ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

центар

300777986_457308189742962_8728798627074653592_n

Герасимовски: Се отстрануваат 40.000 квадрати опасен азбест од напуштената фабрика „Треска“

Започна да се чисти депонијата во напуштената фабрика „Треска“, во општина Центар. Четириесет илјади метри квадратни опасен азбестен кров останат во напуштениот индустриски капацитет почна да се отстранува под посебен надзор, како не би дошло до загадување на животната средина. Активностите за чистењето на „Треска“ денеска ги најави градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.-Пред 5 месеци по пожарот кој зафати дел од овој простор зад себе остави руинирани и запуштени објекти налик на оние во „Чернобил“ и тоа беше уште еден аларм дека земјиштето мора итно да се расчисти. На територијата на „Треска“ има околу 40.000 метри квадратни азбестен кров, кој исто така беше зафатен во пожарот. Уште тогаш кажав дека час поскоро, напуштениот индустриски капацитет треба да се расчисти. Моменталната состојба освен што преставува извор на зараза за жителите кои живеат во околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и градот.Градоначалникот посочи дека за чистењето на теренот, постапките почнале од почетокот на август, бидејќи се раководеле по Обвинителството, кое ги утврдува причините за пожарот кој настана во кругот на напуштената фабрика.-Веднаш штом Обвинителството ни дозволи активности на терен, започнавме процес и законски процедури за расчистување на објектите на напуштената фабрика. До овој момент во Општина Центар пристигнати се 36 барања за издавање на решенија за отстранување на објекти, од кои до сега одобрени се 13 - истакна Герасимовски.Отстранувањето на објектите и чистењето на целиот простор ќе го вршат самите сопственици, како што налага законот. Тие претходно до општината доставиле барања за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За чистењето на просторот, сопствениците на објектите ангажирале и приватна компанија за надзор која ќе дава логистика за безбедно отстранување на азбестот, шутот и ѓубрето настанато пред и после пожарот.

Скопје | пред 3 години

9E22C598-6EF6-466F-B69C-E50266660533

Летале кровови во Центар, невремето направи штети

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, веднаш по денешното невреме излезе на терен и заедно со припадниците на МВР изврши увид на неколку локации во Општина Центар каде граѓаните имаа пријавено штети.Паднат е лим од покрив на улица „Црвена Вода“, кој оштетил неколку возила кои биле паркирани во непосредна близина на зградата, а пристигнати се и неколку пријави за паднати дрва на повеќе локации во општината.„Веќе од понеделник ќе формираме посебен тим од општината кој ќе излегува на терен по временски непогоди и ќе врши увид во состојбата. Жителите на Центар сите поголеми штети од невремето можат да ги пријавуваат на бројот за итни случаи 112, од каде ќе бидат проследени до општинскиот штаб за управување со кризи“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Центар обезбеди лични асистенти и во летниот распуст за ученици со попреченост во развојот

Општина Центар за првпат и за време на летниот распуст обезбедува лични асистенти во домашни услови кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот. Воедно Општина Центар е првата општина во државата која им дава поддршка од овој тип на учениците со пречки во развојот кои ги посетуваат основните училишта во Центар.„Од ова лето, осум стручни лични асистенти ќе водат грижа за 14 дечиња со попреченост во развојот. Нивна задача е да им помагаат на децата и нивните родители во дневното извршување на обврските и да се грижат за нормално одвивање на секојдневието на децата. Личните асистенти ќе ги посетуваат домовите на учениците три пати во неделата. Воедно сакам да им се заблагодарам на сите кои се вклучени во реализацијата на овој проект, особено асистентите, кои навистина вршат една многу корисна и благородна активност“, изјави градоначалникот Герасимовски.Личните стручни асистенти, имаат за цел со употреба на различни модули да им дадат поддршка на сите деца во оваа целна група во повеќе насоки, и тоа: инклузија на децата со попречености во образовниот систем; подобрување на нивната социјална интеграција; поддршка при совладувањето на образовните содржини и олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им се заблагодари за досегашната работа на личните асистенти на децата со попреченост во развојот и им посака успех во престојниот период.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Ќе се гради градинка во населба Пролет

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, ги презентираше тековните општински активности, но и плановите за работа во претстојниот период.Герасимовски, покрај останатите проекти, ја спомена и новата градинка која ќе се гради во населбата Пролет, која воедно ќе биде и прва детска градинка во ова населено место.„Градинката во Пролет ќе биде една убава, модерна градинка, на површина од 3270 метри квадратни, каде што ќе можат да се сместат околу 150 наши дечиња од Општина Центар. Една од помодерните градинки во државата, нешто слично како основното училиште ‘Киро Глигоров’, отворено пред неколку години“, рече Герасимовски во гостувањето.Градинката ќе биде изградена на вкупна површина од 3276 метри квадратни, на приземје и два ката. Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални и 2 јасли. Предвидено е во состав на објектот да има урбана градина со сандаци со песок и земја и детски реквизити (лизгалки, лулашки и мостови). Надворешното игралиште ќе биде инклузивно и до него ќе можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа, а концептот на градинката е да се обезебди простор во кој акцентот пред сѐ, се става во функција на децата и обезбедување на удобен простор за ран развој и нивна игра.Градинката ќе има и сопствена кујна, која ќе биде изведена по HACCP стандарди, ќе има енергетска ефикасна фасада, греењето ќе биде еколошко – дел на парно, а дел на топлински пумпи. Со изведбата на овој објект, кој ќе биде во рамки на надлежност на ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“, сите детски градинки во Општина Центар ќе имаат по 4 објекти.Градежните работи се предвидени да започнат во текот на месецот, а рокот за изведба е 18 месеци. Изградбата на новата градинка ќе чини 154.243.997 денари, средства обезбедни од Буџетот на Општина Центар.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Центар објави повик за субвенционирање на граѓаните, засегнати се оние кои живеат во згради

Општина Центар го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.Јавниот повик се однесува за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови во согласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери.Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и кровни покривки е насочена кон замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки на колективни станбени објекти и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови што се наведени во Јавниот повик.Проектот се поддржува со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје, во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за секоја одобрена апликација. Јавниот повик ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ и се однесува на станбени објекти постари од 15 години.Јавниот повик ќе биде отворен заклучно до 7 јули 2022 година, а за целосната постапка за аплицирање и потребна документација може да прочитате на линкот https://www.centar.gov.mk/?p=15208, објавен на веб-страницата на Општина Центар.Преку финансиската помош за реконструкција на постојни кровови и лифтови во станбените објекти, Општина Центар вложува во здравјето и потребите на граѓаните.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-23-at-10.36.12

(ФОТО) Скопје во една слика: Коњот заврзан на тераса во напуштен објект во Дебар Маало е спасен

Коњ бил заврзан во напуштена зграда во Дебар Маало. Според информациите на спасувачите, тој бил оставен дехидриран, без храна и вода. За него јавија случајни минувачи и медиуми, по што следеше акција за негово извлекување.„Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“, објави ЗОО-Скопје.

Скопје | пред 3 години

388101

Протест пред „Киро Глигоров“ во Капиштец, уличишното игралиштето го издале на фирма

Родители на ученици во основното училиште „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец, за денес најавија протест против, како што велат, комерцијалното отуѓување на школското игралиште, кое според нив ѝ било издадено на користење на приватна фирма.„При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата незаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови“, велат родителите.Тие изнесоа и листа со барања до надлежните:1. Итно стопирање на градежните активности2. Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)3. Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.4. Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, велат во соопштението родителите на учениците во ООУ „Киро Глигоров“

Скопје | пред 3 години

Untitled-65-960x564@2x

Обвинение за Стојменов, за изградба на објектот кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик.Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар.За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016-та година добил Одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа Беко Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил Одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2-ра категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа.​​

Скопје | пред 3 години

279486156_380383020768813_8519277697929948591_n

Центар почнува да субвенционира купување на нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет

Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.Од утре, среда, 4.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу до 3.000 денари за која е потребно да достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, е-велосипед или е-тротинет.Барањата со комплетна документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6, почнувајќи од 4-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.Општина Центар напоменува дека правото на субвенција е еднократно.За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број: 3203-609.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Центар негува стари лица во домашни услови, проект каков што досега немало

Најпофални зборови доби проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ од највозрасните граѓани на Општина Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски пред распишување на новиот јавен повик за овој проект, посети неколкумина корисници од кои слушна дека негата во домашни услови која се спроведува преку овој проект, не само што е незаменлива, туку е и неопходна за сите пензионери во државата.„Главните предизвици со кои се соочуваат старите лица секојдневно се: неможност да си ги извршат секојдневните активности поради старост, неподвижност и болест, влошена здравствена состојба и немање асистенција при посета на лекар, немаат помош и поддршка при снабдувањето на основните прехрамбени намирници, немање на средства за ангажирање на негувател во домашни услови. Затоа Општина Центар го зголеми времетраењето на овој проект и обезбеди дополнителна финансиска поддршка за ангажирање на негувател и друга помош за пензионерите. Нашата цел е преку оваа нега, која се одвива во домашни услови, да им ја олесниме староста на нашите највозрасни сограѓани и да им обезбедиме подобри пензионерски денови“, изјави Герасимовски.Преку проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ Општина Центар обезбедува медицинска нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, психолози, негуватели и социјални работници 3 пати по 2 часа во неделата во домовите на корисниците. Овие услуги во моментов ги користат 90 пензионери и за истиот Општина Центар набргу ќе распише нов јавен повик.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ФОТО) Нов мурал и театарски перформанс по повод роденденот на великанот Горан Стефановски

Општина Центар одбележа 70 години од раѓањето на македонскиот литературен деец и еден од најпознатите дебармаалци, Горан Стефановски. Роден е на 27-ми април, во Битола во 1952 година, каде неговите татко и мајка, режисер и глумица, работеле во тој период. Стефановски разбирливо, најголемиот дел од детството го поминува во театрите, додека неговиот помлад брат, Влатко, се пренасочува кон музиката.„Семејството Стефановски води потекло токму од Дебар Маало, со кое и самиот тој беше емотивно поврзан и каде после сите претстави, патувања и гостувања, секогаш се враќаше. Дебар Маало е и нераскинлив дел од неговото литературно творештво. За значењето на Горан не треба да се трошат дополнителни зборови. ‘Диво месо’, ‘Дупло дно’, ‘Лет во место’, ‘Тетовирани души’, ‘Демонот од Дебар Маало’, се само дел од капиталните дела, не само на Стефановски, туку и на цела современа македонска драматургија“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Добитник е на многу домашни и меѓународни награди за неговите творештво и достигнувања, меѓу кои и државната награда за животно дело во областа на науката, културата и уметноста - „11 Октомври“. Горан Стефановски до ден денес е присутен во нашето културолошко секојдневие - книгите и расказите ги читаме и сега, а неговите драми сѐ уште се играат и во домашните, но и во театрите ширум Европа. Во рамки на одбележувањето на 70-тиот роденден на Стефановски во Општина Центар, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ се изработи мурал со ликот на Стефановски и во паркчето спроти општинските бараки се одржа краток пригоден театарски перформанс.„Новиот мурал на Стефановски, изработен од уметникот Блаже Атанасков, кој ќе го краси неговото и наше Дебар Маало е еден мој, личен симболичен гест, чија изведба му оддава почит на еден од најголемите и најпознати центарци. Ви благодарам на сите за денешното присуство“, додаде градоначалникот Герасимовски.Одбележувањето на роденденот се затвори во малиот парк спроти општинските бараки, каде група автори: Васил Христов, Викторија Рангелова – Петровска, Русе Арсов, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабанович, го изведоа театарскиот перформанс со делови од драмите на Стефановски, наречен „Маалски драмски разговори“.Во овој парк, пред 3 години Општина Центар, заедно со семејството на Стефановски и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, засади чинар и подоцна го постави спомен обележјето со клупата на Горан. Од тогаш наваму, секоја година општината симболично го одбележува 27 април, роденденот на еден од најпознатите центарци, Горан Стефановски.

Скопје | пред 3 години

Pozar-Treska-4

Во понеделник Кризниот штаб на Општина Центар ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“

Кризниот штаб на Општина Центар, заедно со другите надлежни институции во понеделник ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.„Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши анализа од стручните институции ќе имаме прецизен увид, но и ќе донесеме одлука за следните чекори како најбрзо и најбезбедно да го отстраниме целиот отпад и расчистиме просторот. Општината ќе се координира со останатите надлежни институции и ќе преземеме соодветни мерки“, вели градоначалникот Герасимовски.Општина Центар ќе побара од овластени лаборатории за животна средина да извршат мерења и достават извештаи од мерењата, како би се одредиле следните чекори. По овој состанок и насоките од институциите надлежни за овој проблем, Општина Центар ќе ги знае следните чекори и за истите ќе ги извести сопствениците. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, практично по стапувањето на функција, неколкупати досега во своите јавни настапи предупредуваше од можноста за еколошка катастрофа на местото на поранешната фабрика „Треска“, споредувајќи ја сега состојбата таму дури и со Чернобил.„Повеќе пати сме апелирале за изнаоѓање издржано решение за отпадот кој се наоѓа таму, но поради објективни причини, локацијата сè уште не е исчистена. Чистењето на локацијата е и обврска на сопствениците на објектите. Досега до општината се пристигнати 28 барања за отстранувања на објекти од страна на сопствениците и истите се уште се во постапка“, рече Герасимовски.Тој потенцира дека приоритет на општината е што поскоро безбедено да се расчисти целиот простор кај „Треска“ и да се стави крај на ваквите немили настани, бидејќи поголеми и помали пожари се случувале во изминатиот период повеќе пати. Покрај ова, старите хали се предмет на грабежи, а локалните жители се чуствуваат небезбедно. Зависно од исходот и заклучоците на Кризниот штаб, потенцираше Герасимовски, можно е да се спроведе и забрзана постапка за издавање дозвола за рушење на објектите, со цел побрзо отстранување на опасниот азбестен отпад и како примарно, поголема безбедност на граѓаните.

Скопје | пред 3 години

WhatsApp-Image-2022-03-29-at-10.17.41

Герасимовски: Парк од 9000 м2 и градинка на просторот на „Треска“

„Јас уште во предизборниот период зборував дека ќе се залагам за хуман урбанизам и тоа навистина го спроведувам“, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Локално, образложувајќи што бара од градежниците како би се заштитил јавниот интерес кај поранешна „Треска“.„Во „Треска“ бараме изградба на објекти од јавен интерес како градинка, но и многу зеленило. Без разлика што актуелниот ДУП од 2012 година предвидува само 5% зеленило, Општината има побарување просторот да се уреди согласно Законот за урбано зеленило кој предвидува задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%“, вели Герасимовски.Градоначалникот побарал од сопствениците на приватните имоти, освен почитување на законскиот минимум за зелени површини, на таа локација да има дополнително и парк со што би имало многу повеќе зеленило од предвиденото според ДУП-от.„Покрај почитување на законскиот минимум со обезбедување зеленило како партерно уредување, во тој опфат има и државно земјиште од околу 9000 м2 кое би сакале да се реализира во голем парк. Тоа е многу повеќе зеленило кое не е планирано со ДУП-от, а го надминува и законскиот минимум, што пак го потврдува фактот дека не се окупира целиот простор само за нови градби. Јас постојано повторувам дека се залагаме за зелен Центар и сакаме нови и поголеми зелени површини во општината. Парковите и зелените површини не можеме целосно да ги направиме на приватни парцели, но силно ќе се залагаме за максимална реализација на нашите барања од страна на сопствениците“, изјави градоначалникот на Општината.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Герасимовски: Нема да дозволам злоупотреба на ниту една педа државно земјиште, за случајот кај „Тифани“ ќе пуштиме жалба

По последните написи во медиумите за Решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11842/1, близу зградата „Тифани“, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје, Ве информираме дека Општина Центар веќе подготвува жалба за предметот.Имено, ДУП-от – Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, планот за локацијата од интерес на јавноста, со измените и дополнувањата од 21.12.2012, на градежната парцела бр. 5.9.1. во чии рамки се наоѓа катастарската парцела 11842/1, од која дел е во државна сопственост, предвидува градби од категорија А2, односно Домување во станбени згради.Градежната парцела бр.5.9.1. е во сопственост на државата, каде трајно право на користење има Општина Центар, е со вкупна големина од 413 м2. (Од три расположливи катастарски парцели, оние кои се во сопственост на РМ се со површина од 22 квадратни метри и 90 квадратни метри, а најголема е парцелата која во Катастарот се води како државен имот врз кој право на користење има Општина Центар. Таа е со површина од 301 квадратен метар, но приватизација Управата за имотно правни работи ја одобрува на 185 квадратни метри).Општина Центар повторно информира дека е затекната од Решението донесено од Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје при Министерството за финансии, со кое престанува правото на користење со градежното земјиште. Зачудува фактот што Управата воопшто не ја исконсултирала општината на било кој начин.Општина Центар во овој случај ќе ги искористи сите правни средства и лекови за да се поништи донесеното Решение од Управата за имотно правни работи.Повторуваме, ставот на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е јасен – општината нема да дозволи злоупотреба на ниту една педа државно земјиште.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Герасимовски: 63 ученици од социјално загрозени семејства добиваат бесплатни стоматолошки услуги

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје овозможи бесплатни стоматолошки услуги за сите деца од сите осум основни училишта во општината кои спаѓаат во nсоцијално ранливите категории.„Преку оваа соработка, Општина Центар сака да им помогне на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца. Одржувањето на оралнотоnздравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот. Затоа, покрај поправката на запчињата, децата добија и совети за здрави навики и здрава исхрана, како и едукативни предавања за правилно четкање на забите со кои го победуваат стравот од одење на забар“, изјави Герасимовски.На денешниот Светски ден на оралното здравје, Општина Центар информира дека за оваа услуга која дечињата ја добиваат на Стоматолошкиот факултет, Општина Центар издвои 50.000 денари, а факултетот на децата им подари пригодни подароци со прибор за редовно одржување на оралното здравје.Покрај овој проект, Општина Центар обезбедува стоматолошки услуги и за сите други ученици од 1-во одделение од сите основни училишта, како и за децата од возрасните и средни групи во градинките.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања