ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

центар

media-library97rb6h5pivpj8xPvzH1

Герасимовски: Иницијативата на Центар за конфискација на дивоградби стана закон, горд сум на ова

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, денеска се сретна со Мартин Пановски, реномиран и наградуван архитект, поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и косопственик на архитектонското биро „Радиус архитекти“.Герасимовски го запозна Пановски со идните приоритети во програмата во делот на урбанизмот, визијата за развој на општината, како и со досега реализираните проекти во Центар.Изминативе четири години иницирав неколку системски решенија, меѓу кои и онаа за конфискација и пренамена на дивоградби, што веќе се преточи во законско решение. Поднесена е и иницијатива за доокрупнување на градежните парцели. Со општинскиот тим архитекти донесовме нови правила за да воведеме ред во градењето, истакна Герасимовски.На средбата двајцата соговорници разменија мислења за идниот изглед на општината, урбанистичките планови и инфраструктурата. Се согласија дека Центар има потреба од повеќе зеленило, смирен сообраќај и балансирано развивање на станбени, деловни и рекреативни зони.Герасимовски најави дека во програмата се предвидува уредување на улици со современи пјацети, партерно уредување на улиците „Коле Неделковски“ и „Христо Смирненски“, хортикултурно средување од Зелено пазарче до улица „Македонија“, реконструкција на „Ленинова“ и други сообраќајници, како и заживување на заборавени објекти , меѓу кои и поранешниот ресторан „Езерце“, кој буди носталгични чувства кај скопјани.Дополнително, беше разговарано и за решавањето на горливиот проблем со паркирањето преку изградба на катни гаражи и новата општинска зграда.Овој објект ќе биде симбол на отвореност и модерна општина, со подземен паркинг за околу 300 возила, што ќе го растовари сообраќајот во Дебар Маало. На архитектонскиот конкурс веќе се избрани три најдобри решенија. Се заблагодарувам на архитектонската фела за нивната поддршка во реализацијата на капиталните проекти, истакна Герасимовски.

Скопје | пред 2 месеци

Gerasimovski-2

„Шанса за Центар“ со критика кон Герасимовски: Популизам пред избори, невладините ги игнорираше целиот мандат

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ жестоко реагира на најавата на актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, дека бара од невладиниот сектор да предложи советник кој ќе ги застапува нивните интереси.„А каде беа тие интереси во целиот негов мандат? Нашите предлози постојано беа игнорирани, одбивани или маргинализирани“, стои во нивната објава. Од иницијативата потсетуваат и на случајот со просторот кај поранешната фабрика „Треска“, за кој велат дека иако инсистирале барем дел од локацијата да се искористи за парк, нивните барања биле саботирани.„Сега, пред избори, одеднаш се сетил на граѓанските организации. Ова не е вистинска грижа, туку чист популизам“, порачаа од „Шанса за Центар“, додавајќи и саркастична понуда: „Еве да возвратиме со љубезноста, го каниме СДСМ да даде нивен предлог кај нас на листа“.Тие ја завршија својата реакција со порака дека очекуваат „фер избори“ и дека ќе се видат со политичките противници на гласање.

Скопје | пред 3 месеци

MixCollage-29-Aug-2025-01-24-PM-6169

Герасимовски: Пристигнаа првите ученички униформи, во тек е дистрибуција до сите основни училишта во Центар

Општина Центар за прв пат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар, информира општината.„Денеска започна дистрибуцијата на првите ученички униформи во основните училишта во Центар. Униформите се со одличен квалитет, со лого на општината и со име на секое училиште поединечно. Во понеделник, сите ученици ќе ги добијат униформите на првиот училишен ден, верувам дека тие ќе бидат среќни и горди што ќе ја носат оваа униформа“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.Со оваа активност, Општина Центар го подигнува квалитетот на основното образование, што вклучува и инвестиции во училишна инфраструктура, дигитализација и безбедност.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-11.03.12

64 градежни дозволи за шест месеци – рецепт за хаос, обвинува Шанса за Центар

Шанса за Центар реагира дека во последните шест месеци во општина Центар биле издадени дури 64 градежни дозволи, што според нив е класичен пример за „традиционална политичка борба“ во оваа општина. „Кога знаеш дека ќе изгубиш на избори, ги потпишуваш сите можни дозволи за градба, иако знаеш дека општината нема капацитет, ниту луѓе, ниту опрема, да контролира и да спречи тоа да се претвори во општ хаос по улиците и маалата“, стои во нивното соопштение.Тие додаваат дека сите дозволи се издадени според планови донесени во 2012 година, кои двапати биле дел од предизборни програми искористени како политички маркетинг.„На граѓаните во наследство и за долго сеќавање ќе им остане просторот во хаос. Но, на идната градоначалничка ќе ѝ даде материјал во процесите каде е најдокажана“, велат од движењето.Кандидатката за градоначалник од Шанса за Центар, Билјана Ивановска, најавува дека ова прашање ќе биде еден од клучните делови во нејзината кампања и дека ќе се заложи за целосна ревизија и контрола на урбанистичките планови.

Македонија | пред 3 месеци

IMG_6897

Починат маж пронајден во центарот на Скопје – нема траги на насилство

Мртво тело на маж било пронајдено во паркот спроти зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје.Според МВР, станува збор за С.К. (50) од Скопје. Смртта ја констатирала екипа од Итната медицинска помош, а по извршен преглед не се забележани траги на насилство.-На 22.07.2025 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во паркот наспроти зградата на поранешна „Нова Македонија” бил пронајден починат С.К.(50) од Скопје. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, соопштија од МВР.Телото, по наредба на јавен обвинител, е дадено на обдукција. Настанот бил пријавен на 22 јули околу 17.25 часот.

Скопје | пред 5 месеци

gerasimovski

Герасимовски: Подготвуваме одлична програма, анкетите ни даваат ветер во грб за втор мандат

Градоначалникот Горан Герасимовски во „Студио 10“ на телевизија 24 информираше дека заедно со тимот подготвува одлична програма, а последните анкети коишто се направени покажуваат солидни резултати кои даваат ветер во грб за втор мандат.„Во моментов сме сконцентрирани да ги реализираме сите оние проекти коишто ги имаме ветено пред граѓаните. Некои се во завршна фаза, некои се на средина на реализација, сконцентрирани сме на нашиот дел на работење и функционирање. Јас и мојот тим подготвуваме одлична програма. Од последните анкети коишто се направени имаме солидни резултати коишто ни даваат ветер во грб да се бориме на овие локални избори. Во овие четири години покажавме дека можеме малку поразлично да функционираме од сите останати општини и дадовме пример како треба да функционира локалната самоуправа. Имаме совет којшто е мешан од повеќе советнички групи од различни политички партии, невладини организации, движења и слично“, рече Герасимовски.Во емисијата, тој истакна дека општината покажала како одговорно се работи во интерес на граѓаните и верува дека сето тоа дава една позитивна слика којашто дава можност повторно да се побара довербата од центарци.

Скопје | пред 6 месеци

Gerasimovski-2

ДЗР констатирал: Општина Центар има 4,5 милиони евра ненаплатени побарувања

Општина Центар, заклучно со 31.12.2023 година има ненаплатени побарувања во износ од 276.569 илјади денари, или 4.482.480 евра, за кои нема утврдено старосна структура и дали постои законска можност за нивна наплата, утврдил Државниот завод за ревизија.Побарувањата по основ на надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти се евидентирани на денот кога истите се наплатени и не се склучени договори за одложено плаќање доколку надоместокот не е платен еднократно.По основ на комунална такса за користење на просторот за паркирање на моторни возила, Општина Центар побарува од ЈП “Паркинзи на Општина Центар” – Скопје 16.940 илјади денари кои се однесуваат на побарувања од минати години, а за 2022 и 2023 година воопшто не искажува побарувања по овој основ.Во услови на непостоење на прецизни и јасни критериуми, во 2023 година доделени се финансиски средства на спортски здруженија, спортисти-поединци и стипендии за млади таленти во вкупен износ од 2.256 илјади денари, што претставува само 13% од вкупните средства на Програмата за спорт и рекреација, а останатите 15.000 илјади денари или 87%, Општина Центар ги доделила на КК “Работнички“ АД Скопје, при што во изминатите 9 години нема извршено контрола на наменското и законското користење на доделените средства.Општина Центар исплатила 984 илјади денари за адвокатски услуги во месечни паушали, а не врз основа на извештај/ спецификација за преземени активности според Тарифата за наградата и надоместок на трошоците за работа на адвокатите.

Скопје | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Општина Центар планира во Дебар Маало од петок до понеделник да забрани движење на возила

Според пилот-проектот на општина Центар, ова маало наскоро може да стане пробна зона за нов сообраќаен режим.Општината планира ограничување на движењето на возила за време на викендите, со цел да се зголеми безбедноста, редот и квалитетот на животот на жителите без загадување и бучава.Проектот според прсвилатз ќе се достави до Град Скопје и СВР Скопје за одобрување. Доколку биде прифатен, пилот-програмата ќе трае шест месеци, а според реакциите и ефектот, може да остане и трајно решение.Од петок во 18 часот до понеделник во 6 часот влезот во Дебар Маало ќе биде дозволен само за резидентни жители со дозвола. Другите возила ќе можат да влезат, но мора да излезат во рок од 15 минути. Доколку ова не го почитуваат ќе бидат казнети.Општината ќе постави рампи со електронска контрола и безжичен систем со мобилна апликација или бесплатен телефонски број за отворање рампи за жителите.Паркирањето кај Орце Николов, Аминта III, Ленинова и 29 Ноември ќе биде дозволено за посетители.Со ова би се подобрил животот во ова фрекфентно и популарно маало.Доколку проектот се покаже како успешен, истиот модел би се применил и во други делови како Буњаковец и Капиштец.

Македонија | пред 6 месеци

serava

Се чисти коритото на Серава за да се спречи излевање, во центар се дератизираат две илјади шахти

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека денеска Град Скопје го чисти коритото на река Серава.„По неколку дописи од општина Бутел до градот Скопје денеска излегоа екипи да го чистат коритото на река Серава, реката се чисти пределот каде што е под ГУП, со тоа согласно закон и надлежност на Град Скопје. Благодарност за реакцијата, со ова спасивме потенцијално излевање на реката во овој дел на Општина Бутел“, напиша Костовски.Истовремено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека почнала дератизацијата во Центар.„Почнавме со редовна пролетна дератизација во Центар. Во текот на следните две недели ќе бидат опфатени над две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари и инсекти, како и превенција од можни заразни болести. Дератизацијата ја спроведуваме два пати годишно, во пролет и есен, и претставува една од клучните мерки што ги преземаме за заштита на здравјето на населението“, напиша тој.

Скопје | пред 8 месеци

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Од 142 вработени во општина, 88 се жени, родовата еднаквост е реалност

Градоначалникот Горан Герасимовски по повод Денот на жената, 8 Март информира дека во Општина Центар родовата рамноправност е реалност.“Во Центар, жените се мнозинство. Од 142 вработени, 88 се жени. 21 жена е на раководна позиција од вкупно 34 сектори и одделенија, а претседател на Совет на Општина Центар е жена”, рече Герасимовски.Герасимовски посочи дека има седум директорки од вкупно 8 основни училишта во Центар.“Од 473 вработени во училиштата, дури 87% се жени. А во сите три градинки раководат жени. Во Центар, родовата рамноправност е реалност. Заедно можеме да направиме сѐ! Среќен 8 Март!”, порача Герасимовски.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-24-at-12.41.46

Николоски: Ниту еден ДУП, ни за Карпош ни за Центар, не е потпишан - не прават урбанизација каква што треба

Министерот за траспорт и врски, Александар Николоски рече дека нема да се носат најавениот специјален закон за општините Центар и Карпош, но затоа, нема да им се поптишуваат Деталните урбанистички планови за да не прават урбанизација која според него „не е каква што треба“.„Градоначалниците на двете општини не се сложија, а тоа мора да е соработка на општините и Министерството. Јас тоа што го ветив го почитувам. И си го држам зборот. До денес, од изборот на Владата, ниту еден ДУП, ни за Карпош ни за Центар не е потпишан. Мислам дека локалната администрација не ја врши својата работи и не прават урбанизација каква што треба“, рече Николоски.

Македонија | пред 10 месеци

Gerasimovski-2

Герасимовски: Очекувам во најкус рок иницијативата за вандализмот да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници

Градоначалникот Горан Герасимовски очекува иницијативата за вршење општокорисна работа на малолетниците кои вандализираат во најкус можен рок да се преточи во закон, со цел да се намалат ваквите девијантни појави во општините.„Очекувам во најбрз рок нашата иницијатива да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници да ги поддржат новите законски измени за да може да го спречиме вандализмот во општините. По доставувањето на иницијативата од страна на ЗЕЛС до Владата очекувам ресорните министерства да предложат измени на законите што ќе се донесат по брза постапка во Собранието. Вандализмот е проблем кој мора сите ние заеднички, меѓуинституционално да го решаваме. Еве повторно, гледаме вандализам во центарот на градот, кај „Жена парк - Борец“ кадешто се скршени и откорнати клупи со расфрлан отпад. Ова мора да го стопираме“, вели Герасимовски.Иницијативата на Општина Центар беше едногласно прифатена на последната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС и со неа се предвидува да се направат измени на постоечките законски решенија како Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата. Овие измени ќе донесат позитивни резултати кај малолетните вандали.Во многу европски земји како Велика Британија, Луксембург, Шведска, мерката за општокорисна работа на малолетници кои вандализираат се покажала ефикасна за ресоцијализација на младите, едукација за вредностите како одговорност и почитување на јавните простори.

Скопје | пред 10 месеци

WhatsApp-Image-2025-01-06-at-13.43.36_f71f45a4

Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Настанот почна со делење на осветените бадникови гранчиња на влезовите од храмот, како симбол на празникот и духовната сплотеност.„Бадник е повеќе од празник, тоа е ден што нè потсетува на вредностите на семејството, заедништвото и љубовта. Ви посакувам празничните денови да ви бидат исполнети со радост, мир и благосостојба. Да го споделиме духот на солидарноста и да покажеме грижа за оние на кои им е најпотребна“, истакна Герасимовски во обраќањето до граѓаните.Тој воедно ја нагласи важноста од зачувување на традицијата, како темел на единството и меѓусебната почит, особено за младите генерации.Во духот на православието, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ја освети бадникарската погача, а празнични честитики до присутните упатија овогодинешниот кум, Радомир Макеларски, и здравичарот Атанас Петров.

Македонија | пред 11 месец

gerasimovski-danela

(Видео) Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град, туку го уништува и тоа што Центар го постави, обвини Герасимовски

Горан Герасимовски, градоначалник на Центар, го обвини Град Скопје кој го раководи Данела Арсовска дека ги уништува празничните украси на неговата општина, откако ги оставиле скопјани без новогодишна магија.„Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град за Нова Година, туку сега и го уништува тоа што општината го украси! Камионот на ЈП Комунална Хигиена, под ингеренции на Градот, помина низ Центар, ги искина сијаличките и продолжи како ништо да не се случило. Ова ли е одговорно однесување кон празничната атмосфера?“, вели Герасимовски.Инаку, до овој момент, неколку пара на сијалични се закачни на Рекорд и плоштадот. Булеварите останаа без светилки, а дел од скопјаните имаат низа забелешки поради тоа.Молкот и нетранспарентноста е одлика од Град Скопје изминатите години. ПР секторот во нашиот случај, е активен само кога Данела Арсовска се расправа со неистомисленици преку соопштенија. Па така, неодговорени останаа прашањата колку чјни годинешното украсување, како е завршена набавката кога нема тендер, до кога ќе е завршено украсување на скопските улици, но и каде се ланските светилки со кои се фалеше Арсовска. Поради информациите дека ланските украси „исчезнале“, прашавме, и дали е точно, како и чија е вината. Добивме - ингорирање.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-10-at-23.14.36_052989fa

(Фото) Центар блесна во новогодишна магија

Општина Центар информира дека заврши со процесот на украсување за Новогодишните и Божиќните празници. Оваа година, новогодишното украсување со бројни светлосни украси, елки и декоративни елементи поставени на најфреквентните локации во општината започна на 21 ноември со цел создавање празнична атмосфера која ќе донесе радост и топлина на жителите на општината, но и на сите граѓани.Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста.“Центар блеска во новогодишна магија. Секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста. Минатиот месец, први во државата почнавме со украсување за да ги стоплиме срцата на дечињата и на возрасните, Центар е дом во кој сите се добредојдени”, истакнува Герасимовски.Во текот на следната недела, граѓаните ќе бидат информирани за сите културни и музички настани што ќе се реализираат пред празнично, на крајот од 2024 година.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања