ЦУК

IMG_4974

Пожар на отворен простор кај с. Пепелиште што се проширува кон планината Серта ,има барање за асистенција од хеликоптер

Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај с. Пепелиште, каде што во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта.На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Неготино со 8 пожарникари и 2 ПП возила и претставници од воениот полигон „Криволак“. Според нивна процена постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прошири во правец на планината Серта.Градоначалникот на Неготино достави до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер - за воздухопловна противпожарна (ПП) поддршка на ПП силите коишто дејствуваат по земја.

Македонија | пред 1 година

IMG_4968

Активен пожар во велешко, пожарникарите на терен

Активен пожар од 10.07.2024 од 01.15 часот помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста викана Венуле. На овој пожар покрај сува трева гори и шума. На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес. Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата, истите не биле исправни и регистрирани возила тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот.Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување.Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите.

Македонија | пред 1 година

voz-pozar

13 пожари во последното деноноќие, еден се уште активен во Велес,

ЦУК информира дека имаше 13 пожари на отворено во последното деноноќие, 12 се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово има само 1, во Општина Велес, помеѓу с.Отишино и с.Оризари (каде гори ниска вегетација) ТППЕ Велес интервенирале со 3ПП возила и 11 пожарникари и поради темнината се повлечени од теренот.Утрово ќе продолжат да дејствуваат согласно ситуацијата на теренот.Една третина од вчерашните пожари на отворено биле на повик за гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шири огнот и на поголем простор во околината. Вообичаено тие диви депонии се до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што е веќе загаден воздухот.Такви примери имаме на повеќе места, а вчерашен пример, од сношти, е хроничниот проблем со палење на дивата депонија „Вардариште“ во скопската Општина Гази Баба, за што граѓаните коишто гравитираат во тој скопски реон, со право реагираат дека многу често се пали и освен што опасност за пожари во околината, дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина.ЦУК, покрај тоа што редовно ги известува надлежните служби и институции, апелира до граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.

Македонија | пред 1 година

IMG_4958

Спасени три 16-годишни момчиња: Биле заробени на островче до доцна во ноќта од надојдената река Треска

Сношти имаше спасувачка акција за извлекување три 16-годишни момчиња заробени на островче до доцна во ноќта, од надојдената Треска во Скопско од околу 19.00 часот па до околу 23.00 по добиена добиена пријава за итен случај на 112 во ЦУК дека три момчиња останале заробени на, на своевидно островче на средина во реката, заради испуст на водата од хидроцентралата „Матка“, а и од хидроцентралата „Козјак“, што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што редовно навечер има нагло зголемување на водотекот, нивото и силината на водата низ коритото на реката Треска.За спасувањето беа ангажирани и специјални сили од МВР, а помагаа и мештани блиски на момчињата.ЦУК, паралелно со кординирањето на спасувачката акција, итно побара директно од диспечерите во хидроцентралите „Козјак“ и „Матка“ (браните) веднаш да го намалат истекот на вода со што се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.Околу 23.00 часот од страна на дежурните од Полициска станица Сарај е добиено известување дека, по намалување на водостојот на реката специјалните тимови на МВР и селаните од с.Грчец, момчињата успешно и безбедно ги префрлиле со чамец по течението на реката, но од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец.По спасувањето на момчињата, ЦУК ги извести хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ за да можат непречено да произведуваат електрична енергија.

Скопје | пред 1 година

IMG_4927

(Видео) Успешно извлечен маж од длабока тиња и кал како „жив песок“

Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно, а опасно извлекување од длабока тиња и кал како „жив песок“ и за заробениот човек и за спасителите - пожарникарите, конкретно, покрај кумановскиот дел од река Пчиња, имаше комбинирана спасителан акција од страна на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош од Куманово.Тим кумановски пожарникари, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, неколку часа, од околу 04.00 часот па до 07.00 часот утрово беа во спасувачка акција. Итниот случај го пријавил на 112 во ЦУК риболовец, којшто ги слушнал повици за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал, на тој потег од реката Пчиња.Ситуацијата била опасна, бидејќи полека, како што лицето, возрасен маж, сакало да се самоизвлече се повеќе пропаѓало на местото каде што почвата била како маскиран „жив песок“ со исушен слој најгоре, на површината, од топлото време, а надолу како да немало дно.Тимот пожарникари, за среќа, брзо и на време стигнал до оддалеченото место од пристапен пат, бидејќи лицето било веќе речиси до рамења и врат пропаднато и било снеможено и на крај од неговите сили заради долготрајното заглавување при што полека тонело во меката почва. Пожарникарите успеале да го фатат со јажиња од нивната опрема и полека почнале да го извлекуваат, при што било потребно и нивно доизвлекување, бидејќи и тие тонеле полека во меката почва. Еден со друг тимски си помагале, етапа по етапа, од сложеното, а навидум едноставно, извлекување и спасување на заглавеното лице, од опасниот терен.Откако пожарникарите го извлекле од длабока тиња и кал, што била буквално како „жив песок“, лицето речиси се онесвестило и го ставиле на специјалната спасителна даска за носење. Додека едни го носеле, други со секири го расчистувале пред нив патот од вегетација и дрвја за да се пробијат до пристапниот пат каде ги чекала Итната медицинска помош. Настраданиот е жив, но многу истоштен и снеможен од долготрајното заглавување. Тој е веќе во болница во Куманово и е надвор од животна опасност.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-54-8620PM

Осумнаесет пожари на отворено, гореле депонии и ѓубришта

ЦУК информира дека имаше 18 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема. Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината.Алел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-8240PM

Девет пожари на отворено во последното деноноќие, сите успешно изгаснати

Вчера имаше девет пожари на отворено, сите се изгаснати од пожарникарите и активни нема, утрово. Пожарите на отворено беа во општините:Општина Гази Баба, ул.Зендел Џемаил (горело ѓубре); Карпош, покрај ул.„Скупи“ (горело ѓубре и сува трева); Арачиново, крај стариот пат за Арачиново (сува трева и грмушки); Сарај, с.Копаница (стрниште); Битола, с.Габалавци (ѓубриште); Струга, во реон кон ГП „Ќафасан“ (ѓубриште); Свети Николе, кај с.Горобинци (изгореле грмушки и сува трева, нискостеблеста шума и помошен објект); Општина Кочани, кај с.Облешево (стрниште) и во Општина Куманово, кај населбата „Диво Насеље“ (горела сува трева).

Македонија | пред 1 година

277539285_300804572165634_9196439405926440518_n

На 112 континуирано многу повици – иако во Скопско невремето се стиши, тоа продолжи во Струмичко, Битолско, Гевгелиско и други региони во нашата држава

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности.За сега билансот, според досегашните пријави и информации за опасности и за итни случаи на 112 во ЦУК, што и се зголемуваат, заради невремето во Скопско е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3; кабли откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и паднат дел од фасада 1 и за повредени лица 1. Конкретно е добиена пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел на локација: Булевар Свети Климент Охридски, бр. 66., Скопје. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка.Линиите на 112 се вжештија: повеќе од 160 до 200 во првиот час, темпото на постојано добивање пријави за штети, информации и итни случаи заради невреме не застанува иако во Скопско невремето се стиши, бидејќи заради локалните обилни врнежи од дожд, град на места и засилен ветер во Струмичко, Битолско, Гевгелиско и други региони во нашата држава

Македонија | пред 1 година

nevreme

Најавено невреме, со грмежи и дожд, до град: УХМР алармира да се винмава веќе од утре

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер..Во Скопје, во текот на ноќта кон вторник и во вторник ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град. Повремен пороен дожд со грмежи ќе има и во среда и четврток.Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Македонија | пред 1 година

448949324_450123214443621_1143009177295083315_n

Рекорден број на повици во ЦУК во изминатото деноноќие, невремето предизвика огромен број на штети низ целата држава

Во изминатото деноноќие, „рекорд“ годинава од вкупно 2 778 повици на 112 во ЦУК, најмногу заради невремето, за разлика од претходното деноноќие кога имаше „само“ 2 388 повици, имаше и две спасителни акции, а медиумите многу брзо и пред време ги соопштуваа предупредувањатаЦентарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало зголемен број повици, што резултирал, за жал, со „рекорд“ од вкупно 2 778 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие.Од нив „реални“ повици биле 57,16%, а 42,84% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 34,48%, кон Итната медицинска помош 15,27%, а кон пожарникарите 2,63%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 076 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (47,62%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (42,84%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Вчера имаше појава на невреме со поројни врнежи од дожд, силен ветар, молњи и на места и врнежи од град, согласно правовремената најава од УХМР и објавувањето на медиумите за внимателност, што предизвика штети во Скопско, Кумановско, Кривопаланечко Велешко, Кавадаречко, голема нестабилност во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово и во други делови од државата.Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, се добиени зголемен пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, како и за скршени гранки, скинати проводници, за навалени бандери и за други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, за проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, за оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето. Сите повици за итни случаиза поединечни или комбинирани интервенции се транферирани, преку Секторот за операции и координација на ЦУК, до надлежните институции и служби во Системот а управување со кризи (СУК).Регионалниот ЦУК Скопје известува, дека како резултат од поројните дождови и силен ветар што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, на 112 во ЦУК, се добиени многу известувања и пријави за штети и за итни случаи. Најголем број од пријавите се однесуваа особено за населбите „Волково“ и „Даме Груев“ (Општина Ѓорче Петров), како и во населбата „Шуто Оризари“ (Општина Шуто Оризари), додека имаше пријави и за во општините Аеродром, Карпош, Чаир, Гази Баба, а и во другите скопски општини, односно населби.Сите овие пријави од РЦУК Скопје се веднаш итно трансферирани соодветно според итните случаи до Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, МВР СВР Скопје, ЕВН Македонија, јавните претпријатија на Град Скопје како и Единиците за итно решавање на настантите ризици и опасности.РЦУК – Велес информира дека пожарникарите од ТППЕ Велес, во која се наведува дека испумпувале вода во подрумски простории во „Македонска пошта“ во Велес.Регионалниот ЦУК Куманово информира дека од ТППЕ Куманово, интервенирала на испумпување вода од подрумски простории на 6 куќи: на ул. „Никола Вапцаров“, 1 куќа во нас. „Карпош“, 1 куќа во нас. „Перо Чичо“ и подрумски дел на зграда на ул.„11ти Октомври“. Интервенирано е со пумпи за испумпување на вода со 3 ПП возила и 10 пожарникари. ЈП „Водовод“ – Куманово, во текот на денот имале интервенции за итни случаи на делови од атмосферска канализација низ улиците во Куманово.Во Општина Крива Паланка, од поројните врнежи од дожд кои беа во последните две деноноќија, ТППЕ Крива Паланка, од 08:00 до 12:00 часот, вршела испумпување вода од простории на детска градинка „Детелинка“ во Крива Паланка. Биле поплавени подрумски простории на ул.Свети Јоаким Осоговски бр.146, каде водата сама се повлекла. Имало отсечен пат во с.Станци, на кој се работи на расчистување на истиот. Имало зголемен доток на вода од „Куков Дол“ кон населбата „Бегови Бавчи но по јавување и координација од 112 во ЦУК е брзо интервенирано од ЕЛС Крива Паланка и истото е санирано во ноќта. ТППЕ Ранковце, од 10:00 до 11:00 часот, со 2 пожарникари интервенирале поради падната врба на локален пат во с.Псача.РЦУК – Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Тетово, во која се наведува дека во текот на денот интервенирале на места каде сеуште имало потреба по невремето со пороен дожд.Вчера попладне, а потоа и доцна навечер имаше спасувачи акции координирани преку екторот 112 и Секторот за операции и координација во ЦУК.Регионалниот ЦУК Охрид, во близина на хотел „Десарет„ Охридско, лице (странски државјанин) паднало во непристапен терен и од паѓањето се здобило со телесни повреди. Екипата од ТППЕ Охрид со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале, во координација со Итната медицинска помош и Полиција, така што лицето од местото на настанот е префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на Итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман.Регионалниот ЦУК Велес известува дека сношти, на 112 во ЦУК беше добиена информација за камион кој заглавил со предните две тркала кај ресторан „Јавор“, месност „Камен Дол“, на патот помеѓу Росоман и Прилеп. Известени се ТППЕ Кавадарци, кои интервенирале со 3 пожарникари и 2 ПП возила и камионот е извлечен по 22:00 часот.Четири пожари вкупно имало на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгасени во општините: Босилово, кај с.Еднокуќево ( горела депонија, стрниште и сува трева); Валандово, помеѓу селата Пирава и Јосифово (сува трева); Велес, кај Раштани, на месноста „Гробот“ (сува трева) и во Општина Кавадарци, на месноста „Танкото патче“ во Кавадарци (каде што горела сува трева).Граѓаните се уште треба да бидат внимателни заради можно невреме. Од УХМР известија во ЦУК дека во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Инаку, за време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.ЦУК изразува благодарност до медиумите за брзото пренесување на предупредувањата, како и за превентивните работи, а секако и за сите итни ситуации во нашата држава и за континуираната соработка во интерес на безбедноста и посигурното живеење на граѓаните, во случајот - од аспект на кризните и итни ситуации со коишто се справуваме заедно во општеството, секојдневно.

Македонија | пред 1 година

448903945_450123244443618_4576738011007797344_n

Пријавени штети од невремето: Паднато дрво врз три возила во Карпош

На 112 во ЦУК, ноќва, во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош). Увидна екипа од МВР била на лице место и направила увид.Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежна служба за да го отстрани проблемот.Дрвото е паднато поради временската непогода - силен ветер и обилни врнежи.Утрово во 06:09 часот, е добиена е пријава за уште еден оштетен автомобил, на истата улица, но на бр.12.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

По невремето, без струја останаа десетици населени места - во Скопје, најпогодени се во Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија известуваат до ЦУК, дека во моментот без електрична енергија се:Скопје - Ѓорче Петров и околината, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски ПатТетово - Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, СетолеТетово - Сарачино, ЖелиноГостивар - Дебреше,Врањовце Зубовце, Врапчиште, Пожаране и ТоплинциБитола - горно и долно Агларци , Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.Радовиш - Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, ПарналијаТимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

Македонија | пред 1 година

nevreme-istra

Велес ќе биде зафатен од невреме со град, дожд, ветер

Од УХМР известуваат дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од невреме.Според ЦУК, тоа ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и можна појава на град.Се алармира на внимателност.

Македонија | пред 1 година

gradnevreme

Центарот за управување со кризи прима зголемен број пријави за итни случаи на 112

Центарот за управување со кризи прима зголемен број пријави за итни случаи на 112 - за штети од регионите погодени од локалните налети на невреме.Во оваа прилика Регионалниот ЦУК Крива Паланка, информира дека имаше пријави за итни случи од вчерашното невреме во Кривопаланечко за:- отсечен пат во село Станци, Општина Крива Паланка, известена е локална самоуправа Крива Паланка и во моментот се работи на расчистување;- голем доток на вода од „Куков Дол“ кон населба „Бегови бавчи“, во град Крива Паланка, запознаена е Оптина Крива Паланка и е реагирано ноќеска;- ул. „Наско Тамбурков“, град Крива Паланка, паднато дрво, отстрането е ноќеска од страна на пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка;- поплавени простории во зграда на детска градинка„Детелинка“ во град Крива Паланка, а пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка ја испумпуваа водата;- Поплавени подрумски пеостории во зграда на ул.„Св.Јоаким Осоговкси“ бр.146, во град Крива Паланка, водата сама се повлекла;- ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта подрачна единица ПЕ Крива Паланка известува дека имало повремен регулиран застој поради расчистување заради наноси и одрони на регионални и магистрални патишта во текот на ноќта после врнежите од дожд и град. Известија до ЦУК дека моментално сите патишта во нивна надлежност се проодни.

Македонија | пред 1 година

pozarna

Спречено поплавување на домовите во кочанско, известуваат од ЦУК

,,Денеска, Регионалниот ЦУК Штип информираше дека околу 13.00 на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за излевање на вода од водоводните канали во с.Горни Подлог, при што имаше опасност од поплава во домовите во селото.По итната оперативна комуникациска координација за спечување на опасноста, РЦУК Штип извести дека веднаш од јавното претпријатие Водостопанство од Кочани излегле на терен и увиделе запушување на канал за вода и истите работат на расчистување и отпушување на каналот, за да се отстрани опасноста од поплава во домовите во с.Горни Подлог.”, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања