„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ЦЕНТАР

media-library21o2j76r2j3d1bSPEwr

(Видео) Потресно сведоштво од скопско училиште: ученик извадил нож на час, Јаневска најави дефенитивен крај на ваквото однесување

Родители на деца кои учат во основното училиште „Киро Глигоров“ испратија порака до редакцијата на Скопје 1, во врска со детето кое со нож дошло на училиште. Според нив, службите четири години службите велат дека работат со детето, но ситуацијата се влошува.Детето четири години е агресивно, насилно и минатата година син ми кој е со посебни потреби со ножички. Бркаше девојче со ножички низ училницата, за сега да извади нож на час. Мајката потпишала дека пржела лепчиња и му го подготвувала ранецот во исто време и по грешка ставила нож во ранецот. Од директорката четири години добиваме уверување дека се работи со детето, но станува неиздржливо. Четири години работат со детето и само се влошува состојбата. Во истото училиште ученичка истепа наставнички, што беше објавено на медиуми. Во сите одделенија се бара вонредна родителска затоа што родителите веќе не чувствуваат дека децата им се безбедни во училиште. Се пика под тепих за да не се наруши угледот на училиштето. Без медиуми очигледно нема нипто да направиме. Родителите на детето праќаат инспекција на наставничката, директорката и врши притисок на наставничката, ние родителите на наставничката и ништо не решивме. Од службите велат дека работат со ученикот, видовме од шамари и плуканици, преку ножички до нож. Се работи за деструктивно дете кое лиже клупи, јаде пластелин, сунѓер, живее во свој свет. Родителите четири години добиваат насоки од службите да го однесат детето на проценка во МКФ и тоа четири години не е направено“, велат родителите.Во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“, министерката за образование и наука Весна Јаневска, изјави дека е запознаена со случајот со детето од училиштето „Киро Глигоров“.Го знам случајот, мислам дека денес постапува Државен просветен инспекторат, не сум сигурна тие ќе ме информираат, ќе состават записник и ќе ми кажат. И јас сум ги слушнала овие муабети дека директорката ги заштитува родителите и тоа ќе треба ако овој записник покаже дека има нешто да се продлабочи и прошири, вели Јаневска.На прашањето дали може да ја смени директорката, министерката Јаневска одговори дека не може, бидејќи тоа е надлежност на градоначалникот Герасимовски. „Не сме разговарале, не знам дали е точно, но од тоа што се слуша е така. Службите можат да работат со детето, но функционална проценка на ова дете е неопходна, и ако е сè ова што го пишуваат родителите точно, тогаш ќе треба дел од часовите детето да ги помине во друга установа. Треба да има образовен асистент, очигледно детето нема, бидејќи не се спомнува овде. Како и да е овој случај ќе продолжиме да го истражуваме. Дефинитивно ќе мора да се реши“, вели Јаневска.Видете и други сведоштва:

Македонија | пред 1 ден

299300548_1509089779544340_5740019662609878792_n

Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема

Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти  навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини.Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и согласно издадената документација.За секоја утврдена неправилност, инспекторите согласно законските надлежности, ќе реагираат со  поведување прекршочни постапки и изрекување соодветни санкции.Градоначалникот на Општина Центар во повеќе наврати порача дека нема да има толеранција за бесправно узурпирање на јавниот простор.„Нашите инспекциски служби се на терен. Соодветни казни ќе има за сите што немаат одобрение за поставување урбана опрема“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 2 дена

media-library9if6vl4ep87sf1JGmf9

Четири градилишта во Центар казнети со 1.300–1.800 евра за незаконско зафаќање јавни површини

Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“.Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryfbgbqlebk526eViWhLF

Трајкоска против новата зграда кај поранешна печатница: Знаете кога Брза Помош ќе стигне до Државна?! Никогаш

Граѓанската активистка Жанета Трајкоска преку објава на социјалните мрежи упати апел до советниците на Општина Центар, кои денеска заедно со градоначалникот Горан Герасимовски треба да одлучуваат за деталниот урбанистички план на просторот кај поранешната печатница „Нова Македонија“.„Ова се советниците на Општина Центар. Тие денеска заедно со градоначалникот Горан Герасимовски ќе одлучат дали ќе ја доумрат општината и дали ќе гласаат за огромното (уште едно) чудовиште кое треба да се гради според ДУП на местото на печатницата Нова Македонија.Погледнете убаво кој сe е дел од оваа приказна. Нема колективен или партиски пристап. Сите овие луѓе имаат име, презиме, слика и образ. Од СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија, преку ВМРО, Левица, ЗНАМ, Шанса за Центар Независни заедно - граѓанско политичка платформаОвие луѓе треба да гласаат за 25 ката бетонско чудовиште со 10 ката подземен паркинг (важно го нацртале ). Еве замислете уште тоа здание на пат кон Клиника. Знаете кога Брза Помош ќе стигне до Државна?! НиКоГаш!!!Да станеме сите верници и да се молиме дека нема да ми треба, вклучително и овие што денеска планираат да гласаат за!Да ги видиме кои се!Доста е од колективни партиски коруптивни одлуки на мали послушници со големи желби за моќ и парички. Секој глас има име и презиме, како што и секоја одлука која дошла до тука има одговорност во општина Центар“, посочува Трајкоска.

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryifvhi8n18ilk1dAevGO

Герасимовски: Финансиска помош за 125 граѓани со здравствени проблеми и тешка материјална положба, исплатата почнува месецов

Герасимовски: Финансиска помош за 125 граѓани со здравствени проблеми и тешка материјална положба, исплатата почнува месецовГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одобри финансиска поддршка за 125 граѓани кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Станува збор за баратели кои поднеле барања во периодот од јули 2025 година до 31 декември 2025 година, а исплатата ќе започне во текот на месецов.Еднократната финансиска помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка. Висината на помошта се утврдува според индивидуалните потреби, а износите се движат од 3.000 до 25.000 денари.За остварување на правото на финансиска поддршка, потребно е доставување на документи со кои се докажува здравствената или финансиската состојба, како што се потврда за невработеност од Агенцијата за вработување, потврда од Управата за јавни приходи, медицинска документација или друг соодветен доказ.„Секој наш сограѓанин е важен. Заедно градиме општество на еднакви можности. Оваа финансиска помош е наменета за оние на кои им е најпотребна, за лекување, нега и поддршка во секојдневниот живот“, истакна Герасимовски.Мерката ќе продолжи и оваа година, со цел да се помогне на жителите на Општина Центар што се соочуваат со здравствени и материјални потешкотии.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarye7bc8gini8208rXotCc

Герасимовски: Центар ангажира лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби

Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“, за учебната 2025/2026 година.Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица над 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост.„Ангажманот на личниот асистент подразбира директна поддршка на ученикот во текот на наставниот ден. Поддршката вклучува помош при следење на наставата, движење низ училиштето, комуникација со соучениците и наставниците и други активности во согласност со индивидуалните потреби на ученикот“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.Избраните кандидати ќе бидат ангажирани како лични асистенти во основните училишта на територија на општината, со скратено работно време од 20 часа неделно, во период од четири месеци, почнувајќи од март 2026 година до крајот на актуелната учебна година.За ангажманот е предвиден паричен надоместок во висина од 15.000 денари (нето) месечно.Пријавувањето се врши во Архивата, барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.Јавниот повик трае пет работни дена од денот на неговото објавување и е достапен на општинската веб-страницата и на огласните табли во основните училишта на територија на општината.

Скопје | пред 1 седмица

media-library9vinmiu6kgq65lMBqC6

(Фото) Иселени бездомници кои узурпирале напуштени објекти во Центар, постоел ризик од пожари и загрозување на здравјето

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа интензивна акција за расчистување на два напуштени објекта на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.Интервенцијата следува по барање на жителите од околните згради, кои укажале на страв од можни пожари, кражби и загрозување на јавното здравје. На локацијата во близина на гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин, со асистенција на Министерство за внатрешни работи, биле иселени затекнатите лица, по што започнало расчистување на отпадот во и околу објектот.На втората локација, кај ТЦ „Буњаковец“, поради присуство на малолетни лица, во акцијата била вклучена и социјалната служба. По нивната интервенција, надлежните пристапиле кон целосно чистење на мини-депонијата што се формирала во и околу напуштениот објект.Од Општина Центар посочуваат дека и покрај континуираните интервенции на овие критични точки, нерешените имотно-правни односи често се користат како можност за повторно вселување и создавање нови ризици. Упатен е апел до сопствениците на објектите да покажат поголема одговорност, а до граѓаните – да продолжат со навремено пријавување на вакви појави со цел ефикасна реакција на службите.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarycv4c1rah232s9hqheeJ

Општина Центар започна расчистување на напуштените објекти и иселување на бездомните лица

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата.Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.Ова не е првпат инспекциските служби на Општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи сонерешени имотно-правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објекти во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryalvavfkfdkd12MTg3Nl

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа, Дебар Маало добива уредена пешачка зона

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона.„Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален јавен простор“, рече  градоначалникот Горан Герасимовски.Проектот има за цел уредување на јавниот простор  и воведување организиран резидентен паркинг. Реконструкцијата се изведува на вкупна површина од околу 6.000 квадратни метри, на потегот од „Партизански одреди“ до улицата „Никола Тримпаре“.Во рамки на зафатот се предвидува инсталирање ново улично осветлување, поставување клупи и канти за отпад, како и целосна реконструкција на коловозот и тротоарите со поставување гранитни и травертин плочи.На дел од улицата се поставува нова водоводна и атмосферска мрежа, додека фекалната канализација е веќе изведена, а каблите на ЕВН се спуштени под земја.Проектот е изработен во соработка со Архитектонскиот факултет и вклучува уредување на зелените површини,  замена на исушените  дрвја со нови садници и поставување ниско зеленило.Проектот се финансира со 70% средства од Светска банка, додека преостанатите 30% се покриени од буџетот на Општина Центар.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarycr5250429ulj2ZrWEBT

Герасимовски: Темелна трансформација на потегот во Градски Ѕид – ново детско игралиште, фитнес зона и мини урбан парк

Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски Ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија“.Во рамки на активностите, се отстранува дотраеното детско игралиште во делот зад објектот „Краш“. На истата локација ќе биде поставен нов проширен простор наменет за детска игра, со нови реквизити и подлога.Веднаш до него се планира и поставување модерна фитнес зона, опремена со справи за вежбање и рекреација.„Модернизацијата и уредувањето на овој простор беа дел од мојата програма. По барање на жителите, овој потег го уредуваме за да биде достоен за урбаното јадро и за нивните секојдневни потреби“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.На целиот потег ќе се изврши целосно поплочување. Дотраените и искршени плочи се отстрануваат, се поставуваат нови рабници, како и нов кош на местото на постојниот. Предвидена е и изведба на хидроизолација над подземните гаражи, со цел решавање на проблемот со протекување.Со проектот е опфатено темелно хортикултурно уредување, поставување нови  клупи, светилки и уредени пешачки патеки. Просторот ќе добие функција на мини урбан парк.Овој дел од Градски Ѕид е исклучително фреквентен, а уредувањето ќе има директно позитивно влијание врз секојдневието на илјадници граѓани, создавајќи зелена и функционална зона што ќе го поврзува Зелено пазарче со деловниот и станбениот дел на општината.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryn9g3fgkk3cer4q5WTIS

Герасимовски со ансамблот „Орце Николов“: Македонската традицијата е дел од нашата програма

По повод 80 години постоење на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со раководството на културно-уметничкото друштво.На средбата се разговараше за тековните културни активности во општината и можностите за понатамошна соработка меѓу Општина Центар и ансамблот.„Со Ансамблот имаме одлична соработка. Во рамки на програмата за култура, ансамблот доби и финансиска поддршка за проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, со што продолжуваме да вложуваме во негувањето на народната уметност“, порача градоначалникот Герасимовски.Тој нагласи дека локалната самоуправа е силен поддржувач на културата и народното творештво.„Во изминатиот период значително ги зголемивме вложувањата во културата, а за 2026 година буџетот за култура изнесува 26 милиони денари. Преку бројни манифестации овозможуваме културни содржини што ги обединуваат граѓаните од сите возрасти. Културата е и ќе остане наш приоритет“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 месец

DSC_0402

Субвенции за возачки испит за млади од Центар, повикот отворен

Општина Центар објави јавен повик за доделување субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Мерката е наменета за млади жители на локалната самоуправа, со цел финансиско олеснување и поттикнување на безбедно учество во сообраќајот.Право на субвенција имаат лица кои во текот на 2026 година ќе наполнат 18 и 19 години, односно родените во 2007 и 2008 година, како и оние кои во 2025 година наполниле 19 години, родени во 2006 година, под услов уплатата за полагање на возачкиот испит да ја извршиле во текот на 2025 година.Висината на субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен данок на додадена вредност и може да се користи исклучиво за полагање возачки испит за Б-категорија.Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека со оваа мерка општината има за цел да ги мотивира младите навремено да го положат возачкиот испит и одговорно да се вклучат во сообраќајот. Според него, субвенцијата претставува и директно олеснување за семејните буџети, имајќи предвид дека процесот за добивање возачка дозвола е финансиски оптоварувачки, но неопходен чекор за секој млад човек.Барањата со целосна документација се поднесуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, во барака број 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/3203-600, како и на електронските адреси elif.idris@centar.gov.mk и anastazija.babulovska@centar.gov.mk.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryn1dn1p38llk9fWdCRaE

Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол, механизацијата е на терен

Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол.Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи,  училиштата и градинките, за безбедно движење на граѓаните и учениците.Општина Центар ги повикува граѓаните да пријавуваат критични точки  со цел службите веднаш да интервенираат и да го расчистат теренот, на телефоните: 075 219 068, 076 313 381 и 075 476 768.„Нашите служби се постојано на терен. Имаме доволни залихи на сол, а механизацијата го расчистува снегот на местата кои се под наша надлежност“,  рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Скопје | пред 1 месец

media-library9i5a9ik6p1qkemSo2Xh

Герасимовски: Светиот крст донесе благослов и желби за благосостојба на сите граѓани во Општина Центар

Денеска во просториите на Општина Центар се одржа срдечна средба со нашиот сограѓанин Дарко Митровиќ, кој вчера, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, имаше чест и среќа да го извади светиот крст од водите на реката Вардар.Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа посета беше посветена на заедничките желби за здравје, среќа и општа благосостојба на сите кои живеат и работат во Центар.„Ми претставуваше искрено задоволство што лично му честитав на Дарко за неговиот подвиг. Тој денеска дојде со светиот крст како симбол на надеж и духовен мир, со искрена желба за среќа и просперитет на сите негови сограѓани. Општина Центар секогаш ќе ги негува традициите што нè обединуваат и носат позитивна енергија во нашето секојдневие“, изјави градоначалникот Герасимовски.Дарко беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“. Општина Центар уште еднаш му го честита овој голем успех и му посакува благословот да го следи него и неговото семејство во текот на целата година.

Скопје | пред 1 месец

karticki

Провалил во Центар за дијализа и украл картички, со помошник подигнал 40.300 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица поради кражба и неовластена злоупотреба на банкарски платежни картички во Центарот за дијализа во Кочани, при што биле подигнати над 40 илјади денари.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Одделението за внатрешни работи Кочани поднело кривична пријава против О.С.А. (42) од Штип поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, како и две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Дополнително, кривична пријава е поднесена и против Д.Т. (39) од Кочани за продолжено кривично дело „помагање“ во врска со неовластеното навлегување во компјутерски систем.Според наводите од пријавата, на 4 октомври 2024 година, првопријавениот неовластено влегол во просториите на Центарот за дијализа во Кочани и од заклучен шкаф одзел паричник со пари, две банкарски платежни картички и лични документи кои им припаѓале на две вработени лица.Истата вечер, второпријавениот, со помош на украдените платежни картички, извршил повеќе трансакции и подигнал парични средства во вкупен износ од 40.300 денари, со што им овозможил корист за себе и за првопријавениот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против лицата се преземени законски мерки и дека случајот е целосно документиран и процесуиран до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања