Промени тема
Контакт

Субвенции за возачки испит за млади од Центар, повикот отворен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
DSC_0402

Општина Центар објави јавен повик за доделување субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Мерката е наменета за млади жители на локалната самоуправа, со цел финансиско олеснување и поттикнување на безбедно учество во сообраќајот.

Право на субвенција имаат лица кои во текот на 2026 година ќе наполнат 18 и 19 години, односно родените во 2007 и 2008 година, како и оние кои во 2025 година наполниле 19 години, родени во 2006 година, под услов уплатата за полагање на возачкиот испит да ја извршиле во текот на 2025 година.

— реклама —

Висината на субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен данок на додадена вредност и може да се користи исклучиво за полагање возачки испит за Б-категорија.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека со оваа мерка општината има за цел да ги мотивира младите навремено да го положат возачкиот испит и одговорно да се вклучат во сообраќајот. Според него, субвенцијата претставува и директно олеснување за семејните буџети, имајќи предвид дека процесот за добивање возачка дозвола е финансиски оптоварувачки, но неопходен чекор за секој млад човек.

— реклама —

Барањата со целосна документација се поднесуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, во барака број 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.

— реклама —

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/3203-600, како и на електронските адреси elif.idris@centar.gov.mk и anastazija.babulovska@centar.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

macki-gluvci

СДСМ Центар за глодарите: Дератизацијата не може да ги замени собирањето отпад и одржувањето на канализацијата

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Скопје | пред 2 дена

media-libraryd053coojsg137KYxbGc

До 5.000 денари месечни стипендии за учениците од основните училишта во Центар

Скопје | пред 3 дена

media-librarysfj2m7ihsafrc6ME561

Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно: „До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања