ЦУК

zemjotres

Земјотрес почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 14.06.2024 година во 19 часот и 54 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Штип-Радовиш, 68 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

IMG_4472

ЦУК: Ослободено мече кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови.Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот.Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките. Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

11 пожари на отворено во последното деноноќие, сите успешно изгаснати

Регистрирани се 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати, па од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај с. Раштак; Сарај, кај с.Кондово; Сопиште кај с.Варвара; Битола, кај месност „Обиколница“; Прилеп, кај с. Стровја; Долнени, кај с.Дебреште; Валандово, кај с.Удово; Штип, кај Индустриска зона; Тетово, кај Фабрика Муневре; Велес во Индустриска зона и во Општина Свети Николе кај с. Малино.Заради силниот ветер при последните два пожара на отворено изгореле и објекти и куќа.Конкретно, Регионалнио ЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, во период од 16.26 до 19.35 часот, со 12 пожарникари и 6 ПП возила, интервенирале на запалена ниска деградирана вегетација. Во пожарот биле зафатени и два стари (напуштени) воени магицина, во велешката населба „Речани“, зад хотелот „Монте Негро“. Зафатена била површина од 10 хектари на ниска вегетација. Заради силниот ветар постоела опасност за куќите на работ од населбата. ЦУК ја следеше ситуацијата, за ако е потребна помош да ја координира од други градови, но пожарникарите ги одбранија куќите од пожарот што заради силниот ветер беше многу разгорен и со променлив правец на тој простор од 10 хектари.Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе од 17.07 до 19.46 со 9 пожарникари и 4 ПП возила, интервенирале за гаснење запалена ниска деградирана вегетација, при што била опожарена и една куќа и четири помошни простории, во село Малино, Светиниколско. Со пожарот била зафатена површина од три декари.

Македонија | пред 1 година

european-brown-bear-1477814960720-620x350

Мечка убила и изела овци во гостиварско

Имаше и пријавен напад од мечка врз овци на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Конкретно, вчера, во 20:45 часот е добиена пријава за убиени и изедени овци во с.Равен (Општина Гостивар).Пријавителот информирал дека пред два дена, на 11 јуни во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на село Равен. После пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС Гостивар.По утврдувањето на состојбата на терен ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и Општина Гостивар.

Македонија | пред 1 година

IMG_4426

(Фото) „Ново Лисиче и Аеродром цела ноќ се гушат во токсични отровни гасови“

Смог, неподнослива миризба и слика како од хорор филм. Вака изгледаше утрово Ново Лисиче и Аеродром, според сведочењата на некои од жителите. Според нив, повторно се пали депонијата Вардариште.„Ноќеска во 01.00 часот смрди чад печат очи горчина во грло, утрово во 06.00 исто страшно ќе се угушиме сите на спиење. Во ова шешко да спиеме со затворени прозори. Што дишеме од надвор..За плачење сме“, вели граѓанин.„Пак почнаа! И лани ова време беше екот на палење на депонијата, скоро секоја ноќ мирисаше. Жално“, додава друг.„Вардариште гори и чади од вчера, а Ново Лисиче и Аеродом се гушат цела ноќ во токсочни отровни гасови“, пишува жител на овој дел од Скопје.Настанот е пријавен и во полиција, два часа по полноќ.Од ЦУК информираа дека се изгаснати осум пожари на отворено, а еден од нив, е токму на Вардариште. Гореле гуми и ниска вегетација, а опожарена е површина од еден хектар.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Осум пожари на отворено последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 050 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 62,68%, а 37,32% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,78%, кон Итната медицинска помош 16,23%, а кон пожарникарите 6,49%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 785 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (6,49%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (37,32%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Осум пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Гази Баба кај депонија Вардариште (гореле гуми и ниска вегетација, а е изгорена површина 1 хектар); Битола кај Магленица; Прилеп во близина на армискиот гарнизон во Прилеп; Гевгелија с. Мрзенци; Богданци во атарот на Богданци (ниска вегетација); Кавадарци кај населба „Глишиќ“, на месноста „Смилица“ (ниска вегетација - изгорена површина еден хектар); Липково кај с. Матејче (ниска вегетација) и во Општина Ранковце кај с. Гиновце (горела мешана шума и е изгорена површина од еден хектар).Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија | пред 1 година

pozar

ЦУК: 2 111 повици на 112 во последното деноноќие, девет пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 111 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,45%, а 40,55% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,97%, кон Итната медицинска помош 19,35%, а кон пожарникарите 3,87%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 854 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (5,81%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (40%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре); Радовиш кај нас.Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај с.Чифлик (заради запалена ниска вегетација); Тетово кај с.Фалише (депонија) Опш. Маврово и Ростуше с.Галичник (трансформатор на отворено и грмушки) и во Општина Демир Хисар во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија | пред 1 година

IMG_4401

(Видео) Падна потпорниот ѕид над Детска клиника во Клинички центар

Потпорниот ѕид на улицата која минува над Клиничкиот центар, над Детската клиника, се сруши, потврди ЦУК.„Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на сите потребни мерки. После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицијата, по што можна е поголема трагедија. Од страна на ЦУК во повеќе наврети е инвертернирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претрпијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-54-8620PM

ЦУК: 1 881 повик на 112 во последното деноноќие, шест пожари на отворено, внимателност заради почеста појава на змии

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 881 повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 60,39%, а 39,61% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,57%, кон Итната медицинска помош 29,75%, а кон пожарникарите 4,91%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 754 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,77%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (39%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Шест пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во: Општина Сарај, кај с.Лака (горела дива депонија); Општина Карпош, во реон на средно Нерези (ѓубриште); Општина Кичево кај с.Колари (стрниште и ѓубриште); Општина Велес, близу с.Ногаевци (ниска вегетација); Општина Куманово; кај Градски гробишта покрај ул.„Перо Чичо“ (ниска веетација) и во Општина Струмица во полето кај с.Баница (гореле дива депонија, трска и ниска вегетација).ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните да имаат случај да се сретнат со змии, па, иако во ретки случаи, можат дури и да бидат гризнати од влекачите. Во таков случај и после права самопомош, е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Ако змијата е отровна, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се добие и медицински третман.Внимателно во природа попладне, најавени се локални изолирани поројни врнежи со громови и молњи. Препорачливо е при такви случаи да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-07-24-195610

ЦУК: 1 862 повици на 112 во последното деноноќие, четири пожари на отворено, внимателност заради почеста појава на змии во населби

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 862 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,76%, а 38,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,11%, кон Итната медицинска помош 28,19%, а кон пожарникарите 2,68% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 730 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,02%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (39%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Четири пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие. Пожарникарите интервенирале за гаснење во: Општина Центар (една помала интервенција), Општина Битола кај с. Велушина (имало запалено ѓубре), Општина Карбинци помеѓу селата Аргулица и Црвулево (гаснеле запалена ниска вегетација) и во Општина Неготино (гаснеле запалена ниска вегетација на 0,3 хаектри и на 0,1 гаснеле запалени жито, два напуштени објекта и 12 пчелни семејства).Во ЦУК, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, имаше повеќе повици за многу итни случаи, меѓу коишто имаше за опасност од присуство на змии во објекти во населени места и тоа било координирано и решавано со институциите и службите во Системот за управување со кризи (СУК). Одвојуваме, во оваа прилика, само информации, што како пример се потсетување за граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период од годината. Конкретно, завчра (05.06.2024 - во објекти во општините Гази Баба и Прилеп) и вчера (06.06.2024) беа добиена пријава за појава на змии во населени места. Вчера во 10.44 часот, на 112 во ЦУК има пријава за видени змии во дворот на ЈЗУ Црниче. Се барало итна реакција од соодветната институција за отстранување на проблемот. Во 17.02 часот имало уште една пријава дека имало змија во дворот на Центарот за обука при Факултетот за безбедност - Скопје.За вакви случаи на појава на змии во објекти во населени места, бидејќи не постојат специјализирани институции нивно отстранување, има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, коишто можат да им помогнат на граѓаните, во рамки на нивните можности, за безбедно отстранување на змии, други влекачи и слично, секако, по непосреден контакт и договор со нив.ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните имаат случај да се сретнат со змии. Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена – не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да е информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-57-1100PM

Холанѓанец удрил во камен во Охридското езеро и се онесвестил

Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид. Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија.

Македонија | пред 1 година

IMG_4340

Осум пожари на отворено во изминатите 24 часа

Осум пожари на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Пожарникарите интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација, ѓубришта, депонии, трње и нискостеблеста шума и прнар, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Со огнени јазици, пожарникари се справувале кај село Арачиново, тетовско Фалише, Раптани во велешкиот регион, покрај железничката линија Демир Капија – Гевгелија, крај патот – Прилеп кон Селце; кај работнички факултет „Пере Тошев“ на прилепска територија, кај валандовско Собри, како и во реон на гевгелиско Прдејци.Вкупно 1.833 повици се евидентирани на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 за 24 часа.– Од нив, „реални“ – 60,94 проценти, а 39,06 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 63,96 проценти, кон Итната медицинска помош – 27,92 отсто, кон пожарникарите – 3,25 проценти, а кон АМСМ – 0,32 отсто од реалните повици, појаснуваат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

DSC_0292

ЦУК: Човечко тело е извлечено од надојдената речна вода на вливот на реката Тополка во Вардар, а потоа и е идентификувано од страна на синот, којшто вчера го пријавил татко му за исчезнат

На единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, вчера во почетокот на ноќта, конкретно 21.30 часот имаше пријава од рекреативен риболовец дека е забележано безживотно човечко тело на вливот на реката Тополка во река Вардар. Конкретно, тоа било во близина на мостот на околу петнаесетина метри од брегот на попречни шипки во речната надојдена вода.Од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш биле известени сите субјекти од Системот за управување со кризи за безживотното човечко тело за да се постапи според итниот случај (МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, лицето за контакт во Општината Велес како и тимот спасители на вода од Доброволното друштво „Македонски спасител“, за безбедност на вода и планина од Велес). Но, истите не интервенираа вечерта заради опасноста, по учесниците во акцијата, од надојдената вода во Вардар и брзото речно корито. Акцијата координирана на терен од СВР Велес продолжи утрово.Безживотното човечко телото е извлечено од речната вода денеска, по 10.00 часот, од страна на Единицата за специјални задачи при МВР, а потоа е идентификувано од страна на синот, којшто вчера во 08.30 часот во СВР Велес го пријавил за исчезнат неговиот татко.

Македонија | пред 1 година

IMG_4329

ЦУК: 1 926 повици на 112 во последното деноноќие, три пожари на отворено и внимателност при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 926 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,92%, а 40,08% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,38%, кон Итната медицинска помош 31,35%, а кон пожарникарите 3,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 782 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,97%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(40,08%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Три пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие. Пожарникарите интервенирале за гаснење запалена ниска вегетација во Скопскиот регион, во Општина Бутел во населба „Визбегово“, во Општина Карпош, во населба „Злукуќани“ и во Општина Сарај, кај обиклницата Скопје-Тетово.Внимателност се препорачува при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени, на повисоките места - на планините, таму каде што ќе ги има, според најавите на метеоролозите на УХМР, а што медиумите редовно и навремено ги пренесуваат, емитуваат.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-31-at-10.18.10

Внимание! Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, алармира ЦУК

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата "Рапид Билд ДОО" дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје - Тетово - Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година:- на делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до Полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12 јуни;- на делницата од Полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16 јуни и- на делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, општина Желино (км 47+829), од 12 до 22 јуни годинава.Во известувањето до ЦУК, "Рапид Билд" известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје - Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.Од страна на ЦУК дополнително се информирани МВР, ДЗС, ЈП Национални Шуми, ЈП за стопанисување со пасишта, Град Скопје и општините Сопиште, Карпош, Сарај, Желино, Тетово, Брвеница и Гостивар.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања