Промени тема
Контакт

Герасимовски: Светиот крст донесе благослов и желби за благосостојба на сите граѓани во Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-library9i5a9ik6p1qkemSo2Xh

Денеска во просториите на Општина Центар се одржа срдечна средба со нашиот сограѓанин Дарко Митровиќ, кој вчера, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, имаше чест и среќа да го извади светиот крст од водите на реката Вардар.

Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа посета беше посветена на заедничките желби за здравје, среќа и општа благосостојба на сите кои живеат и работат во Центар.

— реклама —
— реклама —

„Ми претставуваше искрено задоволство што лично му честитав на Дарко за неговиот подвиг. Тој денеска дојде со светиот крст како симбол на надеж и духовен мир, со искрена желба за среќа и просперитет на сите негови сограѓани. Општина Центар секогаш ќе ги негува традициите што нè обединуваат и носат позитивна енергија во нашето секојдневие“, изјави градоначалникот Герасимовски.

— реклама —

Дарко беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“. Општина Центар уште еднаш му го честита овој голем успех и му посакува благословот да го следи него и неговото семејство во текот на целата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

macki-gluvci

СДСМ Центар за глодарите: Дератизацијата не може да ги замени собирањето отпад и одржувањето на канализацијата

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Скопје | пред 2 дена

media-libraryd053coojsg137KYxbGc

До 5.000 денари месечни стипендии за учениците од основните училишта во Центар

Скопје | пред 3 дена

media-librarysfj2m7ihsafrc6ME561

Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно: „До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања