ЦУК

w_57109572

Не се смирува: од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати се 13, а два се уште се активни и еден е под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 16 пожари во последното деноноќие, од коишто изгаснати се 13, а два се уште се активни и еден е под контрола.Двата активни пожара на отворено се:кај с.Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитено повеќенаменско подрачје "Јасен" од посебно значење за државата, во правец кон месноста „Одделувачи за струја“. Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од 4 пожарникари на ТППЕ, осум (8) вработени од „Јасен“, и еден (1) вработен од ЕЛС, каде што гори борова шума и напланината Серта Општина Штип, кај Криволак во правец кон с.Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“ , каде што гори ниска вегетација.ЦУК информира дека под контрола е еден (1) пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с.Слоештица и с.Брежани и с.Плаќе. Дејствуваа од воздух, два (2) „ер трактори на ДЗС, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП „Национални шуми, каде што гори ниска вегетација.Изгаснати се 13 пожари на отворено во последното деноноќие во општините:Студеничани кај с. Горно Количани (3 ТППЕ 2 НШ)( нискостеблеста шума);Крушево, кај с. Алданци (4 ТППЕ)(ниска вегетација);Струмица 1, покрај ул. „Снадо Масев“ (3ТППЕ)( напуштени простори);Струмица 2, кај с.Просениково (3 ТППЕ)(ниска вегетација);Василево, кај с. Пиперево (6 ТППЕ)(ниска вегетација);Дебар, кај с. Броштица (2 ТППЕ)(нискостеблеста дабова шума);Кичево кај с. Србица м.в. „Маркулија“ (8 ТППЕ)(стрниште);Куманово, кај с. Агино село ( 2 ТППЕ) (ниска вегетација и стрниште);Старо Нагоричане, кај с. Жеглане (2 ТППЕ)(стрниште);Виница (6 ТППЕ) (помошна просторија);Делчево кај Делчево (1 лице)(градската депонија);Јегуновце, кај с. Шемшово (15 ТППЕ)(плевна) и воБрвеница, кај с. Чолопек и с.Милетино (3ТППЕ)(ниска вегетација).

Македонија | пред 1 година

pozari-pozarna

Беснеат пожари: досега се изгаснати 18 од нив

Пожари на отворен простор за ден 25/26.07.2024 годинаВкупно: 22Вкупно активни: 2- Опш. Македонски Брод: с.Тажево, крак кон с.Белице и кон Јасен,(борова шума);- Опш. Липково: с.Метејче (Ниска вегетација и деградирана шума).ПОД КОНТРОЛА: 2-Опш. Штип : Криволак кон с.Црешка-с.Пенуш (ниска вегетација);-Опш. Штип:, с.Селце и с.Драгоево (мешана шума);Изгасени 18- Опш. Петровец: с.Петровец (Ниска вегетација);- Опш. Илинден: с.Дењадровци (Ниска вегетација);- Опш. Арачиново: с.Арачиново (Ниска вегетација);- Опш. Сарај: Парк Сарај (Ниска вегетација);- Опш. Аеродром: ул. Божин Николовски (Ѓубре);- Опш. Прилеп: помеѓу ,, Салида '' и ,, Лукоил (Ниска вегетација);- Опш. Прилеп: нас.Варош (Ниска вегетација);- Опш. Свети Николе: с.Амзабегово (Ниска вегетација);- Опш. Свети Николе: с.Орел (Ниска вегетација);- Опш. Куманово: с.Агино село и Брзак ( Ниска вегетација);- Опш. Куманово: с.Живиње (Ниска вегетација);- Опш. Крива Паланка: с. Луке м.в. Јанковци (ниска вегетација ,деградирана шума ,букова шума и овоштарници);- Опш. Брвеница: с.Милетино (Ниска вегетација);- Опш. Струмица: с.Банско (Депонија);- Опш. Струмица: с. Просениково патот према с. Сарај (Ниска вегетација и депонија);- Опш. Кочани: с.Зрновци (Ниска вегетација);- Опш. Виница: Турски гробишта (Ниска вегетација);- Опш. Пробиштип: с.Долно Барбарево (Ниска вегетација).

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-07-8130PM

Диви свињи на Водно: девојки се евакуирани, откако се движеле околу нив среде ноќ

Сношти три девојки, кои се симнувале од врвот на Водно, по 23.00 часот, кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи. На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу уплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило, јавува ЦУК и додава:Во 23.42 часот од пријавувачката на итниот случај е добиена на 112 во ЦУК повратна информација дека полициско комбе дошло на лице место, во коешто била и нивна братучетка, и дека се веќе се безбедни.

Скопје | пред 1 година

pozar

ЦУК: Вкупно 18 пожари на отворен простор, има само еден активен, пет се под контрола и 12 се изгаснати

Имало вкупно 18 пожари на отворен простор од коишто има само еден (1) активен, пет (5) се под контрола и 12 се изгаснати, во последното деноноќие.Има еден (1) активен пожар во Општина Македонски Брод, кај с.Тажево, близу ЈП„Јасен“. Од утрово дејствувањето продолжи, со тоа што прво се извидиваше, бидејќи од вчера вечерта, имаше на тој предел многу густа магла со чад на просторот токму каде што треба да се дејствува.Денеска, (четврток25.07.2024 година) пожарот на територијата на Јавно претпријатие за управување и заштита а повеќенаменското подрачје „Јасен", популарно именувано „Ловиштето Јасен“ е целосно изгасен. Вработените во „Јасен“ подржани од два воздухоплова од МВР од 08.00 часот работеа на негово целосно догасување, дури и во делот на внатрешното согорување на трупците и опожарените дрвја. Во моментот нема чадење, а воздухопловите се префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски брод. Таму во догасувањето на пожарот се вклучени 40 припадници на Армијата, 30 лица од специјалните сили на МВР и 10 пожарникари од ТППЕ Македонски брод. На тој потег кај с.Тажево, од страна на Градоначалникот на Македонски брод е вклучена и една градежна машина што работи на правење на просеки кон селото Тажево. Се уште дел од пожарот е активен од Тажевскиот Рид (локација каде што се репетиторите) кон селото Тажево, но со концентрирано дејство за релативно кратко време се очекува да биде ставен под контрола. Сите други пожари на територијата на Државава се изгаснати. Во моментот нема активни пожари.Под контрола се пет (5) пожари на отворено, во:-Општина Долнени : с.Гостиражни, префрлен пожар од с.Богомила (мешана шума и ниска вегетација); Општина Долнени, с.Небрегово (нискостеблеста шума); Општина Штип, Криволак кон с. Пенуш (ниска вегетација); Општина Штип, с.Селце и с.Драгоево (мешана шума) и во Општина Делчево, согорува градска депонија кај Делчев о (депонија).Изгаснати се 12 пожари на отворено, во:Општина Ново Село, во селото Ново Село (сува трева, балирана слама и 4 куќи); Општина Чашка: с.Ореше, м.в.„Орешка Чука“, префрлен пожар од кај с. Гостиражни, Општина Прилеп (каде што голела мешана шума и ниска вегетација); Општина Чашка: с.Габровник и с.Мокрени (мешана шума и ниска вегетација); Општина Свети Николе, с.Пиширово (ниска вегетација); -Општина Кавадарци: с.Дреново (дива депонија); Општина Пласница: с.Пласница м.в.Стромол (мешана шума); Општина Македонски Брод: с.Девич (мешана шума); Општина Старо Нагоричане: Бајловце (ниска вегетација); Општина Петровец; с.Катланово (ниска вегетација); Општина Зелениково;с.Ново Село (ниска вегетација); Општина Аеродром: ул.Божин Николов (ѓубре) и во Општина Крушево кај с.Светомитрани (каде што горела депонија).

Македонија | пред 1 година

0-02-05-2ae69bdf40c124e2ac7eaa7002909b682d053d489e1be478c342eccf1635cf5b_29199d661eb

(Видео) Пожарот опасно се приближува до Јасен - детали од ЦУК Охрид

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ М.Брод известиле за пожарот во атарот на с.Тaжево кон Борова Брезница каде што гори борова шума. Пожарот се движи кон Тажево и ако ја помине линијата, сртот меѓу Борова Брезница и реката понорница Оча, ќе преставува опасен пожар што тешко се гасне заради присуството на густа шумска вегетација, а теренот е под агол од околу 50/60 степени со голема длабочина, што освен што е непристапен за ПП сили по земја, тешко пристапен е и за ПП воздухоплови.На терен имало во прво излегување тим од 4 вработени од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, а од утрово тој број е зголемен, на терен со уште 10 вработени и други лица (најмалку 15 луѓе) задно со директорот, а имало и едно теренско возило што било специјализирано за гаснење шумски пожари.Планирано е да интервенираат од ТППЕ Македонски Брод од ЈП „Национални шуми“ подружница Македонски Брод и се планирало да се побара да се активираат летала за гасење од воздух (Општина Македонски Брод).

Македонија | пред 1 година

0-02-05-06ac2a27bb73847d4c72722ac9eee4487cdc6fc4946d33728993b887fd1207bb_292c46778db

Пак активен пожарот над Огражден: испратени екипи за брзо спречување на проширување

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот над с.Баделен на планината Огражден се активирал на едно жариште кон с.Стиник на коешто дејствувал романски авион со еден налет.Но, тоа не било доволно, па се очекува повторно дејство од воздух како не би се проширил кон с.Стиник.На терен е тим од 3 пожарникари со 1 теренско возило, 2 вработени од ЈП „национални шуми“ со 1 теренско возило и од МВР има тим од 3 полицајци со 1 возило (Општина Ново Село).

Македонија | пред 1 година

0-02-05-5cbb21f69cad093af2d5dced7488a1386c7d1176e61281257e4794344c03bdaa_2919d3a63d9

Се шири пожарот во Прилеп: се движи кон уште две села, го гаснат 20 лица и пет возила

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп известиле дека пожарот во атарот на с.Небрегово (општина Долнени) што започна на ден 18.07.2024 година во 18.59 часот се движи во правец на с.Небрегово и с.Присад, каде што е зафатена ниска вегетација и ниска деградирана мешана шума.Ангажирани се 17 пожарникари со 3 теренски и 2 ПП возила - цистерни. Испратена е и екипа од 3 вработени во Национални Шуми – Прилеп.Ангажирана е и градежна машина од рудникот „Фимар Балкан“ за создавање на заштитен појас во с.Небрегово. Од ЕЛС Долнени побарана е воздухопловна поддршка.

Македонија | пред 1 година

IMG_4968

Утрово активни 13 пожари: Од рани зори противпожарно дејствуваат сите летала

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од коишто активни утрово се 13, врз коишто од рани зори противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји кои испратија ПП летала како помош во кризната состојба заради пожарите од поголеми размери во Македонија.Активните 13 пожари, од вкупно 24-те пожари на отворено во последното деноноќие, беа во општините:Од вкупно пожари на отворен простор 24, утрово вкупно активни се 13, во:-Општина Неготино: с.Калањево (каде што гориниско стеблеста шума и грмушки);- Општина Гевгелија: Помеѓу с.Негорци и с.Кованец (мешана шума);- Општина Радовиш: кај с.Штурово (Ниско стеблесна шума);- Општина Чашка: с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)-Општина Росоман: с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација);- Општина Студеничани: место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);-Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума);- Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепи (ниска вегетација и грмушки);-Општина Чашка: с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација);- Општина Долнени с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума);-Општина Ново Село: над с.Бадилен (дабова шума и борова шума)-Општина Конче: кај с Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума) и во- Општина Делчево (се уште гори градска депонија).Вкупно изгаснати се 11пожари на отворено, во општоните:- Општина Битола: кај месноста „Гермаски гробишта“ над нас. „Баир“ (каде што гори ниска вегетација и шума);-Општина Крушево: градска депонија (борова шума и ниска вегетација);-Општина Аеродром: во реон на нас.Лисиче (ѓубре);- Општина Арачиново: с.Арачиново (ниска вегетација);- Општина Зелениково: с Дејковец ( високостеблеста вегетација);- Општина Кавадарци: кај с.Шивец (ниска вегетација);- Општина Росоман: с.Трстеник (ниска вегетација)- Општина Штип: с.Радиње (стрниште)-Општина Пробиштип: с.Лезово (ниска шума и грмушки)-Општина Тетово: кај „Палма Мол“ (ѓубриште) и во- Општина Гостивар: кај нас. „Питарница“ (ѓубриште)

Македонија | пред 1 година

Foto-5

Армијата во координација со ЦУК и со помош од пријателски земји ја продолжува борбата со огнената стихија во неготинско

По денешната посета на зоната на пожари во неготинско и средба со припадниците на Армијата во близина на воениот полигон Пепелиште, попладнево Генералштабот на Армијата ја информираше претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека продолжува борбата со огнената стихија во која припадници на Армијата во координација со сите инволвирани државни субјекти се ангажираат на неколку локации, пред се на планината Серта, а екипа попладнево е упатена кон Радовиш, како и екипа во реонот на с. Драгоево и с. Штркалево кон Криволак.Армијата во досегашниот период дејствува со 100 припадници од вториот пешадиски баталјон и со два армиски хеликоптери МИ-8/17 кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи.Притоа во првиот ден од активностите на армијата се исфрлени 44 тони вода, вчера 17 лета со 34 тони вода и денес до овој момент 28 лета и исфрлени 52 тони вода. Македонските сили во овој реон дејствуваат со помош од воздухопловите на Турција, Србија и Црна Гора.Припадниците на АРМ остануваат на терен каде во соработка со владините институции ќе продолжат да се борат против заканата за животите на граѓаните и јавното добро.При ангажирањето кое припадниците на Армијата го извршуваат крајно професионално, храбро и пожртвувано се почитуваат сите процедури и мерки за безбедност и лична заштита кои се пропишани согласно противпожарната обука која сите припадници ја поминуваат како дел од редовната обука.

Македонија | пред 1 година

IMG_4969

Во последното деноноќие 31 пожар на отворено, 11 од нив сѐ уште активни

ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожар на отворено, од коишто активни се уште се 11. Инаку, вчера имало 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка.Пожарот на Планината Серта се прошира на 2(две)Општини.1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( ниска вегетација и шума );2 Опш. Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);- Опш. Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли ( ниска вегетација и грмушки);- Опш. Ново Село над с.Бадилен, ( борова шума);- Опш. Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);- Опш. Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);- Опш. Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто)- Опш. Гевгелија, помеѓу с.Негорци и с.Кованец(даб,смрека,прнар, сува трева).- Опш. Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума);- Опш. Радовиш, с.Штурово (Ниско стеблесна и борова шума);- Опш. Битола, ул. Девеани бр.92 м.в. Гермаски гробишта (Ниска вегетација);- Опш. Македонски Брод, с.Грешница и с. Слатино (Деградирана шума, ниска вегетација и грмушки.Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани.Прво почана да дејствува еден полициски хеликоптер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Инаку, побарана е и меѓунардна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и информира подетално и за меѓународната помош.Утрово директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во мугрите, присуствуваше на брифинг со армиските и турските пилоти пери што меѓу другото е договорено фокусирање на огнените точки на Серта, тактика – дејство и точка по точка со концентрирано гаснење. Истовремено, тој искажа голема благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија, цитираме: „Благодарност до Република Туркије за испратената помош од два ПП авиона „ер трактори“ и еден хеликоптер „блек хок“.Во моментов, Ангелов е турскиот хеликоптер, лета кон Серта, за околу еден час, за сите медиуми, ќе следи негова прецизна изјава, сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.

Македонија | пред 1 година

IMG_5034

(Видео) Опасно се шири пожарот на планината Серта

Опасно се шири пожарот на планината Серта. Од снимките направени од хеликоптер се гледаат сите краци по кои се протега пожарот.Пожарот на Планината Серта се простира на 3 општини, Општините Штип, Неготино и Кончекако 4 самостојни пожари.Претходно од ЦУК информираа дека полициски хеликоптер од утрово е започнат со гасење на пожарот на Планината Серта, каде треба да се приклучат и армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер.

Македонија | пред 1 година

dafsd

(Фото) Како се справуваат со пожарите: и армиските припаднички од вториот пешадиски баталјон на терен

Два дена армијата работи на терен со ЦУК, полицијата, населението, доброволци на гаснење на девет пожари, а најкритично е на планината Серта бидејќи пожарот не може да се локализира поради лошиот терен, а се простира на три општини како четири самостојни пожари. Се очекува да пристигне помош и од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора. На терен, се излезени и припадничките на Армијата, кои со лопати гаснат пожари.„Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски баталјон, армиските припаднички од оваа единица храбро и пожртвувано од самиот почеток се вклучија во локализирање на пожарите“, објави Армијата..Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка- Пожарот на Планината Серта се простира на 3 општини како 4 самостојни пожари.1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( гори ниска вегетација и шума);2 Општина Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);3 Општина Штип, местено викано Патрик ( смрек, дабова шум.и мешовита шума)4. Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки);- Општина Ново Село над с.Бадилен, (борова шума);- Општина Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);- Општина Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);- Општина Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто) и во- Општина Гевгелија,помеѓу с.Негорци и с.Кованец (даб,смрека,прнар, сува трева).Изганати целосно беа 17 пожари во последното деноноќие.Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани. Прво почанаа да дејствува еден полициски хеликпотер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Се очекува по 10.00 часот да полетаат и два авиони од ДЗС. Инаку, побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и ќе информира подетално за меѓународната помош.

Македонија | пред 1 година

IMG_4968

Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие, од кои три се сѐ уште активни

ЦУК информира дека имаше 10 пожари на отворено во последното деноноќие, и од нив активни утрово се водат 3, во општините Градско, Неготино и Ново Село.Воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица од МВР вчера беше драгоцена на храбрите пожарникари за да се изгаснат опасните краци на двата активни пожари на отворено коишто имаат поголеми размери. Конкретно, се гаснеше,а и денеска од рано утрово во Општина Градско помеѓу селата Караслари и Црквино, над месност „Венуле“ (нискостеблеста деградирана шума ниска вегетација и дрва) и во Општин Неготино во атарот на с.Пепелиште (ниска вегетација и шума).Генерално ПП силите имаа и имаат делумна контрола врз големите пожари на отворено во Општина Неготино и Општина Градско со речиси постојаната воздухопловната поддршка од МВР и ги изгаснаа опасните краци на пожарот што загрозува села. Човечки животи не се загрозени.Денеска од утрово и армискиот хеликоптер со големо ведро е активиран и започна дејство врз пожарот на планината Серта (Конечка планина). каде што утрово од земја гаснат поголеми сили. Инаку, благодарение на вчерашната одлука на Владата со којашто се надмина повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, се очекува денеска (околу 10.00 часот) да му се придружат и 2 или 3 „ер трактори“ на ДЗС.Утрово започнува гаснењето и на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, над селото Бадилен кај месноста . Бидејќи се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер на МВР префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух.Инаку, како помош на ПП екипите се вклучени во координација со општинските кризни штабови и мештани кои добро го знаат теренот, иако е непристапен, и им помагаат на пожарникарите. Дел од нив се и неготинските ловците од и ловците од Ново Село Струмичко.

Македонија | пред 1 година

IMG_9618

Хеликоптер и ер-тракторите од зори ќе гаснат над Серта

ЦУК: Утре околу 7.00 армиски хеликоптер со големо ведро ќе започне дејство врз пожарот на планината Серта (Конечка планина).Благодарение на денешната одлука на Владата со која се надмина повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, околу 10.00 часот ќе му се придружат и 2 или 3 Ер трактори на ДЗС.Еден полициски хеликоптер околу 6.00 ќе се упати кон пожарот над Ново Село каде најпрво ќе транспортира пожарникари до непристапното место на пожарот а потоа че се вклучи во гаснењето.

Македонија | пред 1 година

IMG_4968

17 пожари во последното деноноќие, од кои три се сеуште активни

ЦУК информира дека имаше 17 пожари на отворено во последното деноноќие, 14 се изгаснати од пожарникарите, а некаде заедно со месното население и од нив активни утрово се водат само 3 во општините: Велес, два, конкретно еден кај селата Караслари, Црквино, Грнчиште (каде што гори ниска вегетација и шума) и еден кај селата Пепелиште и Војшанци (ниска вегетација и шума - смрека, даб и бор) и во Општина Струмица, с.Бадиле (ниска дабова шума).Генерално, од пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“, на 10-километарскиот „огнен фронт“ нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен, но и денеска од утрово се дејствува врз пожарот а ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“.Изгасените 14 пожари на отворено беа во општините: Велес, кај селата Отиштино и Оризари; Битола, с.Цепари; Демир Хисар, с. Мренога; Прилеп, кај Дата центарот Прилеп; Струга, с.Дологожди; Карбици 2, кај с.Крупиште и с.Карбинци; Кочани, кај Дом АСНОМ; Македонска Каменица, с.Дулица; Куманово, нас.Бабин Дол; Штип, с.Шоверлија; Петровец, пат за с.Огњанци; Зелениково, с.Зелениково и во Општина Шуто Оризари, покрај ул. „Нов живот“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања