ДАНСКА

media-libraryq07m35ns3abqb43WnBV

Данската премиерка Фредериксен: Заврши ерата на светскиот поредок каков што го познаваме

Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека завршило времето на досегашниот светски поредок и дека не верува оти тој повторно ќе се воспостави. Таа ова го изјави на јавна трибина на парискиот универзитет Sciences Po, на која учествуваше заедно со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.Обраќајќи им се на студентите, Фредериксен истакна дека „светскиот поредок каков што го познаваме е завршен и нема да се врати“, предупредувајќи дека Европа се соочува со длабоки и долгорочни безбедносни предизвици. Таа нагласи дека Русија, според нејзина оценка, „не сака мир со Европа“ и повика Европската унија и Соединетите Американски Држави да останат обединети во одговорот на глобалните кризи.Во своето излагање, данската премиерка се осврна и на неодамнешните тензии со САД поврзани со Гренланд, нагласувајќи дека и Копенхаген и Вашингтон делат загриженост за безбедноста на Арктикот. Таа порача дека Данска ќе се обиде „да пронајде заеднички пат со САД“, и покрај разликите и зголемената чувствителност околу геополитичките прашања во регионот.Гренландскиот премиер Нилсен, пак, зборуваше за последиците од овие тензии врз локалното население. Тој истакна дека владата во Гренланд е исправена пред сериозен предизвик – истовремено да се спротивстави на надворешните притисоци и да се грижи за граѓаните кои се чувствуваат вознемирени и исплашени од глобалните случувања.Неговата порака, како што нагласи, е дека стабилноста и безбедноста на луѓето мора да останат приоритет, дури и во услови на длабоки промени на меѓународната сцена.

Свет | пред 1 седмица

lavrov-putin

Русија застана зад Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се огласи за американско-европскиот спор околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање неговиот сегашен статус како дел од Кралството Данска.На годишната конференција за медиуми во Москва, Лавров изјави дека Гренланд „не е природен дел“ од Данска, додавајќи дека прашањето за поранешните колонијални територии станува сè поизразено во современите геополитички односи.Тој нагласи дека Русија нема никакви планови да преземе контрола врз островот и дека Вашингтон е свесен оти Москва нема интерес да се меша во прашањата поврзани со Гренланд, спротивно на тврдењата што претходно ги изнесе американскиот претседател Доналд Трамп.Лавров додаде дека Русија внимателно ја следи „сериозната геополитичка состојба“ околу Гренланд, оценувајќи дека прашањето треба да се разгледува и решава во рамки на НАТО, како дел од внатрешните одлуки на сојузот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Данска и Гренланд разговараат за можно распоредување на НАТО на Арктикот

Данска и Гренланд разговарале за можноста за распоредување на НАТО на Гренланд и поширокиот арктички регион, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, во Брисел.Поулсен нагласи дека иницијативата била предложена од данска страна и дека генералниот секретар на НАТО ја примил на знаење. Според него, постои надеж дека во наредниот период ќе може да се воспостави јасна рамка за тоа како ваква мисија би можела да се реализира на терен.Тој додаде дека разговорите се целосно усогласени со ставовите и позициите на владата на Гренланд, истакнувајќи дека сите чекори се координираат со локалните власти.Разговорите се одвиваат во чувствителен момент, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите поврзани со прашањето за суверенитетот над Гренланд, кој припаѓа на Данска. Таквите потези предизвикаа реакции и во Европската унија, каде што, според медиумските извештаи, се разгледува можноста за воведување сопствени мерки како одговор на зголемените притисоци.

Свет | пред 2 седмици

media-librarytd27760ljl7e1xesfMb

Данска одлучи: „Испраќаме значителен број војници на Гренланд“

Поголем број дански борбени војници, опишани како „значаен придонес“, вечерва треба да пристигнат во Кангeрлусак на Гренланд. Информацијата ја потврдија данските вооружени сили за националната телевизија ТВ 2.Според известувањето, со новата група војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, Петер Бојсен. Пристигнатите сили ќе учествуваат во натамошното зајакнување на данскиот воен контингент, кој веќе е распоредуван на островот.Претходно, командантот на Арктичката команда, Сорен Андерсен, изјави дека во главниот град Нук веќе пристигнале околу 100 дански војници, додека сличен број бил распореден и во Кангeрлусак. Токму таму треба да започне воената вежба „Арктичка издржливост“, која е забрзана и проширена по неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп во повеќе наврати јавно изрази желба Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави, што предизвика загриженост и дополнително засилување на безбедносните активности на Данска во арктичкиот регион.

Свет | пред 2 седмици

media-library5fgifn8monf85WjYvDM

Данскиот арктички командант: Не, денес не гледаме закана од Кина или Русија

Највисокиот дански воен заповедник за Арктикот ги отфрли тврдењата дека Гренланд се соочува со непосредна безбедносна закана од Русија или Кина, спротивставувајќи се на наративот што во повеќе наврати го изнесе американскиот претседател Доналд Трамп. Генерал-мајор Сорен Андерсен, командант на Данското здружено арктичко заповедништво од 2023 година, изјави дека во моментов не постојат индикации за директна опасност, но дека Данска и сојузниците внимателно ги следат можните ризици и се подготвуваат за идни непредвидени ситуации.Андерсен нагласи дека засилените воени активности и сојузничките вежби околу Гренланд имаат превентивен карактер. Според него, по завршувањето на војната во Украина, Москва би можела да ги пренасочи воените ресурси кон други региони, вклучувајќи го Балтичкото Море и арктичката зона. Токму таа проценка ја поттикнала Данска да ги прошири воените вежби и да покани европски сојузници на обука на Гренланд, во исклучително тешки зимски услови, како дел од зајакнувањето на северното крило на НАТО.Во рамки на данската вежба „Операција Арктичка издржливост“, која опфаќа воздушни, поморски и копнени компоненти, веќе се распоредени единици од неколку европски земји. Андерсен појасни дека целта е подобрување на подготвеноста и координацијата меѓу сојузниците, а не одговор на конкретна закана.Изјавите на данскиот генерал доаѓаат во спротивност со тврдењата на Трамп дека Гренланд е под активен притисок од Русија и Кина и дека островот е клучен за националната безбедност на САД. Американскиот претседател неодамна изјави дека Вашингтон не може целосно да ја исклучи употребата на сила за заштита на своите интереси, што предизвика загриженост кај данските и гренландските лидери.Андерсен избегна директен коментар за ваквите изјави, истакнувајќи го единството во рамки на НАТО и долгогодишната соработка со американските сили стационирани во вселенската база Питуфик. Тој нагласи дека не може да замисли сценарио во кое една членка на Алијансата би нападнала друга, додавајќи дека соработката меѓу сојузниците останува силна и неопходна за стабилноста во регионот.И покрај политичките тензии, Данска формално ги поканила Соединетите Држави да учествуваат во вежбите. Андерсен изрази надеж дека американските трупи ќе тренираат заедно со германските, француските, канадските и другите сојузнички сили, нагласувајќи дека безбедноста на Арктикот бара заеднички пристап и тесна координација.

Свет | пред 2 седмици

media-librarys9i82mh0i2tt9Q7xzpZ

Белгискиот министер: Не одиме на Гренланд за судир со САД, тоа не е наша цел

Белгија не се приклучила на арктичката мисија под водство на Данска со цел да се спротивстави на Соединетите Американски Држави, изјави белгискиот министер за одбрана Тео Франкен, отфрлајќи ги тврдењата дека засиленото европско воено присуство на Гренланд претставува демонстрација на сила кон Вашингтон.Франкен во телевизиско интервју оцени дека создавањето впечаток оти Европа оди на островот за да се конфронтира со САД е целосно погрешно. Тој нагласи дека таква намера воопшто не постои и дека белгиското учество е строго ограничено и од неборбен карактер.Министерот појасни дека Белгија ќе испрати еден офицер во рамки на извидувачка мисија на Гренланд, која ја предводи Данска, со задача да ги процени логистичките можности, оперативните опции и условите на терен. Според него, станува збор исклучиво за извидувачка мисија, без планови за трајно распоредување или воспоставување борбени позиции.Овој потег доаѓа во период кога Данска, заедно со сè поголем број европски сојузници, на нејзино барање ги засилува воените активности на Гренланд и во неговата околина. Копенхаген соопшти дека целта е зајакнување на безбедноста на Арктикот и подобрување на способностите на сојузниците за дејствување во екстремни услови, а офицери и помали воени одреди од неколку европски земји веќе пристигнале на островот.Распоредувањето се одвива во чувствителна политичка клима, откако американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати ја спомена можноста САД да преземат контрола над Гренланд. Тој неодамна изјави дека заземањето на островот би можело да биде опција за Вашингтон, дури и во контекст на односите во рамки на НАТО, при што ги минимизираше и ограничувањата на меѓународното право.Франкен истакна дека европскиот одговор треба да се сфати како порака за уверување, а не за одвраќање. Според него, пораката до Вашингтон е дека европските држави се подготвени да преземат одговорност за безбедноста на Гренланд, поради загриженоста од зголемените руски и кинески активности на Арктикот, и дека тоа сакаат да го сторат во рамки на НАТО, во кој членуваат и САД.Тој заклучи дека целта на распоредувањето не е испраќање порака за воена конфронтација со Американците, нагласувајќи дека никој во Европа не размислува за судир, туку за соработка и стабилност.

Свет | пред 2 седмици

media-library093onvuapom94fkfjSt

„Рацете подалеку од Гренланд“: Масовни протести денеска во Данска и Нуук

Големи протести против амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во Данска, како и во главниот град на Гренланд, Нуук.Според најавите на социјалните мрежи, неколку илјади граѓани изразиле намера да учествуваат на протестите што ќе се одржат на Гренланд и во Данска, во Копенхаген, Архус, Олборг и Оденсе, по иницијатива на повеќе гренландски организации.„Целта е да се испрати јасна и едногласна порака за почитување на демократијата и темелните човекови права на Гренланд“, соопшти националната организација на граѓани на Гренланд во Данска – Уагут, на својата интернет-страница.Организаторите, меѓу кои се Уагут, граѓанското движење „Рацете подалеку од Гренланд“ и коалицијата на локални гренландски здруженија Инуити, имаат намера да ја искористат посетата на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген за нивниот глас да биде слушнат на меѓународно ниво.Откако повторно се врати на власт пред една година, Трамп редовно ја споменува можноста за преземање контрола врз огромниот, стратешки важен, но слабо населен арктички остров кој е под суверенитет на Данска. Тој тврди дека Гренланд ќе го преземе „на овој или на оној начин“, со цел, како што вели, да се спротивстави на руските и кинеските интереси на Арктикот.Во петокот навечер, неговиот близок советник Стивен Милер ги потврди американските ставови во врска со територијата.„Гренланд е голем колку една четвртина од САД. Данска, со сета почит, е мала земја со мало стопанство и мала војска и не може да го брани Гренланд“, изјави Милер за телевизијата „Фокс њуз“.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави не планираат да „трошат милијарди долари за одбрана“ на територијата, додека суверенитетот би останал во рацете на Данска.Протестите најавени за сабота доаѓаат три дена по состанокот во Вашингтон, на кој данските власти признаа дека во моментов не постои можност за договор со американското раководство за иднината на автономната територија.Иако повеќе европски лидери изразија поддршка за Данска, една од основачките членки на НАТО, американскиот претседател во петокот се закани со воведување царини за земјите што нема да го поддржат неговиот план за стекнување на Гренланд.Повик за протест е упатен и во Нуук, со цел спротивставување на, како што се наведува, „незаконските планови на Соединетите Американски Држави за преземање контрола над Гренланд“.Во меѓувреме, Франција, Шведска, Германија и Норвешка, на кои им се приклучија Холандија, Финска и Обединетото Кралство, оваа недела најавија распоредување воен персонал за извидувачка мисија на Гренланд, во рамки на данската воена вежба „Arctic Endurance“, организирана со сојузниците од НАТО.

Свет | пред 2 седмици

media-library1ohkeph0adifcQtAmvL

Данска по состанокот со САД: „Не се согласуваме“ – земјите од ЕУ испраќаат војници во Гренланд

Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд ниту по денешниот состанок во Вашингтон не се приближија до договор за иднината на Гренланд. Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, изјави дека и натаму постои, како што рече, „темелно несогласување“ со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која се залага за американска контрола врз овој автономен териториј во состав на Кралството Данска.Состанокот беше одржан со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, откако Трамп изјави дека „сè помалку од американска контрола над Гренланд е неприфатливо“.По разговорите, Расмусен рече дека тој и претставниците на Гренланд со Венс и Рубио воделе „искрена, но конструктивна расправа“, но дека ставовите и понатаму суштински се разликуваат.„Претседателот јасно го изнесе својот став, а ние имаме поинаква позиција“, изјави Расмусен на прес-конференција во Вашингтон. Тој нагласи дека Данска смета оти долгорочната безбедност на Гренланд може да се обезбеди во рамки на постојниот политички и уставен поредок.„Идеите што не би го почитувале територијалниот интегритет на Кралството Данска и правото на гренландскиот народ на самоопределување се целосно неприфатливи“, порача тој.Расмусен додаде дека е договорено формирање работна група на високо ниво, која треба да се обиде да најде заеднички пат напред, иако, како што истакна, „темелното несогласување останува“. Првиот состанок на оваа група се очекува во наредните недели.Шведска и Германија испраќаат војнициПаралелно со дипломатските разговори, Данска и нејзините сојузници го зајакнуваат военото присуство на Гренланд поради, како што наведуваат, влошените безбедносни услови на Арктикот.Шведска денеска, на барање на Данска, испрати неодреден број војници на Гренланд. Шведскиот премиер Улф Кристерсон соопшти дека шведските офицери ќе бидат дел од поширока група сојузнички сили кои ќе учествуваат во подготовките за претстојната воена вежба „Operation Arctic Endurance“.Германското Министерство за одбрана објави дека Германија во четврток испраќа извиднички тим од 13 припадници на Бундесверот во Нук. Станува збор за тридневна мисија, од 15 до 17 јануари, чија цел е проценка на условите за можни идни воени придонеси за безбедноста на регионот, вклучително и надзорот на поморскиот простор. Германските војници доаѓаат на покана на Данска и во соработка со други европски земји.Данското Министерство за одбрана претходно потврди дека го зголемува военото присуство на Гренланд поради „безбедносни тензии“, додека расправата со САД за иднината на територијата продолжува без приближување на ставовите.„Се согласуваме дека не се согласуваме, но ќе продолжиме да разговараме“, заклучи Расмусен, истакнувајќи дека Данска нема да отстапи од црвените линии кои вклучуваат почитување на територијалниот интегритет и правото на гренландскиот народ на самоопределување.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryie9gigosmruh92pMbWy

Односите меѓу Копенхаген и Нук се распаѓаат: „Неслогата им оди во прилог на Американците“

Утре во Вашингтон, министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, и данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, ќе се сретнат со американскиот државен секретар Марко Рубио во обид да се најде решение за гренландската криза. Сепак, се чини дека данската и гренландската страна сè помалку настапуваат единствено во однос на американските претензии.Ниту во рамки на гренландското политичко раководство и парламентарните партии нема единство околу тоа како да се одговори на заканите на Доналд Трамп, повторно изразени во ноќта кон вторникот преку објава на Белата куќа на мрежата Икс, на која американскиот претседател е прикажан како низ прозорец гледа во карта на Гренланд.Денеска во Копенхаген пристигнува американска делегација составена од осум сенатори и членови на Претставничкиот дом на Конгресот, најмногу од редовите на Демократската партија. Тие ќе се сретнат со претставници на данската и гренландската влада, како и со бизнис-лидери.Кабинетот на демократскиот сенатор Крис Кунс во кратко соопштение наведува дека тој ќе ја предводи конгресната делегација во Копенхаген со цел да се истакнат повеќе од 200 години пријателство меѓу САД и Данска.Зошто сенаторите доаѓаат во Данска, а не на Гренланд?Претседателката на Комитетот за надворешна и безбедносна политика на гренландскиот парламент, Пипалук Линге, која очигледно не била поканета, веднаш побарала да присуствува на средбата со американските сенатори. Таа изјави дека за Гренланд не може да се разговара без присуство на негови претставници и оцени дека е чудно што сенаторите се поканети во Данска, а не на Гренланд.Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен исто така пристигнал во Копенхаген и ќе остане во главниот град на Данска цела недела, очигледно со цел да биде што поблиску до данските лидери додека се водат разговори за иднината на неговата земја.Во меѓувреме, дел од данските политичари го загубија трпението. Поранешниот лидер на националистичката и популистичка Данска народна партија, Кристијан Тулесен Дал, за весникот Јиландс-Постен изјави дека е неодржлива сегашната ситуација во која гренландските лидери можат без никаква одговорност и последици да зборуваат што сакаат за Данска.Сите гренландски партии сакаат независностТулесен Дал оцени дека можеби е време односите меѓу Данска и Гренланд да бидат целосно отворени. Тој потсети дека Гренланд повеќепати јасно ставил до знаење дека сака да се отцепи и дека тоа е само прашање на време и начин. Според него, долгорочната цел на речиси сите партии на Гренланд е независност.Тој додаде дека сега на сите мора да им биде јасно дека САД нема да прифатат независен Гренланд и постави прашање дали Гренланѓаните ја гледаат својата иднина со Данска или нивната желба за отцепување ќе ги однесе во американска прегратка. Според него, Гренланѓаните треба директно да разговараат со САД и врз таа основа да ја изберат својата иднина.Инеќи Килсен, потпретседател на левичарската партија Сиумут, исто така смета дека Гренланд треба самостојно и директно да разговара со САД и дека данскиот министер за надворешни работи нема што да бара на такви средби. Тој потсети дека данската влада повеќепати изјавила оти Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните и дека сега треба да се држи до тој став.Страв од ескалација и американска интервенцијаОд друга страна, данската левичарска партија Единствената листа апелираше над палатата Кристијансборг во Копенхаген, седиштето на парламентот, владата и Врховниот суд, да се истакне гренландското знаме. Пратеникот Педер Хвелплунд изјави дека парламентот треба да дејствува во знак на солидарност и сочувство со гренландскиот народ и нивното право самостојно да одлучуваат за иднината на Гренланд.Гренландската пратеничка во данскиот парламент и поддржувачка на независноста на Гренланд, Аки-Матилда Хег-Дам, песимистички оцени дека Доналд Трамп тешко може да се одврати од намерата да го преземе Гренланд. Таа смета дека не е нужно проблематично да се склучи договор со САД доколку тоа може да им обезбеди поголема независност на Гренланѓаните.Според неа, САД и онака доаѓаат на Гренланд, па затоа треба да се обидат да извлечат нешто од тоа. Таа изјави дека изборот е меѓу тоа земјата да биде преземена со сила или преку преговори да се извлече најдоброто за гренландскиот народ, оценувајќи дека трета опција не постои.Во тој контекст, данската премиерка Мете Фредериксен пред два дена беше директно прашана што би се случило доколку САД тргнат со сила кон Гренланд. Таа одби јасно да одговори, наведувајќи дека постојат работи кои не може да ги сподели со јавноста и дека се наоѓаат во судбоносен момент.

Македонија | пред 3 седмици

grenland

„Не сакаме ниту да сме Данци, ниту да сме Американци“ - Судбоносен момент за Гренланд!

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Данска се наоѓа во „судбоносен момент“ поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да преземат дејствија за Гренланд, дури и без согласност на Копенхаген и гренландските власти, пренесува Гардијан.Фредериксен, обраќајќи се на политички собир во неделата, изјави дека земјата е на раскрсница и дека во прашање е суштината на сојузништвото во НАТО. Според неа, проблемот не е само Гренланд, туку и пораката што ја испраќаат САД ако му се закануваат на сојузник.Таа оцени дека доколку ваквото однесување значи свртување грб на западната алијанса, тогаш тоа би имало далекусежни последици за целата безбедносна архитектура во Европа.Изјавите доаѓаат во пресрет на средбите на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се очекува да бидат клучни за понатамошните односи.Во петокот, Трамп изјави дека САД ќе преземат чекори во врска со Гренланд „без разлика дали тоа им се допаѓа или не“, додавајќи дека постојат „добар и потежок начин“ за решавање на прашањето. Американската администрација досега не ја исклучи можноста за употреба на сила, иако Данска и Гренланд се дел од НАТО.Како реакција, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен, заедно со лидерите на сите парламентарни партии, објави заедничка изјава во која порачаа дека иднината на Гренланд не е предмет на надворешни одлуки.Во изјавата се наведува дека Гренландците не сакаат да бидат ниту Американци, ниту Данци, туку дека сакаат сами да одлучуваат за својата иднина.Фредериксен истакна дека Данска ќе продолжи да ја брани својата позиција и дека по прашањето на Гренланд нема простор за отстапки. Таа додаде дека Копенхаген добил поддршка од повеќе земји-членки на НАТО.Поддршка за Данска изрази и шведскиот премиер Улф Кристерсон, кој оцени дека заканувачката реторика кон сојузници е неприфатлива. Во исто време, Шведска најави дополнителни инвестиции во воздушната одбрана, оценувајќи дека безбедносната состојба во Европа се влошува.

Свет | пред 3 седмици

media-library305fakfeaf3c7CRRyVE

Данска го зајакнува обезбедувањето на самитите со помош од САД

Соединетите Американски Држави испратија опрема за борба против дронови во Данска, со цел да помогнат во обезбедувањето на европските самити закажани за 1 и 2 октомври, објави денеска данското Министерство за одбрана. Оваа акција се придружува на напорите на повеќе европски земји кои веќе понудија поддршка, откако беа забележани беспилотни летала над територијата на земјата.Задоволни сме и благодарни што и САД ја поддржуваат Данска со капацитети за борба против дронови во контекст на претстојниот самит, изјави Министерството.Неодамнешните извештаи за забележани дронови предизвикаа привремено затворање на неколку аеродроми, вклучувајќи го и аеродромот во Копенхаген, кој е најголем во Северна Европа. Исто така, дронови беа видени и над дански воени објекти. Сепак, од 27 септември, не се регистрирани нови случаи.Копенхаген ќе биде домаќин на два европски самити на кои ќе учествуваат повеќе од 40 шефови на влади. За да се гарантира безбедноста на овие собири, Данска во неделата објави дека го затвора својот воздушен простор за сите цивилни беспилотни летала до петок.Иако полицијата сè уште не ги откри сторителите на овие упади, данската премиерка Мете Фредериксен ја посочи Русија како можен виновник. Во своето видео обраќање, Фредериксен истакна дека:Само една земја претставува закана за безбедноста на Европа – а тоа е Русија.Поради страв од саботажа и хибридни напади, земјата донесе одлука да го подигне нивото на безбедност за својата енергетска инфраструктура на портокалово, што претставува второ највисоко ниво на готовност.

Свет | пред 4 месеци

media-librarycerrtc6sojqp4zqH0du

Дронови ја нарушија безбедноста во Данска – Копенхашкиот аеродром привремено затворен

Данската полиција потврди дека непознати дронови синоќа летале над најголемата воена база во земјата – Каруп, во срцето на Јитланд. Инцидентот траел неколку часа и предизвикал сериозна загриженост за безбедноста на воздушниот простор.„Можам да потврдам дека имавме инцидент околу 20:15 часот кој траеше со часови. Беа забележани еден до два дрона над и околу воздухопловната база. Ние не ги соборивме,“ изјави за AFP дежурниот полициски службеник Симон Скeлсјер.Во моментов не е познато од каде дошле дроновите, ниту кој управувал со нив.Во последните недели, данските власти регистрираат серија слични надлетувања над клучна инфраструктура и воени објекти, кои владините претставници ги нарекуваат „хибридни напади“. Тие се сметаат за сериозен безбедносен предизвик и директна закана за националната сигурност.Каруп е најголемата воена база и оперативен центар на данските воздухопловни сили, а новите забележани дронови го зголемија стравот дека станува збор за координирани акции.Слични инциденти претходно беа регистрирани во Олборг, Билунд, Есбјерг, Сондерборг, како и над базата Скридструп, каде се стационирани борбените авиони F-16 и F-35.Оваа недела дури и главниот аеродром во Копенхаген беше привремено затворен поради присуство на повеќе дронови, што премиерката го опиша како „најсериозниот напад врз инфраструктурата досега“. Настанот предизвика пренасочување на цивилни летови и дополнителни безбедносни мерки.Иако дел од европските политичари не ја исклучуваат можноста зад нападите да стојат руски актери, досега нема официјални докази. Москва ги отфрла сите обвинувања.Данска најави дека ќе ги засили мерките за заштита, ќе ја продлабочи соработката со меѓународните партнери и ќе го забрза развојот на системи за неутрализирање на беспилотни летала.

Свет | пред 4 месеци

germanija-zname

Можно шпионирање и саботажа: Дронови над Шлезвиг-Холштајн

Министерството за внатрешни работи на германската покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека во текот на ноќта се забележани дронови и се истражува нивната можно шпионирање и саботажа.Поради неодамнешните инциденти во Данска и други европски земји, Шлезвиг-Холштајн е во блиска и континуирана соработка со федералната влада и германските вооружени сили, изјави министерката за внатрешни работи на покраината, Сабине Цетерлин-Вак.Во последните недели, руски дронови биле забележани над Полска, каде повеќе од 20 борбени дронови ја преминале границата на 9 и 10 септември 2025 година, што довело до подигање на НАТО авиони, а неколку дронови биле соборени.Во Естонија, на 19 септември, три руски борбени авиони МиГ-31 незаконски влегле во воздушниот простор на земјата на 12 минути, предизвикувајќи итна интервенција на НАТО силите. Естонскиот министер за надворешни работи го оцени инцидентот како „непристојно дрски“, а Русија ги негираше сите намери.Во Данска, неодредени дронови биле забележани над аеродромите во Копенхаген и Олборг на 22 и 25 септември, предизвикувајќи привремено затворање и одложување на летови. Данската премиерка Мете Фредериксен ги оцени инцидентите како „најсериозен напад врз критична инфраструктура“ и ги поврза со руските активности во регионот. Иако данските власти не пронашле конкретни докази за вмешаност на Русија, дроновите ги нарекоа дел од „професионална акција“ и предупредија на висок ризик од саботажа.Инцидентите во Данска, Полска и Естонија се дел од поширока низа прекршувања на воздушниот простор во Европа, вклучувајќи ја и Романија, што доведе до повеќекратни повици од НАТО за консултации според Член 4 за безбедност. Русија ги отфрли сите тврдења за намерни инциденти како „неосновани“, но европските лидери ги гледаат како провокации кои ја тестираат издржливоста на Алијансата.НАТО го засили присуството на воздушните патроли на источниот дел на алијансата, со помош од Велика Британија, Франција и Германија, со цел спречување на понатамошна ескалација.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryfurrth0lpejo4qp4sOG

Данска во паника: Дронови над аеродромите, властите oдбиваат да ги соборат поради безбедносни ризици

По втората појава на неидентификувани дронови над данските аеродроми за само 38 часа, јавноста се прашува зошто полицијата и вооружените сили не ги неутрализираат овие летала, како што би сториле доколку стануваше збор за воен авион.Данскиот новинар и аналитичар Петер Ернствед Расмусен за BT.dk изјави дека државата очигледно нема систем за брза детекција и неутрализација на дронови.„Апсурдно е полицијата со часови да ги следи дроновите над аеродромот во Копенхаген и да не знае што да преземе“, рече тој.Војната во Украина покажа дека мали и бавни дронови најлесно се соборуваат со модифицирани пушки или со специјални електронски системи кои ги блокираат сигналите. Но такви решенија се небезбедни во цивилни услови, особено во близина на патнички аеродроми.Постојат и системи како DroneCatcher, беспилотно летало што исфрла мрежа и го фаќа дронот во воздух, овозможувајќи безбедно приземјување. Но и тие технологии не се дел од сегашната данска практика.Министерот за одбрана Труелс Лунд Поулсен изјави дека армијата има капацитет да делува, но свесно било одлучено тоа да не се направи.„Не е едноставно да се сруши дрон во темнина – никој не може да гарантира каде ќе падне и какви последици ќе има. Ако падне врз куќа или авион?“, праша тој.Началникот на генералштабот, генерал Михаел Хилдгорд, појасни дека конечната одлука ја донела војската: „По детална анализа, одлучивме дека од безбедносни причини дроновите нема да се соборат.“Во изминатите два дена, дронови биле забележани над аеродромите во Копенхаген, Олборг и Скрyдструп – бази кои се клучни за транспортот и одржувањето на борбените авиони F-16.Данските власти нагласуваат дека дроновите не претставуваат директна воена закана, но поради можни инциденти – како пожар или оштетувања од крш – привремено се затвораат аеродромите и се пренасочуваат летовите.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryct9m3cueonje01b7suk

(Видео) Снимка од дроновите кои го парализираа аеродромот во Копенхаген

Главниот аеродром во Копенхаген синоќа беше затворен четири часа откако беа забележани два до три големи дрона во неговата близина. Полицијата соопшти дека зад инцидентот стои „способен оператор“, но засега нема осомничени. Истата вечер беше затворен и аеродромот во Осло, каде дронови беа видени двапати, што доведе до прекин од три часа.Поради инцидентот, 31 лет беше пренасочен, а околу 100 беа одложени или откажани, што погодило околу 20.000 патници.Случајот следува по кибер-нападот кој минатата недела ги блокираше системите за пријава и качување на повеќе европски аеродроми, меѓу кои „Хитроу“, Берлин и Брисел.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања