Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата има подготвени планови за одговор на саботажи и инциденти со беспилотни летала, откако данската разузнавачка служба предупреди на зголемување на руските хибридни активности кон Западот.
Руте порача дека НАТО располага со можности за одговор на ваквите закани и ги повика граѓаните на 32-те земји-членки да останат смирени.
На одбележувањето на годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк, Руте оцени дека зголемениот број хибридни инциденти во земјите-членки покажува, како што рече, дека Русија се наоѓа во тешка позиција во војната против Украина.
„Сите опции за одговор се на маса и ќе користиме што ни треба. Путин е во лоша позиција. Тој не ја добива војната во Украина“, изјави Руте.
Во новата проценка на ризикот, данската воена разузнавачка служба предупреди дека Русија веројатно ќе ги зголеми хибридните активности кон западните земји и НАТО.
Меѓу можните активности се наведуваат саботажи, кибернапади, дезинформации и други форми на неконвенционален притисок. Данските служби предупредуваат и на можноста за сериозни кибернапади врз клучни општествени системи, како и саботажи со ризик од човечки жртви.
Во проценката се наведува дека постои мал, но растечки ризик од ограничен воен напад врз една или повеќе земји-членки на НАТО што се граничат со Русија, потенцијално во наредните месеци. Истовремено, данските служби не регистрирале показатели дека Москва подготвува отворена инвазија врз членки на Алијансата.
Според податоците што ги објави Асошиејтед прес, бројот на регистрирани хибридни инциденти се зголемил од 59 во март 2025 година на повеќе од 200 досега.
Полскиот премиер Доналд Туск неодамна предупреди дека Русија би можела да изврши напади со беспилотни летала или ракети врз европски земји кои ја поддржуваат Украина, меѓу кои и Полска, а потоа да се обиде да ги прикаже како случајни инциденти.
Сепак, претставници на НАТО и Европската Унија, како и американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, велат дека засега нема показатели за непосреден поширок конфликт или невообичаени воени активности долж европските граници со Русија.
Данска со предупредување: Расте ризикот од руски напад врз НАТО
Русија во наредните месеци би можела да го засили хибридното дејствување против НАТО и западните земји, со почести напади и потенцијално посериозни последици, предупреди на 24 септември Данската воена разузнавачка служба (DDIS).Во најновата проценка на заканите се наведува дека Русија станува сè поспремна да презема ризици во услови на влошување на безбедносната состојба во Европа.Според DDIS, хибридните активности би можеле да вклучуваат деструктивни сајбер-операции насочени кон клучна инфрастр
Свет | пред 7 часа