Промени тема
Контакт

Центар на нозе – сите вработени ангажирани во расчистување на сметот, ситуацијата е алармантна, посебен третман на отпадот од рестораните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-library03q8op488bnca6F80TC

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска на прес-конференција најави итни мерки за справување со кризата со сметот која го зафати не само Центар, туку и целиот град.

— реклама —

„Скопје се соочува со сериозна еколошка криза. Комунална хигиена со денови не го собира сметот, очигледно е дека оваа состојба нема брзо да се реши. Целиот град е затрупан со отпад, имаме хигиенски, здравствени и епидемиолошки проблем. Пристигаат информации дека се појавуваат глодари, состојбата е крајно алармантна“, изјави Герасимовски.

Тој информираше дека Општина Центар прави мобилизација на сите свои ресурси.

— реклама —

„Од денес сите вработени во Општината и во ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар’ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности и ги пренасочуваме вработените да помогнат во справување со проблемот. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност“, нагласи градоначалникот.

— реклама —

Како дополнителна мерка, Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) ќе воспостави посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад.

„Ги повикуваме сите ресторани, кафулиња и локали во Центар да го одлагаат отпадот на локации каде контејнерите не се преполни и да го ставаат во двојни или тројни кеси, за да биде подобро заштитен. Веќе утре ќе објавиме информации за сите локации, а угостителите ќе бидат директно информирани“, најави Герасимовски.

Тој заклучи дека општината ќе продолжи да координира со сите релевантни институции за надминување на кризата и превенција на евентуални здравствени ризици за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4pt4lla3dkfb7K34bYC

Герасимовски: Вложуваме во дигитална инклузија, создаваме еднакви можности за секое дете

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4g47phhmvc814GOsJLP

Отстранета нелегалната конструкција на улицата „Даме Груев“ во Центар, пешачката патека повторно слободна

Скопје | пред 2 седмици

media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Втора вонредна дератизација за два месеца во Центар

Скопје | пред 2 седмици

media-library58d2ov06qa8j8blHX9B

Интензивни контроли на инспециските служби во Центар, 6 градилишта казнети со по 1.300 евра

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања