ЦУК

helikopteri-mvr

ЦУК: Денеска е извршен успешен хеликоптерски транспорт на болно лице до Истанбул, по упатеното барање до ЦУК

Денеска, од утрово, е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно дете, до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб, со хеликоптер на МВР што се опремува со преносна медицинска опрема.Конкретно, на ден 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи било упатено барање, од родителот на детето, за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул.Инаку, лицето, конкретно детето коешто се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80%. Заради наведените здравствени проблеми долготфајниот транспорт по земја е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатиртрано е дека друг вид на транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето.По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено и денеска е денеска успешно се реализираше транспортот на болното дете со хеликоптер на МВР што се опремува со преносна медицинска опрема до Истанбул.Според комуникацијата што ја оствари ЦУК, детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул, а за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.

Македонија | пред 1 година

IMG_7606

Спасени залутаните лица и детето од опасната локација

Тим спасители со пловење со чамец по Пчиња од Катланово па, се до опасната локација на изгубените, пред манастирот Мала Богородица во клисурата на реката под самиот автопат, со голем напор и несебично залагање безбедно ги пронајдоа и ги извлекоа од десниот речен брег на левиот, а потоа безбедно ги качија на автопатот.Конкретно, четирите залутани лица, две жени, еден маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), прво преку 112 во ЦУК, беа лоцирани и беа пронајдени и истите по исклучително стрмниот терен успеаја да се спуштат на десниот брег на реката Пчиња на непристапно место над – пред манастирот Мала Богородица, во клисурата на реката Пчиња, под автопатот Скопје - Велес, од каде што по земјен пат не можеа да се извлечат во текот на ноќта. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење. Инаку Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, по што од Велес дојде од општината и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ со специјален спасувачки чамец,.Тимот спасители на вода од Велес, а со поддршка и на тим од припадници на САЕ „Тигар“ тргнаа од Катланово пловејќи по Пчиња во обид да се пробијат до местото каде што се наоѓаат лицата за да ги префрлат од другата страна на реката, околу триста до петстотини метри над манастирот Мала Богородица којшто се наоѓа во клисурата на Пчиња под самиот автопат. Во реката спасителите наидоа на многу препреки, коишто мораа да ги преминат буквално пренесувајќи го на раце на некои места чамецот, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеа, по што продолжија. Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта, бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа со голем напор, но и со голема волја да се помогне оптимално брзо, а безбедно за сите.На лице место, долу во длабоката и опасно стрмна клисура се спушти и директорот на ЦУК, Ангелов, заедно со таткото, еден од родителите на дел од лицата, при што се остваруваше и заедничка комуникација преку реката во длабоката и стрмна клисура, со лицата при што тие беа успокоени и беше прашање само на време кога ќе бидат извлечени. За тоа време имаше обиди да им се фрлат шишиња со вода за да не дихидрираат, бидејќи нивната вода завршила.Во време нешто по 02.00 по полноќ лицата беа безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје.Директорот на ЦУК Ангелов, изрази голема благодарност на сите ангажирани во спасителната акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата што беше многу специфична, но успешно се реализираше од страна на сите присутни на терен, а и дежурни во Системот за управување со кризи.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-7590PM

Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со дете на опасно место меѓу с.Кожле и Велес

Денеска, доцна попладне, на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена е пријава за четири лица, кои планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно малолетно (седумгодишно) дете. Локација на настанот е патот од с.Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“).Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес. Тим од три члена од ДЗС известиле дека тргнуваат на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детенцето од опасниот стрм предел меѓу с.Кожле и Велес.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-05-25_09-27-50-076

Ангелов со барање до Данела за кружен тек кај Џевахир: целото ова подрачје „врие“ од луѓе и е потребна итна реакција

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов упати барање до скоспката градоначалничка Данела Арсовска за изградба на кружен тек.„Денеска се наоѓаме во непосредна близина на булеварот „Србија“, пред новоотворениот од пред околу еден месец, „Џевахир Мол“ којшто е дел од комплексот „Скај Сити“, што е составен од четири облакодери, познатите турски облакодери, познатите четири четириесеткатници. (Токму во предел каде што граѓаните и најмногу претрчуваат преку улица)Од оваа страна на булеварот има голема концентрација на луѓе во читериесеткатниците, но истовремено од другата страна се наоѓа „Реонскиот центар Аеродром“, којшто е комплекс од десетици згради, во којшто живее голем број население.Граѓаните од „Реонскиот центар Аеродром“, коишто доаѓаат во молот од другата страна на булеварот, имаат на располагање два пешачки премина, коишто се наоѓаат на семафорите - некаде позади (зад камерата – на север) и напред (пред камерата – на југ).Помеѓу овие пешачки премени, односно семафори, има нешто повеќе од 800-ини метри. Граѓаните, бидејќи не одат до самите семафори, го „сечат“ (преминуваат - претрчуваат) самиот булевар, односно ги „сечат“ сите коловозни ленти, овде, на лице место во близина на молот, со што се изложуваат на голема опасност.Бидејќи, како и што реков, фрекфенцијата луѓе е многу голема, бараме од градот Скопје (Град Скопје), по барање на граѓаните коишто живеат на ова подрачје, итно, односно најбрзо што може, да се уреди еден пешачки премин, некаде на ова место. Стручни лица од сообраќајната област, тоа најдобро знаат каде треба да се направи. Но, исто така, од пријава на граѓани, наша перцепција е дека пешачкиот премин нема да биде најдобро решение. Бидејќи, луѓето коишто од четириесеткатниците со нивние возила се приклучуваат на булеварот, тоа мора да го направат под 90 степени агол и директно излегуваат на Бул. „Србија“, каде што и нема лента за забрзување, нема семафор... Со тоа се изложуваат на опасност од сообраќајна незгода.Истото важи и за жителите од другата страна на булеварот кога се приклучуваат на овој Булевар. Со градењето еден кружен тек, некаде на ова место, стручни лица од сообраќајната област тоа точно ќе го утврдат, ќе можат возилата и од едната страна на булеварот, спротивно на „Скај сити“, но и возилата коишто излегуваат од „Скај Сити“, како и од околните згради, ќе можат безбедно да се приклучат на булеварот „Србија“.Во едно (истовремено), забележливо е дека на ова место имаме само две коловозни ленти, две сообраќајни ленти, поради што е потребно овој широк тротоар да биде уреден како уште една коловозна лента, бидејќи тоа го налагаат потребите на граѓаните, според оние пријави коишто речиси постојано ги добиваме.Да напоменам дека само 100-тина метри подолу, имаме и две бензински пумпи коишто дополнително го зголемуваат сообраќајот на ова место. На неколку 100-тини метри од овде се наоѓа основното училиште „Александар Македонски“, веднаш до него имаме и градинка и спортски комплекс. Од другата страна се наоѓа армиска касарна во којашто е сместена воената академија...Едноставно, целото ова подрачје „врие“ од луѓе, така условно кажано и е потребна итна реакција.Благодарност до градот Скопје, којшто досега сериозно ги сфаќаше сите наши укажувања и се надеваме на брза реакција“, вели Ангелов.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-05-23-at-17.33.24

Сообраќајка кај патарината Сопот кон Гевгелија - се пренасучува сообраќајот

Од АМСМ известуваат дека од 16:10 часот од наплатна станица Сопот кон Гевгелија, кај крстосница Башино село.Тие додаваат дека е случена сообраќајна незгода, па затоа сообраќајот се пренасочува низ градот Велес.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-19.06.12

Спасувачка драма: Две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара, па навремено спасени

Во 16:06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, преку конференциска врска со дежурниот од Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. Со истите имало уште еден „квадрицикл“, но лицето не можело да ги види ниту да ги слушне лицата коишто излетале.Веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата д терен и можностите. Конкретно, Полициската станица Попова Шапка побараа помош, за што во ЦУК се разгледуваше и варијанта за да се ангажира хеликоптер, согласно дали теренот е погоден за истиот, а исто така, и варијанта за ангажирање на специјални сили. Преку Регионалниот ЦУК Тетово беа известени одговорните од Национален парк „Шар Планина“, а исто така од ЦУК беа известени и надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување за евентуално ангажирање на нивните специјални тимови.Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и дека се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Инаку медицинското возило паралелно со тек од почетокот на спасителните дејства, тргнало на пат да ги преземе на лице место, бидејќи патот бил долг до конкретизираната точка за безбедно преземање на Шара.Според последните известувања до ЦУК, лицата коишто се живи, но со повреди од паѓањето во провалија во близина на бачило „Лешница“ се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница.

Македонија | пред 1 година

stojance-cuk

Нема пожари на отворено, но ЦУК издаде други препораки

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 583 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 54,99%, а 45,01% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 63,04%, кон Итната медицинска помош 29,35%, а кон пожарникарите 1,45% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 784 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (6,16%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(45,01%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).„Во последното деноноќие немаше пожари на отворено, имаше само урбани. ЦУК издвојува два коишто се навидум наивни, ги има секојдневно, а се потенцијална опасност за палење на поткровја и околни објекти. Тоа се пожарите на оџаци, Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид имале две интервенции заради запалени оџаци во изминатото деноноќие. Оџаците, како што пожарникарите превентивно препорачуваат, е потребно поредовно да се чистат.Регионалниот ЦУК Штип, по јавувања на 112, известува за повеќе одрони во различни временски периоди и тоа: од 12.45 часот на патниот правец од с.Истибања –Виница; од 13.55 часот на делницата Кочани-Делчево и во период од 15.00 до 15.30 часот кај с.Калиманци и на патен правец с.Удово-Демир Капија. Веднаш од ЦУК биле известени надлежните од ЈП за одржување на регионалните и магистралните патни правци од Кочани коишто интервенирале и биле исчистени одроните од патот. Од ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правеци од Делчево известуваат дека на патните правци под нивна надлежност; Брана Калиманци - граничен премин кон Бугарија, Македонска Каменица – Рудник Саса и Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони на сите патни правци при што се препорачува внимателно возење. Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот. Но, на тие што патуваат се препорачува внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.ЦУК, заедно со медиумите, апелиравме во овој изминат повеќенеделен период и кога имавме сончево време и многу пожари на отворено за поголема внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, засилен ветер и снег на повисоките места, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив. Секако да се исчистат, таму каде што ги има, бидејќи е време и на поројни дождови, па отпадоците во каналите може да направат брана и да се излее водата од нив.Инаку, апелиривме, бидејќи на места се очекува и силен ветар, истовремено да се внимава на работите што може да „одлетаат“ од градбите во населбите и особено на градбите што се во изградба, на градилиштата, треба да се обезбедат сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓе коишто се во околината.Ако се престојува на планина препорачливо е да се има доволно гориво во возилото и да се внимава на планинските патишта -да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот. Во природа кога се оди превентивно да се избегнуваат сувите корита, суводолиците, бидејќи некаде повисоко ако врне пороен дожд може нагло да дојде вода и да ги загрози луќето во тој реон, иако кај нив само заросило или во тој момент нема дожд.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК..

Македонија | пред 1 година

najnova

Спасен овчар заглавен на речен остров во надојдена Црна Река

„Центарот за управување со кризи известува дека од Единствениот број за итни случаи 112 до Секторот за операции и координација во 17:32 часот доби информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под с. Манастирец во Општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презема координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката“, велат од ЦУК и додаваат:Од ЦУК веднаш беа известени сите субјекти Системот за управување со кризи (СУК), а водата од страна на АД „ЕЛЕМ“ (Брана Тиквеш) беше времено запрена во 18.00 часот, при што овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. ЦУК континуирано комуницираше со овчарот, којшто при контактот во 20.19 часот извести дека водата, не само што не се намалува, туку дека нејзиното ниво се зголемува. На тоа веднаш ЦУК реагираше до АД „ЕЛЕМ“, коишто известија дека при извршување на смената не си ја пренеле информацијата дека случајот не е завршен, па повторно ја пуштиле водата. Во 20.25 од страна на АД ЕЛЕМ веднаш беше запрена водата од браната.При ваков случај било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата.Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена прати екипа.

Македонија | пред 1 година

pozarna

Горат депонии во Желино и Боговиње

Од Центарот за управување со кризи, ЦУК информираат дека синоќа пожарникарите од Тетово интервенрале во две депонии кои гореле и тоа во Желино и во Боговиње.Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово, вчера, во период од 18 до 19.30 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена дива депонија во атар на с.Церово, Општина Желино.Од 19.50 часот започнал пожар на дива депонија над расторанот Дарданија накај селото Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно возило и еден ренџер од Наионалниот парк Шар Планина. Според последните информции, пожарот бил локализиран“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-15-at-19.00.08

(Видео) Хеликоптерите на МВР исфрлија над 50 тони вода врз пожарот во атарот на село Селце

Денеска (15.04.2024) Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Селце, општина Тетово, упати два хеликоптера од типот Бел-412 и М171.Тие со прецизно дејствување исфрлија 50 тони вода, во кординација со силите на терен, со цел стопирање на кракот што се движеше кон селото Селце.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-13-at-13.30.11

Ангажиран и хеликоптер за гаснење на пожарот во Мавровско

Регионалниот ЦУК Тетово известува дека пожарот во Национал Парк ,,Маврово" е се уште активен.Во текот на денот во гаснењето на пожарот интервенираат 5 лица вработени во Национален арк. За настанатата состојба известен е градночалникот на Општина Маврово-Ростуше и истиот известил дека поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во гаснењето на пожарот не можат да се справат со истиот, па поради тоа од негова страна беше побарано до директорот на ЦУК, Ангелов, ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот.Хеликоптерот на МВР веќе дејствува, при што полни вода од Мавровско Езеро.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-09-at-18.30.32

(Фото) Можеше да заврши фатално: Мечка искасапи маж во околината на Велес

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на с.Оморани на територија на Општина Чашка, што се завршил за среќа само со телесни повреди (на грбот и телото) и каснувања (на двете нозе, на едната посериозно), а можел да биде и фатален. Повредениот, блиските од семејството информираа во комуникација со ЦУК, дека бил под многу голем стрес, при што при првиот контакт со нив. Кога отишле кај него, не можел и да комуницира.„Сточарот при нападот од мечката успеал, инстиктивно, поле неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие.Блиските од семејството, при комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење. Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња. Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата (08.04.2024), а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во „Колибата“ кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден. Примарно го згрижиле и веднаш го однеле во болница (ЈЗУ Општа болница Велес - хируршко одделение), каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе. На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства. Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во с.Дреновци во Општина Прилеп.ЦУК ја следи состојбата на повредениот преку комуникација со неговите блиски“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ЦУК: има уште два активни пожара од утринските седум на отворен простор

Центарот за управување со кризи информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара. Конкретно тие се во Општина Кичево – кај с.Ново Село (каде што гори шума) и во Општина Гостивар - кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“ (каде што гори борова шума и мешана шума).

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-26-at-14.07.40

„Бел ден не видов“ - Ангелов се пакува од ЦУК, Џафери му јавил дека ќе покрене разрешување

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување на кризи, ќе биде тема на денешната владина седница, каде ќе се дискутира за негово разрешување. Ова доаѓа откако „Достоинство“ се реши да ја напушти коалицијата со СДСМ и да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.„Како премиер неспорно е дека тој има право да предлага именување и разрешување на функционери. Конечната одлука ја носи Владата. За да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршката треба да дадат министрите сосе вицепремиерите на СДСМ. Во спротивно нема да има мое разрешување“, кажа Ангелов.Генералниот секретар Миле Зеќевиќ прв знаел дека Ангелов излегува од коалицијата со СДСМ, а дури потоа претседателот Димитар Ковачевски.„Тие сметаа дека без разлика на политичка одлука на Достоинство, треба да останам на позицијата (во ЦУК)“, додаде Ангелов.Тој кажа дека вчера попладнето, Талат Џафери му се јавил на телефон и му кажал дека ќе следува негово разрешување.„Тоа го прифаќам како нормално“, кажа Ангелов.Прашан како поминал при директурувањето во ЦУК тој рече: „Бел ден не видов“, оти баш кога требало да одмара, се случувале најголемите несреќи.„Тогаш баш се случуваа најголемите несреќи“, потенцираше тој.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Вриела линијата 112: 2 085 повици-најмногу кон полицијата, а имало 21 пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 085 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 52,85%, а 47,15% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,83%, кон Итната медицинска помош 25,16%, а кон пожарникарите 5,73% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 987 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,27% и на 47,15% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.„Пожари на отворено има регистрирано 21 во последното деноноќие, што се пријавени и документирани во ЦУК, од коишто еден се води утрово се уште како активен. За активен пожар, што се евидентира се уште утрово, известува РегионАлниот ЦУК Тетово. во 19.44 часот бил пријавен како шумски пожар кај село Горно Јеловце, на непристапен терен и нема опасност за проширување. Известен е Национален парк Шар Планина и според условите истите ќе интервенираат во раните утрински часови.Регионалниот ЦУК Скопје информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие: од 15.30 до 16.40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, гаснеле запалено ѓубре на депонијата Вардариште (Општина Гази Баба)и од 17.00 до 18.30 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре и ниска вегетација помеѓу селата Кадино и Миладиновци (Општина Илинден).Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Ресен: од 10.22 до 12.20 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена сува трева и трски кај Авто кампот „Крани“, Ресен; од 14.10 до 15.15 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација на патот од с.Царев Двор кон с.Езерани; во период од 19.10 до 23.50 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена нискостаблеста вегетација и сува трева во с.Покрвеник (Општина Ресен) Пожарникарите од ТППЕ Прилеп: во период од 17.30 до 19.00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на с.Присад, на 2 км од манастирот ,,Свети Ѓорѓија“ и од 18.58 до 20.45 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на запалена нискостаблеста вегетација и сува трева кај местото викано „Слива“ на патот кон областа Мариово(Општина Прилеп).Регионалниот ЦУК Струмица информира дека пожарникарите ТППЕ Струмица: од 13:45 до 14:50 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и ѓубре во с. Баница (Општина Струмица); од 10.20 до 11.30 часот со 2 ПП возила и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Градашорци (Општина Василево). Пожарникарите од ТППЕ Гевгелија од 10.05 до 11.10 часот со 1 ПП визило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Стојаково (Општина Гевгелија). Пожарникарите од ТППЕ Валандово од 18.23 до 19.30 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Марвинци блиску до патот (Општина Валандово).Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 15.08 до 15.35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во месноста „Теферич“ (Општина Струга) и дека пожарникарите од ТППЕ Дебар од 11.00 до 16.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запален костењар во с.Бомово (Општина Дебар)Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Штип во изминатото деноноќие имале една помала интервенција. ТППЕ Берово изестува дека во период од 13:39 до 16:30 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Ширината“ на површина од 15 хектари (Општина Берово) и пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.Регионалниот ЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка од 15.25 до 18.10 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено пасиште и сува трева во с.Луке место „Маала Соколовци“ (Општина Крива Паланка) и пожарникарите од ТППЕ Ранковце од 19.07 до 20.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Ранковце (Општина Ранковце).Регионлниот ЦУК Тетово информира дека пожарникарите од ТППЕ Гостивар известува дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции поради запалено ѓубриште и сува трева. (Општина Гостивар).ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања