резервно тркало на камион управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Богородица.

Свет | пред 1 година

IMG-38f5ec91d64f7488ac0ae87ba6e56f76-V

Директорот на Царинска управа: Ги затегнавме чешмите!

Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите 5 месеци.Поднесена е 31 дисциплинска постапка за царински службеници за злоупотреба на службена положба. Од први јули до 26 ноември има 211 случаи на заплени или двојно повеќе во однос на лани. Поднесени се 45 кривични пријави што е за три пати повеќе во однос на истиот период минатата година. Ова беа дел од поентите на директорот на Царинска управа Бобан Николовски во гостувањето во емисијата „За или против" на Алфа телевизија.Николовски потенцира дека наплатата на приходите бележи континуиран раст во изминатите пет месеци."Во јули се наплатени речиси 12 милијарди денари што е историски најголема наплата во еден месец. Растот на наплатата на приходи се задржа и во наредните месеци. Така, во септември се наплатени 10,27 милијарди денари или 9,4 проценти повеќе од лани, при што приходите од царина се зголемени за 24,4 проценти, а на акциза за 25,9 проценти. Во октомври наплатени се 11,3 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе од истиот период минатата година", истакна Николовски.Зголемената наплата се должи на зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека."Растот на наплатата на приходи се должи на зголемени контроли, менување на свеста на царинските службеници за поголем интегритет и професионалност, но и воспоставениот ред по принципот награда за секој што заслужил, но и санкционирање на оној што постапувал спротивно на законите. Воспоставен е и нов Комитет за оперативно работење чија задача е поефикасна координација на оперативното работење, што подразбира и зајакната контрола на работата на царинските службеници. Воедно на граничните премини и граничните терминали веќе е имплементиран систем за видео надзор и систем за препознавање на регистарските таблички", вели Николовски.Во интервјуто Николовски говореше и за модернизација на премините, како и проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ.

Македонија | пред 1 година

carinska-uprava-zaplena-3

Царинска управа: спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока

Царински службеници и мобилни тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.616 стоматолошки инструменти и четири килограми порцелански прав и основен порцелан за стоматологија, се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на куфери во сопственост на турски државјанин кој допатувал со лет од Измир. Откако при рентгенска контрола на куферите на патникот биле забележани неправилности, била извршена детална контрола при што биле пронајдени непријавените производи. Истите се привремено задржани а против патникот е поведена прекршочна постапка.Царински службеници на царинска испостава Меѓународен аеродром Скопје, спречија шверц на 9 кутии импланти за гради кои патник, државјанин на Австрија, сакал да ги внесе во државава без да ги пријави. При контрола на патникот, во багажот, во еден од куферите, се откриени непријавените импланти, за која патникот не поседувал ниту дозвола за увоз за таков вид на стока од надлежна институција. Против патникот е поднесена соодветна пријава, а имплантите се запленети.Спречено криумчарење на 96 штеки цигари што по воздушен сообраќај македонски државјанин сакал да ги внесе во Лондон. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферот во сопственост на патникот ја пронашле непријавената акцизна стока. Штеките цигари се запленети, а против патникот е поднесена соодветна пријава.33 штеки цигари без акцизни маркички, се запленети и при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Штеките цигари се пронајдени во фрижидерот во кабината на камионот, во кеса сместена над резервоарот и во надворешна преграда на влекачот.Во два случаи мобилни тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење наменета за увозници од Скопје открија поголема количина играчки со ознаки на заштитени трговски марки (вкупно 246). Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е започната постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 759 илјади денари.Мобилен тим при контрола на камион пријавен како празен на граничен премин Блаце открија 180 метри кабел за електрична инсталација. Непријавената стока била откриена во камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. На влез на граничниот премин Блаце мобилен тим при контрола на автомобил откри и непријавени 114 кутии со термоси за вода. Термосите требало да завршат на македонскиот пазар.До македонски државјанин е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.Имено царински службеници при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево, откриле комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола. Возачот изјавил дека истите се од возило кое го расходувал во Бугарија, но, согласно евиденцијата за влез и излез на возила на Министерството за внатрешни работи, е констатирано дека возилото имало остварено влез во државата во 2019 година, а потоа не е евидентирано на излез од државата. Поради сомневање дека возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде оцаринето и платени увозни давачки, против сопственикот е поведена прекршочна постапка до надлежен суд.52 комплети од рачен часовник и бижутерија обетки, прстен и синџирче, се запленети откако истите се откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Сплит – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени во ранец и две најлонски кеси сместени во просторот за багаж на автобусот. Против патникот е поведена соодветна постапка.Царински службеници на граничен премин Дојран запленија 4.320 парчиња реквизити за маскенбал поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 259 илјади денари. Започната постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Македонија | пред 1 година

carina-zaplena-4

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, лекови, облека, електроинсталациони производи, цигари и фалсификати.Златен накит (прстени, обетки, нараквици златен часовник)- 19 парчиња златен накит и еден златен рачен часовник, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовна линија на релација Истанбул-Печ, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. При преглед на автобусот и багажот на патниците, во ранец на косовски државјанин, патник во автобусот, бил пронајден беџ за посета на саем за накит во Истанбул. При личен претрес на патникот, во џеб од неговите фармерки биле пронајдени 10 златни приврзоци со син камен, 1 прстен бело злато со бел камен, 1 златен прстен со виолетов камен, 2 златни прстени со зелен камен, 2 обетки од бело злато, 3 златни нараквици и 1 златен часовник марка GENEVE, а во неговиот паричник била пронајдена една златна монета. Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.Лекови- 56 пакетчиња DYSPORT 500 mg, 18 парчиња Оxymetholone, 150 инекции тестостерон TITANS и 50 таблети тестостерон ТITANS, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.Во првиот случај, на бензинска пумпа на регионалниот пат Скопје – Блаце, покрај паркиран автобус со турски регистарски таблички, било забележано лице како префрла производи од најлонска кеса во кутија од стиропор со мраз. При извршената контрола било утврдено дека се работи за 56 пакетчиња со лекови DYSPORT 500 mg, кои возачот, турски државјанин, имал намера да ги пренесе во Косово. Автобусот сообраќал на релација Истанбул – Призрен.Во вториот случај, при контрола на такси возило, сопрено на влезот во Скопје кај клучката во Хиподром, биле откриени 18 парчиња Оxymetholone, 150 инекции тестостерон TITANS и 50 таблети тестостерон ТITANS. Лековите биле пронајдени во чанта сместена на задното седиште и во вреќа сместена на подот зад предните седишта.Во двата случаи лековите се привремено задржани а против возачите ќе бидат поведени прекршочни постапки.Облека- женска бунда, 2 машки костуми, 2 женски чанти и 2 батерии за дрон, откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, кои имале ознаки на познати светски брендови и чија вредност е проценета на 3,9 милиони денари а избегнатите давачки изнесуваат 1,2 милиони денари, биле пронајдени вокуфер сместен во тоалетот на автобусот. Возачот изјавил дека куферот го преземал како пратка од лице од Италија и не знаел што има внатре.Производите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.- 197 парчиња женска облека, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Белгија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При скенирање на автобусот биле забележани неправилности во просторот за багаж, по што била извршена физичка контрола. Притоа, во една торба и неколку кеси биле пронајдени непријавените производи, со вредност од 147 илјади денари и избегнати давачки од околу 59 илјади денари. Истите се привремено задржаниа против возачот, македонски државјанин ќе биде поведена прекршочна постапка.- 156 парчиња женска и машка облека откриени при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата на граничниот премин Богродица, се пријавиле две возрасни и две малолетни лица, сите македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во црни вреќи сместени во багажникот и во просторот помеѓу предните и задните седишта, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.Вредноста на производите е проценета на 70.600 денари а избегнатите давачки инесуваат 27.268 денари.Електроинсталациони производи- 691 електроинсталациони производи (светилки, конектори, приклучници и напојувања) и 3.971 метри кабел за електрични инсталации, откриени при контрола на стока од испраќач од Турција наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. Непријавената стока, која не била опфатена со царинските документи, е привремено задржана а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.Цигари-16 штеки цигари, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. При извршениот преглед покрај пријавените три штеки цигари пронајдени се 12 штеки цигари PS и 4 штеки цигари WINSTON.Непријавените цигари се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост- 314 звучници и 9.000 светилки за патнички возила со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад наменета за фирма увозник од Скопје. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права на интелектуална сопственост, и согласно законските прописи поведена е постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 2,2 милиони денари.- 30.000 запалки, 13.000 батерии и 1.440 пакувања жилети со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Дојран. Возилото било натоварено со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово.Сомнителните производи, чија вредност доколку би се продавале како оригинални се проценува на околу 3,2 милиони денари, се привремено задржани, и согласно законските прописи започната е постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Македонија | пред 1 година

Lekovi

Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови

На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми опојна дрога марихуана, чијашто вредност на нелегалниот пазар на големо се проценува од близу 100 илјади евра, а на мало до три пати повеќе. Опојната дрога спакувана во 36 пакувања од по околу еден килограм, е пронајдена при контрола на возило управувано од македонски државјанин, каде била скриена во 4 големи куфери. Инспекторите од Секторот за контрола и истраги презедоа понатамошни дејствија при што по наредба на јавен обвинител е извршено вештачење, а против лицето е поднесена кривична пријава заради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.Заплена на лековиНа граничен премин Јажинце царинските службеници спречија обид за криумчарење на вкупно 7.847 ленти разни лекови. Притоа запленети се лекови ксалол од еден мг, бромазепам од 6 мг, флормидал од 15 мг и бенсадин од 10 мг со вкупна вредност од 8,7 милиони денари. Случајот е октриен при контрола на товарно моторно возило во сопственост на македонска фирма. Возилото кое се пријавило за празно е селектирано за детална контрола при што во кабината на кревет кој бил во подигната позиција имало 4 кутии со лекови излепени со леплива трака. Возилото и лековите се запленети, а против сторителот ќе се поднесе кривична пријава заради прекршување на кривичниот законик.Заплена на девизиНа излез од државата на граничен премин Деве Баир, царински службеници запленија 12.690 евра. Во случајот, двајца странски државјани кои патувале со автомобил, на прашање дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле негативно, но при извршената контрола, во три паричници сместени во рачна чанта биле пронајдени 32.690 евра. Сопатничката изјавила дека 10 илјади евра се нејзини, кои согласно законските прописи и се вратени, додека останатите 22.690 евра биле сопственост на возачот. Поради тоа што возачот не поседувал документ за потекло или потврда за внесени ефективни пари во државата, 10 илјади евра, износ што нерезиденти можат слободно да го изнесат од државата, му биле вратени, а 12.690 евра биле привремено задржани. За сторениот девизен прекршок против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.Заплена на цигариЦарински службеници на граничниот премин Богородица запленија 44 штеки цигари со вкупна вредност од 128.100 денари, откриени при контрола на празен камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Штеките со цигари биле скриени во кабината на камионот, во фабричките празнини за изолација над возачкото и совозачкото седиште и над креветот за спиење, како и во кутиите за ПП апарати закачени на предниот дел на полуприколката. Непријавените цигари се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.Заплена на облека- Мобилни тимови запленија 1.230 парчиња облека, 1.300 кутии за накит, и 455 килограми текстилно платно откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 1. Вкупната вредност на непријавена стока изнесува 443.745 денари, при што избегнатите давачки изнесуваат 116.314 денари. Стоката чиј испраќач е од Турција, наменета за увозник од Струмица, не била опфатена со царинската декларација. Против правното лице е поднесена прекршочна пријава до надлежен суд.Заплена на разни производи со потпис на заштитени трговски марки- Во четири случаи, вкупно 38.462 парчиња разни производи со потпис на заштитени трговски марки се запленети од страна на мобилни царински тимови и царински службеници на граничен премин Богородица поради сомнение дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Стоката била наменета за увозници од Скопје и Тетово. Во тек е процедура за утврдување на нивната оригиналност.Конкретно, мобилни тимови во два случаи на контрола на стока со потекло од Кина наменета за фирма од Тетово, запленија вкупно 4.532 играчки со потпис на познати трговски марки. Фирмата која увезувала играчки и школски прибор, дел од производите ги пријавила како обични производи, а не како производи кои се со потпис на познати трговски марки. При контрола на стоката мобилните тимови, запленија дел од стоката заради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.Во третиот случај мобилен тим при контрола на стока со потекло од Кина наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, пронајдоа 30.858 разни производи со потпис на заштитени трговски марки.Во последниот случај царински службеници на граничниот премин Богородица при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички натоварено со стока од испраќач од Кина, наменета за фирма од Скопје, запленија 3.072 парчиња обувки со потпис на познати брендови.

Македонија | пред 1 година

nikolovski-carina-4

Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан.Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани.Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања