Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Дронови ја нарушија безбедноста во Данска – Копенхашкиот аеродром привремено затворен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarycerrtc6sojqp4zqH0du

Данската полиција потврди дека непознати дронови синоќа летале над најголемата воена база во земјата – Каруп, во срцето на Јитланд. Инцидентот траел неколку часа и предизвикал сериозна загриженост за безбедноста на воздушниот простор.

„Можам да потврдам дека имавме инцидент околу 20:15 часот кој траеше со часови. Беа забележани еден до два дрона над и околу воздухопловната база. Ние не ги соборивме,“ изјави за AFP дежурниот полициски службеник Симон Скeлсјер.

— реклама —

Во моментов не е познато од каде дошле дроновите, ниту кој управувал со нив.

— реклама —

Во последните недели, данските власти регистрираат серија слични надлетувања над клучна инфраструктура и воени објекти, кои владините претставници ги нарекуваат „хибридни напади“. Тие се сметаат за сериозен безбедносен предизвик и директна закана за националната сигурност.

— реклама —

Каруп е најголемата воена база и оперативен центар на данските воздухопловни сили, а новите забележани дронови го зголемија стравот дека станува збор за координирани акции.

Слични инциденти претходно беа регистрирани во Олборг, Билунд, Есбјерг, Сондерборг, како и над базата Скридструп, каде се стационирани борбените авиони F-16 и F-35.

Оваа недела дури и главниот аеродром во Копенхаген беше привремено затворен поради присуство на повеќе дронови, што премиерката го опиша како „најсериозниот напад врз инфраструктурата досега“. Настанот предизвика пренасочување на цивилни летови и дополнителни безбедносни мерки.

Иако дел од европските политичари не ја исклучуваат можноста зад нападите да стојат руски актери, досега нема официјални докази. Москва ги отфрла сите обвинувања.

Данска најави дека ќе ги засили мерките за заштита, ќе ја продлабочи соработката со меѓународните партнери и ќе го забрза развојот на системи за неутрализирање на беспилотни летала.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6rka9el1icpo0IxbbBV

(Видео) Судир меѓу полицијата и демонстранти во Данска, употребени палки и полициско куче

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library5k7qgodkostudQOzWyL

(Видео) Судир на два воза во Данска: 17 повредени, четворица во критична состојба

Свет | пред 3 седмици

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Тешка железничка несреќа во Данска, бројот на повредени не е познат

Свет | пред 3 седмици

media-libraryot6g2rffvd7v9oNcrRY

Данска: На Гренланд не му е потребен болнички брод од САД

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања