ЦУК

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-43-3810PM

Нови детали за екипата на Итната медицинска помош која се заглави во лифт, три лица се жалат на повреди

Денес во 11:22 часот на 112 во ЦУК, добиле пријава дека екипа на Итната медицинска помош од Скопје е заглавена, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.,,Екипата се движела од приземје кон 6 кат но кога дошле малку над втори кат лифтот забрзано се спуштил (или паднал) во подрум.”, известуваат од ЦУК.Три лица се жалат на повреди.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Во лифтот кој се заглави била само екипа на итната медицинска помош, лифтот паднал од приземје во подрум

,,Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.”, известуваат од ЦУК.Пациент немало, екипата била на констатација на смрт.Екипата на итната медицинска помош е извлечена од лифтот, се здобиле и со повреди.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Заглавена Итна медицинска помош со пациент во лифт во Скопје, известени СВР Скопје и противпожарната бригада

,,Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.”, известуваат од ЦУКОд страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_4750

ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии

Вчера во Центарот за управување со кризи (ЦУК), директорот Стојанче Ангелов, одржа Координативниот состанок на тема “Загрозување по животот и здравјето на луѓето од зголеменото присуство на змии во урбаните средини”, на којшто присуствуваа претставници од Министерство за внатрешни работи и од Зоолошка градина Скопје, а и високи претставници од Центарот за управување со кризи. Инаку, на седницата иако беа повикани, не присуствуваа претставниците од Министерство за животна средина и просторно планирање, од Министерство за здравство и од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.На почетокот, од директорот Ангелов, беше истакнато за зголемениот број пријави за змии во државата, како фактичка состојба, што индицира соодветно превентивно да се реагира од државните структури што се во допир со таа тема.Претставниците од Зоолошката градина Скопје информираа дека доброволно во рамки на можностите понекогаш помагаат за безбедно отстранување на змии и тоа го прават за доброто на граѓаните, при што посочија дека корисно би било на идната координативна средба да се викнат претставници и од невладиниот сектор, конкретно од Македонското еколошко друштво (МЕД), („херпатолози“), за да направат стручна експертиза. Напоменаа и дека во Град Скопје нема за сега случаи на опасно повредени или загинати лица од отровни змии, што е во домен на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.На конструктивната средба стана збор и за работите коишто се, како и во другите современи земји поврзани со лиценци или дозвола за заловување на примероци од див свет, како се заловува дивото животно, а и начин и места каде што потоа живо и безбедно се пушта на слобода во природата или друго одредено место, согласно специфични случаи. Тоа беа прашања што се во сферата на проблематика на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање, коишто, според информациите, во буџетот треба да издвојува финансиски средства за обука, за теренска акција и секако едукација за справување и запознавање на диви животни.Инаку, на Координативната средба беше посочено дека темата е пожелно да се споделува и преку соработка со медиумите, бидејќи токму медиумите во многу нешта ја покажуваат нивната голема општествена одговорност во сферата на подигање на општествената свест и безбедноста на граѓаните и едукативно дејствуваат на поширока основа во општеството.

Македонија | пред 1 година

stojance-angelov

Ангелов со детали за спасувањето на 16-годишното девојче кое вчера падна во провалија

,,Вчера околу 20:30 часот на бројот на 112 се јави избезумена мајка која што не извести дека над Струмица во околината на манастирот Св.Илија нејзината ќерка која што заминала да пешачи и да спортува паднала во провалија. Ќерката и кажала на мјаката дека не знае каде се наоѓа и дека има повреди на главата.", вели Стојанче Ангелов и додава:По повикот на мајката добивме повик од нејзината 16-годишна ќерка видно исплашена. Нашите оператори ја утврдиле точната локација и итно ги известиле СВР Струмица, противпожарната единица и итната медицинска помош. По утврдување на точната локација, пожарникарите се спуштиле до повреденото девојче и истот го извлекле од провалијата.Девојчето има повреда на главата и е згрижена во болницата во Струмица.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Локализиран активниот пожар во Општина Ново Село

Активниот пожар од вчера, во Општина Ново Село, на планината Огражден кај „Хаџиица“ е локализиранРегионалниот ЦУК Струмица информира пожарот во Општина Ново Село на планината Огражден кај место викано „Хаџиица“ е локализиран денеска во 10.00 часот на ден 24.06.2024 година според комуникацијата остварена со ЈП „Национални шуми“- подружница „Беласица“ од Струмица.Со пожарот беше зафатена букова шума, млада јасикова шума, сува трева и папрат. Зафатената, со пожар површина дополнително ќе се утврдува.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-21.02.12

Се појавија и свлечишта: внимателно ако возите на патот Скопје-Тетово

Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин.„Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.Ги молиме возачите за стрпливост.Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управвууват со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

pozarna

Семејство заглавено во поплавена куќа во Јегуновце

Во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство.Тетовската ТППЕ работи мжна нивно извлекување. Повеќе детали за случајот се најавени за подоцна.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-52-6390PM

Спасен холандски турист во Охрид, однесен во болница со скршеница на нога

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.

Македонија | пред 1 година

IMG_4662

Ангелов: Верувам дека владата ќе помогне да се стават во функција трите ер-трактори

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов оддржи прес-конференција на која извести за вкупниот број на расположливи противпожарни ресурси на територијата на државата.Ангелов е оптимист дека за 10 дена со раководството на новата влада на Македонија ќе можат да се решат неколку исклучително тешки проблеми кога станува збор за справувањето со шумските пожари ова лето. Открива дека трите авиони ер-трактори за гасење не можат да летаат бидејќи има само еден пилот.,,Денес сме недоволно подготвени, но за максимум 10 дена ќе бидеме драстично подготвени, бидејќи верувам дека владата ќе помогне да се стават во функција трите ер-трактори.”, изјави Ангелов.,,Во овој момент во државата имаме 4 функционални хеликоптери кои можат да помогнат за гаснење пожари и еден извиднички хеликоптер на МВР кој може да се користи и за 3 ведра, едното ведро е од 2 тона, а второто е од 1,5 пол тон на териот има корито од 1.500 литри вода, коритото е побезбедно за самите пилоти бидејќи го олеснува пилотирање бидејќи ведрата се тешки, особено при слетување. Истото се однесува и на едниот дел на армијата кој можеме да го користиме, но АРМ има зголемени ангажмани, но во одредена сериозна ситуација може да сметаме и на овој хеликоптер со едно ведро кое мислам дека собира до 2,5 тони вода”, вели Ангелов и додава:За жал авионите се нефункционални не можеме да сметаме на ниту еден ер-трактор има само еден активен пилот и со еден не можеме и покрај напорите на ДЗС не е надминат овој проблем. Имаше барање двајцата пензионирани пилоти да се ангажираат ова лето. Немаме позитивен одговор од владата во заминување. Оптимист сум дека идната влада веднаш ќе им даде со договор на дело да работат на пензионираните пилоти. Оптимист сум дека за десетина дена ќе имаме 4 хеликоптери. Сите овие летала имаат број на часови за летање. Сите мораат да имаат еден краток и еден долготраен неколкунеделен сервис. Затоа мораме да бидеме внимателни со користење на воздухопловите, инаку ќе бидат недостапни во критични ситуациии.

Македонија | пред 1 година

IMG_4635

ЦУК: Висока делегација од Националната управа за нуклеарна безбедност при Министерство за енергетика на САД на работна средба во ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, одржа работна средба со висока делегација од Министерството за енергетика на САД (DOE - Department of Energy), Национална управа за нуклеарна безбедност, предводена од Тифани Бланшард - Кејс (Ms. Tiffany Blanchard-Case), заменик директор на ДОЕ / ГМС (DOE / GMS) и советник на министерот за глобална сигурност на материјали (GMS - Global Material Security).Во делегацијата беа и Мет Сик (Mr. Matt Sick) - Откривање и одвраќање на нуклеарен шверц (Nuclear Smuggling Detection and Deterrence NSDD) - заменик менаџер за имплементација, Емили Инж (Ms. Emily Eng) - Менаџер на НСДД за Албанија (NSDD country manager for Albania), Емили Даглас (Ms. Emily Douglas) и г-ѓа Мојца Андријанчиќ (Ms. Mojca Andrijanič) НСДД (NSDD) - регионален претставник на НСДД (NSDD).Цел на работната посета беше информирање за начинот на функционирање на Системот за управување со кризи (СУК), надлежнитe субјекти за радијациона и нуклеарна безбедност во Р.С. Македонија како и продлабочување на меѓусебната соработка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазена мечка на патот Гостивар-Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот.Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна.Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-54-8620PM

Пријавени 11 пожари на отворено, успешно изгасени сите

11 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните нема активен пожар.Конкретно, изгасените 11 пожари биле во општините: Арачиново, с. Арачиново (горела депонија); Аеродром, 2 во Горно Лисиче (ниска вегетација и ѓубре и жито и ниска вегетација); Бутел, кај хотел „Њу Стар“ (ниска вегетација и ѓубре); Ѓорче Петров, кај населба „Стопански Двор“ (ниска вегетација); Сарај, Долно Свиларе (сува трева и гранки); Петровец, с.Петровец (депонија и сува трева); Охрид, кај хотел Метропол (трска); Кавадарци, с.Росоман (депонија); Неготино, с.Пепелиште (сува трева) и во Општина Кочани, кај месноста „Трајаново Трло“ (горела сува трева, гуми, пластика и друго ѓубре)

Македонија | пред 1 година

pozar

15 пожари на отворено во последното деноноќие: Еден е се уште активен

15 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и 14 се изгаснати, а од вчерашните како активен се води само еден пожар.Конкретно Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека од 13:50 часот избувнал пожар на запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума над душевна болница Негорци.Интервенирано со 3 пп возила со 9 пожарникари, 6 шумари со 2 возила. Пожарот се уште се води како активен, бидејќи преминал во непристапен терен.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-1100PM

Брза, а ограничена со време, спасителна комбинирана акција за извлекување на две повредени лица на железничка пруга

Регионалниот ЦУК Велес информира дека денеска имало спасителна комбинирана акција на железничка пруга, којашто имала ограничено време за да се заврши до наредно поминување на воз, за да се извлечат повредените две лица од кои едното било потешко повредено, а потоа и да се отстрани излетаното возило што било на пругата. Покрај пожарникарите, полицијата и итната медицинска помош на терен интервенирале и екипи на АМСМ, ЈП „Македонски железници и инфраструктури“.Конкретно, во 15.08 часот е пријавенo дека на регионалниот пат Велес – Градско, кај месноста викана „Црн Камен“ заради неприлагодена брзина патничко моторно возило („поло“) излетало на железничката пруга. Притоа, биле повредени две лица, од кои едното било потешко повредено. Прво, на лице место, покрај итната медицинска помош и екипа од СВР Велес интервенираше и екипа од 4 пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес - за извлекување на тешко повреденото лице кое било на самата пруга.Повредените лицата веднаш беа пренесени во Велешката болница, а параелно со таа спасителна акција излетаното возило коешто било на самата железничката пруга, , екипи на АМСМ, ЈП МЖ инфраструктури и СВР Велес го отстраниле од пругата и го ослободиле патот на наредниот воз што поминувал на тој правец во 17.30 часот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања