Промени тема
Контакт

Провалил во Центар за дијализа и украл картички, со помошник подигнал 40.300 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
karticki

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица поради кражба и неовластена злоупотреба на банкарски платежни картички во Центарот за дијализа во Кочани, при што биле подигнати над 40 илјади денари.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Одделението за внатрешни работи Кочани поднело кривична пријава против О.С.А. (42) од Штип поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, како и две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Дополнително, кривична пријава е поднесена и против Д.Т. (39) од Кочани за продолжено кривично дело „помагање“ во врска со неовластеното навлегување во компјутерски систем.

— реклама —

Според наводите од пријавата, на 4 октомври 2024 година, првопријавениот неовластено влегол во просториите на Центарот за дијализа во Кочани и од заклучен шкаф одзел паричник со пари, две банкарски платежни картички и лични документи кои им припаѓале на две вработени лица.

— реклама —

Истата вечер, второпријавениот, со помош на украдените платежни картички, извршил повеќе трансакции и подигнал парични средства во вкупен износ од 40.300 денари, со што им овозможил корист за себе и за првопријавениот.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против лицата се преземени законски мерки и дека случајот е целосно документиран и процесуиран до надлежното јавно обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

macki-gluvci

СДСМ Центар за глодарите: Дератизацијата не може да ги замени собирањето отпад и одржувањето на канализацијата

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Скопје | пред 2 дена

media-libraryd053coojsg137KYxbGc

До 5.000 денари месечни стипендии за учениците од основните училишта во Центар

Скопје | пред 3 дена

media-librarysfj2m7ihsafrc6ME561

Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно: „До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања