„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ

media-librarygpbune5rpok1c90AGN4

Адвокатот на Кајмакоски: По приведувањето на осомничените ќе се утврдат мотивите и дали имало нарачател

Пејачот Даниел Кајмакоски беше киднапиран во Белград во февруари.Откако пејачот и неговата сопруга Марина разговараа со локалните медиуми, откривајќи дека тој е под голем стрес, медиумите стапиле во контакт и со адвокатот Бранислав Станишиќ.Како правен застапник и пријател на Даниел Кајмакоски, можам да ве информирам дека до овој момент нема поконкретни резултати во врска со лишувањето од слобода на осомничените за кривичното дело киднапирање. Се надеваме дека полицијата ќе успее да ги реализира сите потребни активности со цел осомничените да бидат изведени пред лицето на правдата и кривичната постапка да започне што е можно поскоро. Отежнувачка околност е што, според досегашните сознанија, најверојатно станува збор за лица кои не се државјани на Република Србија и кои случајно се нашле на нејзина територија. Големо прашање е дали тие влегле во Србија редовно и во согласност со законот, или се нашле тука нелегално, како мигранти - посочува адвокатот.Според него, психичката состојба на Даниел Кајмакоски во моментов е стабилна.Тој ги извршува сите претходно договорени настапи и ги исполнува професионалните обврски. Сепак, овој настан остави многу потешки последици врз неговото семејство - додава Станишиќ.Тој откри и детали за самиот инцидент.Киднаперите го врзале Даниел со селотејп и, заканувајќи му се со пиштол и нож, го принудиле да влезе во нивното возило, по што се упатиле во правец на Рума. Инцидентот започнал во близина на Бетонската сала, каде што се обиделе да го сопрат, а во тој момент полицијата се обидела да изврши редовна контрола на возилото. Бегајќи од полицијата, осомничените продолжиле кон Рума со голема брзина, но поради магла и непознавање на теренот, удриле во насип на излезот од кружниот тек. Возилото претрпело голема штета и не можело да продолжи понатаму. Од страв од полицијата, која ги забележала, осомничените го напуштиле автомобилот и избегале. Полицијата потоа го пронашла Даниел врзан на задното седиште - објаснува адвокатот.Тој додава дека во овој момент не може да се шпекулира кој стои зад нападот и кои биле мотивите.Факт е дека неодамна имаше неколку инциденти насочени кон јавни личности од забавната индустрија, но не би шпекулирале за можните причини. Очекуваме дека, по лишувањето од слобода на осомничените, мотивите ќе бидат попрецизно утврдени, како и дали евентуално имало нарачател - вели Станишиќ.Тој нагласува дека Кајмакоски нема никакви проблеми со законот.Даниел е исклучителен уметник и човек кој никогаш никому не должел ништо и никогаш немал врска со нелегални активности. Тој и неговото семејство живеат од својата чесна работа. Неговата безбедност моментално е на високо ниво и преземени се сите мерки за да се спречи повторување на ваков настан - истакнува адвокатот.Кога ќе имаме нови информации или значајни случувања во истрагата, со согласност на Даниел Кајмакоски, навремено ќе ја информираме јавноста. Се надеваме дека никој никогаш нема да се најде во ситуацијата низ која тој помина - заклучува адвокатот Бранислав Станишиќ.

Магазин | пред 4 часа

media-libraryh2j484fl2bqv0eDXdaS

(Видео) Кајмакоски првпат се појави во јавност по киднапирањето

Пејачот Даниел Кајмакоски за првпат се појави во јавност откако во неделата наутро, по настап во Белград, беше киднапиран.Кајмакоски синоќа настапил во истиот елитен ресторан, каде што бил киднапиран, и ја воодушевил публиката, која според неговото однесување никогаш не би претпоставила каков хорор доживеал пред неколку дена. Интересно е тоа што на официјалната веб-страница на клубот каде што настапувал, неговиот настап бил најавен само неколку часа претходно.Полицијата сè уште трага по двајцата мажи што го киднапираа македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (43) рано наутро во неделата во Бетон хала во Белград. Киднаперите, врзаниот Кајмакоски, го возеле 63 километри со неговиот автомобил, бегајќи од полицијата. Кајмакоски бил врзан на задното седиште од неговото „волво“, а кога киднаперите се забиле во банкината кај Рума, полицијата го пронашла пејачот, пишува српски „Блиц“.Адвокатот Бранислав Станишиќ истакна дека Даниел е психички и физички во ред, иако настанот оставил последици.„Истрагата е во тек и ќе трае уште. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, што е најважно за семејството и за него сега. Оваа ситуација остави, така да се каже, шок последици, но, среќа, тој успева да ги надмине. Ако ме прашувате за самиот случај, не можеме да изнесеме премногу информации додека осомничените за извршување на ова ужасно кривично дело не бидат приведени, бидејќи се уште се во бегство. Во согласност со полицијата, во овој момент не можеме да објавиме повеќе детали. Ситуацијата на терен е таква што осомничените го напуштиле местото кај Рума, мислам на местото каде автомобилот удрил во банкината. Од тој момент тие ја напуштиле локацијата и се уште се трага по нив – рече Станишиќ.Видеото можете да го погледнете тука

Настани | пред 2 седмици

media-library4719ngjibt7a6741581

(Видео) „Намерно удриле во банкина“ – Откриени нови детали за киднапирањето на Кајмакоски

Пејачот Даниел Кајмакоски кој беше киднапиран во ноќта меѓу сабота и недела по настапот во Бетон Хала Новинарот Младен Мијатовиќ откри нови детали за потерата по киднаперите,„Постои сомневање дека намерно удриле во банкнина. Го држеле врзан, а по несреќата го оставиле во остатоците од возилото и побегнале пешки“, пренесува новинарот Младен Мијатовиќ детали од истрагата.Кајмакоски во полиција изјавил дека напаѓачите комуницирале на англиски и турски јазик.„Тие со закана со пиштол барале од него некој од членовите на неговото семејство или пријатели да обезбеди 20.000 евра. Во спротивно, се заканувале дека ќе му нанесат штета нему и на неговите најблиски“, наведува Мијатовиќ за Pink.Полицијата се уште трага по двајца турски државјани кои по несреќата побегнале во околината на Рума.Познатиот пејач, по изјавата дадена во полиција, се наоѓа со своето семејство.

Магазин | пред 3 седмици

media-librarys40cufoqe57obPuaOVf

Српската полиција со детали за киднапирањето на Даниел Кајмакоски

Српското Министерство за внатрешни работи соопштува дека две засега непознати лица, со закани со нож и огнено оружје, во раните утрински часови во Белград го киднапирале македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и од него изнудувале пари.Според официјалното соопштение, киднапирањето се случува во Караѓорѓева улица во Белград, по што осомничените го однеле оштетениот во неговото возило. По полициска потера, возилото е запрено на територијата на општина Рума, каде што полицијата го затекнува Кајмакоски со врзани раце, додека сторителите успеваат да го напуштат возилото и да се оддалечат во непознат правец.Акцијата за запирање на возилото е реализирана координирано од повеќе служби на српското МВР, меѓу кои Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал, Службата за борба против тероризам, Жандармеријата, Специјалната антитерористичка единица, сообраќајната и граничната полиција, како и полициските единици на град Белград.Од српското МВР информираат дека оштетениот е згрижен, на местото на настанот е извршен увид, а полициските службеници продолжуваат со интензивна потрага по извршителите. Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува делото како киднапирање, а истрагата за целосно расветлување на случајот е во тек.

Свет | пред 3 седмици

media-library4719ngjibt7a6741581

(Видео) Филмска потера во Белград: Киднаперите го држеле Кајмакоски во бело „Волво“, додале гас и бегале од полицијата

Синоќешната полициска акција на Караѓорѓева улица во Белград се претворила во вистинска филмска драма, кога возачот на бел „Волво XC60“ не застананал на наредбата на полицијата и дал гас. Подоцна било утврдено дека во возилото се наоѓал киднапираниот пејач Даниел Кајмакоски (43), на кого киднаперите му ги врзале рацете.Драмата започнала во неделата околу 00.50 часот, откако Кајмакоски го завршил настапот во ноќниот клуб „Лафајет“ во Бетон хала.Кога седнал во својот автомобил, паркиран во Караѓорѓева улица, му пришло непознато машко лице кое, со закана со нож и употреба на сила, му ги врзало рацете со селотејп лента. Набргу му се придружил и втор соучесник, кој влегол на задното седиште, додека еден од киднаперите го презел воланот.За време на обидот да излезат од Караѓорѓева улица кон Бранков мост, киднаперите наишле на полициска патрола која се обидела да го запре возилото.Иако „Волвото“ накратко забавило, возачот потоа нагло забрзал, по што следела потера низ Белград – преку Бранков мост, покрај Палатата Србија и Белградската арена, а потоа вклучување на автопатот во правец на Шид, со намера да стигнат до границата.Како што се наведува, киднаперите му се заканувале на пејачот со пиштол и барале исплата од 20.000 евра за неговиот живот, тврдејќи дека имаат соработници пред неговиот семеен стан кои, доколку барањата не бидат исполнети, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и децата.Еден од киднаперите му се обраќал на Кајмакоски на лош англиски јазик, додека на соучесникот му давал инструкции на турски.По минувањето на наплатната рампа Шимановци, во потерата се вклучиле дополнителни полициски единици. Возачот кој возел со голема брзина изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната банкинa. Двајца вооружени напаѓачи го напуштиле автомобилот и побегнале во непознат правец по сообраќајната несреќа.Полицајците во возилото го затекнале Даниел Кајмакоски, со врзани раце, но без потешки телесни повреди.Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилото било запрено со координирана акција на повеќе полициски единици, додека Вишото јавно обвинителство во Белград кривичното дело го квалификувало како киднапирање. Интензивната потрага по извршителите е во тек.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryh2j484fl2bqv0eDXdaS

„Под закана со нож и пиштол му изнудувале пари, пронајден е со врзани раце“, српското МНР со детали за Кајмакоски

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето во Белград на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски.-Со координирана акција на полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал и Службата за борба против тероризмот, жандармеријата, САЈ, Управата за сообраќајна полиција, Управата за гранична полиција, Одделот за сузбивање на имотни прекршоци и Полициската бригада, по потера по возило во кое двајца, засега непознати, сторители го киднапирале Д.К. (43) под закана со нож и пиштол во раните утрински часови во Белград, на улицата Караѓорѓева и му изнудувале пари, наведеното возило е запрено на територијата на општина Рума, во кое жртвата е пронајдена со врзани раце, додека сторителите успеале да го напуштат возилото и да заминат во непознат правец, се наведува во соопштението.Според српското МВР, на Даниел Кајмаковски му е укажана лекарска помош, на местото на настанот е спроведена истрага, а полициските службеници ја продолжиле потрагата по сторителите.Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува кривичното дело како - киднапирање, а интензивна работа за понатамошно расветлување на кривичното дело е во тек.

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryt3kkraquskti76JZEIc

„Кајмакоски бил киднапиран, сега е на безбедно, многу смирено и храбро се соочил со киднаперите“, вели Рашиќ

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Таа потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.„Драги пријатели, веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград е точна.Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома.Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица.Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави.Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него“, стои во објавата.

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања