Промени тема
Контакт

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа, Дебар Маало добива уредена пешачка зона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryalvavfkfdkd12MTg3Nl

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона.

„Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален јавен простор“, рече  градоначалникот Горан Герасимовски.

Проектот има за цел уредување на јавниот простор  и воведување организиран резидентен паркинг. Реконструкцијата се изведува на вкупна површина од околу 6.000 квадратни метри, на потегот од „Партизански одреди“ до улицата „Никола Тримпаре“.

— реклама —

Во рамки на зафатот се предвидува инсталирање ново улично осветлување, поставување клупи и канти за отпад, како и целосна реконструкција на коловозот и тротоарите со поставување гранитни и травертин плочи.

— реклама —

На дел од улицата се поставува нова водоводна и атмосферска мрежа, додека фекалната канализација е веќе изведена, а каблите на ЕВН се спуштени под земја.

Проектот е изработен во соработка со Архитектонскиот факултет и вклучува уредување на зелените површини,  замена на исушените  дрвја со нови садници и поставување ниско зеленило.

— реклама —

Проектот се финансира со 70% средства од Светска банка, додека преостанатите 30% се покриени од буџетот на Општина Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

macki-gluvci

СДСМ Центар за глодарите: Дератизацијата не може да ги замени собирањето отпад и одржувањето на канализацијата

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Скопје | пред 2 дена

media-libraryd053coojsg137KYxbGc

До 5.000 денари месечни стипендии за учениците од основните училишта во Центар

Скопје | пред 3 дена

media-librarysfj2m7ihsafrc6ME561

Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно: „До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања