ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

центар

Gerasimovski-vo-360

Герасимовски: 1735 пензионери ќе добијат по 2.500 денари пред празниците

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека е завршен јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. На овој повик, 1735 пензионери аплицираа за еднократна финансиска поддршка од Општината која ќе биде исплатена до крајот на годината.Герасимовски потенцира дека аплицирањето на 1735 пензионери за еднократна парична помош од 2.500 денари е важен чекор кон обезбедување на поддршка за време на новогодишните празници.„Во период на новогодишни празници кога целото семејство заеднички прославува, овие денови можат да бидат и дополнителен финансиски притисок за пензионерите. Затоа, наша задача е да им го олесниме секојдневието. Интересот за јавниот повик беше навистина голем, верувам дека овие средства ќе им помогнат за празничниот семеен буџет”, вели Герасимовски.Општина Центар продолжува да имплементира проекти преку кои ќе ја зајакнува локалната заедница, но и ќе го подобрува квалитетот на живот на сите граѓани.

Скопје | пред 1 година

unnamed-2

(Фото) Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста.Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.„Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.Општина Центар, во текот на летото, објави видео снимки доставени од граѓани, на кои се гледаат сцени на деструкција, дивеење и загрижувачко однесување на млади лица на јавен простор во истата населба.Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен. По вчерашниот инцидент, Герасимовски повторно потсетува дека безбедноста зависи од заедничкиот ангажман на граѓаните, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа.„Клучно е да соработуваме и комуницираме за да се спречат ваквите инциденти. Само со заедничко залагање ќе имаме мирни населби и сигурен живот за нашите граѓани“, додаде Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Со инвестициите од претходните три години во наследство оставаме проекти за многу следни генерации

Претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, капитални инвестиции во образовните институции и инклузивниот процес, паметно осветлување и инфраструктурни проекти, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави тригодишниот отчет пред граѓаните. Тој на прес конференција посочи дека изминатиот период општината е фокусирана и посветено работи на реалните потреби на жителите и локалната самоуправа, а за тоа говори и високата реализација на буџетот која изнесува 87%.Герасимовски отчетот го започна истакнувајќи дека дел од проектите кои актуелната локална власт ги реализирала за три години се направени по повеќе од 50 години.Од капиталните проекти тој рече дека Општина Центар е носител на иновациите потенцирајќи го трговското друштво „Енергија Центар“.„Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во иновациите. Ние сме првата општина во државата што основа претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар“ поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка“, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеци, фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров“, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет.Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес “, изјави Герасимовски пред новинарите.Тој рече дека за првпат во државата е отворена енергетска канцеларија каде правните и физичките лица може да се информираат за постапките и документацијата за поставување на фотоволтаични панели.Од капиталните инвестиции Герасимовски зборуваше за доградбата на училиштето „Коле Неделковски“ по цели 66 години како и поставувањето на паметното осветлување со кое општината ќе заштеди на сметките за јавно осветлување.„Ветивме и го исполнивме проширувањето на капацитетите на училиштето „Коле Неделковски“. По 66 години, училиштето за првпат доби четири нови училници и два кабинети. Дополнително, изградивме лифт и санитарни јазли за учениците со посебни образовни потреби. Градиме модерна и современа општина. Инвестиравме два милиони евра во реконструкција и модернизација на уличното осветлување, приклучувајќи се на проектот Смарт сити. Во завршна фаза сме на поставување на улични светилки со ЛЕД технологија и паметни ормари, што ќе придонесе за зголемена безбедност, подобрен квалитет на осветлувањето и до 70% заштеди за општината“, рече Герасимовски.Изградбата на градинката „Пролет“ во вредност од 2,5 милиони евра и улицата „Ленинова“ се уште едно ветување за кое зборуваше Герасимовски.„Со особена радост сакам да најавам дека внатрешното уредување на новата градинка „Пролет“ е при крај. Општина Центар со сопствени средства во износ од околу 2,5 милиони евра ја гради најголемата градинка во државата, со капацитет за згрижување на 150 деца од населбите Пролет и Маџир Маало. Ова е модерна градинка на две нивоа, опремена со пристапни рампи, лифт и сопствена кујна. Го исполнивме и барањето на граѓаните и ја реконструиравме улицата „Ленинова“, која сега е модерна, зелена и урбана улица. Создадовме паркинзи за станарите, ново осветлување, паркинзи за велосипеди и велосипедски патеки од двете страни на улицата “, изјави Герасимовски.Градоначалникот на Центар Герасимовски зборуваше за новиот проект кој во моментов се работи, а се однесува на зелен појас во Капиштец.„Веќе започнавме со хортикултурно и партерно уредување на потегот од „Беверли Хилс“ до трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец. Ќе зазелениме и уредиме површина од околу 7000 квадратни метри, за која верувам дека ќе стане ново собиралиште за жителите на населбата. Ова уредување вклучува поставување на нова урбана опрема, детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови“, рече Герасимовски.Од инвестиции во образованието Герасимовски наброја инвестиции во инклузивниот процес во образованието, новите лифтови во училиштето Коле Неделковски и градинката Пролет, пристапните рампи во „Коле Неделковски“ и „Кочо Рацин“ и градинката „Пролет“, спортските сали во училиштата „11 Октомври“, „Гоце Делчев“, „Кочо Рацин“ и свечената сала во училиштето Димитар Миладинов. Темелно реконструираната и модернизирана трпезаријата и кујна во училиштето „11 Октомври“, новата информатичка опрема во вредност од 6 милиони денари, сензорните соби и прочистувачите за воздух во секоја училница во сите училишта.Герасимовски рече дека се реконструирани и тоалетите во 5 основни училишта, крововите на градинката „13 Ноември“ објектот „Јасмин“, градинката Корчагин која има и целосна реконструкција на сите занимални. Тој потсети и дека три години сите првачиња во Центар добиваат бесплатни ранци и училиштен прибор како и тоа дека општината е единствена која обезбедува лични асистенти за децата со посебни образовни потреби.Во инфраструктурниот развој Герасимовски зборуваше дека општината реконструирала 19 улици при што обезбедени се резидентни паркинзи, поставена е нова урбана опрема и столпчиња за регулирање на сообраќајот на повеќе локации во општината.„По барање на граѓаните, изградивме дополнителни пешачки патеки во неколку населби, овозможувајќи полесна достапност до одредени локации. Целосно го реконструиравме и тротоарот на улицата „Народен фронт“, со што добивме побезбедни улици и за возачите и за пешаците. Продолжуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните и да ја унапредуваме инфраструктурата. Го регулиравме паркингот кај Народна банка за 250 возила и изградивме паркинг зад автобуската „Ким“ и училиштето „Коле Неделковски“, рече Герасимовски.Општина Центар е највело општина со освоена прва награда, а заслуга за тоа имаат и 460-те субвенции за купување нови велосипеди, 66-те субвенции за е-велосипеди и тротинети, како и субвенциите за дополнителна опрема за велосипеди, појасни градоначалникот на Општина Центар Герасимовски.Во неговиот отчет влегува и акцијата за кревање на хаварисани возила кои ја грдат сликата за јавна чистота и уредена околина.„Во соработка со МВР и пајак службата на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар,“ организираме акции за отстранување на хаварисаните возила. Целта е да ги ослободиме јавните површини што со години беа безцелно узурпирани. За оваа цел, овозможивме телефонски број каде што граѓаните можат да ги пријавуваат хаварисаните возила за нивно бесплатно дислоцирање“, рече Герасимовски.Тој зборуваше и за реконструкцијата на детските и спортски игралишта и апелите за намалување на девијантното однесување во ноќните часови.„Силно се залагавме за институционална поддршка во справувањето со девијантното однесување во ноќните часови. Нашите апели до младите, родителите, институциите и стручната фела сакаме да ги преточиме во предлог за законско решение кое ќе стави крај на овие појави. Како градоначалник, заедно со општинската администрација, ја инициравме постапката за измени во законот што ги опфаќа малолетничката деликвенција, родителството и образованието. Ова е чекор кон спречување на насилното и девијантното однесување, кое за жал се пренесува и во други општини“, изјави Герасимовски.Тој потсети и на зголемените инспекторски надзори и зборуваше за исполнетите ветувања кон пензионерите. Трите отворени пензионерски клуба, бесплатните стоматолошки услуги, еднократна финансиска помош за пензионерите со просечни пензии како и проектот кој нуди нега во домашни услови. Во отчетот Герасимовски не ги изуми ниту семејствата со принова. За три години општината доделила 5 милиони и 600 илјади денари на 808 семејства со новороденчиња и воведе нов проекти за бесплатен превоз до здравствените установи за лицата со попреченост над 18 години.Градоначалникот Герасимовски зборуваше за транспарентноста и отворени денови како и онлајн услугите за граѓаните и нивното партиципативно учество во креирање на буџетот.Од културните настани тој ги наброја Маалскиот фестивал, детската недела, роденденот на Горан Стефановски, како и концертот Нешто што ќе остане како и хуманитарните базари за собирање средства за лекување на неколку центарски дечиња.Општина Центар е лидер во промени, рече Герасимовски мислејќи на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти која се преточи во ново законско решение.„Тоа е победа не само на Општина Центар, туку и на сите општини во државата“, рече Герасимовски.Герасимовски зборуваше и за проектите кои се планираат за следната година, а тоа е изградба на нова општинска и административна зграда со 300 паркинг места за автомобили и 100 за велосипеди и тротинети. За следната година рече Герасимовски клубот „Работнички“ ќе добие матична сала што е исполнување на уште едно негово ветување.За крај тој изјави дека Општина Центар ќе остане посветена на ветувањата за реализација на сите проекти кои носат бенефит за граѓаните, ја развиваат општината и го подобруваат животот во Центар.

Скопје | пред 1 година

regulatorna

Центар и Кисела Вода денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација информира дека за денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.- поради изведување на водоводен приклучок ф- 200 мм на ул. Борис Трајковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Кисела Вода)- поради менување на вентил ¾ на улица Македонија 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Центар)

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2021-12-11-at-09.41.21

Миа Костова: Ќе го изгубите и Центар, може треба да се разгледа можноста часови да се држат во септември во МПЦ, пријатно, ладничко на ниво

Инфлуенсерката Миа Костова по бурата од реакции која ја крена со објавата дека нема да го пушти нејзиниот син во училиште додека во училниците температурите се 37 степени, замина во Санторини. Во дел од коментарите ја прашуваа дали плаќа данок кон државата од профитот кој го прави како јавна личност, на што таа одговори. Најголемиот револт го донесе фактот што училиштето во кое учи нејзиниот син е новоизградено, но без клими.“Сите загрижени кои прашуваат дали плаќам данок, ќе мора да ве разочарам дека плаќам. До денар. Пари на рака не земам. Затоа што ова што го работам не е пазар. Знам дека сте разочарани и од фактот дека не работам со компензации во случај некој да ве праша. И да, сѐ си плаќам сама, напиша Костова.На дневен ред на Советот на Општина Центар ќе се најде и барање за донација од црква на МПЦ во Берлин. Тоа го искоментира и Костова.“Е сега, кога веќе плаќам данок имам право да барам основна вентилација па и клима во школо и тоа да е приоритет пред инвестиција на општина Центар за црква во Берлин. Може треба да се разгледа можноста часови да се држат во септември во МПЦ, пријатно, ладничко на ниво. Штета баш ми е криво што ќе го изгубите и Центар.Ботови на сдсм дали сте спремни на 3….2….1… Отидов ја на Санторини, вие мислете му ја кај идат парите и челичајте ги вашите Херкулчиња на 78 степена и радувајте се на црква во Берлин. И да, Санторини сама си го плаќам”, додаде Костова

Коментари | пред 1 година

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Популизам е можноста за конфискација на дивоградби, велат од Шанса за Центар

Активстите од „Шанса за Центар“ сметаат дека не се оправдани многуте фалби околу можноста за конфискација на дивоградби.„Проблемот има димензии кои се неверојатни, ама никој не зборува со бројки. Потребна е примена на современи методи на мерења и снимања за идентификација на дивоградби, дроновски и авионски снимања кои беa предложени во амандманите на Шанса за Центар, но одбиени од Општината.Нашите ставови се непроменети од лани: се смислуваат начини за ПР, ветувајќи решение на проблем кој не можат ниту да го идентификуваат; Дупли поткровја, висини и габарити кои не се според проекти, надградби на спратови на објекти, па и хотели кои се продаваат како станови се наше секојдневие. Што со нив?; Се бара изјава од нотар како повалиден документ од сателитска снимка за да се докаже кога е граден објектот? Некој е одговорен зошто е ова прописот по кој се легализираат; Дали конфискација на објект кој нема проект, кој нема проверка од ИЗИИС и за кој никој не гарантира може да стане јавен објект во кој ќе ставите образовна институција или пензионерски дом? Кој ќе биде одговорен за последиците ако се покаже небезбеден?; конфискацијата на бесправно изградени објекти како инструмент веќе е предвидена во Кривичниот законик. Оваа нова дебата е ново вртење во круг место спроведување на законите; А лани парите одобрени за справување останале непотрошени“, велат од Шанса за Центар.

Скопје | пред 1 година

417549201_744819337656481_8269429998727350645_n

На уредување на паркчето и патеките од „Зебра“ до „Беверли“ во Центар ќе се платат 390 илјади евра

Над 390 илјади евра, пари добиени од Владата, Општина Центар ќе вложи во уредување на паркчето и патеките на потегот од Зебра до ТЦ Беверли Хилс, посочуваат од Шанса за Центар.„За споредба, за сите други паркови и зеленило во општината, севкупно, и за изградба и за одржување се предвидени околу 100 илјади евра“, велат тие.Додаваат и: „На прашањата зошто е одбрана само таа површина наместо со тие пари да се уредува зеленилото во целата општина и како е дојдено до толкава сума за овој зафат, колегите ни одговорија дека така побарале граѓаните и „ако не па тогаш да ги вратиме парите“. Носењето на одлуки за трошење на големи суми на пари во општината останува во стилот „Миле ми текна“, наместо да се заснова на балансиран рамномерен развој на сите делови од општината, кој ќе се темели на проценки, аргументи и факти. Анализи на потребите и придобивките од трошењата се научна фантастика“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-28-at-18.53.47

(Видео) Научете слалом возење ако сакате детето да си го земете од центарската градинка Н.Н. Борче

Од септември, цели 6 месеци, трае малтретирањето на родителите чии деца ја посетуваат центарската градинка „Наум Наумовски Борче“. Мака мачат да ги однесат и земат децата. Улицата е буквално окупирана од тешката механизација на градилиштето кое е на самата улица, на неколку метра од градинката.Хоророт е особено изразен последните два дена. Родителите се револтирани: „До сега немавме приод со возила, а сега ниту со количка можеме да ги носиме децата. Што да очекуваме, за некој ден да ни соопштат дека не смееме да ги носиме децата да ни бидат згрижени, бидејќи градежните газди се приоритет?”. Опасно е и самото движење бидејќи децата мораат да се протнуваат под камионите. Родителите, но и „Скопје1“ неколку пати се обраќаа до градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, но проблемот не се решава. Родителите бараат да биде слободна улицата во периодот кога ги носат и земаат децата. Го прашуваат Герасимовски: „Градоначалник, нели постојано ветувате дека децата ви се пред сѐ, ние што да правиме, да ги отпишуваме од оваа градинка или да учиме слалом возење со количка?”.Во непосредна близина се наоѓа уште едно градилиште од чија бучава децата не можат да спијат.Колку се безбедни градилиштата е големо прашање, а пред извесно време тука загина работник.

Скопје | пред 1 година

Gerasimovski-vo-Televizija-24

Герасимовски: Новите ДУП-ви во Центар носат подобри урбанистички решенија

Носењето нови ДУП-ви има една цел, а тоа е подобро урбанизирање на јавниот простор според густината и потребите на населението, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Тој вчера вечер во телевизиско гостување на Телевизија 24 зборуваше за детално урбанистичките планови кои ги носи Општина Центар.„Во минатото имало лоши ДУП-ви кои ние во моментов ги подобруваме и носиме нови каде што воопшто не биле донесени или се премногу стари. На пример за Француски гробишта од 1991 каде нема ни ажуриран ДУП. Целта за носење на ДУП-те е подобро урбанизирање на самиот простор, а тоа подразбира подобри сообраќајници, повеќе зеленило, јавно добро односно вцртување на нови градинки во зависност од потребите и густината на населението, нови училишта, културни центри итн“, рече Горан Герасимовски во емисијата „Отворено“.Герасимовски потенцираше дека преку носењето подобри планови за организирано живеење Општина Центар има за цел и да ја промени перцепцијата кај граѓаните дека истите се носат поради некакви лични интереси. Тој низ низа промери и споредби го посочи Детално урбанистичкиот план за Крњево 2 кој неодамна го донесе Советот на општината.„Дали било подобро претходно ова урбано решение каде што имаме „Г“ зграда којашто е 57 000м2 или сега со 33 000 м2, каде што имаме подобри сообраќајници и влезови во самата населба, каде што имаме пешачки патеки и провев, каде што се стопирани оние сообраќајници каде што биле слепи и не се дозволиле со новите законски правила и можности, каде што зеленилото е за 4 пати зголемено итн. Значи целта ни е да во носење на самите ДУП-ови како општина како планери да креираме што подобри услови за живот“, рече Герасимовски.Градоначалникот Герасимовски во гостувањето потенцираше дека при носењето на ДУП-те треба особено внимание и при изборот на планерските куќи кои ги изработуваат истите за да не се случуваат прекини за отпочнување нови постапки и ДУП-ви коишто не можат да се донесат ниту за 10 години.„Тоа значи дека во моментот кога ќе почне нова процедура треба да се комуницира со Агенцијата за просторно планирање за да се види како тече и самото носење на ГУП-от за да ДУП-от којшто ќе се носи, тие параметри и бројки се прилагодат со цел да не треба во иднина да се прави дополнително усогласување кога ќе се донесе новиот ГУП“ рече Герасимовски.

Скопје | пред 2 години

Makfax.01_05_53_48.Still301

Герасимовски за акцијата на градилиштето позади Универзална: Наместо -2 напаравен е -1 спрат, ставена беше жолта лента, но инвеститорот продолжи со градба

Градоначалникот Горан Герасимовски е дециден дека земјиштето на улицата „9 Мај“ позади Универзална сала, ќе се врати во првобитна состојба и нема да се гради. Тој посочи дека градежните инспектори на Општина Центар констатирале дека фирмата инвеститор не постапила според дадените насоки за да се заштитат околните објекти. Наспроти ова, тој продолжил со градба.„Во оваа држава постојат закони и мора сите да ги почитуваат. Пред неколку месеци настана проблем од страна на фирмата која го има одобрението за градба. Јамата која требаше да се спроведе, не се спроведе. Не беше заштитена зградата. Немаше ‘шипови’ за стабилизација на целото земјиште. Наместо -2 напаравен е -1 спрат. Ставена беше жолта лента, но инвеститорот продолжи со градба. По решението од градежниот инспектор, за враќање на земјиштето во првобитна состојба, тоа се прави денеска“, рече Герасимовски.Штетата на улицата која пропадна поради градилиштето – треба да ја санира инвеститорот. Ако тоа не го направи до крајот на рокот, штетата ќе ја санираат „Улици и патишта“, а ќе се фактурира на фирмата инвеститор.„Има неколку казни од вкупна вредност 12.000 вредност. Во судска постапка е дадена, истата мора да се плати“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2023-06-01-094632

(ВИДЕО) Полиција, инспекција, градоначалник, механизација позади Универзална - се затрупува градилиште

Со полициска асистенција, градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзална сала, кое проголта дел од улицата „9 Мај“. Откако два месеци, фирмата која гради не постапила по насоките, тоа сега ќе го направи механизација на Општина Центар. Цело градилиште – ќе се затрупува со земја.На градилиштето, Герасимовски и полицијата затекнаа работници кои вршеа градежни активности. Ги информираа за што се дојдени и дека ќе постапуваат. Полициските службеници им посочија дека треба да се тргнат од објектот.„Нека земат алат што имаат и да се тргнат од објектот“, рече полицискиот службеник на еден од работниците, кој потоа му врати: „Ќе треба неколку денови за да се извади алатот“.„Нема време, имаш половина час да го земете алатот“, му рече полицаецот.Градоначалникот на Центар, Герасимовски, му рече на работникот дека ќе се затрупува со земја цело градилиште.Дел од улицата 9 Мај зад Универзалната сала во Скопје се одрони и пропадна во градилиште за нова зграда. Градежната инспекција од Општина Центар, откога се одронил дел од улицата, третпат направила увид на градилиштето. И во претходните два увида инспекторите констатирале дека јамата е необезбедена. На првиот увид, заедно со општинскиот градежен инспектор и полицијата, излезе и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и го затворија градилиштето токму поради необезбедената градежна јама.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2023-03-04-101045

Затворено градилиште позади Универзална сала

Во оваа држава постојат закони и тие важат за сите – градоначалникот Герасимовски и инспекцијата затворија градилиште позади Универзална салаВчера вечер, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван одопштински градежен инспектор и припадници на полицијата, излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала.„Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите“, изјави Герасимовски.Инвеститорот Бинјапи Инжинеринг има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење. По извршениот увид од страна на градежен инспектор од Општина Центар, градилиштето вчеранаутро беше затворено. Инвеститорот попладнето сам си ја отстранил заштитната инспекциска лента и продолжил со градење.По вториот извршен увид, градежен инспектор на инвеститорот му одреди рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација.https://www.facebook.com/reel/5922217204535254

Скопје | пред 2 години

WhatsApp-Image-2022-12-04-at-20.34.53

Герасимовски: Општина Центар е на врвот по транспарентност, а на дното по непродуктивни трошења

Посветено и ефикасно работење, градење мостови на доверба и пријателство преку редовна комуникација со граѓаните се начелата кои Општина Центар ја ставија на врвот на финансиската транспарентност кај граѓаните во изминатите 12 месеци.На вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски изјави дека во измината година со вработените во општината градат систем во кој граѓаните добиваат одговори на поставените прашања и постапки на сите поднесени барања.„Јас верувам дека Центар како јадро на градот, но и државата, мора да биде пример за добро управување, одговорност и блискост со граѓаните. Сите вработени во општината треба да се пријатели на граѓаните на Центар, луѓе од доверба на кои тие може да им се обратат за секој проблем или грижа“, изјави Герасимовски.Герасимовски напомена дека нова приказна во општината се промените во однос на отчетноста и одговорноста во управувањето со парите на граѓаните. Во изминатите 12 месеци, Општина Центар е на врвот по финансиска транспарентност и на дното по однос на непродуктивни трошоци или трошоци за репрезентација.„Јас како градоначалник имам 0 денари расходи за кафеани и репрезентација, а средствата ги пренаменивме за финансиска поддршка на граѓаните. Секој денар од буџетот е наменски потрошен земајќи ги предвид клучните приоритети за граѓаните“, изјави Герасимовски.Тој напомена позитивните промени во општината се должат на редовните отворени денови во општината и достапноста на вработените за граѓаните. Воедно Општина Центар е единствена општина која при креирање на буџетот ги вклучи граѓаните и организираше серија трибини под мотото „Заедно одлучуваме“.„Јас како градоначалник имам редовни средби во маалата и урбаните заедници, но тоа го прават и вработените и раководителите. Со овој пристап, за една година службите значително ја подигнаа ефикасноста, а услугите се подобрени. Ова е новата приказна во која верувам и која граѓаните ја препознаваат и позитивно оценуваат“, рече Герасимовски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“. 

Скопје | пред 3 години

308064691_441300704675014_544060154724722275_n

Наместо паркинг, сред центар никна објект, жителите реагираат, од надлежните нема одговор

Додека урбанистите ги изложуваа новите урбанистички планови за Калето, Парк 2 и Француски гробишта, на една од парцелите на која тие во планот предвиделе да биде јавен паркинг се подигнува објект, вели Шанса за Центар.„Жители на улицата Самоилова постојано известуваат дека и покрај тоа што е пријавено во Општина Центар и инспекциските служби активностите не запираат и објектот секој ден расте.Шанса за Центар исто така ги препрати нивните наоди и фотографии до надлежните служби, но како и вообичаено, нема никаков одговор.Неуспехот во спречување на нелегалното градење ги обезвреднува сите обиди за квалитетно планирање на просторот и спроведување на законите пред кои сите граѓани треба да се еднакви. Неспроведувањето на законите сигурно не нѐ води кон правна држава туку кон правилата на џунглата во која царуваат најсилните и оние со најмногу врски и моќ“, велат од организацијата,

Скопје | пред 3 години

302347697_10228138557786150_8333040031733725901_n

(ФОТО) Зграда во Центар 16 часа без струја, станарите пријавиле во ЕВН, а оттаму ја префрлаат вината

Зграда во Дебар Маало веќе 16 часа нема струја. Станарите велат дека пријавиле во ЕВН, но оттаму велат дека за тоа е одговорна општината.„Среде Центар во Дебар Маало цела зграда нема еве веќе 16 часа струја. Станарите пријавиле во ЕВН, од ЕВН ги праќаат во Општина Центар, Општина Центар се прават наудрени! Дрво има паднато на самиот кабел за струја кој го има прекинато дотокот на струја за зградата. Дрвото е веднаш до градинката на среде улица, повторно Општината не реагира!Горан Герасимовски градоначалниче, вака ли се грижи општината за Центарци?Кога ќе се активираат службите за ова што се случува во срцето на нашата општина?Доколку не сте виделе на терен, повелетe слики во прилог да ја видите состојбата“, стои во објавата.„Службите на Општина Центар изминатото деноноќие се на терен, ги расчистуваат паднатите дрвја и гранки и на одредени локации ги санираат штетите настанати од вчерашното невреме кое го зафати Скопје. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, веднаш по невремето излезе на терен и заедно со службите, вршеше увид и помагаше при расчистувањето велат од Општина Центар„Утринава имавме состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. Во контакт и координација сме и со останатите надлежни институции и ги преземаме сите мерки за расчистување на паднатите дрвја, гранки и покриви. Во текот на денот ќе се врши и проценка на штетите од поплавите кои зафатија дел од општинските градинки и училишта и работиме на нормализирање на состојбата“, изјави градоначалникот Герасимовски, по завршувањето на состанокот на штабот.До општината вчера пристигнаа многу пријави за оштетени возила, живеалишта, деловни простори, проблеми со шахтите и сливниците и сите тие се проследени до надлежните сектори или институции за натамошно постапување.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања